@fezolol ако врската ја дефинира само сексот, тогаш тоа не е врска туку врска без обврска. Љубов, комуникација, почит, разбирање, компромис, па тек тогаш секс. Или за подобро да ме сфатиш, кога зборуваме за врска ... емоционално разбирање и поврзување, па после сексуално.
Да, сум се заљубил но сум раскинал затоа што не ми одговарале некои работи во врската и сум ги приметил пред да станат посериозни. Сексот не бил проблем.
Добро си се заљубил, си раскинал, но треба да го знаеш по тоа искуство се она за кое ти пишала @Peperutce1115 . Некако оставаш впечаток дека во врската сексот ти е најважен а се другово кое прво треба да е важно ти го ставаш на последно место.
Не го оставам последно, важно е, но емоционална нестабилност е е нешто што треба да се пази и да не се прифаќа по секоја цена.
Во право си за емоционална нестабилност да се пази и да не се прифаќа особено кога доаѓа во облик на дечко кој бара редовен секс ако не раскинува, тоа е тешка емоционална нестабилност.
Да, во право си. Едно е да си комуницираш онлајн постојано, а сосема друго е во живо да поминуваш време со некој, пример да заминете неколку дена некаде заедно насамо, заедничко живеење макар пробно. Богами треба да помине време за да се запознаете подобро. Еве ќе се земам за пример јас. Темата е баш ко за мене, во врска на далечина сум, он е во Македонија, јас во Германија. Нон стоп се слушаме, си пишиме, во изминатите месеци бевме на зимување заедно неколку дена за да може подобро да се запознаеме и плус он доаѓаше и остануваше на спиење кога бев во Мк јас месец дена. Е сега , вака онлајн да ме чита некој , ќе си помисли, види бе колку културно дете, абе права светица, фина , бла бла.... Е у живо ко ќе ме запознае и ќе види дека цело време пцујам, манијачам други женски , дека сум бааги опуштена одма ќе му се смени сликата за мене. Таков шок доживеа и дечко ми , ама пак си го сакам оти он ме сфаќа баш во секоја ситуација и ко сум нервозна и ко не ми е нешто по мерак и ко сум напалена, и ко не ми се ебе , он е мирен, а јас сум максимално активна , место не ме фаќа За да опстане ваква врска е потребна меѓусебна доверба и многу трпение. Во мојов случај, мене лесно ми пука филмот, ама за баланс, он од негова страна толку многу се труди што е чудо, пу пу да не му се уроци Тоа е тоа, ко ќе речи некој, абе треба да те сака таква како што си , со сите твои маани. Љубов моја
Да, и тоа што викаш, треба да отидам до кај некој психолог или психијатар да поразговарам, можеби ќе приметат нешто што јас не го гледам.
Не ти треба психолог или психијатар. Ти треба само да научиш да ги гледаш и третираш жените, рамно на тебе.
Да не ти служи главата само како декорација и да не ги гледаш жените како потенцијални сексуални објекти. Сите сме човечки суштества (независно маж/жена) и никој не треба да биде објектифициран.
Она кога дедо ти идел у кафана на времето и дискутирале за жени и она кога крајниот заклучок бил тепај да те слуша еби да те сака.
Taka jeeeeeeeee Taka se odrzuva brakO 1!111!!!!! Ako ne te slusa, klocata prijatele cotekot od rajo e izlezen
Дечки имам еден проблем.. има едно дете кое ми беше врсник во генерација, и откако завршивме средно пред 3 години замина да живее австралија кај роднини.. се имаме гледано т.е имаме излегувано неколку пати во средно но ништо сериозно.. откако замина си иди секое лето, ми пишувал да се гледаме но некако цела ситуација ми беше too much За 1 месец треба пак да си дојди. Проблем ми е тоа што во последно време многу се зближив со него, пишуваме, се гледаме на камера, си кажуваме шо ни се дешава у животите и све така, плус уште од мала мнооогу ми се допаѓа, злато од човек е, реткост на денешницава Би сакала да излезам со него кога ќе си дојди, но се познавам себеси и него и мислам дека тоа нашето би можело да прерасне во нешто поголемо и посериозно.. Според мене јас мислам дека би издржала врска на далечина, барем сега така мислам не знам како е но не знам дали тој би сакал ( доколку воопшто дојде до такво нешто) И никако не би сакала да се гледам само еден месец во лето, би сакала да проба да доаѓа тука бар 1 месец и во зима, но не знам дали ќе може.. Некое мислење и совет?
Ова е ситуација во која ќе мораш малку да одиш на ризик.Односно ќе мора да се видиш со него за да бидеш сигурна дека би сакала нешто сериозно и секако дека и тој би сакал.Откако ќе одлучиш можеш да разговараш и да видиш дали тој го мисли истото.Не сум имала врска на далелина но мислам дека е многу тешко и дека не секој би се нафатил на тоа.Но ако има добра конекција може да се смени нешто.
Опстојуваат врски на далечина, можно е само со посветеност и желба од двете страни. Е сега, кога се работи за мене, не би можела да сум во таква врска. Сакам да ми е на "дофат". Нормално дека не може да е 24/7 присутен ама факт е дека почесто ќе се гледаш со некој што е во твојот град отколку со некој што живее подалеку, а ти не можеш да одиш па по 3-4 пати неделно да го посетуваш. Сведок сум на такви врски што си функционираат одлично, ама мене тешко би ми паднале 2, 3 месеци ако сме разделени поради патување и работа, а не пак постојаното живеалиште да нѝ е различно па да морам да чекам за да го гушнам. Само ако имав таква врска, ќе се трудев да ја негувам и покрај километрите меѓу нас.
Опстојуваат, во љубовта нема граници, далечина, патишта. Ако некој некого сака ќе оди ако треба и до јадрото на земјата.