По мене не опстојуваат прво ради менталитетот на овдешните луѓе. Се земам јас за пример. Работев во неколку странски фирми овде имав голем круг на контакти со јаки фирми од странство имав озбилна врска од 3,5 години и шанса да излезам со интернационална кариера. Начелно беше се ОК ке се слушаме ке се гледаме на 3-5 месеци во зависност од можностите. Почнав надвор и првата година беше ОК после тоа осетив некое заладување кое почна да ми дава некој сигнал дека нешто не е во ред. При првото наредно видување ја отпочнав темата и се колнеше дека нема ништо и никоја друга освен мене дека озбилно ме сака. Се вратив назад со мала доза на резерва и тоа траеше уште некоја си не цела година. Кога дојдов дома за нова година гледам ладност како никогаш да не сум го познавала тој човек. Раскинавме со образложение дека нема никоја друга дека има лош период од животот ( немаше работа а му нудев да дојде кај мене и да почнеме да живееме заедно ). Ме замоли ако е можно да останеме повремено во контакт. Неколку пати покушав да разговарам или со пораки и не ме удости ни со одговор. Да реков бриши го човеков и почни од ново.Пред извесен период дојде дечко од Скопје кој за среќа или не почна да работи во мојата фирма. Испадна дека му е другар или некој си подалечен роднина. Во еден разговор ми кажа дека бил под страшен притисок од неговите и од другарите со приказни кој знае што парави таму. Сега моментално сум во Скопје и пред некој ден случајно се сретнавме во ГТЦ. Седнавме на кафе и собра храброст да ми каже дека му вршеле притисок да ја прекине врската. Ми стана јасно со кого сум имала работа. Ме праша како ми е и му кажав дека напредував во кариерата дека имам добра работа. Ме погледна со сожалување ко да сакаше да каже ИЗВИНИ ама... Е мислам дека заради тоа не успеваат врските на далечина овде
Е каква врска има врска на далечина со нестабилен човек? Се е до човекот . "Не опстојуваат заради менталитетот на луѓето" апсолутно неточно. Се е до изборот на партнер.
Mislam deka moze da uspee, no potrebna e doverba da si imaat megu sebe, da se iskreni, uporni, spremni da gi projdat site precki na dalecina, trpelivi, i pred se da ima ljubov koj ke gi drzi zaedno i vodi do celta...
Може да успее но се зависи од човек до човек. Еве лично јас не би се нафатила да бидам во таква врска затоа што сум личност што и треба многу внимание и посветеност од партнерот и не би можела јас да функционирам на далечина,ми треба поддршка внимание љубов а тие работи не може преку телефон да се добијат.
@butterflu, @Alisa22 nikogas ne velete nikogas. Ke se iznenadite mozebi kolku vistinskata ljubov go menuva covekot. Zatoa i ponekogas dalecinata ne igra goolema uloga ako e golema i vistinska ljubov.
Јас немам ништо против таква врска само кажав дека не би можела. Еве до дм живееме на 10 минути близина и три дена да не се видиме не можам да издржам а па не повеќе ,едноставно таква личност сум ,секако има многу врски на далечина јас верувам дека врска на далечина може да успее.
Врска на далечина за мене е онаа врска кога едниот е од друга држава. Дечко ми е од друг град, се гледаме некогаш 4 пати неделно, некогаш 1 во неделата. Сето тоа зависи и од обврските што ги имаме. И да живее на 5 мин од мене кога имаш обврски пак нема да се видиш. Ама комуницираме цело време. Јас не сметам дека тоа е врска на далечина. Можеби затоа што од мојот град до неговиот има некаде 40тина мин пат
Со дм сме во врска 5 години од кои 4 на далечина. Можеби не не делат многу км но сепак од 12 месеци се гледаме околу 2 целосно, во лето и зима кога си доаѓам дома. Останатите 10 на месец, месец ипол и тоа само на 2-3 дена. Уште пред да заминам не бев претерано загрижена, се познавам себе си, не сум љубоморна личност и веќе си имавме стекнато доверба. Не велам дека е лесно, воопшто не е, со нетрпение го чекам денот кога ќе заврши оваа и ќе почнеме да живееме заедно. Секогаш кога ми е тешко движечка сила ми е мислата дека еден ден ќе се будам до него и се ќе биде прекрасно. Само се надевам дека ништо нема да се промени и мојата досега прекрасна врска ќе има среќен крај.
Јас лично не верувам во врски на далечина едноставно затоа што фали редовен секс. Тоа што се комуницира секојдневно не е ништо поразлично од муабет со другарка. Губење време е затоа што тоа време и инвестиција може да се инвестираат во нови личности и искуства.
Абе аман шо збораш!?? Демек девојка е само некоја што со секс те услужува, не е битно каква комуникација имате, и дали воопшто ја имате? Шовинист.
Тоа е во приказните, холивуд филмови, музика, Феминизамленд и слично ама во реалноста е скроз различно за жал само што тешко е да се размисли подлабоко. Сексот е тоа што ја дефинира врската.
Ти мене ќе ми кажваш шо е битно, шо не е. 15 години сум во брак. Ако беше само сексот добар, а комуникацијата никаква, немаше ни да се мажам за него. Сигурна сум дека ќе изневеруваш во брак. Ама 100%! Кога ќе се соочиш со сите пати кога ќе нема можност за секс со жена ти, ќе пердашиш се' што ќе ти дојде до раце.
Па и не е сѐ во тоа да се има секс. Ете ќе се ставам како пример јас, не беше многу, но сепак 2 години имав врска на далечина. Од тие 2 години првата година се гледаме само летото кога тој ќе дојдеше во Македонија и тоа само 2 недели, после 2рата год. јас бев преку зимото таму, потоа овде 3 месеци и летото пак тој дојде. Сега сме во брак веќе. Сакав да речам, нормално дека мислеш на секс, ти фали, но не е нешто што не може да не се издржи, како што рекоа погоре што ако имаш секс со некој секој ден, да си со него секој ден, а да не можеш две реченици да склопеш со него. Не би сакала да те критикувам само сакав да ти доловам дека има многу побитни работи од сексот во врската.
Јас никаде не спомнав дека комуникацијата не е важна, само реков дека сексот е тој што ги менува работите. Да објаснам: Имаме две личности А и Б. Личност А ти е блиска личност (другар / другарка) со која што правиш муабет за се и сешто. Личност Б со која што си во врска на далечина (дечко / девојка) и се гледаш еднаш во неколку месеци за краток период, имаш секс и правиш муабет за се и сешто. Која е разликата меѓу личност А и личност Б? Идеата е дека може да функционира, да, но човечката потреба за секс и блискост, допир и слично не е иста со личност која што е тука до тебе и можеш да ја видиш пред очи секој ден ако не и скоро секој ден. Тоа значи дека за да имаш секс со некоја личност ќе треба да чекаш неколку месеци ако не и години, што е абсурдно за мене. Квалитетот на вниманието е различен во далечинска врска. Кога личноста не ја гледаш пред тебе секој ден, не можеш да знаеш и да приметиш дали се е во ред или не, не можеш толку лесно да знаеш дали има некаков проблем или не читајки ја личноста како се однесува пред тебе. Најчесто тие работи не се комуницираат со зборови, туку се кријат.
Нема зошто да изневерувам позади грб ако потребите ми се задоволени или ако тоа е искомуницирано на време во смисол каква врска барам.
Потребите нема секогаш да ти бидат задоволени ко шо си фантазираш. Да знаеш дека е можно да има и месеци кога нема да имаш секс. А вака како што размислуваш сега, тие месеци ќе сакаш да ти бидат 'исполнети потребите' и ако не добиваш дома, ќе бараш надвор. Факт. Неприкосновен.
Затоа што сум во врска со девојка од ист град, ама студира во друга држава и се гледаме на месец ипол два по 3-4 пати до 5. Сексот ни е океј (секако дека влијае на врската), но ако немаш комуникација и разбирачка тешко дека ќе опостои. Тебе ако добро те разбрав, повеќе ми наликува на пријателство со бенефиции т.е само секс?