Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со женет човек

Дискусија во 'Врски' започната од Bianca, 9 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Леле Нина :( Значи од секогаш најстрого ги осудував таквите како тебе и секогаш влегував во жестоки кавги за тоа дека кога се има здрав разум, не може над него да надвладее некоја љубовна опсесија, посебно кога е толку грешна и забранета... Ама твојот текст ме потресе, искрено. Немам сила да ти речам колку си грешела...Ти тоа и самата си го знаеш. Ама болката што си ја доживеала е стварно ужасна...Најмногу ме погоди делот кога си дознала дека жена му чека второ дете :( Значи поука од сето ова е дека, тој е еден од тие идиотите што сметаат дека сите жени се исти и дека се к*рви, па затоа немал никаква почит ни кон тебе, ни кон својата жена...А ти си го гледала сето тоа и си го игнорирала...Бадијала не рекле дека љубовта е слепа. Многу убав совет ти даде Тања6, потруди се се да заборавиш и да си продолжиш нормално со животот...а кога за миг ќе се сетиш на тоа, труди се потсетувањето да не трае подолго од неколку минути...
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Да гo довршам она што почнав да го пишувам.Иако абортирав не престанав да го сакам,сеуште го сакав до неизмерни граници.Од еден наш заеднички другар дознав дека бил кај него дома и прашувал за да купи куршуми за неговиот пиштол,(кој што го имаше купено на црно),за да ме убие,зошто сум била расипана ку*ва што сака да му го растури семејството и да му го зае*е животот. Знаев дека морам да продолжам понатаму во животот со разочарувањата што сама си ги предизвикав дозволувајќи и на љубовта да расте во мене,со болката на која што и дозволив да тлее во мојата душа и да се зголемува со секој еден ден и со последиците кои што морав да си ги сносам за моите постапки.Не искоментирав ништо за обидот негов да најде куршуми,само му реков на другар ми ,пренеси му на него-Дека нема да му направам никакви проблеми во животот и нека не ме бара повеќе.Бев премногу уништена,разочарана,безволна,исцрпена и се осудував зошто и покрај се ова немозам да престанам да го сакам и неможам да најдам начин за да го избришам од моите мисли.Неговата насмевка,неговиот лик,неговите потези беа безуспешно заборавени од моја страна.Незнаев како да се изборам со самата себе и да зачекорам по друг пат.Тагував,плачев,се осудував,се сожалував,се мразев,се јадосував...но него ниту за момент не го замразив,ниту за момент не го осудив туку напротив му посакував се најубаво во животот...а за неговата жена-неможев ништо да мислам,пошто за жал не се ставив во нејзина позиција.Ниту еднаш не помислив како и е на нејзе,додека нејзиниот сопруг во доцните ноќни часови сеуште беше со мене.Тогаш само една мисла ме владееше-Ако им било убаво во брак,нема да ја вара,и ако ја сака ќе биде со нејзе а не со мене.Јас не продолжив да го барам,ниту еднаш не му се јавив,само очајнички се обидував да го најдам излезот од мојата зае*ана гадна и болна љубовна ситуација.Но тој не престана да ме бара.Без престан ми звонеше на мобилниот и ошто не му кревав,звонеше кај другарките мои за да ме известат дека сака да воспостави контакт со мене,дека морало да се видиме и дека подобро за мене било да сум му кренала на телефон кога ќе ми звонел.По извесно време,случајно или можеби неслучајно од негова страна,еден ден се сретнавме.Ми рече дека морало да сме оделе на кафе за да расчистиме некои работи.Мојот одговор беше дека се е расчистено и дека нема што да се расчистува повеќе.Му кажав се е завршено веќе,абортирав,не носам дете од тебе и нема за што да се секираш повеќе,нема да ти направам никакви проблеми во бракот,само оставиме да живеам и не ме барај повеќе.
    Навистина тоа го посакував..несакав ниту еднаш повеќе да ми се јави,ниту пак да се сретнеме,ниту пак да му го слушнам името,ниту пак што правел..зошто сите тие работи не ми дозволуваа да престанам болно да го сакам и ме попречуваа да го заборавам.Он не се откажа од мене,а јас наместо да го прекинам мојот грев,повторно го продолжив.Неговата сопруга остана и по трети пат бремена и дечкото имаше и трето дете,а јас продолжив да бидам неговата втора виолина...се до моментот кога ја видов неговата жена,сама со своите три дечиња,едното го буткаше во количка,а другите две дечиња се држеа за нејзе...додека нејзиниот сопруг пиеше кафе со мојата нова замена,неговата бивша швалерка.Ах,тие шест детски очиња никогаш нема да г заборавам.Погледот на неговата сопруга кој што искажуваше разочарување од животот,начинот на нејзиното движење и нејзината измореност...капките пот што и се слеваа по челото,се слики кои што никогаш нема да избледнат во моето сеќавање.Тогаш во тој момент се освестив.Како можев да бидам толку сурова и ниту еден миг да не помислам на нејзе? Белегот што го носам во душата можеби е преблага казна за мене,но никогаш повторно не посакувам да засакам некој кој што веќе е во брак ниту пак да бидам во таква врска..и по цена цел живот да немам дечко.За жал тој дечко до ден денес не престана да си ја изневерува својата сопруга,благодарение на постоењето за жал,девојки како мене кои што многу ке пропатат во животот.Поздрав до сите кои што го прочитаа ова и се надевам дека ке извлечете добра поука од моето искуство.
    :hai:
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Нина, овој треба да го препраќаме кај оние чии мажи се неплодни, само за деца правење го бива. Цццццц
    Срамота за човеков, нема трошка срам и жал во себе.
    А ти продолжи си без него, биди упорна, ќе се извлечеш од дупкава без дно...
    Гуд лак.
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Нина жал ми е што си поминала низ сето тоа.Требало уште на почеток да го откачиш,но сепак се прават грешки.Најдобро е да заборавиш се што било,да извлечеш поука од своите грешки и понатаму гледај само напред,не осврнувајќи се назад.
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Нина многу жалам за твојата ситуација, но сепак ми е мило што си се освестила и не си дозволила понатаму да си поигрува со тебе. Сакав да кажам дека тоа ми беше поентата на сите постови, дека и таа што се меша во ваквата ситуација ќе излезе повредена, но најповредени ќе излезат сопругата и децата на тој човек ( ако можеме така да го наречеме). Пак ќе кажам драго ми е што си сватила дека тоа што го правиш е погрешно, драго ми е што ниту еднаш не се обиде да се оправдаш(како тоа некои што го прават) и драго ми е што си продолжила понатаму и си сватила дека вредиш многу повеќе од тоа да му бидеш втора виолина на едно ѓубре. Браво за луѓе како тебе кои ја признаваат грешката и не удираат упорно со глава во ѕид обидувајќи се да го скршат....

    Се надевам и сигурна сум дека ќе имаш посреќен живот понатаму.... :)
    Главата горе девојко, најтешкото веќе поминало.... ;)
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Ауууу Нина, навистина солзи ми потекоа, дури сега ги читам твоите постови во темава , немам зборови. Навистина ми е жал за твојата ситуација, жал ми е и за жена му и за тебе.
    Фала што го сподели твоето искуство, верувам дека некому ќе му биде од корист.
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Премногу длабоко си зацапала Нина. Колку и да се отргнеш од него, колку и да се трудиш да го заборавиш, нема да успееш. Секогаш нешто ќе те потсетува, спомените од нигде никаде ќе те прогонуваат. И жал ми е. Ужасно ми е жал. Ама ќе мораш да се справиш со ситуацијата и да тераш понатаму. Сигурно веќе тоа и го правиш пошто нема друго. Ти посакувам среќа и се надевам дека ова искуство ќе ти биде едно и единствено.
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Можеби јас гледам од аспект на мажена жена, ама не можам во себе да најдам жал за некоја(а) кој свесно влегува во туѓ брак. Мене не би ми било гајле дали ТОЈ е ваков или таков, зошто не е со жена му и сл. Јас не би посакала туѓо! Нити сум посакала, никогаш. И кога не сум била мажена, сите што имале девојка за мене биле само и само другари, ама не сум можела ни да помислам на друго. Сфаќам дека не сме сите исти, ни со исти принципи во животот, ама кој што фрла зад себе-тоа ќе најде пред себе. Искрено им посакувам на сите оние кои легнале во туѓа постела, тоа да им се случи и нив кога ќе бидат во брак. Тоа би било нешто како поетска правда, или рамнотежа на универзумот или што и да е...
    Јас знам дека би била премногу повредена ако бидам изневерена, мислам дека таа болка уништува и други работи, не само еден брак, туку и довербата во луѓето, во животот, им го менува засекогаш животот на децата, нивниот став за емотивните врски... Ако некој без грижа на совет може да се коцка со туѓи судбини, што кажува тоа за него?
     
    На MalataViki, LadyN и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    жена му е најмногу за жалење греота таа можела да се чепи 3 деца да му роди душиче a тој да не дојде на раѓањето на неговото дете. ЗАРАДИ ТЕБЕ

    Затоа Господ те казни и си забременила и си искусила такви зборови од него. Но и тој е исто толку виновен колку и ти а не е казнет. Ама ќе биде...не се сите добронамерни како тебе, заради неговиот карактер допрва ќе си го дочека своето и допрва швалерките ќе му прават проблеми.

    Мило ми е што грижата на совест ти се јавила и благодарение на твојата приказна мн ќе извлечат поука. Штом се појави со едно вакво признание покажуваш колку си голема и покрај сите грешки.

    Со среќа!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    ^Никогаш толку остро не се осудува некој. Не знаеш тебе што те чека, ако можеш да тврдиш за себе, не можеш да тврдиш дека ќерка ти ќе биде светица. Полека со острите зборови, поготово на вакви осетливи теми.
     
    На stevemila, sesilija, nina-nina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    и оваа приказна е уште еден доказ дека секогаш водени од чувствата одиме по погрешен пат :| ...и сигурно и неког ќе го стигне казната еден ден...и на крај сите доаѓаме на исто...бар јас така мислам :) ако едно имаме друго ќе немаме... :)
     
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Жал ми е Нина, никогаш повеќе немој да се завртиш назад. Чекори напред, биди храбра како и досега. И мене ми ја изгореа душата имав сурово искуство. Можеби не како твоето, но научив како треба понатаму во животот ;)
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Лионес се согласувам со секој твој збор.
    А Нина што да кажам, навистина ми е жал за тоа низ што си поминала и како се чувствуваш сега.
    Не вреди сега да кажам дека не си требала да го погледнеш знаејќи дека женет и дека е татко, неможам ни да кажам дека си го заслужила тоа што ти се случило.
    Најмногу ми е жал што свесно си влегла во таква врска, па ни тоа патење и абортусот не ти биле доволни да се откажеш па свесно си продолжила пак.
    Многу ти требало да се освестиш навистина и да ја прекинеш таа врска и тоа измачување.
    Само едно неможам да поверувам, колкава може да е љубовта, во случајов колку може да биде голема твојата љубов. Навистина неможам да поверувам дека постои толку голема љубов и заради тоа да газам преку себе.
    Животот ти одржал лоша лекција, ти посакувам да ти врати со најдобрата можна лекција, заслужуваш после тоа што ти се случило.
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Мене ова со Нина ми е чудно, за да ми се разјасни ме интересира што ти велеа твоите за целото тоа време додека се гледаше со човекот, и ако си била толку заљубена како излезе од таа врска?

    Некако ми мириса на фикција, и подобро да е, не сакам да верувам дека е точно.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    И јас тоа си помислив да не е фикција, ми личи на случка од некој роман :?:
     
  16. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Ova so Nina znaci nema vrska...ne mi se veruva deka e vistina...mislam deka ova go ima napisano nekoja zena sto soprugot ja izneveruval i stvarno mi e zal...
     
  17. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    A sopruzite si gi vrednuvate sto pravat taka? Stvarno ne ste mi jasni pa zasto samo devojkite se vinovni?
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.528
    Поприлично безобразно злобни коментари видов тука...КАЗНА?!Што ви е на вас бе?!
    Кои сте вие да судите?!Демек морални сте,па ви дозволува да се изнатреската секакви,освен морални глупости?!Од каде знаете што ќе ве затече вас во животот?!Светот е таков каков што е,не сте гневни за илјадниците што умираат од колера во 21 век затоа што светот се води по чудни принципи,а приоритетите се сосема трети и бескруполозни,најдовте да осудите некоја девојка која слепо се заљубила,ама затоа што сте зависни од мажите,лигушки,секогаш нив ќе ги браните!Мислам ни јас не ја почитувам нерационалната природа на жените и еве,овој типичен кучкаст став од кој најмногу ми се ежи кожа,таа насушна потреба да се изигува жртва,а и морален судија,ама боже мој,дајте малце објективност.Свашта!
    Јас лично,персонално и одговорно сметам дека,секој има право да си ја бара својата среќа,на овој или оној начин,но да знае да процени и да не си го упропасти животот еве како девојкава.Глупаво е да се фаќате за неверството како смртен грев,кога дословно се случуваат такви гревови кои предизвикуваат тага и смрт на светов,а башка што е во природата на човекот да не биде моногамен.
    Му раѓала деца!Бре!Од кај знаете и која е и каква е и зошто го правела тоа.Овој шутрак,таа бетер што го трпела,а не верувам дека не забележала нешто при толку шарање лево-десно,па чак оваа да и го бере гајлето,господ ја казнил заради тоа и демек заслужила.Бре,бре.Што изнакажа,ништо поарна не те направи од неа,ако веќе е до судење работата.

    А инаку за приказнава,не знам дали е реална и да не е,сеедно.Само...знам дека навистина се случуваат вакви работи,а во тоа сум сигурна затоа што сведок бев на неколку вакви настани во реалниов ми живот.За вакви работи не се зборува јавно,ниту отворено и без срам,затоа ви е тешко за верување.Дури и подраматични нешта се случуваат,ама се преќутува,не се дознава,па не настанува куршлус,се простува,се срамат...и тоа е тоа.Животот продолжува.
     
    На stevemila, okcenzi, le.soleil и 7 други им се допаѓа ова.
  19. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Bravo Lilit potpolno se soglasuvam so tebe...ubavo kazano ama dali ke go sfatat drugite neznam...
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Во повеќето наврати за мене се криви и Мажот и Жената и Љубовницата! Зашто жената.... Најчесто знаеме дека од кога ќе се омажиме, кај нас после 3-4 години брак НЕМА СЕКС(70% од браковите кај нас)ТВРДАМ! Поготово за 40 годишните жени! Се друго им е поважно од тоа...Или пак страста исчезнала..И? на мажот му се работи... Жената не сака! Ќе бара на друго место.. Многу јасно!Мажите накај 50 влегуваат во 2 пубертет, и збеснуваат!И ќе најдат некоја- А таа некоја може да биде со него од
    -корист
    -провод
    -љубов
    и друѓи Х причини....

    Во ниту еден брак не сте биле, за да кажете! Никој не знае на никој што му се случува зад затворена врата! НЕ ДЕКА ОПРАВДУВАМ ВАРАЊЕ, ама не можеме да судиме 100%, ако не сме сигурни, и не може само еден да ја сноси целата одговорност! Нека се запраша жената зашто мажот и ја вара!?Нека се запраша и мажот зашто ја вара жената! а и љубовницата нека си се запраша зашто оди со женет маж! Гледајте го филмот Unfaithfull,и се ќе ви стане јасно! Jас во сите ја гледам вината, не само во 1!

    едит- Mожеби највеќе ја гледам вината во љубовницата, и дефинитивно не ги оправдувам и не ги сакам таквите, зашто во највеќе % одат за пари со женет од онака! Aма прашањево е подлабоко- Зашто мажот вара?! Зашто жената била варана, и која е причината маж и да ја вара!
     
    На Phyramide, nina-nina, julie77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.