Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска на далечина

Дискусија во 'Врски' започната од Mireto, 21 ноември 2009.

  1. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.539
    Допаѓања:
    23.839
    Пол:
    Женски
    Вистинска љубов, доверба, желба да се остварат задничките соништа, посветеност во смисла секогаш достапен, расположен за разговор, трпелив, доколку има некое недоразбирање не смее да се гаси телефон, туку што побрзо да се реши проблемот на смирен начин. Возбудата пред да се гушнете конечно после месец дена е неопишлива.. секој пат срцето в петици :inlove: се е возможно доколку и двајцата партнери знаат точно што сакаат во животот. Еве не сега маж и жена со бебенце на пат :l:
     
    На P.S.love, ViktorijaG, Keanu_R.Wick и 12 други им се допаѓа ова.
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Епа бев јас во таква врска ама после ко си рековме stay as friends состојба да си бидиме,и шо бевме си се прашавме?
    Friends with benefits си бевме...
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Дури и на најголемата далечина да е, бидете среќни што постои некој/некоја што ве сака повеќе од сѐ на светот. Има толку многу парови кои се на два три км а се толку далечни во срце и душа.
     
    На iloveyou29, P.S.love, The-Queen и 8 други им се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Да, ама зависи од многу работи. Од типот на врската, од партнерите, од искуството. Бара многу трпение и разбирање и пред се' верба во партнерот.

    Во мојата врска, ова функционира. Имаме некој долгорочен план, за кој треба доста труд а и време ама на двајцата ни е јасно дека вреди и тоа е тоа. Она што мене ми пречи е кога други пробуваат да ме убедат дека е тешко, дека не е тоа тоа, дека врски на далечина се само романтичен мит. Девизата мене секогаш ми била дека ако некој некого решил да повреди/ изневери и слично, тоа може да го направи (и се прави) и заедно ако живеат партнерите.

    Споредба со други врски и "како функционираат врските" е ужасна работа и нема потреба да се вметнува во разговор.
     
    На eliesaab, P.S.love, sagittarius57 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.012
    Допаѓања:
    4.478
    Пол:
    Машки
    Ја порано ко малишан бев у вакви врски.
     
    На ku4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Исто и мене ме нервира кога ќе ти речат не може, а ти си во таква врска. Како да ти ја поништуваат врската, демек невалидна е. Не дека се загрижувам или нешто слично, само нервира во моментот. Како кога ќе докажеш (себеси, не мора на никој друг) дека можеш нешто и некој ти го поништува успехот.
     
    На deskarada, Jane.Birkin, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.265
    Допаѓања:
    12.251
    Пол:
    Машки
    Живееме заедно, но поради настанатата ситуација, бевме приморани да се вратиме во родните градови, инаку сме од различни градови. Откако сме во врска, веќе 1 и пол година не сме биле раздвоени толку долго, така да ова е нешто ново, зборувавме на почетокот, од прилика како би се одвивале работите, некои планови итн, но состојбата е доста непредвидлива...

    Некако односите ни стануваат тензични, можеби сме под стрес, нервоза... но, не сакам да се доведеме во состојба да правиме непромислени одлуки, да избрзуваме со заклучоци или да се обвинуваме, бидејќи станува збор за ситуација која не зависи од нас... затоа ќе ве молам за некои совети како добро и рационално да се справиме во оваа ситуација...
     
    На jasbi, tigerlady и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  8. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Се соочувам со истата ситуација.. Знам како е вака затворени дома и далеку еден од друг, самата помисла на тоа создава нервоза. Обидувајте се да бидете смирени и да комуницирате без испади поради секојдневни нервози. Еве ние комуницирааме така што си праќаме слики, си праќаме некои цитати, се подржуваме и бодриме пример тој ме бодри да седнам да учам и слично. Битно е да продолжите да си искажувате љубов онлајн. Разговарајте еднаш до два пати дневно по телефон(ако некогаш има потреба и повеќе) но сепак гледај да не му ѕвониш често да има место да диши.
    Јас се имам соочено со разделување и тоа на три месеци и одлично функциониравме. Навечер ќе му пишев како ми помина денот, ќе ми пишеше тој. Не донесувајте некои одлуки заради тоа што ви е тешко во моментов.. Ќе помине овој период и ќе бидете пак заедно :l:
     
    На wildone, Ingvild, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Види, да те "утешам" ние на различни континенти сме. И пред ситуацијава не бевме сигурни кога ќе се видиме, а дури сега знаеме дека пред јули/август нема шанси, ако и тогаш е возможно. И да, после 3 години живеење заедно, не е едноставно.

    Сигурно сте под стрес, и самата ситација зашто сте разделени го наметнува тоа. Искрено, отворен разговор. Кажете си дека ви е битна врската, дека ова е само нешто што треба да го пребродите. Ние сме пред се на чат, зашто и двајцата живееме со други луѓе и не е секогаш најпријатно да зборуваш постојано на телефон. Мене и некој притисок ми се ствара, леле чекај сега треба муабетов интересен да го направам. Се слушаме на неколку дена, ама претежно сме на чат. Споделување мали моменти, во случајов кој што готвел најмногу, вреди. И чат си дава некоја слобода, не мора 24/7 ни ти ни тој да бидете залепени за телефон кој кога може ќе врати.

    Пробајте и двајцата да си најдете некоја занимација за периодов, пробајте да гледате филмови заедно, или иста серија и ќе имате тема на муабет. Или нешто што двајцата го правите, дали некоја програма на вежбање, книга, било што. Ние одамна пробувавме медитација од време на време, месецов тоа ни е тема на муабет, си споделуваме туторијали за медитација, се проверуваме како ни пријало. Gratitude мене ми е воопшто двигател, знам дека ова е привремено и се потсетувам редовно на истото. Ќе помине ова и ќе си бидете пак заедно, ова ќе биде само уште една работа што сте ја пребродиле и ве ојачала :l::l::l::l::l:
     
    На P.S.love, Billy Idol, sagittarius57 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.265
    Допаѓања:
    12.251
    Пол:
    Машки
    Фала ви препремногу за советиве, навистина ми значат! Ќе испробаме и некои нови дополнителни занимации и начини на комуникација... Ви посакувам и вас без никакви проблеми да го поминете периодов:angel::l:
     
    На tigerlady и S.W.A.G им се допаѓа ова.
  11. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    Морав да ти пишам..се пронајдов себе во твојов пост..
    Исто, на различни континенти..
    и истите муабети се водат..истите ситници и поддршка и обиди да бидеме фокусирани, со оглед на тоа дека е прашање дали ќе се видиме во Јули, Август..

    Да..тешко е..недостига...

    Ама има начин.

    Поддршка од мене имаш...и секое добро ☺️
     
    На marija1907 и tigerlady им се допаѓа ова.
  12. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    @tigerlady @Cleonika

    И јас сум дел од вашиот клуб.. различен контитнент. Поради ситуацијата со вирусот, мораше да биде така. Исто и ние претежно сме на чат, но и видео одвреме навреме. Споделуваме секојдневни случки, проблеми, планови..Не се знае со граници, летови, услови од една до друга земја, премногу комплицирано. Знам дека тоа е личноста што ја сакам во мојот живот, затоа и вреди.

    Ве гушкам.
     
    На Cleonika, marija1907 и tigerlady им се допаѓа ова.
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.539
    Допаѓања:
    23.839
    Пол:
    Женски
    Да ве утешам на сите, имавме врска на далечина, стапивме бо брак и си дојдов Мк јас,кога останав бремена последниот месец бев во Австрија без него, дојде тука кога се породив и мораше да си отиде, 2 месеци беше без мене и без малава. Немате појма колку ни беше тешко, ќе дојдеше на 3 дена и со солзи се разделувавме пак. Конечно после 2 месеци со малава стасавме Скопје и бевме 3 месеци со тати неразделни, морав да си дојдам пак Австрија тука се води малава и ние две имаме документи австриски. Со коронава се поремети, замислете каква беше нашата разделба.. не сме веќе ние двајца само, тука е и едно бебче кое тати го сака најмногу на цел свет. Душата му се кине така сам без нас две, мене душата ми се кине на самата помисла. Тука сум со моите, тука сум порасната, тука сум навикната ама местото нас две ние кај него. Само нека отворат граници..тешко е женски, ве разбирам ама ако се сакате секоја препрека можете да ја надминете. Верувајте во вас:l:
     
    На sagittarius57, marija1907, t.a.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    Ви ги прочитав коментариве и гледам колку сум среќна (не ме сфаќајте погрешно) што сме на само 30тина км разледели. Ама сепак кога гледам вака колку сте заљубени, си ја изкажувате љубовта тука, многу ме радува. :inlove: :inlove: Ние сме уште на почеток, ама можам да кажам дека почнувам да чуствувам нешто повеќе од милост кога го гледам :$ го сакам :inlove: (знам не е темава за ова, ама ме понесоа емоциите) Издржите женски :muscle: вреди за моментот кога ќе се сретнете пак :D Прегратки до сите вас :hug:
     
    На f.girl и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  15. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    32.568
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не се замислував во врска на далечина и баш тоа ме снајде :rofl:. Со дм бевме еден месец заедно и после тоа отиде да работи во Америка преку Work and travel цели 3 месеци. Мислејќи дека нема да издржиме раскинавме пред да замине. Секако после една недела се смиривме и решивме да сме заедно без разлика на далечината. Но, откако се врати јас почнав на факс во Скопје и повторно врската ни беше на далечина. Но, ете ги издржавме и сеуште ги издржуваме сите потешкоии.
    Навистина е лошо кога некој што го сакаш не е покрај тебе во моментите кога ти е најпотребен. Затоа пак кога ќе се видиме после некое време чувството е незаменливо. Прегратката, бакнежот, мирисот, допирите се најслатки тогаш, како секој пат да се вљубуваш повторно и повторно :inlove:
    За љубов сè се издржува :l:
     
    На P.S.love, Billy Idol, marija1907 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била во таква врска.
    Имало периоди кога сме биле оддалечени од Х причини, максимум месец ипол.
    Мислам дека не би можела да функционирам во таква врска, исто мислење има и дм. Имам потреба да се гледаме почесто, да се гушкаме, да шетаме, патуваме заедно...
    Некако ми помина фазата кога доволно ми беше кафе еднаш неделно во тинејџерските години, сега не би можела да се замислам во таква врска.
    Познавам парови што имаат врски на далечина и топ им иде, ама сосема различни карактери се од мене и дм. Ние сме авантуристи, мразиме монотонија и едвај чекаме да ни се пружи прилика да шетнеме некаде :lol:
    Штета што сум на тежок факс па немам до толку слобода секогаш кога ќе ни текне да искочиме и да шетаме, ама во секоја можна прилика наоѓаме и двајцата време.
    Секој си знае најдобро за себе и нека си прави ко што му одговара, љубовта не познава граници. :)
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ако добро се зацврсти врската со доверба и љубов после може да опстане и на далечина. Мислам дека ретки се тие само што почнале и одма врска на далечина, ке опстојат ако има многу љубов и разбирање. Така ти уште не си го научил човекот како дише и далечината си го прави своето.
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Не знам дали би издржала во ваква врска искрено.
    Ако е во Македонија ќе биде многу полесно неголи ако е во странство.Али ќе треба секој ден да правиме муабет со саати за да се чувствувам блиску до него.
    Искрено според мене не е тоа-тоа.И љубов и доверба џабе ако некој не можеш да го гушнеш или видиш кога ќе посакаш.
     
    На Tanjamm, Đanaa18 и piksooki им се допаѓа ова.
  19. wildone

    wildone Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    81
    Јас сум во слична ситуација. Студираме на ист факултет, буквално заедно секој ден, си се навикнавме да функционираме така. И ете ни се деси коронава и не раздели, секој во својот град. Се видовме после 4месеци на еден викенд и не можам да ви опишам чувството беше необјасниво. Како магнети се залепивме, мислејќи дека сме сакале најмногу што се можело, засакавме уште посилно, уште повеќе.
    Секојдневно функционираме на чет, видео повици (скоро секој ден) , но сепак најбитно од се е дека иако ми фали дел од себе, му давам простор да здивне, да учи, да не биде со телефонот во раце цело време. Поентата ми беше дека дали ќе успее врската на далечина или не, зависи од нас. Ако има љубов, доверба, посветеност, мислам дека километрите не се важни. Сепак како што кажа членката @Bubish26 секое видување е со пеперутки во стомакот и како одново да се вљубуваш, се повеќе и повеќе.
    Јас така на шега си велам понекогаш, ајде како им било на паровите во минатото кога заради војна биле разделени, ниту видување, ниту гласот не си го слушале, само по некое писмо од време на време. Ова е само еден тест на вашата љубов и само така, сакајќи ќе победите.
    Ве гушкам сите и ви посакувам да останете силни, да помине побрзо лудилово и да си ги видите љубовите. Запомнете, и зад најтемните облаци, небото секогаш е сино. ❤️❤️
     
    На Besmrten, La profesora, ku4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  20. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    Мојава е барем според мене интересна приказна што би сакал овде да ја споделам, запознав девојка преку онјан игрица, комунициравме 2-3 дена играјќи се додека не си разменивме инстаграм, почнавме константно по цели денови да комуницираме, на камера, допишување, нон стоп.
    Девојката е од Олденбург, Германија, веќе 4 месеци како контактираме константно, станавме неверојатно блиски, планира кога малце ќе се подоправи ситуацијава да дојде овдека да се видиме и конечно да поминеме време заедно еден до друг:D
    Никогаш до сега не сум имал некоја си врска на далечина, малку чудно но после ова сигурен сум дека ако нешто вистински се сака, најмалце е важна далечината и тоа не треба да биде никаква пречка !
     
    На P.S.love, Konfetka, jasbi и 3 други им се допаѓа ова.