Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со женет човек

Дискусија во 'Врски' започната од Bianca, 9 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Тврдам дека никогаш не би се впуштила во таква врска НИКОГАШ не би можела да носам некое растурено семејство по моја вина на совест, а таа наводна љубов ќе помине кога тогаш, ама тоа што ќе мислам нонстоп на тоа семејство кое по моја вина се распаднало никогаш не би можела да го заборавам.
    Затоа одговорно тврдам дека никогаш не би направила нешто такво, и секогаш ќе ги осудувам таквите без разлика од која причина се впуштиле во таква врска, се изјаснив какво мислење имам за таквите и цврсто се држам и ќе се држам до тоа. За мене бракот е нешто свето, а уште посвето децата како плод од бракот, затоа оправдувањата задржете си ги за самите себе затоа што само така може да си се правдате дека не сте згрешиле секако во името на љубовта ха!
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.616
    Пол:
    Женски
    Зошто да бидам со женет, да имам трошка од неговото внимание, кога можам да бидам со слободен и да му бидам се? Никогаш ама баш никогаш не би била со женет. Ако него не му чини во бракот нека се разведе па после нека брка други. А не глупости не ја сакам, морам ради децата, ми требаш да го поминам ова, а тој секоја вечер си е со неа, неа ја прегрнува и она е се за него пред другите. Никогаш, а и не би сакала да направам нешто, што несакам ниту мене да ми се случи.
    Братучед ми и жена му и двајцата си имаат други, ама никогаш не би се развеле. Знаат и двајцата ама бракот бил се. Ако е се што бараат со други?
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    5.554
    Не знам дали би била или не, не можам со сигурност да тврдам, ама еве читам велите грижа на совест за растурање семејство, па ако мажот бара љубовница тоа и не е семејство. ако јас не сакам да го изневерам мажот ми нема да го направам ни бред пит да дојде :) така да мислам дека не се девојките виновни за таков распад на брак семејство, секој си ја бара својата среќа, најголемата вина е на брачните партнери
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Малку сум мала (17) и да би имала врска со женет човек тоа би било однос ќерка-татко,жив апсурд! :^) Но,и покрај тоа,НИКОГАШ не би сакала,а се надевам и дека нема животот да ме доведе до такво нешто да се најдам во средина,да раздвојам некои кој граделе нешто свето.Ниту сега несакам да се најдам како 3та личност во нечија врска,ниту подоцна во брак.Не сакам да се мешам и да растурам односи исто како што несакам и мене да ми се мешаат.Едноставно се водам според она: Не прави го она што несакаш тебе да ти го прават! :!:
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    сум била во врска со таков човек пред 2 години и сеуште мислам дека имам последици од таа врска
    кај мене приказната е малку поинаква разликата е во тоа што јас незнаев бидејќи се запонавме пред 2 лета беше од странство никогаш не имав сакано некој толку и со никој немав такво разбирање и заеднички јазик и никогаш со никого не бев толку емоционано поврзана што би се рекло дознав случајно дека е женет и бев шокирана буквално исто како да ми зборуваја за друг човек носев голема болка и товар во душата и големо разочарување поради тоа се чуствував поразена понизена и потценета како жена гневот и болката шо ја имав ме натераја да направам големи грешки едноставно не сакав да прифатам дека некој така постапи со мене покрај цела подршка разбирање и љубов што му ја дадов престанав да одам на факултет барав утеха во глупи работи само да не мислам на тоа таја врска престана се разбира ама мојата желба за одмазда не престануваше и мислам дека уште длабоко во мене ја има имав шанси да вратам затоа што после све пак тој мене ме бараше ама секогаш се повлеквав бидејќи сеуште го сакав иако не заслузвасе се разбира на некој начин вратено му беше тоа што беше несрекен што беше мизерен и одвратен човек колку повеке слушав за него толку повеке ми се гадеше од него и уште ми се гади зато што времето што го потрошив за него пропуштив дете кое стварно вредеше и ред друри работи...одење со таков човек претставува само болка и залудно потрошено време верувајтеми...овдека не се правдам само ја казвам мојата приказна мн.на кратко ми требаше време да застанам на нозе и да чекорам напед со крената глава да сватам дека доволно ме уништи дека треба да се вратам на факултет да станам некој и нешто и да му се одолжам на моите родители за работите што ги пропуштив заради такво безвредно суштество...
     
    На Sanis му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Сите можеме да зборуваме нокогаш не би била во врска со женет и јас тоа го мислам но но никогаш апсолутно никогаш незнаеш што ти носи животот во кого можеш да се заљубиш, кој може да те прелаже. Познавам многу девојки кои дури откако ке се заљубат или откако ке имаат нешто со тие луге ке дознаат дека тие се во брак. Затоа никогаш невели никогаш туку биди претпазлив ви не верувај на секој :)
     
  7. s.k.r.s.e.n.a

    s.k.r.s.e.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    не е важно дали женет туку како тој се чувствува во брачните води.Јас бев во врска со женет (односно разделен со сопругата и децата на 3 месеци )и најважно од се работи во спец единица во скопје и е 36 год а јас имам само 18 но некои жени не знаат да ценат што имаат покрај себе и го запоставуваат својот партнер, па така тој се заљуби во мене и ден денес не ме остава на мир знае каде се наоѓам, со кој сум и што правам. Само што јас не можев да бидам со него и го убедив дека мора да си го врати назад семејството и тој ме послуша но ми вети дека сопругата ќе ја остави на самото мое дипломирање иако јас тоа не би го дозволила но мн ми беше убаво со него и постојано ми е во мислите и во секој мој потег се сеќавам на советите што ми ги даде за да не бидам лабилна и да имам достоинство. така да сакам да кажам ако се сака се се може само да биде во границите на нормала и да се има цел до каде што ќе може да се стигне
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    да и јас така зборував и на крај најпоке засакав баш таков човек и се разбира кога дознав дека е женет веќе беше касно.Сега веќе не верувам на никому како велат тоа што не те убило те прави посилен сега сум многу појака како жена и по претпазлива со секој со ми се доближува...
     
  9. realna

    realna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    ПОТПОЛНО се согласувам !!
    Јас несакав ниту да погледнам,да не речам флертувам со некој кој знам дека има девојка,а да не прајме ама ич муабет за ЖЕНЕТ човек !!
    АМА ми се случи она кое што мислев дека НИКОГАШ нема да ми сеслучи !!
    се запознавме,се дружевме,влертувавме,си ги кажувавме работите кои не мачеа,се зближивме,почнавме врска која што беше ПОСЕБНА ,незаменлива,необична,навистина неопислива со зборови....НАЈУБАВОТО НЕШТО ШТО МИ СЕ СЛУЧИЛО ВО МОЈОТ ЖИВОТ....
    На почетокот бев свесна дека тоа е погрешно,беше премногу надвор од моите граници и стандарди....т.е. сеуште знам дека сето она што го имаме е погрешно и дека не би требало да ни се случува и на двајцата........АМА ВРСКАТА КОЈА ШТО ЈА ИМАМЕ Е ПРЕКРАСНА

    ниту ме искористил - а можел!!
    ниту ме злоупотребил !!
    ниту ме лажел (пр: ќе ја оставам жена ми,не ја сакам итн.) !!
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Нема да се најдам во таква ситуација никогаш.Затоа што јас знам како е, и јас ја гледам мајка ми како се тресе на раб да доживее срцев удар. Ослабена 6 кг. потечена и ненаспана! И никогаш нема да и приредам на некоја жена такво нешто да поради мене и се случува ова што и се случува на мајка ми!

    Кажав и ќе кажам, љубов не ми кажувајте и клишеа во кои не верувам, ако сакаш ќе си ги потиснеш чувствата и ќе заврши се, ако имаш карактер да се справиш со сето тоа и не е она неможам, туку потсвесно -несакам-, убаво ви е да ве лаже некој дека со вас му е убаво а доаѓа само да си го истресе. Оние што се во врска со женети мажи не се свесни што се случува со семејството на човекот, кои трауми тие ги доживуваат додека таа се гушка и му се смешка на нејзиниот "позлатен" пенис.

    Сите тие да даде Бог да имаат ќерки и на нивните ќерки мажите овака да им прават, па самите тие да бидат сведоци низ што се треба да се помине.

    Е така.
     
    На De-lovely, milaaaaa, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  11. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    offspring...ја разбирам твојата огорченост, зошто си сама ти сведок на едно такво страшно нешто во кругот на твоето сеемјство.те боли, тешко е..мачно...ама немој сепак ! :!: живот е тоа..не знаеш каде ке те одвее ветрот..не знаеш што ке се ти сервира судбината ! и јас не ги оправдувам оние кои се нашле во таква врска, сметам дека тоа е неправлино и погрешно, ама не осудувам толку! не се жените само виновни . и мажите носат поголем дел од вината. секој може да се најде во таква ситуација, колку исега да кажува дека нема шанси, верувај . поздрав :hai:
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Во судбина не верувам! ако го оставам животот сам да ме води, без да мрднам со прст далеку ќе стигнам. Јас мојот живот сама си го контролирам, во клишеа и бајки не верувам. Верувам во карактер, цврстина, став, достоинство и свое ЈАС пред се.

    Неможам не постои во мојот речник, туку несакам. Сите оние што велат неможам да се оттргнам од него, всушност не сакаат!
     
    На Nine25, TeddyGrey, milaaaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  13. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    те разбирам мила, и јас потполно се согласувам со тебе, ти кажав, само зборот ми беше дека не знаеш кој се може да ти се најде на патот во животот, дека може да се случи љубов ....можно е! ама до каде ќе се оди со таа љубов ако тоа веќе преоѓа кон растурање на едно семејство, брак и сл. трауми, нема оправдувања тука навистина не постои зборот NE MOжAM туку не сакам . на пр. го сакам , ама не можам да бидам со него, да се мешам во нечиј живот, да растурам семејство , брак....ќе стојам од страна колку и да патам. тоа е тоа.за жал има мн. такви кои се пред себе газат , и туѓите чуства ги фрлаат под нозе. треба да знаеме ....за сите постои еднаш суден ден ! ниедна сметка не останала нерасчистена овде ;)
    повторно позз. :*
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Судбина е она што ние неможеме да го спречиме, на пример нечија смрт - тоа е судбина. А за врски со женети неможе некој да ми каже судбина и незнам што. Се се тоа изговори. Не ти го крои судбината животот, туку ТИ самиот. Каков живот ќе си скројам, таков ќе си живеам. Ако сум површна личност, ќе живеам површен живот. Тука судбината нема никакво влијание. Се може да се стави под контрола, освен нечија смрт. Тоа е судбина.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  15. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    хах... ти знаеш дека човекот има жена и сеуште си со него??? ЗАСРАМИ СЕ !!! можеш само да сонуваш дека "не те лажел" ;) ако имаш барем малку совест и ДОСТОИНСТВО нема вака да пишуваш :!:
     
  16. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Сите тие да даде Бог да имаат ќерки и на нивните ќерки мажите овака да им прават, па самите тие да бидат сведоци низ што се треба да се помине. Браво Offspring!
     
  17. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    не се оправдани ваквите врски, ама забранетото е послетко :D јас сум имала врска со женет човек, се беше супер се дури не си ги отворив очите и сватив дека таа т.н. врска нигде не води и дека јас стално ќе му бидам втора, ама во секој случај то на некој начин си е искуство за понатаму позз
     
  18. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Искуство... Не гледам јас стекнување "искуство" во мафтање со некој кој што створил фамилија со друга жена. Кое искуство си го добила?? Еден пенис повеќе! Тие луѓе би ги пердашела до јаја. Воопшто никој не оправдувам, маживе од 7 до 77 се зелени, ама кој профил на жена или девојка би си дозволила такво понижување...
     
  19. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Тоа најубаво што ти се случува тебе е нешто најнеубаво што му се случува на неговото семејство! Си помислила ли некогаш на тоа? Си помислила ли дека уништуваш едно семејство, си помислила ли дека ги срамотиш твоите родители, си помислила ли дека еден ден од тие твои авантури ќе се срамат и твоите деца (здравје Боже кога ќе ги имаш) ... Или за тоа не ти е гајле? Важно ти е да се изе*аш и да си отидеш дома задоволна што го украде тој ,,јак маж,, за неколку часа од негвото семејство! Ама тој пак се врќа дома, пак легнува до жена му, а ти и понатаму теши се дека не те повредил,дека не те лажел, дека не те искористил ;)
    Толку ли си лесна, толку ли немаш карактер да си поставиш твои цели достојни за твоите способности и твојата возраст??? Зарем најважно од се ти е тој краток момент со женетиот, најважно ли ти е да се е*аш без грам совест не размислувајќи дека не ти е местото во таа постела!
    Срамно до немај каде! Па дури се трудите да не убдите дека ви е прекрасно, дека се сакате, дека ве почитува! Во вас гледаат само младо месо кое набрзо и тоа ќе остари и ќе се појави некое друго повредно за да се врши неверство!
    Се надевам ќе си добиете тоа што си заслужувате...
     
    На XstrongerX, milaaaaa и melanie27 им се допаѓа ова.
  20. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    значи ако прочиташ со внимание ќе сватиш дека под ИСКУСТВО подразбирам дека повеќе не би направила такво чекор и колку а информација воопшто не ми е гајле дали ме осудуваат другите позз
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.