Што мислите дали би било чудно. Мислам дека воопшто не треба ни да размислувам сепак е другар од брат ми. Но сепак секогаш кога и да се видиме ме гушка и правиме муабет и знам дека и тој мене ме бендисува. Не знам што да правам
Не знам што би било чудно тука. ако утре ден раскинете и брат ти ке се скара со него, а во најлош случај ке се пресметаат машки. Бар секогаш ке имаш некој кој ке го шпиунира што прави и кај оди, а и нема да смее многу работи.
@AleksandraG, прво, знај дека го ставаш брат ти во многу незгодна ситуација. Второ, замисли си ја следнава дешавка: раскинуваш со фраерот (или тој ти раскинува на тебе) ама брат ти решава да продолжи да се дружи со него- дали ќе ти биде пријатно секојдневно да го гледаш бившиот по дома? Трето- дали тебе би ти било сеедно твоја блиска другарка да почне да се секса со брат ти? Освен ако не си максимално заљубена-изгубена по типот, верувам дека непотребно ќе си го искомплицираш и твојот и животот на брат ти.
Мене би ми била чудна таква врска. Еднаш имав прилика да размислувам за врска со другар од братучед и ми беше невозможно а не па од брат. Може веќе ако е некој стварно посебен и со кој ми е поинаку отколку со другите. Тоа е мое мислење па сега ти како мислиш така. Ако раскинете ќе биде непријатно за нивното пријателство но ако ви е убаво тогаш баш добро би ви било на сите.
Јас тука не гледам проблем. Што ако му е другар? Нема ваљда уште прв ден да кажете дека сте во врксa. Kako разумни луѓе сигурно би се договориле додека не стане нешто сериозно да не кажувате баш на никој. Еве ако брат ти стане добар пријател со некој кој веќе ти е дечко и дојде до раскинување после некое време? Ке се жртвуваш за тие добри односи? Исто ти е и ова. Ако се вистински другари што и да биде меѓу вас ке си остане меѓу вас, тоа меѓу нив е друго.
Александра, може "другаров" те гушка и те муабети од почит ?! Сигурна си дека те свиѓа?! Јас не гледам ништо лошо да продолжиш со односот како и до сега па самото време ќе ти го покаже патот на вашата можна врска или пак само едно другарство. Не избрзувај и не форсирај остави на спонтаностада си го направи своето. Не знаеш што би можело да се случи нели но сепак се е ризик, уживај и остави да ви се наместат коцките
Ако сте поголема разлика во години и ако се баш другари и ти оди секој 2 ден дома секако дека ќе ти биде чудно, и на тебе и на брат ти и на другаров.Ама зашто да не пробаш, не мора да значи дека тоа ќе прерасне во врска, и да прерасне ако прекинете разумно нема да има никакви проблеми.
Нема ништо чудно, ни страшно во ова. Всушност, се случува прилично често, но секако убаво е да се запознаеш подобро со момчето и да ги преиспиташ своите чуства пред да започнеш било што. Не би било во ред ни да се лишиш себе си од врска која ветува (доколку процениш дека има таква можност) ниту пак да се залеташ во нешто краткотрајно кое само ќе предизвика непријатност во иднина. Само за илустрација, една моја поранешна другарка, иако тогаш имавме 16 години беше во врска со едно момче година или две. Во меѓувреме се здружи со сестра му, а тоа пријателство трае и до ден денес, иако денес девојкава е во брак со сосем друг човек и има деца. Што значи разум од обете страни и разбирање е неопходно во еднаваква ситуација.Дали можеби брат ти насетува дека другар му пројавува иницијатива од своја страна? Дали некогаш ти споменал нешто такво?
нема ништо поубаво од братска љубов целата се возбудувам кога брат ми ке се врати целиот испотен од работа ... ке ви го препуштам остатокот на вашата фантазија
Нешто не ми штима тука. Ако се вистински другари, не иде баш позади грб да му се шуња со сестра му . Подобро нека му кажaт отворено какви им се намерите, доколку двајцата си се свиѓаат и сметаат дека вреди да пробаат нешто повеќе.
Зависи до карактерот. На некој му е чудно и му смета, еве како за пример го ставам мојот брат секогаш ми велеше да не одам со негови другари и јас го почитував неговиот збор. Арно ама, јас се засакав со негов другар,(а и мојот сегашен сопруг не знаеше дека му сум сестра и за него беше поголем шок) И фино лепо му кажавме на братми и се разбира си продолживме да одиме и за брзо време си се зедовме... И еве среќни си сме, братми уште повеќе и така..