Не си прави стресови пред време. Ако се случи такво нешто ќе дознаеш и ќе се спасиш од човекот за кој гледам не си многу сигурна во него, а и брак планираш. Ако не се случи WIN WIN за тебе и ќе можеш полесно да пресудиш и потврдиш дека сте еден за друг. Поентата ми е дека далечината во врската е добар тест за тоа дали една врска е вистинска и може да опстане.
Какви мисли на 18 години, леле со што побогу се замарате? Па отишол да работи, ако најде друга среќен му пат, маж ми е па вака не размислувам, ако сакаш врзи го со окови, нешто што требало да биде ќе биде, макар ти и на глава да стоиш. Уживај, шетај и ти со друштво, поработи на себе, најди си некое хоби, а не да се замараш дечко ти да не го запознаеле со сестрите, другарките, тетките, стрините...
Вака да прашам. Јас имам 5ипол годишна врска на далечина. Дечко ми работи и живее во Германија, а јас сум студентка. Сакам да прашам совет и мислење од други девојки што имаат врска на далечина. Колку пати ви се јавуваат на ден? Значи некако напорен ми е во последно време, по 15 пати ми се јавува на ден и ако не кренам упорно ѕвоне.
Па според мене нормално слушање на телефон е два-три пати, зависно од тоа каква релација имате уште на почеток. Тоа околу 10-15 пати па и многу е реално, мене лично доволно би ми било три пати да се слушнеме колку да сум во тек со неговиот ден и тој со мојот. Некогаш обврските и времето за себе, се побитни од било што така да премногу слушање не би сакала.
Можеби му недостасуваш .. Можеби му е досадно на работа ... Како и да е , кажи му дека ти пречи толку пати да те бара во текот на денот , бидејќи имаш обврски . Сега , нашминкај го малку ова со зборови , да не биде до толку грубо и дрско за да се навреди и да сфати погрешно , ама во таа смисла да биде .
Јас не би издржала врска на далечина, посебно не со години како што велите. Тие што терате така свака ви част, капа ви симнувам. Јас не би можела од причина што сакам и прегратки и бакнежи и секс и муабет да направам очи во очи за било што.
Здраво на сите Незнам дали темава е за тука но ако има некаде на друго место каде можам да се обратам ке ве молам да ме упатите ви благодарам однапред на сите… Сакам да прашам дали некоја во скоро време има поднесено документи за вереничка виза за Америка и како оди процедурата?? Ви благодарам уште еднаш многу
И ова навистина е многу тешко со далечината поготово во друга држава... Можеби далечината не прави проблем ама ако нема време комуникација тогаш ништо од врската...
Пред неколку години се запознав со еден дечко од Будимпешта преку интернет. Комунициравме секојдневно речиси 6 месеци. За жал не успеавме да се видиме (он немаше одмор од работа за да дојде, а јас не знаев како да кажам дома каде одам, морав да дадам објаснување бев помлада, студент). Тогаш сфатив колку е тешко да бидеш со некој на далечина и затоа мислам дека не би се решила на тој чекор. А и зависи колкава е далечината. 2-3 саати оддалеченост можеби, зошто колку поголема оддалеченост толку поретко гледање. А ако сум со некој, сакам тој некој да е до мене.
За ваква врска, потребно е многу трпение и разбирање меѓусебно и верба во партнерот. Но, пред се зависи од карактерите т. е колку сте спремни да вложите во таква врска и секогаш ќе има по некои негативни моменти, како и носталгија. Ете јас со дечко ми почнавме врска на далечина, скоро 4 години, тој во друга држава, а јас тука. Но, за тоа да успее се потрудивме и двајцата, трпение и многу разбирање. Летово се веривме, здравје наредна година или понатака свадба.
Навистина е многу, многу тешко да се одржува врска на далечина... Почетокот на мојата врска започна така, се гледавме на 3 месеци кога ќе си дојдеше, ама кога требаше да се врати пак, се чувствував толку тешко и распаднато од плачење,како сонцето веќе да не свети... Многу труд и најважно доверба е она што ја одржа нашата врска. Сеуште сме заедно, т.е. веќе во брак... ви посакувам на сите што имате врска на далечина среќен крај
3 godini vrska na dalecina jas tuka toj vo stranstvo i ljubovta e se posilna.Ljubovta ima mok da leci se samo toa ke kazam. Ako ima ljubov se se prepbroduva.