Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со женет човек

Дискусија во 'Врски' започната од Bianca, 9 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    одамна немам напишано на форумов,но темава а и проблемов не ништо чуден ниту нов,само ќе се надоврзам на претходниов коментар со кој се согласувам ако не си била ти ќе била некоја друга и тоа 100%! ако се отргнеш од него времето ќе го покаже тоа и дури тогаш ќе увидиш каков човек си сакала.
     
  2. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Кога веќе таткото -мажот ќе се разведе ќе ги остави жената детето и ќе се посвети на девојката -втората љубовницата да кажам,максимум 5 години некоја среќа под наводници ви давам како старее мажот како созрева како поминува времето....ако не физички со срцето и душата се враќа дома...па ако љубовницата е млада ќе нема мн нешта кои нормална жена би ги имала како деца семејство тоа останува голем знак прашалник,големи се шансите да остане сама искомплексирана жена неизреализирана на приватно поле....а тој ќе се кае ли кае ...а грижата на совеста е нешто мн јако недај боже љубовнцата да го има тоа чувство...И неможам и неможам да сфатам како како бре девојки се впуштате во таква ситуација која љубов е тоа каква и да е кога разумот би го уклучиле да ви каже стооп не би било толку замрсено .....која душа кое срце имате кога и вие би бииле во таа ситуација трудни еве на пр а мажот ваш се шетка на страна со друга :o има ли поголема трагедија за една жена понижување исто така????!!!!Кој товар превземате .....но се се враќа и се се плаќа верувајте знам ,имам случај во моја блиска околина таков....не веднаш не сега за 10 15 20 год....ама кармата е опасна кучка затоа размислете двапати.....поздрав
     
    На martincencee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    тоа е најглупавата и најболната работа на која што може на некој да му текне.
    тој човек има семејство зашто да му се расипе бракот само заради една афера.
    воопшто не го оправдувам тоа. Има доволно слободни мажи таму надвор ;) :)
     
  4. kaja1101

    kaja1101 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Zdravo ova e mnogu komplicirana tema i nemozi da se objasni so zborovi!! Tuka ima mnogu izmesani custva ljubov,griza na sovest, poturnatost, ponizenost a sepak ko ke si so nego sreka,letas na oblaci se naogas i zaboravas na se (poznato mi e posto sum vo istata situacija). Ne e taka lesno kako so velat deka ke se odljubis i deka se ke pomini ili deka vremeto leci ili neznam so, mnogu e polesno da se zbora od strana nego da si na toa mesto. Ako si spremna bori se za nego ama da znajs deka si na sigurno, a ako ne e sigurno ili povratno nesto takvo pa makar i nadez(iako taa posledna umira), a inaku ako gledas deka samo te matkavrti i odolgovlecva PRESEKVAJ!!!! kolku i da e bolno.(mnogu ubo te svakam i vo koja situacija si posto sum i jas vo ista)POZZZZZ :)
     
  5. Be.yourself

    Be.yourself Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    jas licno ne ja opravduvam takvata vrska ili potocno ne gi opravduvam takvite vrski posto nikoj nesaka da se najde na vtoro mesto vo necij zivot, taa osoba veke ima nekogo vo negoviot zivot ima so kogo da gi deli losite i ubavite momenti,treba da razmislime kako bi ni bilo nas da se stavime na mesto na necija sobruga cij maz ni e ljubovnuk kako bi ni bilo nas togas isto kako nejze znaci niedna dama ili zena nesaka nejziniot sobrug da ima druga pa taka i tie tetki so odat so zeneti ne saakaat nivniot maz da ima druga i poradi toa treba mnogu ama bas mnogu dobro da razmislimi dali e ubavo da go pravime to da imame vrska so zenet
     
  6. kaja1101

    kaja1101 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Toa e tocno.Nikoj nesaka da se najdi na mestoto na taja sopruga. Site tie igri vrski naznam kako da gi narecam pocnuva od avantura,novo predizvik, posto neli zabranetoto e poslatko i popredizviklivo a nesvesno to e mec so 2 ostrici :( ne si svesen koga ke navleziv t.e.ke se zaljubis vo taja osoba, od interesno interesno i mozi da navlezi civijata. E sea dokolku seto zavrsi za edna vecer super ama za zal ne ostanvat taka rabotite
     
  7. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Епа вака..моја пријателка имаше прекрасна врска со угледен човек те.од богато семејство за разлика од нејзиното.Таа само што заврши средно-гимназиско образ. се венча со него.Тој брак траеше приближно 10 години,во кој им се родија две мали прекрасни ангелчина.Но до пред скоро 1 година тој започнал врска со друга жена..секретарка во неговата фирма.Таа жена беше причина тој брак да се распадне.Во ред-љубовта згаснала,но децата? Тие живеат разделено..помалото синче е кај мајката..а поголемото кај таткото кој веќе се преженил официјално за оваа секретарката.Овде жртва се само децата,само да видeте колку е тажно кога еднаш неделно со такси доаѓа само синчето..тажна е сликата кога се разделува со својата мајка и двајцата со солзи во очите....Па што згрешило тоа??? Факт е дека неговиот татко ќе се свести што сторил,но ќе биде премногу касно..А таа секретарката сигурно немала душа и господ ќе ја казни.Верувајте светот е круг..се се врти се се плаќа.Ако остави некоја друга за да биде со тебе,ќе те остави и тебе за да биде со друга!!!!:)
     
  8. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    А зашто би имале врска со женет човек кога кога околу вас има толку згодни слободни момци ?
     
  9. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    е ајде де,зошто? сами си го комплицираме животот,па после ќе се жалиме...има една изрека- Најнесовладливите проблеми се оние кои самите ние си ги создаваме...
     
  10. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    се што не е дозволено е послатко се додека не се освои..така и на некои зборам од искуство доколку машкото им е забрането или е женет или е во врска со некоја девојка тие од пуста љубомора или некое Х-задоволство прават се за да го разделат....таа врска нема да трае !
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Тоа е желбата да си ствараш дополнителни проблеми, свесен дека влегуваш некаде од каде што нема излез! Или ќе се разведе па ќе носиш на душа и совест цело семејство кое се распаднало по твоја вина, или ќе те остави и ќе останеш без никаков углед и многу мали шанси некој друг да се "загледа" во некоја како тебе.
    Неможам да сфатам што очекуваат тие девојки кои се во врска со женети луѓе. Стварно не ми е јасно и се согласувам со озбилна жена. При толку мажи убави и згодни тој ќе го одберат :^) Најверојатно интересно им е да си прават од животот шпанска серија |( Ама многу ретко завршува како во шпанските серии :lol: Искрено јас ќе ви кажам дека ви се смеам на паметот што го имате сите оние кои сте во врска со женети мажи.
    Колку би било поубаво кога ќе си започнете да си ја градите среќата врз темелите кои сами сте си ги поставиле, а не врз нечија несреќа.
    Жалосно, што цели семејства се растураат поради такви растурикуќи !!!
     
  12. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Тука многу фактори се во игра - јас најмногу ги осудувам тие дрољи, што се свесни дека некој е женет и има деца , упорно ќе му се пика, ќе го гњави, све додека не му ја растури фамилијата(имам јас во мојата фамилија ваков случај, подалечни роднини ми се тие...) :| јас да сум среќно мажена и да насетам дека некоја го заведува маж ми , а при тоа ЗНАЕ дека е женет е ќе ја удавам јас лично, со мои раце :envy: Ама оваа тематика, може и од друг аспект да се погледне - постојат женети типови , кои ќе си фатат некоја , а умешно ќе кријат дека се женети(ее, во овој случај девојката не е крива :!: ), само што тој ќе не може вечно да крие од неа и на крај таа ќе биде искористената и ќе си го извлече подебелиот крај, а овој пак со жена му ќе си биде и ќе бара нова жртва... И уште една работа - јас лично познавам парови, кои само формално се во брак(на хартија само), живеат заедно ради децата, ама секој си спие во одделан соба и си има свој посебен приватен живот(друг партнер..)...
     
  13. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    83.848
    Пол:
    Женски
    ama pak takvite ne mi e jasno zosto voopsto i se zemaat samo za pred narod
     
  14. Hiroglifa

    Hiroglifa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Секс Приказна со погрешен човек...

    Здраво девојки,пред да се запознаете со мојот случај,најнапред сакам да ви се заблагодарам за одвоеното време што ќе го потрошите со читање на мојава приказна,а во едно ќе ми дадете некој корисен совет,без предрасуда.Некако се осеќав посигурно да се доверам и да се искажам тука на форумов како анонимна личност, зошто се чуствувам виновна и понижена да ја споделам оваа тајна со блиски луѓе. :( . Да не должам мн. Секс Приказната со погрешен човек е следна : Пред две години кога бев излезена во диско запознав еден човек со голема харизма,кој ми го одзеде цело внимание и за момент дури некогаш си помислував дека сум вљубена во него. Дечкото не беше од мој град, случајно го видов и запознав во диското,си правевме муабети и муабети,но не се случи ништо,иако имаше голема поврзаност меѓу нас.Си разменивме бројчиња,следните неколку дена се допишувавме и се беше океј.После некое време дознав дека е женет и има дете,многу се повредив со тоа,од тогаш немав никаков контакт со него,речиси го заборавив до пред некое време.Изминаа две години откако не се гледавме , ни слушавме ,а толку ми беше голема желбата да го видам... се деси и тоа го видов летово,бев пијана...Кога се видовме бевме и двајцата среќни,си направивме муабетче и се беше ок. Дојде момент кога се случи погрешното...Спиев со него, се препуштив на задоволството и срцето,иако длабоко во мене знаев дека е погрешно тоа што го правам,но ете се деси,се деси и тој да ме натера да правам сосема погрешни недозволени работи,го прифатив и тоа,бев со несознание...Имавме односи две вечери...Потоа си замина,не ми се ни јавуваше(што тоа требаше да го очекувам). Помина една недела откако не ми се јавуваше,имав момент на слабост и го побарав на тел.али гордоста не ми дозволуваше да се јавам и му спуштив,после неколку минитѕ ми се јави , му кренав и ми рече :си ме барала? јас не одреков,си направивме муабет и кога го прашав : зошто не ми се јавуваш ...тој само ми одговори : знаеш дека не можам да ти се јавувам...предпоставив зошто...Од тогаш па се до ден денес се немаме слушнато,а толку се заљубив во него,што секоја ноќ ми е немирна,со секоја втора желба ми е да го видам... Потребно ми беше ова да го кажам , да го изфрлам од мене, па дури да го споделам со некој веб форум,што не сум го правела до сеа... Ако имате нешто да ме посоветувате или критикувате,слободно,тука сум. :)
     
  15. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Според мене ти не си вљубена во него,но сигурно ти е човекот многу убав.Во ред тоа но грешката ти е друга.Знаеше дека е женет и легна со него.Сега одма го слушам муабетот од типот:''пијана бев'' но тоа не ти е доволно.
    Разбирам еве и пијана си била-но ако си пијана не си и глупава.
    Совет:Не му ѕвони повеќе искорениго од својот живот бидејќи и самата ќе си зададеш многу проблеми.
    И немој да речиш дека го сакаш бидејќи и самата знаеш дека тој е погрешен човек..
     
  16. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Ај си имала момент на слабост но немој да дозволуваш таа слабост и сега да те понесе. Сфати го сето тоа како слатка кратка авантура. Ти не си ни заљубена ни ништо, туку најверојатно сте имале прекрасен се*с знаеш дека он ти е забранет и недостижен и токму поради тоа ти е и попривлечен и повторно го посакуваш. Најубаво ти е да престанеш да се измачуваш и да мислиш на него. И зошто не се цениш малку повеќе??? Посакуваш повторно да го видиш, да се понижиш и да изгубиш од своето јас само поради добар секс и занесеност. Не го дозволувај тоа и во иднина и повторно да ви се сретнат патиштата биди силна одолеј му на искушението и одбиј го, со тоа ќе покажеш дека си созреала и не дозволуваш на некој да му бидеш само секс играчка за задоволување на скриените перверзии кои неможе да ги прави дома со жена му. ЦЕНИ СИ СЕ ПОВЕЌЕ зошто сигурна сум дека и вредиш и заслужуваш некој подобар кој ќе биде само твој :!:
     
  17. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Па дали е на нејзе да мисли дека грешка било тоа или на тој со жена и дете? Било што било и пробај да заборавиш на него . Цени се и не му се јавувај повеќе . Сфати го тоа како нешто што било и се завршило , нешто што нема да продолжи ни да се случи пак . Не си заљубена него тоа што е забрането е и послатко . Знаеш и сама дека било со погрешен човек , барем не се лажеш дека треба да продолжиш . Секоја вечер место да го мислиш , можеш да искачаш , да правиш нешто . Ќе запознаеш некој со кој ќе можеш мирно и без никакви пречки да создадеш и оствариш контакт па и нешто повеќе :)
     
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Мила моја, одговорот сама го знаеш. :/ Треба да го заборавиш тој човек. Со него немаш никаква иднина, би имала само секс за една вечер и на крај би била повредена, само ќе се измачуваш себеси. Човекот веќе си има фамилија, жена, деца, ти би му била онака провод, уживање за една вечер, мислам дека ти е јасно дека е така. И не си заљубена, убеди го умот дека е така. Не може да си заљубена, љубовта не доаѓа така, тоа ти е само занесеност, ја имало таа хемија на привлечност, таа страст, но ништо повеќе од тоа!! Верувај ми!
    И никаков контакт повеќе со него, женски сме и лесно се врзуваме, посебно по секс. Затоа пази во иднина, одбегнувај секс за една вечер. Да не ме сфатиш погрешно, немам погрешно мислење за тоа, напротив зошто да не, али кога знаеш дека се врзуваш лесно најдобро е да се одбегнува таков секс, ова знам по мене. Ти посакувам се најдобро, во меѓувреме излегувај, шетај , биди со луѓе, никако сама! И искажи се на некоја блиска другарка, затоа се другарките да се поддржуваме една со друга, ќе ти биде многу полесно. Па со тек на време, ќе запознаеш некое момче и се ќе се среди. После дождот иде сонце. Поздрав :*
     
  19. Hiroglifa

    Hiroglifa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Fala na sovet srculka,strogo ke se pridruzuvam na sovetot :) :*
     
  20. Hiroglifa

    Hiroglifa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Bash odlichno me sfati i me razbra beautiful87,tokmu ova mi trebashe ova da go prochitam za da si razjasnam nekoi neshto...zoshto denovive sum haos so misli i mi treba taka nekoj od strana da me posovetuva. Ti blagodaram :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.