Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со женет човек

Дискусија во 'Врски' започната од Bianca, 9 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ги избришав последните мислења затоа што водеа до препукување и темата почна да се носи во друг правец. Воздржете се од меѓусебни навреди.
     
  2. macuska89

    macuska89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Нова сум во форумов ама ме заинтересира темава
    Ако се осудил да ја остави неговата сопруга и она за што повеќето живеат и сонуваат,која е гаранцијата дека некоја друга ќе успее да биде со него засекогаш?????Мислам ако тој се впуштил вејќе еднаш во такво нешто кој гарантира дека нема да има и 2 и 3 пат????Каде е тоа што пред Бог се заколнал,никој никому не му дава со сила да се жени или мажи ако не ја сака нема да ја земе и крај,ама да се растура едно семејство,да страдаат дечиња каде е тука човечкото???Грешка не може да биде по ни еден случај,пред да се направи нешто треба да се размисли за последиците.Поздрав и се најдобро
     
  3. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Искрено не ја оправдувам ваквата врска во никој случај. Има доволно слободни машки и ако некој влегол во брак нема потреба да го гледате како машко или да размислувате за нешто со него.
     
  4. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Искрено ми се гади од вакви работи :|
    Една услуга ако може некоја која е во таква врска или ако била некогаш да ми даде одговор на овие прашања :
    -Како почнала таа врска?
    а) Си знаела дека е женет! како можете да спиете со помислата дека растурате нечиј брак?
    како сте можеле да размислувате за него за нешто друго освен пријателство ?
    не ве нервира фактот дека тој доаѓа кај вас си прави задоволство и си оди си легнува до жена му?
    ако ве сака вас зошто не ја напушти за да си бидете заедно?
    Зошто ако веќе се јавиле искри кај вас и тој пробал да дојде до вас не сте му кажале да расчисти со бракот после да дојде кај вас? -но сепак да не му гарантирате ништо од кај знаете како ќе се однесува со вас и дали ќе ве изневерува и вас како жената.ќе ја остави ли?сигурно неможе поради децата затоа што е многу добар татко ? |(
    б) Не си знаела дека е женет!зошто не ти кажал ?ако мислел дека нема да бидеш со него ако знаеш дека е во брак нека се разведел.И не ти се згадува од него што те лажел и како во тој случај љубовта што си ја чувствувала дотогаш не се претворила во омраза и гадење после откривањето на неговиот брак? :fubar:

    секој си има право на свој живот ама ова воопшто не го поддржувам и не ги разбирам луѓето кои размислуваат спротивно од тоа на оваа тема ! толку
    поздрав и со нетрпение чекам одговор :hai:
     
  5. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Никогаш не би оправдала врска со зафатен маж/дечко сеедно. Се прашувам дали оние кои започнуваат врска со зафатен маж претходно се поставуваат во кожата на неговата сопруга ?? Како би им било нив сопругот да ги изневерува? а да не спомнувам ако од тој брак се родиле и дечиња чисти душички кои не се виновни за ништо а сепак страдаат заради тоа што нивниот татко или мајка ги фатил бес !
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Секој си има свој начина на живот и секој си го избира својот животен пат. За себе, искрено се плашам и гадам и од самата помисла затоа што сега наскоро и јас ќе бидам нечија сопруга па да се надеваме дека ќе ми се случува онака како јас што сум постапувала, а другите навистина не ги осудувам, сепак нели има една изрека: „Живеј и остави и другите да живеат.“ но мое мислење е дека во многу случаи едноставно не е ок. Сепак секоја врска е за себе, не може да се суди. Инаку големо браво за тоа што си излегла од тој маѓепсан круг навреме!

    Сега, се случува се во животот, немаме undo копче како компјутерите за жал, но доколку бракот е ок (да не е ок би се развел) и само ние сме пречката, тоа никогаш не носи ништо добро.

    Ти советувам да стоиш настрана од таквите врски во иднина, гледај колку можеш да ги избегнуваш затоа што се преголем стрес за нешто што треба да е толку идилично и прекрасно, кое и затоа се вика нели, љубовна врска. Има премногу слободни дечковци кои би убиле за тебе а ти не го знаеш тоа, биди сигурна.

    Биди силна, горда и достоинствена и не дозволувај таквите луѓе ни да се доближат. Ти заслужуваш многу повеќе, секоја жена заслужува да е сакана, и да има човек во животот само за неа.

    Со среќа!
     
  7. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Zdravo na site!Slucajno ja procitav temava i moram da dadam moe mislenje za ovaa tema...inaku imam 25 godini.Ne ja opravduvam vrskata so zenet covek,nitu pak ja osuduvam...no posle moeto iskusto ni najmalku ne ja posakuvam takvata vrska za mene.Vrskata so zenet covek,e ogranicena vrska koja shto e osuduvana na mnogubrojni bolni momenti.Bev vo vrska so zenet decko koj shto na pocetokot od nashata vrska imashe edno dete.Inaku beshe edna godina postar od mene,dobro graden,i mnogu ubav mlad decko,bash onakov kako shto od sekogash sum posakuvala da imam decko i za mene beshe nesvatlivo deka on e zenet i deka ima edno dete.Toj mnogu biten i realen fakt go ignorirav i go nishtev so nula,ne bev ni najmalku ljubomorna na negovata zena-recisi ona ne postoeshe vo moite misli,ni ronka moment na zal nemav za nea dodeka go pravev grevot.Vo toa vreme mislev deka ne pravam grev i si vikav:Gospode ako e grev toa shto iskreno od dusha i od srce go ljubam i go sakam,togash grevot neka mi bide pishan i osudime shto go sakam no jas nemozam da prestanam da go sakam.Go sakav premnogu,sekoe utro koga ke se razbudev posakuvav da mu go slushnav glasot,dokolku ne se slushnevme do 10 h nautro cuvstvuvav bolka vo dushata.Nikogash ne pretpostavuv deka jas mozam tolku silno da se zaljubam i da nemozam da si gi kontroliram cuvstvata i mislite.Neopishlivo mnogu go sakav,iako imav decko-3 godishna vrska,i so nego si planiravme zaednicka idnina.Za nego naogjav vreme vo sekoe vreme,pa i po cena toj den i da se skaram so deckoto i da ja dovedam vrskata na rabot od ponatamoshnoto postoenje.Sekoja edna minuta od denot ja pominuvav misleki na nego,bev za zal izgubena,i zaslepena od ljubov.Nishto i nikoj ne mi beshe vazen osven on.Ne mi precea razgovorite po telefon so zenamu dodeka beshe so mene,ednostavno go ignorirav nejziniot glas i uzivav vo momentite so nego.Go zapoznav i sinceto negovo,i toa ne mi smetashe shto postoi...tuku naprotiv mi beshe zadovolstvo da go gledam kako si igra so nego i se poveke i poveke bezpomoshno se zaljubuvav do bol.Ne barav od nego da se gledame koga ke posakam jas tuku on koga ke najde vreme za mene,jas mu se javuvav samo vo rabotno vreme iako on mi vikashe deka mozam vo sekoe vreme da mu se javam,duri i po cena zenamu da mi odgovori na povikot-slobodna da go pobaram.Vo denovite na praznici,nova godina itn dushata me boleshe od bolka shto ne e do mene makar i na 5 minuti samo da go vidam,edna sms od nego mi davashe lazna nadez deka me saka i on.Nesvesno tonev i tonev...pravejki go za zal nepopravlivot grev.Vo megjuvreme doznav od nego deka zenamu e bremena i so vtoro.Cuvstvoto shto go doziveav togash,e mnogu losho i gadno-izmeshano so doza so doza na kaenje,so doza na grev,so doza na gnev,so doza na samomrzenje,no so doza na pregolema bolka vo dushata i so solzi vo ocite.I ponatamu prodolziv da bidam so nego.Denot koga ona se poragjala nie bevme zaedno i se ljubevme,a on so mene ja deleshe negovata sreka deka ke ima ushte edno bebence.Po izvesno vreme deckoto pocna da me odbegnuva i se gledavme poretko.Solzite bea mnogubrojni vo nkite koga bev spremna da izlezam no na krajot izvisina.Pricinata za toa ne beshe negovata zena,tuku negovata nova shvalerka vo koja on beshe ludo zanesen isto kako shto jas bev po nego.No negovata vrska so taa devojka ne traeshe podolgo od 2 meseci taka shto nie povtorno prodolzivme da bideme zaedno.Do moite ushi pocnaa da stigaat raznorazni loshi muabeti izusteni od negova usta,no povtorno go sakav so ista mera duri i poveke od prethodno.Prodolzivme da izleguvame,i da imame odnosi...no pocesto bez prezervativ.I ostanav bremena.Bev relativno mlada,22 godini i doziveav uzasen shok koga testot za bremenost pokaza deka e pozitiven.Ne bev svesna shto da pravam,cel den se zatvoriv vo soba i placev i placev i se prekolnuvav,i posakuvav da ne bidam ziva....Nemav pari za abortus a nemav ni na kogo da se obratam.Mi beshe sram da se obratam do najbliskite.Neznaev dali na nego da mu ja kazuvam novata vest...se izgubiv totalno vo patishtata na zivotot.Nekako sobrav sili da mu kazam za mojata bremenost,i mu pobarav finansiska pomosh za abortus.....i za odgovor dobiv kurvo nemoj da lazesh deka e moe,i ne mi se javuvaj poveke,ke te ubijam ako te vidam! Solzite i bolkata vo dushata bea neizmerni no edno znam-deka sigurno gi zasluziv.Pozajmiv pari so izmislena storija za potreba na tie pari,i napraviv abortus.Vo tie momenti cuvstvuvav i dushevna i fizicka bolka,neopisliva so zborovi.Ginekologot me prasha kade e fraerot shto go napravil deteto?Znae da e*e no neznae da se pojavi tuka?!Samo kimnav so glavata i prodolziv da placam...no i posle ovoj tezok moment povtorno ne go prekinav mojot grev...no iskreno nemozam poveke da pishuvam,napishav dovolno.. ako izvlece sovet od ova shto go napishav iskreno se nadevam deka ke vi bide od korist vo zivotot.Pozz do site.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    :o Нина ме потресе, уште си со тој?
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Се наежив и солзи ми дојдоа на очи.
    :o :(
     
  10. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Жална приказна ;( ! Нина ме интересира типот на колку години се женел пошто на 23 години имал веќе 2 деца, така? (една година е постар од тебе,на 22год. ти абортираш а тој има веќе 2 деца,значи тој е 23 години) Ако добро разбрав тој релативно млад влегол во брачните води, сакам да кажам најверојанто е несозреан... Си извлекла поука, се каеш...се надевам дека тоа ти е искуство плус во животото кое ќе ти биде од корист...
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    И мене ме потресе.... немам коментар... ;(
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Ne,za moja sreka-ne sum veke so nego...no tragata i bolkata od vrskata so nego, nikogash nema da bide izbrishana od mojot zivot.
    Patishtata na zivotot se teshki i komplicirani no ponekogash sami si gi prodolzuvame....
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.515
    Пол:
    Женски
    Нина жал ми е за тебе, се надевам ќе надминеш се.

    Не сум била во врска со женет. Но, братучед ми кој е женет веќе 13 год. има љубовница 3 год. Пред некој ден му се јавува да се видат и ја направи од го*но подоле. Кога го заврши разговорот со неа пред мене почна да зборува дека е курва, без работа, како не и е срам да го изневерува мажот. Значи и тој го прави истото, изневерува, но таа е курва, тој што е? Поенатата ми беше колку и да се прават дека ги сакаат љубовниците, за нив имаат лошо мислење. Секоја чест на исклучоците.
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Ne,za moja sreka-ne sum veke so nego...no tragata i bolkata od vrskata so nego, nikogash nema da bide izbrishana od mojot zivot.Inaku deckoto si dobi i treto dete,no za zal do den denes ne prestana da si ja izneveruva zenata.Zalosno no postojat i mnogu drugi devojki slicni na mojata sudbina,i osudeni na solzi.
    Patishtata na zivotot se teshki i komplicirani no ponekogash sami si gi prodolzuvame....


    [mod-kirilica:1knjl5jw][/mod-kirilica:1knjl5jw]
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.393
    Многу ми е болна темата.Нина жал ми е за тебе, се натажив,се надевам дека си ја научи лекцијата и се опамети.Секој заслужува втора шанса во животот.Иако болката останува,и тоа што е направено тешко се заборава.За жал вакви грешки уништуваат семејства,повредуваат многу луѓе и тешко после вакви работи човек може да закрпне целосно :( .
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Секој сам си одбира што ке прави така да никој не му е крив, безброј се такви случаеви! Но во иднина пази што правиш да не ги повториш истите грешки!(ете пример за сите. како не треба!)
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    животот многу често е нефер,некогаш знае така да се подигра,така што да го сретнеш вистинскиот,ама нажалост во погрешно време,кога тој е веке во брак со друга.и тогаш не ти останува ништо друго освен да избегаш што подалеку од таа особа,за да нема повредени,и растурени семејства.за да не пати никој.се се заборава и се поминува.останува само тагата во душата.закопај ја во некое катче,и не и давај да зирка.потрупај ја со насмевки и срекни моменти.кога ке се подсетиш и те фати меланхолија,не и дозволувај да те држи повеке од неколку минути.зафати се одма со некоја работа,воздивни длабоко и помисли"така требало да биде" :) се поминува,и тоа ке помине,и животот ке помине еден ден.
     
    На De-lovely, nina-nina и Offspring им се допаѓа ова.
  18. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Животот и те како е фер ,што ќе си посадиш тоа и ќе си жнееш! Секој знае дека не треба да се меша во туѓ брак! Инаку тешко на тој што си ги затрупува грешките (признавање на грешката е морално!), преправањето дека се е ок не води никаде!
     
  19. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    секако дека човек мора да си ги признае своите грешки,ако не пред другите,барем пред себеси.сите ние грешиме,нема човек што е безгрешен.но и после таа грешка што си ја направил,животот продолжува понатаму..неможеш да се затвориш во соба и да размислуваш само и само за тоа што си го направил-згрешил.кога и да е порано или подоцна ке мораш да излезеш и да се соочиш со животот.ќе мораш да го затрупаш тоа што поминало.секој од нас носи лузни и затрупани работи.вакви или онакви.она што мора да се внимава е да не се повтори истата грешка.
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ми се допаѓа мислењево, особено болдираниот дел. :clap:
     
    На FBI и tanja6 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.