Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со корисник или дилер на дрога

Дискусија во 'Врски' започната од Monce89, 9 јули 2010.

  1. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    не стабилен човек е тоа... еден момент е нормален еден сака дс те убие Со таква личност животот ќе ти биде на работ секогаш бидејќи не знаеш што ќе ти донесе следната минута. Да не спомнувам дека секој кој се бави со ваква работа без разлика дали ја консумира или дила е демонизиран.... бегајте од такви личности.... Сум била и знам како е. Можам да кажам слободно дека во тоа време очигледно и јас сум била демонизирана или со многу ниска самопочит или наивна или проста/глупава/игнорантна девојка. Се срамам од тој потег ама нема назад.... учиме од грешките. Научив дека треба подалеку од нарко/казино/алко/љубоморен/неизграден дечко да стојам едно 5 км.
     
    На Elf и GirlLove им се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Уште од мала имав уплав од дроги зашто моите нонстоп трубеа што се може да ми се случи. Се плашев и од спотот на Врчак - Повторно сам. Затоа првата врска ми беше големо разочарување, премногу бев затрескана, ми збореа дека пуши трава ама не верував, и додека јас да поверувам тој веќе почнал да се боцка. Ми ја покажа вената една вечер, само го гушнав и си отидов. Ден денеска се мота само по паркови, со чудно друштво, а златно дете од мирна фамилија.
    Вториот дечко исто пушеше ама повремено, во меѓувреме и јас пробав ама не ми беше ништо посебно. Тој ми беше најголемата љубов и 'првиот' и останавме во врска 3 години. Со него еднаш шмркавме и еднаш екстази на журка во Градиште. Но, се вративме дома и тој си продолжи. По долги кавги и драми кажав на неговите и се разделивме многу тешко. Сега има жена и две деца и уште го фура истиот филм, исто е дете од многу добра и моќна фамилија.
    Со сегашниот маж си пушевме понекогаш, ајде да речам еднаш во 3 месеци кога ептен ни е досадно. Сега имаме бебенце и паузираме и од цигари и алкохол и двајцата. Не знам дали би продолжиле.

    На тема дрога жално е колку луѓе познавам што си го уништија животот. Братучед ми е на хероин со години, многу болно и гнасно изгледа, со обиди за самоубиство, пропаднат брак и бизнис на неговите, сестра му се омажи за првиот што го најде да се спаси од хоророт. Сите ги уништи.
    Мажот на комшиката исто на тешки дроги, продаде се од дома и се предозираше, ја остави сама со дете, во сиромаштија и кредити. Нејзините ја избркаа од дома кога го избра него по ултиматумот. Среќа се премажи, па сега е среќна.
    Докторот од Охрид што проба да краде и го фатија исто го познавам на крек е со години само е многу интелигентен човек, многу учеше и е многу добар доктор, па никој не ни веруваше дека се дрогира, жена му го остави со две деца од кое едното е тешко болно, а тој ќе си лежи сега затвор. Најдобар другар (бивш) е на хероин и е уличар, неговите се разделени со години. Брат на другарка едно 20 пати ја ограби сопствената сестра и сега е бездомник што дила итн итн.

    Значи, девојчиња што сте дошле во темава за совет: Бегајте подалеку од ваквите! Ништо убаво не може да ви се случи. Можете само да се изгубите себеси, младоста, евентуално животот.
     
    На wildpunk, ku4ence, tina2018 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. wings12

    wings12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    195
    Прво прашајте се дали живитот ви е толку досаден за да сакате со дилер или зависник да се фатите? Очигледно ви е чим темава постој и девојчиња од средно, најверојатно, бараат "искуство" за каков е сексот со дилер.
    Вие изгледа премногу сте читале и гледале криминалистички филмови и книги, мислите дека ќе ви е авантура со него? Ќе бидете како Бони и Клајд? Ако мислите дека е така гасите нет и одете живејте на планина.
     
    На _Monroe, GirlLove, honey.11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Jas ne bi po nikoja cena na svetot, duri i nikogas da ne najdam maz.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    521
    Ако треба да изберам едно нешто за што сум најмногу против, тоа дефинитивно ќе биде дрогата.
    Сликите што ми стојат во глава од лица под нејзино дејство, ден-денес ми се одвратни и нешто преку кое не можам туку-така да поминам и да го оправдам.
    Почнувајќи од она за коешто повеќето тврдат дека е подобро отколку пушењето цигари и на коешто сè поинтензивно луѓево му отстапуваат место во својот живот, џоинтот, па се до хероинот, ништо од низата не би оправдала.
    Уште помалку, би одлучила да започнам врска со таков човек.

    Сума сумарум, сè ова е релативно и субјективно. Кога веќе почнав од себе, како што е редот :) може да продолжиме и со вас.


    П.С. Без осуди, навреди, понижувања. Сè останато - да. :)
     
  6. Suhan

    Suhan Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Nikakooo nikakoo od licno iskustvo..:(
     
  7. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Мене би ми пречело и цигари да пуши а камо ли да се пијани или дрогира. Никогаш не би била во врска со таков . Ужасно е премногу се сакам себе си и никогаш не би си дозволила да бидам во врска со зависник.
     
    На Modernistka му/ѝ се допаѓа ова.