Има шанси и да успее и да не успее. Најмногу зависи од тоа за каква далечина станува збор.Познавам парови што се од различни градови на Македонија, но сепак се во иста држава.Ако се работи за различни држави тоа потешко. Јас лично пишувам со еден од странство и дечкото е баш мој тип, ама за да се почне нешто треба да се намали далечината. Кај него има подобри услови за тоа бидејќи има кола, сам живее во стан и може да ме вработи кај него на работа со добра плата. Тука ако дојде ќе најде работа за мала плата така да воопшто не може тоа. Е сега и јас не би отишла таму, и така си останува можноста да не се случи ништо. Евентуално ако одиме по недела дена еден кај друг, но не сум за такво нешто.
Па да знорувам лично за себе не можам да одржам врска на далечина, претходно сум имала таква врска и раскинавме за 3 месеци. Тој беше во германија јас овде, јас женско како женско низ глава ми поминуваат секакви глупости, ( сега со која е, ме сака ли или ме лаже, да не има повеке женски бла бла бла) ако си дојде касно дома веднаш ке избувнамзато велам дека повеке не би успеала. Но се зависи од двајцата партнери
Ako nemas dovolno verba vo nego i dve ulici podole da zivee od tebe ke mislis kaj e, sto e, so kogo e, dali e izlezen so druga.... I red dr prasanja. Dalecinata ne e sekogas nesto sto razdvojuva parovi. Se e do doverbata. I do tebe da e pa moze vrskata da e labava i neubava.
Здраво сакам да ми каже некој дали е во слична ситуација, врската ми е на далечина јас тука, тој Италија се немаме видено од фебруари, а изгледа нема да се видиме ни во наредните 2 месеци, не може ни да си дојде пошто ќе биде во карантин и ќе губи од работа, стварно ме нервира оваа цела ситуација затоа што ова не е уопште мал период да не се гледаш со некој што го сакаш, за доверба ја има и од двете страни па најверојатно затоа и опстануваме, ама многу ме тера ова на нервоза и некогаш знам да му се понашам затоа што ми паѓа тешко, а он цело време ме толерира, и ме теши, и може да се каже дека сме малку во некоја фаза на криза во врската.
Koga znaes deka vinata e vo tebe probaj da se smiris i da ne se frustriras, ako e masko i toj ima cuvstva i granici so tolerancija.
Знам парови каде девојката пример си оди на работа во Авганистан на 2 години и во тие 2 години се гледаат неколку пати. Не верувам дека немаат други во меѓувреме и тој таму, и таа овде.
Ако си во здрава врска, не се ни помислува на друг а камоли да отидеш. Само тие што не се задоволни од својата врска бараат друг партнер за интимни потреби, според мене.
Еве знам и луѓе во брак, таа таму, тој овде, тој овде со друга, таа со друг, и кога се враќа жената се по старо. Ги знам јас тие флоскули, ама мислам дека реално не можат без секс 3 години. Не е логично нели? Исто еден млад дечко кој работи во странство, ми кажа дека сите мажи негови колеги кои се отсутни од дома со месеци, попатно си наоѓаат жени за секс, иако дома имаат жени и деца. По ова сфатив дека не може без секс, со месеци, години, нема логика. Од здрава таа врска ќе стане нездрава кога немаш контакт, ама во одреден период на луѓето им биле поважни парите и тоа е тоа.
Jaс не знам, ти кажувам машко што ми кажа, и се замислив за функционалнота на тие бракови, каде жената и мажот се гледаат за Нова година и одмори. Не зборам за самозадоволување, зборам за тоа дека имаат секс со жени таму.
Овие квази врски се само за пари и шетање за друго ништо, јас не би издржава сакана личност да не видам 2 недели а камоли 6 месеци
Ее а замисли 3 години без секс? Логично ли е? Ама и без пари не се живее, па се трпи се, борба за опстанок.
Мене лично не ми се свиѓа тоа, секако постојат неверства кој може 1 година без секс сега ако се лажеме..
Епа не си во право, ако само еден е заминат во странство па тогаш да заклучиш. Има многу луѓе заминато и многу различни карактери меѓу кои и јас, не го делам твоето мислење.
Ич да не се лажеш да одеш кај некој што знаеш 2 недели за висока плата, поарно оди со другарки или фамилија отколку со некој што ке ти ги маќка очите
Абе да, демек нема врски/бракови каде партнерите се постојано заедно и се изневеруваат, па ајде до далечината е. Не е, до личноста е.
Тоа не е мој став, јас ти кажувам што ми кажа пријател и ме фрапира. Му велам „ама сериозни луѓе се, имаат деца, сопруги“, ми вика „остави сериозност, нека се, таму сите имаат по некоја жена, не седат така, едно е сериозност, друго е потреба за секс“. Можеби некој ќе издржи, не велам не, ама повеќето очигледно не издржуваат. Кога бев дете, татко ми преку фирма замина на работа во Русија. Кога се вратија, почнаа муабети еден за друг, кој жена нашол таму, кој девојка, а еден дури и дете и направил на некоја Русинка. За татко му не чувме ништо, и да имало, никој в лице не кажува, но другите меѓу себе кажуваа едни за други.
Очигледно тоа се „дозволени“ неверства, си знае партнерот, партнерката, ама па дома од нешто мора да се живее. И јас не верував дека вака прават, ама по примери и кажувања на други мислам дека се големи шансите, посебно мажите таму да најдат некоја, а и повеќето мажи во последно време заминуваат во странство.
Или и двајцата одеме а еденио дома да одржува хигиена а другио у странство се и нешто да праве нема ниедна мочана пара да ме натерат на тоа.