Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со женет човек

Дискусија во 'Врски' започната од Bianca, 9 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.341
    Допаѓања:
    249.393
    А инаку за приказнава,не знам дали е реална и да не е,сеедно.Само...знам дека навистина се случуваат вакви работи,а во тоа сум сигурна затоа што сведок бев на неколку вакви настани во реалниов ми живот.За вакви работи не се зборува јавно,ниту отворено и без срам,затоа ви е тешко за верување.Дури и подраматични нешта се случуваат,ама се преќутува,не се дознава,па не настанува куршлус,се простува,се срамат...и тоа е тоа.Животот продолжува.[/quote]

    Така е Лилит,за жал во реалниов живот се дешаваат вакви страшни ситуации, но како што кажа јавно не се зборува,затоа што срамот е огромен,болката неопишлива и затоа се ќути.Само затоа за да се одбегне да се зголеми таа рана,која верувајте никако да згасне.Но ете животот продолжува.
    И колку и да или пак не е вистинита приказната,јас бев сведок на една слична,во која една девојка исто така си ја залепи етикета и го упропасти семејството(мислам на нејзиното),но ете на таа девојка и се прости,и ете сега пак функционира се нормално.Затоа немој да ве чудат овие приказни,туку учете од нив.Да им судиме-не можеме.
    Но затоа што ќе си посееш тоа ќе си жнееш!
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Несакам да судам и немам ни такво прва, само сакам да го искажам моето мислења во врска со тоа кој ја има најголемата вина според мене.
    Вака оној кој изневерува во бракот според мене ја има најголемата кривица, било каква и да е причината што би го натерала да врши прељуба може да се реши, или подобро разведи се па бркај си други... ама не е секогаш така. Никој не заслужува такво понижување да му приреди партнерот.
    Во врска со темава врска со женет човек, според мене највиновен е мажот во секој случај, тој е оној кој оди во потрага по љубовница. А љубовницата не е крива, неможе да е, таа не му го расипува семејството, таа си го прави меракот, или е заљубена или други х причина како што кажаа.
    Љубовницата не е виновна за распадот на семејството, за тоа си е винивен мажот кој изневерува.
    Љубовниците според мене виновни се за тоа што немаат самопочит, мора и достоинство. Си се газат самите себе прифаќајки да се обични љубовници, да бидат третирани како мивки и ништо повеќе.
    Секако дека неможе само еден да биде виновен, ама несекогаш се виновни и двајцата сопружници затоа што едниот изневерува. За причините за изневерување не би сакала да коментирам, не е во скоп со темава.
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Приказнава едноставно ме остави без збор, навистина верувам дека е реална, не знам зошто така осудувате дека е нереална. Љубовта не познава граници можеби кога го запознала не знаела дека е женет, па се заљубила и кога дознала било касно. Добро е во секој случај што се отргнала од него- не можам да кажам навреме но сепак се отргнала.
     
  4. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Neznam zasto mislite deka mazite kon ljubovnicite se odnesuvaat kako kon mivki...ne e tocno od licno iskustvo kazuvam...sum bila vo takva vrska 2 godini i tolku bese vnimatelen kon mene i nikogas ama nikogas ne me navredil, sekogas od nego go dobivav najdobroto zatoa i bevme 2 godini zaedno i jas bev taa sto prekinav a on seuste saka da e so mene i nesakase ni da slusne da bide bez mene, dojde duri i do toj stepen da se razvede samo sto jas se povlekov i seuste se slusame i seuste mnogu mi znaci i sekogas e i ke bide tuka za mene koga ke mi treba i bas naprotiv me pocituva mnogu poveke od bilo koj drug a tie 2godini pominati so nego nema nikogas da gi zaboravam i sekogas ke bideme tuka eden za drug sto i da se sluci ponatamu...znaci zeni tie sto ne ste iskusile vakvo nesto ne zboruvajte naprazno zosto vie vakvo nesto ne ste doziveale...ili ste doziveale ama ste bile tretirani kako mivki zatoa sto samite ste go dozvolile toa...ili pak vo brakot vie ste tretirani kako vie "moralnite" zeni sto bi rekle vtora violina...
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Ок ако тебе ти е доволно тоа да бидеш втората, да бидеш онаа што сите ја покажуваат со прст, онаа која ја знаат како љубовницата.
    Остај тоа што се понаша најдобро спрема тебе, нормално кога има корист, да те сакал за нешто повеќе ќе те почитувал повеќе и ќе те направел негова жена, да може со гордост да те претставува тебе, со тебе да заспива, со тебе да се буди, да има семејство со тебе... а не вака по 2 год да му текнало на развод баш кога си му рекла дека го напушташ. Можеби стварно те сакал, ама тоа не е почитување спрема мене.
    А да, можеби не те третирал како мивка ама во очите на сите си мивка. Јбг, сигурно е типот многу вреден за да бидеш мивка ради него ;)
     
    На Li0ness и lylaby им се допаѓа ова.
  6. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Зашто мивка во очите на другите, а што е тогаш мажот во очите на другите или пак што е тогаш мажот во очите на сопругата...него вие тогаш со отворени раце си ги примате пак како ништо да не било затоа што сте неспособни да направите друго...и цел живот ке си живеете така чувствувајќи се како вие да сте втори а тоа и најмногу ве боли затоа зборите дека љубовниците се мивки а уствари вие се чувствувате многу полошо зошто не сте способни да го задржите мажот..
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    а си размислила дека можеби ако се земе со тебе нема ти да бидеш способна да го задржиш, па ќе трча по туѓа сукња, од причина што си е таков-гад.не сакам да те навредам, ама не се теши дека ти вредиш многу повеќе од неговата сопруга, ако не си се нашла ти, многу лесно ќе се нашла и друга.
     
  8. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Доколку кај нас во Р.М,неверството е казниво по закон,дали изневерената мажена жена би го оптужила својот сопруг?
    Добредојдени ми се вашите размислувања !!!
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Што ќе даваме пари само за судски трошоци. Пак државата ќар ќе има. Стореното ништо не може да го смени.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не би го тужела, ќе го напуштам и крај, очи да не му видам, а нема ни децата да си ги види богами.
    Со сила никој никого неможе да задржи Маци28, нема ланци да му ставан за да не ме изневерува, љубовта е онаа која ги држи луѓето заедно, а ако исчезне љубовта тогаш разведи се не се прај паметен да бркаш љубовници.
    Нормално дека љубовниците си се бранат си имаат други мислења, што ти вака како љубовница кога идеш по улица милсеш дека луѓето ти се диват, и викаат леле браво знаела како да фати женет маж и да го задржи? Во заблуда си! Сепак не си ти крива колку што е тој, затоа што самиот си го уништува семејството, тој е одговорниот за распадот на неговото семејство. А ти си крива што си дозволила така добро да ти го испере мозокот! ;) Уживај си :)
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Тоа е = на развод. За да се разведеш треба да кажеш причина зошто го правиш тоа, па така да најчесто се оптужуваат со неверство и по кратка постапка се разведуваат сопружниците без да има оние брачни советувања и сл.
    Мислам дека секаде така функционира доколку нема некој предбрачен договор каде е поинаку регулирано во стил ако некој од партнерите изневери следува парична казна и др.
    Мала сме ние држава за да судството функционира кај нас...кај нас и да има таков Закон сигурно сите жени би ги тужеле мажите за парична надокнада чисто да си го задоволат егото, ама болот нема да престане во нивната душа..

    Ауууф Нина сега ти ги прочитав постовите. Најтешко е да учиме од сопствените грешки нели, животот е понекогаш многу суров а ние знаеме многу брзо и лесно да потклекнеме на искушенијата. Јас би ти дала совет да собереш храброст и сила да го надминеш сето тоа и да го закопаш во минатото. Знам дека не е лесно и никогаш нема да избледи од твојата душа ама пак и немаш друг избор. Факт е дека имаш направено голема грешка и сувишно е да се осудува и да следуваат покајувања. Тоа е што е, животот иде и понатаму...
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Не ми го испрале мене мозокот постапките негови ми кажуваа доволно и немора да ми верувате ама јас секогаш му бев на прво место, има бракови каде што можеби мажот нема доволно внимание од сопругата и нема љубов и секако дека ќе го бара тоа кај друга само не сте ми јасни зошто секогаш девојката ја обвинувате и ја правите мивка и незнам што зашто едноставно не се запрашате што ви фали во бракот па да пробате тоа да го поправите место да ја барате вината во љубовниците...повеќето жени не си го прават сопругот незнам дека е он виновниот него одма таа мивка една ваква таква...и друго е да те изневери мажот еднаш два пати а друго е да си има врска подолга и со друга и да се гледаат секој ден...значи дека тоа не го има дома затоа место да обвинувате пробајте да согледате во што е проблемот...можеби е и до вас нели?!
     
  13. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Маци28 зарем со твоите 28 години се задоволуваш да бидеш втора виолина и храна за нечие его. Зарем не сакаш да најдеш некој со кој ке си создадеш свој дом,свое семејство,свој кров? Несакам да те судам, но за мене не постои оправдување за тоа да бидеш со некој кој веќе си одбрал свој пат и живот. Што бараш во таков човек? Извини но со ова се спушташ на многу ниско ниво. Ма нека те третира како кралица ако сака..сепак реалноста е дека ти и тој уништувате едно семејство.Моралот очигледно не ви е јака страна и на двајцата. Се надевам ке сфатиш дека живееш во една огромна заблуда и навреме ќе се спасиш. И ако еден ден маж ти најде некоја помлада од тебе,шо нема да му готви и го пере ами само задоволува ќе сфатиш колку нефер игра играш...
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Маци не е битно која е прва, а која е втора. Битно е до која он ќе си легнува секоја ноќ, а тоа е жена му.
    Да си му била на прво место ќе бил со тебе... Да не си му била ти љубовница ќе била некоја друга. Жално е што се обидуваш себе да се убедиш, пошто нас не не убедуваш.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Жално е ова што ти го пишуваш и што ти пробуваш да се убедиш самата себе...па како можеш да му дозволиш после тоа да легне до тебе па уште си пишала и битно е до која ке легнува секоја ноќ а тоа е жена му, а од каде се вратил тоа не е битно а, битно ќе си легне до тебе свртен со грб и ќе си легне насмеан мислејќи на друга, ама ке лежи битно до тебе..е па каде ви е и на вас тука почитта вие се цените ли самите себе кога дозволувате да легне до вас а се вратил од кај девојката...со ова само докажуваш дека и ти се газиш самата кога му дозволуваш после убавата помината вечер со девојката да легне до тебе а он да ти заврти грб и да си спие мирно...не ми се верува какви размислувања имаш..значи маж ти не е виновен битно си легнал до тебе...цццц еее жени место мажите да ги окривувате вие си ги величате уште толку и сето тоа само за да не ве остават ги пуштате да си легнат до вас како ништо да не било..секоја чест и за вас вие не се погазувате самите...
     
    На okcenzi и nina-nina им се допаѓа ова.
  16. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Ма зашто правите драми па тоа е животот таков е, не е фер и према мене не бил фер па што сега, па и мене да ми се случи тоа нема да легнам и да умрам ке продолжам со животот нели продолжува понатаму, па ако си најде помлада нека си најде со сила ли ќе го држам ама сигурно нема да бидам патетична и да му дозволам да ми легне во постела после тоа...па што ако ми е маж треба ли да го трпам тоа што он го прави и да ја напаѓам таа девојка што не ме ни знае...јас него би го обвинувала и никој друг...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Јас мислам дека кажав дека за мене е мажот крив секако, тој дал повод за ти да му бидеш љубовница не си му се ставила на сила така? Нема везе, јас не те обвинувам тебе што немаш морал и почит спрема тебе.
    Моето мислење е дека ти живееш во заблуда, а таа жена до која тој легнува секоја ноќ можеби незнае дека тој има љубовница па затоа го прима во креветот секоја ноќ.
    Јас не би простила такво нешто, ако дознаам за изневерата би прекинала се со тој човек.
    Се согласувам со тоа дека можеби и жената е крива што тој ја изневерува, можеби не му обрнува доволно внимание, не го опсипува со љубов итн... но не е ни тоа начин тој да ја изневерува.
    А ако тој те сакал тебе повеќе од сопругата и поубаво му било со тебе за тие две години јас верувам дека тој би се развел и би се земал со тебе, 2 години е долго време за да можел да се одлучи нели, ама не го направил тоа. И ако ова е за тебе сакање, љубов и почит, а не искористување тогаш имаш проблем со самата себе. ;)
     
  18. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
     
  19. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    и аман више луѓе со таа втора виолина...па сигурно првата нечинела штом се решил за втора...е сега кажете ми па каде е тука љубовта ако веќе посегнал по друга...
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не сум мажена.
    И не те разбирам, неможам а и не се ни трудам.
    Единствено што сакав е да ти го подигнам моралот, да ти укажам да посветиш повеќе внимание на себе, на твојата самопочит, на твоето достоинство, едноставно да поработиш на себе.
    Лично не те навредив, сепак јас имам такво мислење за љубовниците и крај. Секако дека не ги обвинив љубовниците, со сила сигурно не се пикаат во кревет, мажот е тој кривец нели...?
    Сепак ти се извинувам што пробав малку да те освестам и да ти покажам дека треба повеќе да се цениш самата себе, а не да се задоволуваш со тоа да си љубовница. Ама како и да е, тоа е она што го сакаш нели?
    Поздрав.
     
    На anastasijaki и MalataViki им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.