Далечината дефинитивно е тест за цврстината на една врска, посебно ако истата е во зачеток. Ги разбирам сомнежите и несигурноста но ако треба да се случи неверство ќе се случи и додека сте заедно в кревет а тој и пишува на друга. Не знам, претпоставувам дека не можете да знаете додека не се најдете во ситуација. Мило ми е што има позитивни примери во кои има и културолошки разлики а сепак успеале.
Ќе те копка,но мора да се помириш дека во некои врски некогаш нема причина зошто т.е нема closure. Потруди се да продолжиш понатаму иако 2 години врска не е мала работа а што се однесува до машки пички ги има на претек. Глава горе.
Физичката дистанца е понекогаш добредојдена, го зголемува копнежот како во вашиот случај. Ако сте со некого постојано на крај ќе почне да ви смета и тоа како дише. )) А убаво е тоа што го спомна за луѓето во војна. Тоа биле сепак ментално поиздржливи луѓе во времиња кои почесто ги ставале на тест. Ние денешниве генерации сме навикнати да добиваме се и сега и тоа се одразува на сите односи па и врските. Затоа така драматично се сфаќаме.
Ne uspeva vo poveketo slucaevi bidejki gledaat i dvete strani korist ednata koga ke dojde da ima so koj da izlava, seks da ima da nemora da se mace da se zapoznava i slicno a vtorata strana na drugiot e da si otide na besplatno odmorce pa i ako e blizu go glaven grad bingo, poveke zaljubeni vo metropolite otkolku vo partnerite, barem kazuvam za moi drugarki i drugari primeri a moze i da uspee ama retki se tie slucaevi..
Aj gledaj ja realnata strana otide kaj deckoi vo Minhen poveke se slika so katedralata otkolku so nego.. i se nada deka ke ja zeme kaj nego, Ne se praj na udren ocigledna rabota, deckoi si dojde od doma tuka ne e izlezela odma skapi veceri, odmori, se e zaradi pari vrska vo dalecina, spored mene i zatoa nesakam takva vrska.pa i brakovi
Како ти процени од сликите и вечерите дека се за пари било? Имаат пари, ќе трошат, ако немаат, нема да трошат. Зад затворени врати не им светиш ваљда да знаеш како им е. Божем сите на далечина што се, се најголемите богаташи.
Ne znam dali ova e za vo ovaa tema no bi cenela tugjo mislenje. Pred nešto poveke od mesec na forumov zapoznav eden tip. Mislam instant kpnekcija, kako so nikogo dosega, 5 časa pominaa kako 5 minuti. Ista vorzrast, isti razmisluvanja astrološski kompazibilni za onie koi veruvaat vo toa. Se beše ok se dodeka ne prodolživme na Instagram. Potoa poćna da insistira na kamera.Mu rekov da zabavi malku. Denes koga sakav da ja prodolžam konverzacijata beše vo fazon kao od različni gradovi sme, ova nema da bide ništo seriozno. Mislam. Where did I go wrong?Navistina se zagreav za tipot.
Во брак сум година и пол со странец. Почнавме да живееме заедно уште од истиот ден кога се запознавме. Заминав на одмор, сама, на две недели, а се вратив дома после два месеца, омажена. Бевме како во хипноза.. Не можевме да се одделиме на секунда. Година и пол бевме константно заедно, сѐ до пред еден месец, кога морав да се вратам дома сама поради здравствени причини. Одбрав лекувањето да го поминам дома со моите. Сопругот го сакам апсолутно, но ми годи тоа што сум со моите сега, оти нашето импулсивно стапување во брак и наглата промена која ми се случи во новата држава, ме разнишаа психички, заедно со ковид годинава. Одлучивме да бидеме разделени до есенва, додека се подсредам. Паузите и разделеноста се совршен барометар на љубовта. Сѐ она што сме мислеле дека е љубов, во вакви периоди лесно може да испадне дека било илузија, опсесија, страст.. Еден месец сме разделени сега, и имавме многи кавги на почетокот, од негова страна. Молење да се вратам со првиот авион, закани дека ќе ме разведе, пиење алкохол до да викам пријатели во 4 сабајле да одат да го видат дали е жив, а не пиел никогаш. Многу тешко ја поднесуваше далечината првиот месец. Вчера, конечно ми рече-, "Би те чекал цел живот. Живеам за денот кога ќе ми се вратиш" . Далечината е тешка, но, кога сте сигурни дека сакате да го поминете животот заедно, вреди секоја далечина во име на доброто од двајцата. Љубовта секогаш го наоѓа патот, колку и да звучи клише. Ве охрабрувам сите на далечина, бидете трпеливи, работете на себе, и кулирајте. Љубов помеѓу зрели партнери кои знаат што сакаат и имаат потполна доверба и разбирање не може ниедна далечина и време да ја убие! Напротив, може само да ја продлабочи. П. С, Познавам пар, едниот заглави во САД, другиот е овде, 5 години. Пет години не се виделе! Велат се сакаат уште повеќе! Живеат за денот кога ќе ја земе таму, има проблем со визата. Кога после 5 години не си рекле збогум, што останува за другиве кои паничите за 5 недели или месеци.. Само љубов другари, и многу зрелост! Поинаку не може.
Во почеток на врска на далечина сум, значи нема ни 10 дена, два пати се имаме видено со дечкото и се беше супер, комуникацијата ни беше супер затоа што имавме многу теми на разговор и се уште имаме, потоа и двајцата се согласивме на ваква врска и тоа не е проблем (инаку пред да бидеме во врска се знаевме околу 1ипол месец), но единствениот проблем е кај мене односно во довербата, јас му верувам но сепак имам и сомнеж па поради тој мој сомнеж правам напната ситуација. Не можам толку лесно да му верувам на некого затоа што во минатото поради таа преголема доверба во една личност бев многу повредена. Тоа му го кажав и на дечкото и кажа дека ме разбира, но сепак мора да си веруваме и јас му реков дека ќе се обидам да го променам тоа кај мене и да стекнам доволна доверба во него за да не дојде до повторни напнати ситуации. Па последниве неколку денови имам чувство дека не ми посветува доволно внимание, можеби и губи интерес во однос за мене, но и можеби да не е така поради тоа што знам дека во последно време има многу работа и дома и надвор и многу е изморен па едвај наоѓа време за одмор. Некако како да губи надеж за нас, како да мисли дека нема да биде ништо од нас. Страв ми е навистина да не го изгуби интересот за мене и да не го изгубам, или пак да најде друга девојка која повеќе ќе му одговара или да не направам некоја грешка па да го промени мислењето за мене, а јас не би го сакала тоа. Што би можела да направам за да не се случи тоа, ве молам за совет.
Те разбирам. Но, сегашниот дечко не е виновен за претходните лоши искуства. Ако поради недоверба создаваш напната атмосфера, врската ќе се претвори во кавги и измачување. Доволен проблем е само далечината, па згора на тоа уште и недоверба фали. Дај му шанса, опушти се и уживај во врската, насочи ги мислите на позитивните работи. Секогаш велам дека нема потреба од 100% доверба, имај си ги очите отворени, но без непотребни драми, посебно ако не ти дал повод за сомнеж. И комуникацијата е клучна, ако сметаш дека не ти посветува внимание кажи му отворено, без да се лутиш и караш. Друго, не важи само за тебе, општо. Мислам дека не е најпаметна идеја да се покажи слабост на почеток на врска. Ако му речиш немам доверба бидејќи ми била повредена, многу лесно можат тоа да го искористат против тебе. Знаат која е слаба страна па таму удираат. Оти некој ако сака да те повреди или изневери дефинитивно нема да те жали ако речиш сум била повредена. Напротив. И обратно, тој што не би те повредил, не мора ни да му кажиш.
Не верувам дека би ме повредил затоа што и тој бил повреден исто така во минатото, па сметам дека е свесен дека тоа не е ни најмалку убаво, затоа што го има осетено истото. Но сепак ќе се обидам да го променам моето размислување и ќе му дадам шанса.
Доволно е да почекаш некое време и ќе видиш сама. Нема потреба да отвараш теми за повредување. Без преголеми очекувања, самодовербата на повисоко ниво. @Cacii123
Денеска мојот дечко тргна на пат ќе оди во Германија на работа на мене веќе уште денеска ми стана тешко незнам како ќе издржам без да го видам. Исто така многу се плашам да не се запознае со други македонци а тие да го запознаат со нивни сестри, ќерки, братучетки да не се зближи со некоја и да раскинеме. Сега за сега многу се сакаме дури планираме и брак ама што знам се плашам далечината да не си го направи своето.
Некој може до тебе да е, па да те изневерува, друг може да е илјадници километри далеку, и да не гледа никој друг освен тебе. Имај само позитивни мисли. Се надевам дека ќе се посветите на врската како и до сега, ќе ја пребродите далечината и за брзо ќе сте пак блиску.
Успешноста на една врска се темели на зрелост, сериозност, посветеност и работа на партнерите. Нормално е да чувствуваш загриженост, но не до степен на паника и опсесија. Не размислувај негативно. Сомнежи и хипотетички ситуации може само да ти донесат проблеми каде што ги нема. Ако го имаш вистинскиот покрај себе, сè може да се преброди обострано, па и далечината. Дај си време и ќе знаеш како понатаму.
Ако навистина те сака нема да се изглупира ништо, ќе си биде верен на тебе, ќе го чека денот кога ќе те виде повторно. Мисли само позитивно, јасно ми е дека е многу тешко, ама ако љубовта ви е силна, нема да ви бидат проблем километрите
Стравот расипува многу убави работи. Остави ги тие мисли. Далечината не прави проблем, туку недостатокот на комуникација. Гледајте се на камера, пишувајте си и нема да има проблем.