Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со женет човек

Дискусија во 'Врски' започната од Bianca, 9 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Фала што сакаш да ми помогнеш меѓутоа не ми требаш ти за да ме освестуваш и си се ценам самата себе немој да мислиш дека заради ова помалку се ценам или пак дека другите помалку ме ценат, како прво не ме ни знаеш а немој да мислиш дека ова е ситуација каде што ми опаѓа моралот или дека не се ценам не убив никој за да имам грижа на совест, на секој може да му се случи вакво нешто ама не е нешто којзнае леле страшно за да се стави некој на бесилка поради тоа. Поздрав
     
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.515
    Пол:
    Женски
    Јас не ја сфаќам поентата на темава. Се разбира дека ниту една свесна жена не би рекла дека е опрадано некој да ја изневерува жената или девојката. Не велам дека мажот не е крив, си пуштил јадица и некоја се закачила. Но зарем ниту една љубовница не се става на местото на жената? Тука пишувате дека жената екрива, со што е таа крива? Што се обидува дома да го задоволи со се и сешто? А и вас не ве фаќа љубомора дека вечер е со жена му или дека може има уште една како вас? Тој ако тоа и го прави на жена му на која се заколнал на верност, зошто вие би биле поразлични? Секој си има различни гледања на животот, но се надевам дека никогаш нема да бидам изневерувана(што не можам со сигурност да знам, ако се омажам за некој торко) или да бидам љубовница,

    Незнам дали напишав пред некое време. Братучед ми има љубовница, ама со жена му е за празник, за роденден, навечер, наутро неа и вари кафе, а за љубовницата вели дека е дроља. Толку од мене.
     
    На al-vik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Е па се гледа и жена му колку ја сака па затоа има и љубовница па уште и дроља замисли :rofl:
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Значи ти се гордееш со тоа што си љубовница. Само тоа го заклучив од твоите мислења. Ти се браниш и него го браниш, незнам зашто воопшто пиша тука кога целта ти е само да се правдаш, а не да прифатиш нечие мислење или совет.
    Ихх кај љубовница, кај се плетка со женет маж, кај се меша во фамилија па уште и е самоуверена, се преценува и се поноси со тоа. :)
     
  5. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    ниту се бранам ниту се правдам, пред кој да се правдам само си дискутирам со вас на темава, а и зашто не би била самоуверена уште еднаш ке кажам убив ли некој па да се кријам? А тоа дали сум љубовница или не тоа е моја работа која си ти да ми судиш за тоа и во која тоа фамилија јас се мешам незнам мене еден човек ми се умеша во животот и тоа е тоа таков е животот, а сите може да се правите морални и чесни пред другите... само знам дека ако ова ти се случи и тебе нема вака да размислуваш... Добра ноќ
     
  6. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Искрено воопшто не ми се допаѓаат мислењата на маци 28. Јас незнам како упорно можеш да зборуваш на оваа тема и да не се обвинуваш самата. Па не ни треба да помислиш да отидеш со женет човек. Јас не велам дека мажот не би бил крив, но ти како жена треба да сфатиш како би се чувствувала другата да си на нејзино место. Вакви мислења ме иритираат потполно. Па уште гордо зборуваш за тоа, демек на тебе ќе мислел ко ќе легнел кај жена му. Дај освести се што зборуваш!!!! Од вакви како тебе фамили се распаѓаат. Никогаш нема да ги сфатам, ниту пак да ги оправдувам овие жени како тебе. Ова е крајно НИСКО однесување според мене. Извини ако те навредив, ама потполно ме испровоцира со твоите мислења, па морав да пишам!
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Не бе Маци, нема да си дозволам да погледнам па уште помалку да бидам со женет, неможам да кажам што ќе биде утре, ама никогаш не би била свесно и намерно со женет човек, не дозволувам бе да прерасне во љубов тоа и крај!
    Ајде добра ноќ и на тебе, претпоставувам ќе спиеш сама затоа што љубовникот ќе си спие со жена му ;)
     
    На MalataViki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MalataViki

    MalataViki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Како и да е... знам дека како што можам да се вљубам -можам и без последици да се одљубам,посебно кога знам дека нешто е погрешно! Со глава во ѕид не мавам! ;)

    Се согласувам со ова горе што е напишано од некое девојче негде на почетокот, ОД СЕКОЈА НАВИКА ИМА И ОДВИКА...си се заљубила,а знаеш дека е погрешно,ќе се одљубиш и завршена работа.Јас лично не оправдувам врска со женет човек,дури и не ја разбирам,се молам да не западнам некогаш во таква врска (верувам дека нема,зашто прво треба да си дозволам,а нема да си дозволам хаха ).Не ги осудувам до некаде жените или мажите кој одат со мажени/женети,но искрено се ежам од помислата свесно да бидам втора,да се нарекувам љубовница и да растурам нечиј брак.Сега ќе речете-па тој или таа (мислам на тие што се во брак) сакал така,тој сакал да направи грев,јас сум со него зошто ми е убаво,зошто го сакам и бла бла други работи.Ама ставете си прст на чело и рамзмислите малку повеќе,согледајте ги фактите,согледајте ги последиците,што правите???
    Не зборам за морал моментално,зборувам за вашето срце...Точно,тоа одлучува во кого ќе се заљубите и вие не можете против тоа,ама затоа со фактот дека сте втора,дека од таа врска нема да излезе ништо добро,дека нарушувате нечиј мир,нечиј дом треба тоа да го прекинете,да се натерате себеси,да си ставите во главата дека вие сте побитна од секој друг,дека тој не ве заслужува,кога со вас си го полни егото за вистински мачо мен,ви врти филм дека не си ја сака жената,дека со неа е поради децата или поради некоја друга икс причина...Каков е тој мачо мен,кога не знае да си го среди домот,постои развод(не сум за тоа,ама сепак постои),ама неее он продолжува и со неа и со тебе,ве лаже двете,а ти мислиш дека којзнае колку те сака...Епа сега доаѓа суровата вистина,со вас си го пополнува животот,си го прави повозбудлив,авантуристички и како што реков си го исполнува егото на вистински мачо мен и даа,ај погодете што следи?!Ве остава,а вие сте се надевале на заедничка иднина...и вашето срце е скршено,а он пак го добил тоа што го сакал.И зашто да го дозволите тоа?Зарем го сакате него,повеќе од себе?Ако е така,тогаш навистина ми е жал што не се цените.
    И конечно последното нешто што сакам да го кажам во мојов реферат :) ......
    Дојде денот кој толку многу го чекавте,тој се разведе од дотогашната жена која ја изневеруваше со вас и сега конечно сте заедно без пречки,но нешто ќе ве мачи,верувајте ми...Секој ден ќе се будите со помислата дали денес тој ви го прави истото на вас?Дали ве изневерува со некоја девојка која ете се заљубила во него исто како вие,која не мисли на последиците,која свесно сака да ви го уништи мирот?Уфф,верувам дека е тешко секој ден да се будите со таа помисла и да се плашите дека вие сте на ред да поминете по истиот трнлив и мрачен пат по кој поминала неговата бивша жена...
    Зарем и покрај се сте спремни на овој чекор????

    Само да додадам - со ова не осудувам никој,ниту се правам попаметна од другите,само си го кажувам свотео мислење,а се надевам дека никој нема да се навреди поради ова.Поентата на муабетот ми е дека треба да бидеме свесни за сопствената големина и да не дозволиме да бидеме понижени од никој,да се цениме себеси и да бидеме со некој што не заслужува :D
    Ви посакувам многу среќа и љубов :rofl:
     
    На De-lovely и mims-89 им се допаѓа ова.
  9. 4upeto

    4upeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    тешка тема за дискутирање е оваа заради то шо сите си имаат различни свакања и пристап на оваа тема.
    јас неј а оправдувам ама не ја ни осудувам ваквата врска.Секој свесно си влегува во врска и свесно знае која е целата заради која што влегол.Индивидуално е то.Јас имам другарка што беше во врска со женет човек со две деца еве сеа си ја остави жената заради неа и сега што .....на 20 и кусур години таа си се мажи не само со него туку и со неговите деца бидејки тие останаа да живеат со неа и со татко им .мајката замина странство .......ама секој си е свесен за своите постапки ....шпански серии.....
     
  10. MalataViki

    MalataViki Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Не сакам да те навредам,ама викаш те почитувал?Почит не е само да не те навредува,да не те тепа,почит е пред се во ситуацијава,да те стави на местото на кое заслужуваш,а ако сметаш дека местото на љубовница си го заслужи тогаш во ред.Значи ти веруваш дека тој бил човек на место,дека секогаш ќе биде тука за тебе?!Оф како се лажеш.Бил на работ да се разведе хаха ама не се развел чудноо,ама зашто?Не значи дека ако он не ти каже мивка,дека не си...со ова искажувам мислење,не те навредувам тебе лично...тоа ти е исто како да мора некој да ти каже дека правиш лош чекор,што ..ти самата не го знаеш тоа?Не значи дека ако не ти го каже и не го мисли....
    Сепак ова е мое мислење,според ситуацијава која си ја пишала и како што разбрав јас,ти веруваш дека си во право,а и не се цениш доволно,за жал....
    Маци28 само што прочитав и некој други твои мислења...тажно е тоа што го кажуваш,јас немам такво искуство во животот,се надевам и дека никогаш нема да имам,но како и сите имам право да си кажам мислење...Ти си во заблуда,веруваш во него слепо и притоа неможеш да увидиш дека грешиш.Не убедуваш дека си во право,дека е битно дека спиел со тебе,а не е битно што после бил со жена му и во креветот и го свртел грбот.Уф колку е тоа тажно,веруваш дека кога ќе легне мисли на тебе???Да може мисли каде да те легне следната недела или каков секс да имате...сигурно не пати од љубов.Се надевам дека во брзо време ќе сватиш дека грешиш и дека ќе го пронајдеш вистинскиот за себе....
     
  11. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    а бе стварно сте ми чудни, зашто едноставно не признаете дека има ситуации каде што мажот е несреќен во бракот а и жената исто и дека има нешто што фали...јас не ги навредувам жените ама зошто не ми дадете одговор зошто мажот посегнува по друга и си има паралелна врска со години ако доволно ја сака сопругата каде е тука љубовта кажете ми има ли љубов?! И колку да кажам уште еднаш знаци јас таа врска ја завршив само ви кажувам како јас поминав во таа врска а вие упорно ме навредувате без да помислите дека не сите мажи се однесуваат како да сте љубовница...а да беше некој гад зарем ке пишував вака...ама стварно беше нешто сосема друго и очигледно за вас е тоа несфатливо ама добро најлесно е да осудуваш од страна...
     
  12. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Маци28 ти очигледно не сакаш да сфатиш за што правиме ние муабет овде. Значи ти си нормална девојка во своите најубави години, и сега доага некој ОЖЕНЕТ, ако сака нека е најубав, и највнимателен, и најнесреќен во бракот значи тој документот и таа бурмата си стојат,ти се пушта и ти тргнуваш со него во што и да е тоа,оти врска за мене не може да биде никако!!! Ако сака бе нека го тепаат дома, тоа е нивни дом, на тие што веќе се во брак!!Нека се разведе ако не му е добро, аманте 21 век е. Ама знаеш кога ќе го направи тоа?? Никогаш. После тебе ќе следува друга и друга..секогаш е така со овие љубовџиите, секогаш доага друга Маци28 што ќе мисли дека е посебна во неговиот живот. Инаку и јас сакам да ги бранам и да стојам на моите ставови во животот, но кога на едната страна ќе останам јас самата, а на другата целиот свет, не трчам со главата во зид, ами застанувам барем за момент да подразмислам, се надевам ќе застанеш и ти.И кога веќе си толку убедена во тоа дека овде нема ништо лошо, би имала храброст и не би ти било срам да застанеш пред твоите и им кажеш дека беше во ваква врска??
     
  13. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    нема разбирачка и тоа е тоа...и јас не одам со главата во зид...а и секогаш заради тој срам и немање храброст и за да ги задоволиме другите а никогаш себеси затоа што сите прво мислат што ќе рече околината, затоа и девојките се осудувани а и тој брак каде што жената ке го трпи тој маж заради срам што ќе рече околината...ама таков ни е менталитетот и тоа кај нас нема никогаш да се смени...и затоа секогаш ќе има и љубовници и тажни бракови само што незнам работава ја правите како да умрел некој...а што доколку дојде до развод без да постои љубовница, едноставно не ви оди со сопругот и решавате да се разведете нели се тогаш греота децата...или само кога има љ2убовница тогаш се греота...ма ве молам не ги користете децата за да задржите нешто ако веќе го нема... глупости, а јас никој не сум терала ни да се разведува ниту пак сум му ја растурила фамилијата...јас тоа неможам да го направам, тоа може само он да си го направи без јас да имам некаков удел во тоа...
     
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Што убаво е да мислиш дека не му чини жената па затоа има љубовница. Ако е така зошто ти не си му жена , туку си му љубовница? Ако си ја нашол среќата со тебе , нека те земе. И немој да кажуваш деца, ова-она. Познавам многу луѓе што имале деца па пак се развеле.
     
    На marama и zdravkova им се допаѓа ова.
  15. zdravkova

    zdravkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    67
    [quote="kikuuus25"]Samo da ve prasam nesto sto ne mi e jasno...vikate tuka e ljubovta i se...toa e vo red...no kako odlucuvas da pocnes so zenet covek, ne se zaljubuvas bez da go znaes...znaci ti doznavas deka e zenet i izlagas se gledas so nego i posle ljubov e vo prasanje i t.n i.t.n...toa ne mi e jasno...mene pred mnogu vreme mi s epustase eden decko...ubav , dobar, slatkoreciv...se...dve nedeli si pravevme muabet i ni idese rabotata...sosema slucajno doznav deka e zenet...naredniot vikend se vidovme vo diskoteka i mi zboruva bla bla bla...i jas slusam...i vo 4 saat sabajle mi vika aj ke odime nekade....i jas mu vikam :ne te ceka nekoj doma, a toj mene:moite rano si legnuvaat...i mu rekov a zenati?ke padnese vo nesvest i po 2 min vika...pa ona ne se ljuti...i mu rekov vaka:Da ne te vidam uste ednas, ke me obelezese zasekogas da bidam so zenet covek, (za mene toa e strasna rabota),me lazese , da ne te vidam...me sledese, me barase ama ne i ne....toa ne mi e jasno...kako za cigarite sto vikaat so da praam se naviknav...taka se rodi ili svesno proba>???gluposti....Sega ste zaljubeni toa e ok go razbiram, jas sum zaljubena...ama krivi ste be...zosto kako pocnavte...toa se sece u koren, a sega sami ste krivi sto ste vtora violina i sekogas ke bidete, i sto rusite necij dom, zivotot na nekoja zena i najtragicno DETSTVOTO NA NEKOE DETE...OBICNO NE SUM VOLKU RADIKALNA ZA NISTO NO OVA LICEMERIE ME VADI OD TAKT...ZALJUBENA SUM LIG LIG...PA STO IZLAGASE SO NEGO...DA PRESECESE KO MENE NEMASE DA SE ZALJUBIS....SRAMOTA[/quote]Me raduva sto se uste postoi moral megu mladite.......a edno od sedumte Bozji zapovedi glasi.NE POSAKUVAJ NISTO STO E TUGO......zalni se ovie raboti i za semejstvoto a i za devojkite sto se fatat na takvo oro,jas bi im poracala pustete se navreme.......
    [mod-kirilica:1cg4vp0v][/mod-kirilica:1cg4vp0v]
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Само помисли како би ти било тебе твојот маж да има љубовница...мислам секогаш ставете се на другото место па замислете како би се осеќале,сигурна сум дека не баш убаво,епа не правете го на другите она што несакате вам да ви го прават..тоа е :x :fubar:
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    За љубов се потребни двајца. За неверство исто. Тргнете од себеси. Секоја една од нас се нашла во ситуација кога не била задоволна од врската, и ако ништо друго барем егото сме си го масирале со други на билокаков начин. Не велам дека сите можеме да изневеруваме, но сите сакаме да добиваме внимание и да бидеме сакани. А кога не го добиваме дома, посегнуваме по него на други начини.
    И немојте да сте се осмелиле да ме разберете дека повикувам на неверство, знаете како е мислено нели ;)

    Сепак се прашувам кои сме ние да морализираме?! Демек сите ние сме безгрешни. Ајде фрлете го каменот оној кој не згрешил да ве видам. Сто пати сум рекла, му*а сечам на неодговорни мажи кои влечат за нос! И на страна на девојките сум обично во вакви ситуации.

    Арно ама девојчиња и девојки (ви се обраќам на сите вас кои сте во некаква емотивна или сексуална врска со женет маж) дајте ве молам не го губете главчето. Стопирајте. Трезно размислете. Колку време сте заедно? И колку од тоа време сте добиле само празни ветувања а никакви дела освен грешни валкани чаршафи кои на никој не смеете да ги покажете?
    Запомнете, секој може во животот да згреши и пред се секој сака да е среќен. Има излез од бракот во име на сопствената среќа. Но ако никој по неа не посегнува, веројатно не ја ни бара.
    Заслужувате само празни ветувања или нешто повеќе? Ви вредат нервозите за тие неколку часа оргазмично врескање и евентуално неколку нежности пред и потоа? Ако не иде откажете се, не е прв ниту последен. Ама не си го губете драгоценото време кога гледате дека не одат работите по нагорна линија, и пред се запрашајте се дали сте сто посто сигурни дека ако еднаш изневерувал, нема во иднина истото да ви го стори и на вас?
     
  18. maci28

    maci28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    мене и да ми се случи такво нешто прво ќе се запрашам зошто, нема да се замарам дали таа девојка има морал или не зошто ако не сте приметиле денес секој си гледа за себе...вие не си гледате за себе вас да ви биде убаво..сигурно не гледате да им биде убаво на другите а на вас не...значи јас ке си ја замарам главата зошто маж ми го направил тоа нели ме сака нели се заколнал на верност...зашто му е друга зарем не сум му доволна јас нели ме сакаше ама вие попрво се замарате со тоа која е љубовницата ваква таква, место да си разговарате како луге со сопругот и заедно да ги согледате проблемите и да најдете решение вие попрво љубовницата ке ја нарекувате секако и ке ја обвинувате, а сопругот секако и он е крив ама него ќе му простите он не е курва. |(
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    На оваа расправа крај и нема, ова ти доаѓа нешто како расправата за тоа што е постаро, кокошката или јајцето ?!
    Јас само ќе си кажам дека секој што не е среќен и не може да си го пронајде мирот, хаморнијата во својот дом, партнерот му го овозможува токму спротивното и не се труди да биде подобро, си ги гледа само децата и слично; јас не би останала во таков брак. Да го жртвувам остатокот од животот за децата, да правиш лице пред нив. Да во ред е тоа, но до кога со глума ? Една, две, три, десет години? А потоа ? Децата ќе пораснат, ќе сфатат што се случува со нивните родители.Во ред и тоа ќе го проголтат. А што понатаму кога ќе се женат/мажат ? Останувате пак вие сами со партнерот. И Бога ќе молите да дојде тој ден, да заминете од овој свет, бидејќи не можете да излезете на крај ?!
    Да резимирам и да скратам, ги оправдувам оние што поради емоционална или било каква нулта состојба во бракот, си бараат нешто да им ја врати волјата за живот и се борат да го добијат тоа што го сакат (без оглед дали ја сакаат љубовта на партнерот назад и неговото внимание или нова љубов). НО, големо НО, срамота за оние кои само гледаат да си направат подновување на ку*от, да си го омрсат со ново младо пиленце, ги повредуваат, ги доведуваат до самото дно...
    И не ги оправдувам оние што одат женети, но и не ги осудувам, која сум јас да давам суд ??? Секој си прави што си сака !
     
    На maci28 и eleni982 им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Па тоа е целата работа. Ако е несреќен во бракот зошто не излезе од него па на раат да си биде со другата што му пружила се што немал во бракот? Зошто да се мачи уште во бракот?
    Зашто не сака. Сака да си се врати кај женичката дома, она да го гледа и да го пази. А вака може и да си шврља и да си го тресе и кај друга. Зошто така му одговара.
     
    На maca99 и marama им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.