Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со женет човек

Дискусија во 'Врски' започната од Bianca, 9 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. drugar

    drugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    17
    Ако мажот ја сака доволно жената, ако помеѓу нив има доволно страст ,привлечност ........нема да си ја изневери својата сакана и обратно.Нема да попушти на никакви провокации . Но оние кои провоцираат и успеваат кај некој знаеќи дека имаат семејства според мене се зли.Ама не ги оправдувам и ги нарекувам животни оние кои изневеруваат. Зошто ако нешто му фали на партнерот постојат милион начини тоа да се поправи и смени.
     
    На Natasa999 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. drugar

    drugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    17
    Апполон зошто некои мажи тоа го прават, зошто не се искрени дека нешто им фали да си кажат?Кога веке ставиле бурма на жена и сакаат да останат со неа,а бараат помладо поубаво, зошто би им се вратиле на своите жени кога повеќе не се добри ....Недај боже ако би била изневерена тоа би го сватила дека тој несака да биде со мене и не му е убав животот .

    Жалам што пуштив пост под пост покасно го разбрав Апполон
     
  3. Natasa999

    Natasa999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    одвратно јас направив таква грешка еднаш и се срамам поради тоа :puke:
     
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Е вака јас сега да ви кажам млади и постари дами на вас.
    Нова сум на форумот и се регистрирав само за да пишам на оваа тема.
    Престанете да ги осудувате оние што се или се биле во врска со женет човек.Има повеќе типа на такви врски и причини за истите.Никогаш нема да го сфатите тоа додека не се најдете во таква ситуација.
    Ајде за подобро да сфатите ќе си кажам за мене.
    Бев во долга врска ( не баш сјајна), со многу проблеми и не ја прекинував само поради што сите зборуваа дека проблемите во долгите врски ги има во секоја таква врска и дека со бракот ќе ги снема таквите проблеми. Во тој бурен период од мојот живот запознав еден човек сосема случајно.Муабетот ни одеше мноооогу, ист карактер имаше како мене.Јас почнав потајно да се надевам на тој човек(дека може да има нешто помеѓу нас), но откако дознав по некое време дека е женет(без деца), си ги смирив страстите.
    Се беше пријателски меѓу нас, бевме на вечера јас, дечко ми, тој и жена му (еднаш само поради работни ангажмани), си дававме совети едн на друг.Со тек на времето ние се зближивме многу.Јас го знаев секој негов проблем, исто и тој моите, си дававме совети еден на друг и сл.
    Така дознав дека тој има сериозни проблеми со жена му (иако по неговото однесување тоа е приметуваше од илјадници км.)....
    Бидна што бидна (има многу за каѓување, па да скратам малку) денес јас и тој човек сме заедно.
    Врската ја започнавме уште додека тој беше женет, јас мојата врска ја прекинав, по некое време (малце подолг период ) тој се разведе и сега ние живееме заедно :) :)
    Искрено да ви кажам, посреќна во животот не сум била.Иако уште не сме во брак, ние заедно планираме се, заедно ги трошиме парите, заедно го живееме животот без нервози, само со насмевки и убави моменти.

    Затоа да ви биде јасно- не секогаш оние што одат со женети се курви, пачаври...
    А оние што се во такви врски доколку женетиот нема деца- thimbs up!!!!
    Одете и земето го она што некој не го цени, што не знае како да го задржи !!!
    Бидете истрајни во вашите намери, бидејќи она што потешко се добива е послатко...
    Поззз ;)
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  5. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    blond баш така ! на крајот најлесното што може човек во својот живот да го направи е да осуди нели ? ама треба да се свати дека во животот не е се само црно-бело има др. варијанти мноооогу покомплицирани! :tmi:

    поззз. :*
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    EJ BRAVO BLOND :worried: sekoja cest za takvoto razmisluvanje!!! mozam samo da ti aplaudiram :clap: ne sakam da navreduvam ama dali nekogas si se zaprasala kako se cuvstvuvala negovata sopruga dodeka toj bil so tebe? mislis ako ja ostavil nea zaradi tebe deka za nekoe vreme nema da te smeni i tebe za nekoja druga sto uste povekje ke mu odgovara ? volkot si go menuva krznoto, ama umot ne ;) inace ako ne se pacavri, kurvi, glupaci i kako uste ne da gi narecam "takvite" sto rasturaat brakovi, togas koi se???

    abe lugje ne se zanesuvajte mnogu, greota e da se raduvate na tugja nesrekja i uste da ste gordi so toa pa i da gi ohrabruvate drugite da gi sledat vasite bolni razmisluvanja sramota e i za zalenje |(
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Мене не ми се јасни младите девојчиња кои одат со постари,женети мажи,со оформени семејства...па уште и се надеваат дека за нив има солидна иднина...е тие ги осудувам за плиткото размислување,површноста,себичноста и зовриените хормони.
    А за останатите,пишував многу порано на оваа тема или некоја друга,мислам неверство беше...
     
    На maa и girl1985 им се допаѓа ова.
  8. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски

    Draga LILIT spored mene nitu na niv samite ne im e jasno zosto go pravat toa, da se svesni sigurno ne bi postapile taka :| koga-togas krugot ke se svrti i tie ke bidat uste povekje povredeni otkolku semejstvata na mazite sto izneveruvaat. toa e dokazano so milioni primeri ;)
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    249.427
    Nа почеток да ве запрашам млади девојки како не ви е срам да имате врска со женет човек кој си има фамилија,деца.Kако немате совест кога одите во кревет со тој човек,нели се запрашувате што прави неговата жена и неговите деца кога вие се е*ете со нејзиниот маж и татко за да си го направите ќеефот,за да ви стави кредит на телефонот,зада ви купи поколн,за да ви даде пари.A уште полошо и пожално нели се запарашувате како ќе се чуствуваат вашите родители,сестри,браќа,кога ќе се дознае.Kолку само ќе ги засрамите,уништете за еден беден секс и ваш ќееф.Kако не ви е срам кажете ми како?Mногу сакам да знам како ја гледате мајка ви во очи,татко ви,кои работат по цел живот за вас а вие ги срамете и уништувате на таков гнасен и срамен начин.Aлал да ви е,срам да ви,свестете се,повредувате некого,и на ја растурате само фамилијата на вашиот љубовник туку и вашата,а ти не го заслужуваат тоа.EJ приберете се и не бидете себични,мислете на тие околу вас,кој цел живот ве сакаат и се гржат за вас а вие како им враќате.Kако можете????????? ;(
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    sekoja cest jule za napisanoto! morav pak da pisam ne mozev da se vozdrzam :doh: kako ne se sramat ??? hah... znaat li tie voopsto sto e sram ??? mnogu me iritira toa sto se gordeat so takvite nemoralni postapki pa uste i ohrabruvaat drugi da pravat taka? kakva e taa sebicnost i nekultura i do kade moze da odi covekovata glupavost? ne zabelezuvaat deka se na dnoto, ocrnuvani i omalovazuvani od celoto opstestvo...

    ako ne se pacavri, kurvi, glupaci i kako uste ne da gi narecam "takvite" sto rasturaat brakovi, togas koi se???
    VE MOLAM ODGOVORETE MI GO PRASANJEVO. pozdrav
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    249.427
    Nе барајте да ви одговорат,затоа што нема,мене никој уште не ми е одговорил.Kако и да ги наречете тоа ништо нема да смени,нема да ви ја намали или избрише болката и срамот,нема да ви го собере семејството.Nема!!!!!!Aма изгледа тоа вредело што се е*еле за еден беден кредит и бедни фармерки, па макар и по цена да се плати со болката и колабсот на сопствената фамилија :(
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    249.427
    A ти како не ти е срам да го правиш оваа???Kако не чуствуваш срам и одговорност за твојата постапка и кажи ми знае ли мајка ти за оваа,знае ли твоето семејство???
     
    На akita му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ако е само женет да разберам донекаде... Додека нема деца, во ред. Живееме некој си да го наречам модерен живот па ми е сфатливо. Ама да се растураат семејства со деца тоа е ГРЕВ!!! Најголем грев што може да постои. Вие не сте свесни што се случува со тоа семејство. Што се случува со децата... ПА тие губат се во животот. Ја губат сликата за како би можело да изгледа еден верен маж и никогаш во животот нема на маж да веруваат.
    Друга работа е психата на тие деца. Што им се случува во мозокот, чувствата... Кој стрес и напнатост е тоа, губење нерви...Додека свесно гледаш како семејството ти се растура :x
     
    На Lacrimosa и blond им се допаѓа ова.
  14. ivana.1546

    ivana.1546 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    PA ziveeme vo 21 vek se sto pravela zenata e da bide srekna Ii da se custvuva ispolneto so nekoj koj ja razbira i saka i da bide so nego. Nema nikakva vrska sto toj bil zenet. Dokolku taa im go rasturala brakot namerno so lagi i spletki togas ne bi bilo vo red. No nekogas koga nesto navistina ne odi treba da se prekine. I bravo za tvojata postapka tvojot zivot i sreka se najvazni se dodeka ne povreduvas nikoj okolu sebe . ne e vazno sto ke rece okolinata bidejki nikoj ne e povazen od samata ti. Ti posakuvam mnogu sreka vo brakot
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    od orospii i sponzorusi mi se losi :puke: imam nekolku takvi vo blizina i sekogas im davam do znaenje deka se bezobrazni i glupi :talk: nekoja da odi so ozenet maz ne mi e prifatlivo pa bilo koj vek da sme :!: grevot bil grev uste pred nasata era ako zborime vekje za vreme, znaci grevot e grev i sega kakov i da e. bez razlika dali im go rasturila brakot so lagi i spletki ili samo smeskajki se i pravejki se fina mu sednala vo skut ne e bitno! tie "dobrite" se vsusnot najlicemerni i najzlobni. bitno e deka site "takvi" si go unistuvaat i razocaruvaat i svoeto semejsto, ne samo semejstvoto na neverniot maz, se unistuvaat samite sebe. veruvajte deka mazot ke ve zameni isto kako sto ja zamenil svojata sopruga i na krajot sto preostanuva? mislite deka ke bidete srekjni cel zivot ako nemate moral i cuvstva? se lazete! toa e samo vas son i prividna srekja koja ne trae dolgo :!: osvestete se lugje, mnogu ste daleku od realnosta...
     
    На akita му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Овие бракови се растурени уште пред некоја како што ја нарекувате "пачавра" да го растури. Кога не оди, не оди....А да се роди љубов надвор од бракот верувам дека може. Најмалку се криви тие жени што влегуваат во врска со женет маж. Кога се забораваат семјните вредности, кога се отуѓуват мажот и жената, кога повеќе нема секс зашто некој од брачните партнери го боли глава или е уморен, нормално ќе произлезе ваков резултат. Најидеално би било да се разговара каде е проблемот в семејството, па ако нема решение да се разведат и потоа да се наоѓаат љубовници или мувачици....Но не секогаш е така.

    Само и јас не ги разбирам тие девојки што одат со некој за пари и поклончиња (не мора да се женети).
     
    На blond, akita и violetblue им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.346
    Допаѓања:
    249.427
    не ги разбирам и не можам,нема овде оправдувања дека бракот не чинел.Tаму не им е местото па да се мешаат.A и не се работи само за семејството на мажот овде постои и семејството на девојката која се впуштила во оваква врска.Kако се чуствуваат тие?A срамот,и за него ли постои разбирање?Mа ништо не ги оправдува овие девојки.си има доволно слободни момчиња,што имаа да бараат со женети.A и овие мажите и ти се ѓубриња,па и нив како не им е срам,ако веќе не ти оди во бракот,разведи се а не да ги повредуваш луѓето правејќи си кееф.
     
  18. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Еве јас сум мажена...и не разислувам 100% како сите вас. Значи, се согласувам дека не е убаво да се шврља надвор од бракот, дека подбро е да се разведеш, па да си бркаш љубовници...(фала Богу, мене сега за сега ми е супер).

    Но не читам некој да го осудува мажот, се некако е крива швалерката. Па многу девојчиња не знаат дека некој тип е женет, па кога ќе разберат веќе е доцна зашто се заљубиле. Зборувам особено за оние возрасти кога најлесно може некое девојче да се излаже, кога нема сеуште оформени цврсти ставови, или пак мислат дека знат многу. Секогое намерно мешање во брак со цел да се растури, не го оправдувам...

    Значи, поентата ми е дека не секогаш само швалерката е "пачавра", туку и сопругот....
     
    На blond, BoaVista, didija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. milaaaaa

    milaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Inola ajde da bideme realni. ne vikam deka i soprugot ne e kriv, bas naprotiv. sepak postojat momenti koga covek e nervozen i so milion problemi i sekako bara uteha vo nesto, bez razlika dali e toa alkohol, droga ili krevet na tugja zena. toa se samo momenti na slabost. ako toj samiot ne moze da se kontrolira i pri bilo kakva sitnica ja izneveruva soprugata i pravi razni gluposti, znaci toj covek e kukavica i nesposoben da bide del od semejstvoto. dali ke bide so razlicni zeni ili ke sedi po kafani celi nokji, toa e znak na licnost bez avtoritet i licnost koja bega od odgovornost. istoto vazi i za soprugata. samo temata e za vrska so ozenet covek, pa zatoa da ne ja ocrnuvam sega soprugata, se znae deka i taa e vinovna.

    svalerkata sekako deka e PACAVRA, KURVA, GLUPACA!
    KAKO MOZE DA NE ZNAE DEKA MAZOT SO KOJ TAA SE VPUSTA VO AVANTURA, DA NE RECAM "VO VRSKA" E ZENET COVEK SO SEMEJSTVO, ZNACI DA NE GO ZAPOZNAE DOVOLNO A DA MU GI RASIRI NOZETE I DA SE DUPI SO NEGO??? :puke: toa ne e logicno voopsto! vozrasta na devojkata ne e nikakvo opravduvanje!!! ne moze nikoj nea da ja prelaze ako taa ima malku mozok vo glavata! koja pametna devojka bi legnala so maz pred da go zapoznae dovolno? za da se zaljubis vo nekogo, pred se treba da go zapoznaes kako licnost i kako karakter BAREM SPORED MENE ;) zaljubuvanje i seks ne e isto. retki se onie koi se cesni, a pacavri ima kolku sakas |(
     
  20. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Еве ќе ти кажам еден пример како машко заведе девојка...

    Тип од Србија отвора фирма во Македонија, со бизнисот си наоѓа пријатели и почнува да се движи низ градот. И никој не знае дека е женет, зашто жена му си останува во Србија. Преку пријателот запознава девојка и по извесно време почнуваат да излегуваат. Супер им иде, и девојкава се заљубува во него до уши. Случајно, по 8 месеци открива дека е женет, кога одговара на повик на неговиот телефон (тој не бил вопросторијата) и дознава дека разговара со неговата сопруга. Па после типот ја убедува дека се разведувале и не знаел како да и каже, и девојкава останува со него уште некое време, во надеж дека ќе биде нејзин. Инау има 20 години. Едцај успеа да го напушти. Значи се бореше со своите чувства, до работ на самоуништување...и на крај го напушти. Дали е девојчево пачавра?

    Многу е лесно да филозофираме од страна. Да не сме во кожата н тие што се изманипулирани.

    И јас се запознав со еден тип еднаш....и почнавме да излегуваме. Е кога дознав дека е женет, и кога ми сеј ави да се видиме, му кажав да си ги гледа жената и децата и да не ме бара веќе. Среќеашто повеќе беше авантура и траеше две недели. Но грижа на совест немав, зашто не бев таа што излажала или намерно влегла во забернета врска.

    Ако некоја ми се замеша во бракот, мислам дека повеќе би била бесна на мојот сопруг, иако и нејзе нема да сакам да ја видам со очи.
     
    На Bozica1980, RainBow, IvanaIvanchica и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.