Врска со женет човек

Discussion in 'Врски' started by Bianca, Dec 9, 2009.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Joined:
    Dec 16, 2010
    Messages:
    38
    Likes Received:
    17
    Морам да го искажам своето мислење дека ставовите на Маци 28 држат,и дека многу девојки ги имаат истите ставови и размислувања како нејзе.Меѓутоа не ги искажуваат јавно од проста причина за да не бидат осудувани и за да ги избегнат критикувањата.
    И јас се прашувам истото.
    Каква е таа љубов ако сопругот те изневерува? Зошто една мажена жена кога е изневерена ја осудува и ја мрази девојката нарекувајки ја к*рва без притоа најпрво да го осуди нејзиниот сопруг пошто најпрво тој е тој што и го крши срцето и и нанесува душевна болка што не ја ценел доволно и ја изневерувал?Ако девојката која што била со него од љубов е к*рва тогаш што е он? Машка к*рва или што? За неверство се потребни двајца!! Ако девојката е осудувана од околината,каде се осудувањата за сопругот што изневерува,тој е оној што се заколнал пред Бога?А каде е моралната одговорност на сопругот што изневерува,како сопруг и татко? И тој посегнува по нешто што е туѓо и не е негово,а притоа си ја има својата жена и своите деца?Ако најпрво сопругот не си ја цени својата сопруга со тоа што ја понижува и изневерува,треба ли да се очекува тоа од девојката?Секогаш девојката ли ќе се наоѓа виновна во ваквите ситуации? Секогаш ли девојката треба да се става на местото на изневерената сопруга,зошто еднаш сопругот не се стави на местото на изневерената сопруга или пак на место на девојката која што го прифаќа со сите негови мани и залудно го сака? Кој има семејство кое што треба да се штити и брани,и да се даде цела љубов и внимание во тоа семејство? Девојката или дечкото што изневерува? На кој може семејството да му дојде на работ на распадот,на девојката или на сопругот?Кој треба пред се најпрво да го избегнува распадот на својот брак,сопругот или треба тоа да се очекува од сите останати девојки,со тоа што треба да се ставаат на местото на изневерената сопруга?Верувајте тоа е многу тешко да се ставиш на местото на изневерената сопруга затоа што во тоа време не ги гледаш работите од нејзин аспект!Пред се се ставаш на местото на сопругот кој што изневерува одколку во позиција на изневерена жена.Со оглед на честите изневерувања кај нас,многупати сум се запрашала,Зошто една мажена жена која што е изневерена,па и дури кога нејзиниот сопруг си има парарелна врска со друга девојка,и понатаму останува со него и одкога ќе ја осознае вистината?Дали таа жена смета дека децата ќе имаат поубава иднина,во бракот кој што е проткаен со неверства и каде што љубовта е недоволна или поубава иднина децата би имале доколку се разведат,и им овозможат на децата да ја согледаат суровата реалност дека животот не е секогаш таков каков што сме го замислиле и каков што го посакуваме?Доколку една мажена жена е финансиски моќна дали можеби во таква ситуација би се развела од неверниот сопруг?Дали доколку кај нас,во Р.М неверството е казниво по закон,дали тогаш една мажена жена која што е изневерена ќе го оптужи својот сопруг?Дали кривицата за тоа што сопругот ја изневерува,ја наоѓа делумно и кај неа? Дали многу мажени жени бракот го сметаат како успех во животот па и по цена да бидат изневерувани,па и по цена да бидат малтретирани и тепани не би поминале на чекорот развод,само заради децата,за добрата иднина на децата?
    И ред,ред други прашана на кој им нема еден и единствен точен одговор!
    Маци 28...и јас ги имав истите ставови и размислувања како тебе,но доколку не се промениш многу лесна е веројатноста за повторно да западнеш во таква врска со женет човек.А таква врска,верувај, не ти треба.Да ти требала, немало да ја прекинеш поминатата врска со женетиот човек,и покрај тоа што со тебе бил приближно совршен.
    Факт е дека во денешно време,скоро секое второ машко кое што е во брак си има и љубовница,меѓутоа не дозволувај повторно да бидеш љубовница на некој...таква приближно совршена љубов може да се има и со дечко кој што не е во брак!!
    Поздрав
     
    maci28 likes this.
  2. maci28

    maci28 Истакнат член

    Joined:
    Dec 18, 2010
    Messages:
    21
    Likes Received:
    8
    Нина мене ми е јасно дека таква љубов можам да доживеам и од слободен дечко и се надевам дека нема да дозволам повторно да ми се случи истото, само сакав да го казам моето искуство со женет човек и дека не е така како што мислат жените дека нивните мажи само нив ги ценат а љубовниците им се мивки, а да си ги почитувале и споругите немало да бараат љубовница. Значи сакав само да кажам каква беше мојата ситуација ама некои жени едноставно не сакаат да веруваат дека е така и неможат да го прифатат тоа затоа и не осудуваат и не напаѓаат. Тоа е тоа, јас барем со тоа завршив и барем некои жени нека сфатат дека не сме ние тие што треба да ги судат. Поздрав
     
    nina-nina likes this.
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Joined:
    Oct 30, 2010
    Messages:
    1,057
    Likes Received:
    1,821
    Јас искрено мислам дека тој што изневерува, не се менува. Ќе изневерува и со друга. Имам за тоа примери од пријателки. Една познаничка моја го запозна типот навечер, во кафуле. Знаеше дека е женет (немаше деца), ама не и беше многу гајле. (Инаку, таа беше разведена, слободна, без работа, без обврски, малку површна, ама таман за тој тип на мажи). Јавно си излегуваа, за неа жена му беше гуска. И го разведе типот, се земаа, му роди дете... и дома не можеше да го прибере после. Што и не е баш за чудење. А одговор на ТОЈ беше „Па каде ме запозна ти? Да не ме сретна во библиотека?“ Жива се јадеше што тој може да шета, а таа седи дома со бебето... Претходно имаа ист ритам, заедно до сабајле ако треба излезени, ама во брак се менуваат работите, сакале ние или не. Убаво вели еден наш соседен народ „отето-проклето“. Инаку, случајно, после неколку години ми стана колешка првата жена на ТОЈ. Искрено, мојава познаничка беше нула за неа. Женава школувана (магистер, наспроти втората која средното мораше вонредно да го заврши), одмерена, дотерана, со стил, убава... И премажена за (како што слушнав) многу подобар. Искрено, мислам дека мојава познаничка и направи услуга, можеше да изгуби повеќе години со тој, ама не ми е тоа муабетов. Прво, не мора да значи дека таа втората е секогаш поарна од првата и второ-ако некоја го сретнала кога бил женет во кафана како брка други, и кога таа ќе биде жена, тој пак ќе биде истиот. Тешко, многу тешко се менуваат таквите карактери.
    За другите примери другпат :)
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,077
    Значи ова конкретно наменето за Маци и за Нина.
    Во ниеден наш пост не се бранети мажите кои изневеруваат во бракот, сите сме свесни дека ако некој треба да се осуди тоа е мажот затоа што тој е оној кој посегнал по неверството.
    Друго курва е голем поим, јас подразбирам за наплаќање на своите услуги што во случајов не спаѓаат повеќето љубовници.
    Љубовницата според мене неможе да го растури семејството затоа што тоа е веќе растурено од страна на мажот кој почнал да си брка љубовници.
    А љубовниците повеќето луѓе ги осудуваат затоа што се плеткаат со женети мажи, и заради тоа изгледаат како мивки и ред такви работи.
     
    GirlLove, Lu-si and zdravkova like this.
  5. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Joined:
    Nov 8, 2010
    Messages:
    577
    Likes Received:
    850
    Добро бре Маци, а кој спомна дека мажот не е виновен? Колку што прочитав од претходните постови, скоро секоја од девојките се изјасни дека би го оставила маж и доколку дознае дека ја изневерува...И јас го делам истото мислење. Кога стапил во брак со мене, значи дал ветување дека ќе ми биде верен. Ако не го исполни тоа ветување, има да пати бре! И нема да ми биде гајле ако веќе имам деца, и за нив е подобро да живеат со разведени родители, отколку да живеат со родители кои што не се сакаат и кои што постојано се караат. Значи, мажот е најголемиот виновник во ваквата ситуација. Ако една не сака, има друга која би влегла во афера, без да размисли за последиците. Значи не е битно конкретно за која жена се работи, туку битно е дека постои друга жена. А таа друга жена едноставно нема морал и самопочит, чим влегла во таква “врска“. Убаво рекол некој, “не им го прави на другите она што не сакаш тебе да ти го прават“. Значи, без разлика што таа друга жена не ја познава сопругата, треба да размисли дека сопругата е човек, личност! Дали би спиела со мажот на најдобрата другарка? Најверојатно не. А зошто тогаш би спиела со нечиј друг маж? Уште еднаш ќе повторам, колку и да не ја познаваш сопругата, запомни дека и таа е личност, како тебе, како другарка ти, како сите други твои блиски на кои не им го посакуваш ни најмалку ова...И се обложувам дека и ти ќе речеш “дроља“ за некоја што би спиела со твојот маж, или со маж на твоја другарка.
     
    mims-89 likes this.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,012
    Швалерките се курви. Тоа е факт. Ниедна свесна личност не се плетка со женет човек. Секоја таква курва има цел. Или е заглавена со кредити, па си бара потенцијален кандидат да и ги плати истите. Или е шупак-мераклика и бара машки полов орган по секоја цена. Или бара за да се ожени со неа. Тука не ги ставам оние што на темава се имаа изјаснето дека не знаеле оти е женет. Има и такви случаи ама тоа е друго.А оние што свесно влегуваат во врска со женет се курви. Колку и да ги боли, неможам да им помогнам, ако ги навредува - нека им стои. Има едно правило кое гласи - Женетиот човек, секогаш се враќа дома. Ама има и уште едно. Ниедно куче не трча ако предходно кучката не ја дигне опашката.
     
    anaja1, Trajce1981, kara1 and 8 others like this.
  7. Blanca

    Blanca Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    725
    Likes Received:
    505
    Тоа е Оффспринг а не ова :!:

    Малку ми бевте контрадикторни со уште некои форумџики ( во споредба со другите постови на темите околу брачните неверства ) и сакав да пишам но некако знаев дека на крајот пак се ќе се сведе на погоре цитираното ;)
     
    le.soleil likes this.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,012
    Жал ми падна во моментот. Ама секако не мислам така. Незнам со кој друг збор освен со курва можам да се обратам на некоја таква. Тоа е курва, колку и да ги боли. Еве Бланка на пример ти, кога ќе дознаеш дека некоја се сплеткала со дечкото на другарка твоја или сеедно, што ќе помислиш? Сигурно дека не е светица, туку е курва. Тие таквите се курви. Тие таквите патат за внимание, и за свој кеф и тоа трошка внимание што ќе го добијат се спремни да растурат фамилија. Тие таквите се исто карактерно, умствено и психички слаби личности, личности што незнаат што е контрола на чувствата и личности кои не знаат за граници.
     
    mims-89 likes this.
  9. Blanca

    Blanca Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    725
    Likes Received:
    505
    ^^^ Можам да кажам дека помислувам се најлошо за таквите, не ги оправдувам мажите, но тие се дефинитивно курви :!:
     
    Offspring likes this.
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Joined:
    Sep 30, 2010
    Messages:
    944
    Likes Received:
    1,345
    Во врска со оваа тема, морам да се изјаснам без влакна на јазикот. Оние кои се плеткаат со женети мажи или се благо ретардирани, со ниво на интелегенција како што јас сакам да кажам влезено во минус, или се страдни за к*р. Најверојатно не се до толку паметни, убави, или доволно вредни за да бидат единствени на некој маж, па се пикаат каде што не им е местото. Ај на некои мажот ке им потфрли по некој денар, чисто нови гаќи да купат за следното е****е, а па овие другиве глупиве се вадат на љубов. Бракот е свето нешто таму не се чепка. Јас не велам дека мажите не се криви, ама маж ко маж ако е испровоциран ела држи го. Почесно е проститутка да бидеш, од ваква курва, мифка, што растура семејства. :puke:
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Joined:
    Jan 12, 2010
    Messages:
    4,177
    Likes Received:
    13,285
    Девојки, подобро да не судиме толку- јас дефинитивно сум против неверство, ама се плашам од толку противење во иднина да не се најдам во обратна ситуација и да имам швалер.

    Шала на страна, поентата ми беше, немојте да бидете толку остри, бидејќи може да се случи во иднина вие да изневерите, никогаш не се знае, човекот сепак сеуште не успеал да владее со своите сексуални нагони доволно за да ги зауда.

    Јас така гледам на работите.
    А дефинитивно не оправдувам девојки, па и жени кои се плеткаат со мажи кои се во брак, да не се резбереме погрешно.

    И заборавив да кажам има секакви случаи, еве земете ја на пример Блонд, можеби и поранешната жена на нејзиниот сегашен сопруг ја неракувала курва, можеби и таа им влегла во бракот, ако гледаме на тој начин.
    Има секакви жени, точни дека има и такви одвратни кои само сакаат да си најдат спонзор и не гледаат дали ќе растурат семејство или не, ама има и такви кои се заљубуваат како Блонд, гледаат дека имаат шанса, нема деца во бракот, па зошто да не биде со него, нели?

    Ние не ја нарекуваме Блонд курва, мене таа ми е многу мила, ама сигурно екс жената ја има нарекувано и тоа многу пати.

    (Блонд сори што те земав за пример, ама морав да им објаснам од друг аспект малку)
     
    blond likes this.
  12. blond

    blond Популарен член

    Joined:
    Sep 24, 2010
    Messages:
    2,251
    Likes Received:
    4,720
    Одлично што си ме земала мене за пример. Не се лутам, баш ми е мило.
    Претходно имам пишувано и пак ќе пишам, мојот вереник во неговиот брак не беше воопшто среќен, од тогашната сопруга добиваше СЕ освен љубов, мир, спокојство, нешто што ќе го насмевне. А тој толку многу се трудеше. И јас се трудев да успее нивниот брак, му давав совети што како да направи за да неговата си го смени односот.
    Џабе беше се што тој правеше,таа немаше грам почит и разбирање. Го нарекуваше со секакви грди зборови кога беше нешто изнервирана од работа, него го омаловажуваше и секогаш кога тој ќе сакаше да ја смири таа уште толку полудуваше.Плус ако се случеше да излезе тој со пријатели на кафе, пивце таа по 300 пати му звонеше, иако он претходно убаво и објасни каде и со кој ќе оди. А пак да не зборуваме ако задоцнеше од работа 10-15 мин. веднаш се правеа филмови дека тој има швалерка (а тогаш немаше).
    Е веќе по милион неуспешни обиди, реши да ја остави. Таа почна коси да кубе, да му се заканува и ред други глупости.
    А инаку за цел тој период ние си ја бевме искажале вљубеноста и тоа колку си одговараме еден на друг, но немаше ништо меѓу нас, си ја оставивме љубовта неизвалкана.
    Кога се разделија секој на своја страна, почнавме ние да се гледаме. По 2 месеца се најдов и во неговиот дом за да ме претстави како девојката која му го смени животот, онаа поради која тој сеуште верува во љубов без предрасуди.
    Јас наидов на негативности од моите дома, но по неколку месеци омекнаа и кога го запознаа заборавија на се, бидејќи ТОЈ е чудо од човек !!! Знае да те насмее, да ти помогне кога си во небрано, последниот денар ќе ти го даде ако треба...
    По неколку месеци стигна и официјалниот развод, си имавме црно на бело.


    И ајде сега некоја од вас нека ме нарече мене курва !!!
    Јас не разделив семејство, тоа (да го наречам) семејство го растури онаа која не се грижеше за ништо друго освен за својата лична среќа и сатисфакција.


    Пост скриптум: Откако се разделија, оваа смени најмалку 10 дечковци, од кои еден е разведен со дете, а другиот го разведе од жена му со 10 месечно дете.
     
  13. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Joined:
    Sep 25, 2010
    Messages:
    210
    Likes Received:
    113
    мислам дека никој маж и ниедна жена не вара без причина, т.е. секое неверство има своја позадина, дали жената или мажот (небитно кој кого) изневерува според мене е резултат на недостиг од некоја потреба што ја имаат партнерите, дали е тоа внимание, посветеност, љубов, страст, нежност, или е лош момент во кој се собрани домашни проблеми, презафатеност, неразбирање, различни карактери..... неможеме да генерализираме, зашто секој случај е посебен и сите околности се различни....
    не смееме да се нарекуваме курви.... и да осудуваме други зашто никогаш неможе да знаеме во каква ситуација ќе не одведе животот.
    во секој случај врска со женет човек за мене е грозно и звучи грозно и несватливо, али оваа врска не се гради со некој кој е среќен и задоволен од својот брачен живот, тоа е факт кој неможе да се оспорува. ако на некој му е убаво дома со семејството и жената и децата, нема да му мрда гзот, а ако и барем нешто му фали (знаејќи ги мажите) нормално истото ако неможе да го добие од дома ќе го бара надвор......
    знам многу примери на вакви врски, значи многу.... и се згрозувам и се запрашувам што ќе биде понатаму со мене и моето идно семејство ?! :?:
     
    princess5 and nina-nina like this.
  14. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Joined:
    Nov 27, 2010
    Messages:
    311
    Likes Received:
    1,203
    Што се однесува до мажите,мислам дека повеќето вараат без причина,а жените вараат кога им недостасува љубов или внимание од оној дома,барем за тие што сум чула.
    Кога бев девојка-немажена, имаше неколку ситуации да ми се пуштат женети и нормално дека ги одбив,а на тие поупорните им викав ќе одам и ќе ве кажам дома на жените,па прекратија.Заедничко на сите,посебно ако ги познаваш некое време (од работа,соработуваш со нив или преку други пријатели...) сите зборуваат за чувства кои несакајќи им се развиле,љубов,дека не сакаат само с..с итн. леле ми се гади од сево ова. Во ниту еден случај не провоцирав,ниту дадов повод да ми се пуштаат.И тогаш и сега сум против вакви работи.
    На моја другарка пак кога и се пуштал женет и таа му кажала ќе те кажам на жена ти,овој се изнасмеал и и викал жена ми мене ми верува,и да и кажеш нама тебе да ти верува.
    Ги има секакви,нема правила,вараат и со и без причина и најголеми кривци се самите мажи,а потоа девојките што идат со такви.
     
    nina-nina likes this.
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Joined:
    Jul 19, 2010
    Messages:
    1,833
    Likes Received:
    2,932
    Gender:
    Female
    Јас не би можела да бидам во врска со женат човек. Причина - страв!
    Страв затоа што таквите врски никогаш не завршуваат убаво, или завршуваат со закани кога девојката ќе сака да се тргне од него, или со дознавање. Не би се осудила да влезам во таква врска, притоа да ризикувам да се дознае, а не ми е гајле за другите, него каква ќе бидам во очите на моето семејство!
    Би била тотално разочарување за нив.
    Не сакам да осудувам, но најчесто таквите врски завршуваат никако, таа сфаќа дека тој само си се забавувал со неа, а очекувала нешто повеќе. Швалерките им се секс играчка на мажите. Ако сте спремни и покрај тој факт да продолжите со нив, ок, а да очекувате дека ќе ја остави жената за вас, се лажете.

    Ок, постојат исклучоци каде бракот не им функционира, е пред распаѓање, и ете тој повеќе не може да е со неа нити таа со него, па фаќа друга се заљубува и се разведуваат. Тоа е веќе друг случај.
    А да бидам во ВРСКА со женат човек, и да се радувам на тоа дека ќе ја остави за мене, не можам. Поготово ако има деца и да ја остави.... па јас најискрено не би можела да живеам со тоа.
    Премногу сум жалозлија и со грижа на совест, нема мирно да спијам знаејќи дека заради мене се растурило семејство и некое дете ќе пати. Не фала. Ќе го заборавам во тој случај, и ќе најдам друг.

    Сепак, сите можеме некогаш да се најдеме во слична ситуација, и не треба веднаш да се осудува. Кој како си милува.
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Joined:
    May 12, 2010
    Messages:
    4,733
    Likes Received:
    5,154
    Темата ја заклучив, и сите препукувања, оффтопици ќе бидат избришани. Смирете ги страстите, пишувајте на ниво за да не се заклучи темата трајно.
     
    Alexxa likes this.
Thread Status:
Not open for further replies.