Разликата е што личност А ти е само пријателка и за неа немаш исти чувства како кон личност Б. Или може ти си исклучок и можеш на ист начин да сакаш две различни личности.
Нема тој чувства кон никоја. Сака само да има секс. Не ги гледа ко луѓе, ко сексуални објекти ги гледа.
Како тргнало може и не ни постојат личност А и Б туку си пишува тој нешто колку да напише нешто. Ама секакви не има така да тој најдобро си знае за него дека не штима врска на далечина
За да засакаш некој ќе треба да се дружиш подолго време и да дознаеш дали личноста е за тебе или не бидејќи некои работи се појавуваат после одреден период (неколку години) или можеш да ги дознаеш во одредени ситуации кога сте заедно. Ако не ги приметиш некои постапки, начини на однесување, тогаш ќе имаш проблем понатаму.
Не зборам за другарство со бенефиции, зборувам за моногамна врска, дечко и девојка. Можеби имам високи барања за врска и затоа не ви е логично.
Не мора да значи дека за да засакаш некого треба да се дружиш подолго време. За личноста каква е никогаш не можеш да бидеш 100% сигурен и информиран зошто секој ден секој од нас се менува со одредено темпо така да ништо не е постојано.
Точно, но можеш да приметиш многу работи по начинот на однесување и начинот на комуникација без да знаеш многу за минатото на личноста. Можеш да предвидиш многу работи за тоа како ќе тера врската понатаму и да размислиш дали ќе го прифатиш тоа или не.
Многу размислувања. Си се заљубил ли ти некогаш ама онака вистински во некоја личност А а не само за секс па размислувања како ќе било што ќе било?
Кои се шансите да пропадне врската / бракот понатаму ако на почеток приметиш дека партнерот не те почитува, ти се дере цело време, ти љубомори иако тоа не е баш до тебе или нешто ти што го правиш но до самата личност и нејзини проблеми што таа самата треба да си ги реши?
На прашање со прашање одговараш Ок е јас те прочитав од одма ти си сакаш само редовен секс и кога ќе го снема редовниот секс девојката и секој ден да ти е пред нос ќе ја откачиш. Бар знаеш што сакаш секс, само секс, само сакаш секс.. имаше една песна таква...
Не е исто со другарка и девојка. Исто ќе е кога другарката со тек на време ти премине во девојка. Не се споредува развивање доверба, комуникација и разбирање помеѓу другарка и девојка, не е исто, многу грешиш.
Па не баш, сакам личност која што ќе превземе одговорност за своите акции, ќе напредува во животот и ќе се грижи за себе и своето здравје. Со други зборови барам unicorn. Најчесто ова се само зборови и идеи ама многу ретко гледам акција.
Да, ама во другарката не си заљубен. Чувствата ја прават разликата, а не сексот. Денес и така луѓе имаат секс без да се во врска или да се заљубени.