Врска со колега/колешка од факултет

Дискусија во 'Врски' започната од ma4o4female, 1 април 2010.

  1. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    352
    Баш би сакала да знам како да го свртаам вниманието на тој што постојано е во моја близина,а премногу ми се допаѓа.Можеби некој од вас има слично искуство. I'm looking forward to hearing from you soon!! :)
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    ех да знаев и јас... :lol:
    побарај помош од него во врска со материјалот :) така почнува се :up:
     
  3. Povredena

    Povredena Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Најефикасен начин е да му го земеш мснот и да се потпишеш како некоја друга женска и ќе го заинтересираш и на крај кога ке сака да се види со тебе,ќе го изненадиш,верувај ќе биде изненаден што не те знаел како таква и другото останува на судбината :)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.208
    Допаѓања:
    136.272
    Пол:
    Женски
    Се слагам со 2468, побарај помош од него во врска со материјалот, предавањата, вежбите... понуди му заедно да спремате испити, дружете се... навистина така почнува сè ;)
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    УФ јас се мував со еден колега 2 пати а како ми успеа немам појма, се здруживме уште првиот ден , он и уште една колешка јас им објаснував германски. Со нив бев најблиска, па сиидевме едни кај други..една вечер се договорив со типот и со друга другарка отидовме кај него во стан па после у град...ама ние си решвме ко божем дома ке си идевме ама отидовме кај него, и ме смува он мене :lol: после правевме проект и пак ме смува ама си поминав преубаво......после на факс леелеее како се гледавмеее, али незнам што направив да го привлечам :roll:
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.488
    Допаѓања:
    62.510
    Супер, на факултет имаш многу можности да му се приближиш, кафиња на пауза, материјали, заедничко учење, ехееее....
     
  7. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.464
    Допаѓања:
    820
    добар план.... ;) ;) ;) се надевам за некого ке биде и успешен :D :D
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    3.821
    Пол:
    Женски
    Јас сум во врска со колега од факс моја струка само една год понапред :D
     
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    1.274
    Пол:
    Женски
    Се појавуваат прилики кога имате заеднички пријатели и кога можете заедно да излезете некаде, на пијанка. Е тогаш следува интересното. :)
    Инаку доколку е краткорочно планирањето за поход на колегата, тогаш може да е малку незгодно што ќе имате скоро секојдневни средби и слично, но не е толку опасно за справување и тоа.
     
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    1.326
    Почни со тоа што ќе го замолиш да ти помогне околу материјалот ( ако треба,направи се дека не знаеш нешто :lol: ),потоа,демек,во знак на благодарност,можеш да го собереш на кафе,као честам за услугата или било што.
     
  11. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    Мислам дека не е добра идеја бидејќи може да помисли дека има детско понашање.

    Се сложувам со постовите за да побараш помош со материјалот, или пак ако имате заеднички пријатели да излезете заедно!
     
  12. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Незнаев каде да ја ставам темава па мислам дека најдобро ќе биде тука.
    Што мислите за ваквите врски? Започнувате работа\факултет, се е супер и наеднаш се појавува тој\таа, се зближувате, заедно одите дома, само со вас е опуштен, поминува време размеувате фејсбук, мобилен,секој пат кога збори со вас се кочи, кога ќе ве види изгледа среќен, седите заедно, каде и да одите тој оди по вас, колегите ве приметуваат :lol: :$ а вие неможете да го извадите од глава...
    Цело време ве изненадува, се грижи...Дали мислите дека има нешто?
    Кој е начинот да прерасне во врска?
    Сакам совет и мислење :)
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Јас имам колега и колешка што се во брак. Може на некои им е чудно како заедно работат, но баш супер функционираат.

    Се додека не ја мешаат работата со приватноста и се однесуваат професионално на работното место-не ми смета.

    На факултет имав исти такви двајца, само во врска беа. Заморчиња бе. На сред предавања се држеа за раце. Така по цел ден. Јас сфаќам љубов, ама до толку бе, како првачиња? :rofl: Е таквите ми сметаа зошто не ми беа адекватни со годините што ги имаа.
     
  14. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Јас мислам дека е баш убаво таква врска, истовремено ќе си помагаат, ќе учат или работат заедно денот ќе им биде исполнет..
    А во врска со предлогот за ваква врска, кој би бил?
    Горе напишаново мене ми се случува
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Остави на времето да покаже.Запознај го подобро каков е како другар. Прво види дали карактерно си одговарате.
    А доколку сакаш да му дадеш до знаење дека сакаш врска, само пушти му неколку знаци и готово :)
     
  16. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Се запознавме годинава студираме заедно..Мислам дека додека има предавања само ние се слушаме низ цел факултет :$
    Карактерно ги имаме истите мислења слично размислуваме..
    Кој се знаците? :$ :)
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Не мораш да чекаш на знаци од негова страна, можеш ти сама да го превземеш првиот чекор, неможеш ништо да изгубиш. Според тоа што го пишуваш, како се однесува со тебе, мислам дека имаш шанси.
     
  18. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Он дава некој знаци али срамежлив е, а е срцка нешто начув муабети од колегиве дека ме зборел, па се мислам дали кога и како да го направам првиот чекор, он одвај чека да излеземе ама дали ќе биде добро тогаш и со кој зборови?
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    Постепено се повеќе се “задружуваш“ со него, и работите ќе си дојдат спонтано.
    Само немој ко со бившиот, веднаш да се преселиш кај него :P

    Инаку браво за тебе, се надевам само дека ова е вистина и дека не тролаш.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Нема селење у интернат xD
    Се зезам, секако дека нема веќе брзање помина тоа што беше ;)