1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со корисник или дилер на дрога

Дискусија во 'Врски' започната од Monce89, 9 јули 2010.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Од тие 'нормалниве',барем јас не познавам ни еден шо се к*рчи со кола,мотор,тротинет или било шо.
    Очигледно различни дилери на дроги имаме запознаено :?:
    И може само да ми објаснеш,зашо спомна дека не треба да се споредува дилер на хероин и дилер на трева,мислев на карактерите на таквите личности?Дилерот на хероин е полош или што?Те молам направи паралела меѓу нив и просветли не,зашо не се исти |(
    И останатите даваме наше мислење,кој очигледно не ти се допадна,па провоцираш.
     
    На oblace1 и Daydream им се допаѓа ова.
  2. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски

    Сватена си баш како што треба ;) Знаеш како се вика, не е шија туку е врат.
     
  3. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    А извини кој на кого реплицира? Коа ке си го одговориш ова, ке сфатиш кој е провокатор овде. ;)

    Трева и хероин не се дроги со иста јачина, мислам дека ова би требало да го знаеш од општа култура. :?: Хероинот убива и уништува животи за разлика од тревата.


    Да бе срцка, еве така е. Ако тоа ти помогне мирно да спиеш навечер, со твоите претпоставки за свет за кој незнаеш ништо.. :D

    Многу сте со краток фитил, само чекате некој да постира мислење кое се разликува од вашето и оп кавга. Така поинтересно ви е, м? :wasntme:
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Навистина?!
    Ти благодарам што ме просветли дека хероинот и тревата не се дроги со иста јачина.. |(
    Ако читаше малку меѓу редови,ќе разбереше дека те прашувам дали дилерот на трева е помалку лош од другиот.
     
  5. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Па јас тоа ти го одговорив со споредувањето на двете дроги. И после ти мене ми зборуваш за читање меѓу редови? Зборуваш напамет. Како може дилер на хероин да биде подобар од дилер на трева? Ова е просто трагикомично. :^) :D

    Мило ми е што те просветлив, ако имаш некое прашање слободно обрати ми се во лп, пошто ова преминува во препукување и одиме офтопик. ;) ..се разбира, освен ако не сакаш и понатаму да си ги покажуваш твоите способности за надмудрување. :?:
     
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    Првин треба да сватиш дека никој не ти се кара, туку ти се чуствуваш нападнато.

    Тука не се работи дали ке излезе дека е по мое или твое.

    А да извини, незнам ништо за животот затоа што имам исправно мислење кое би требало да го имаат сите, ама баш затоа што го немаат ни пропаѓа младината уште на 15год. Епа ете затоа што ти знаеш мн повеке за светот, така што дилер на марихуана и дилер на хероин не било исто ,хахах смешки живи, ајде просветли не и учи не за светот околу нас.
     
  7. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    Па тоа те прашувам бре,која е разликата помеѓу тие двајца дилери,кои кажа дека не можат да се споредат?Освен разликата у тоа шо дилат,со друго е различно?
     
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Мене искрено не ме интересира што прават другите или зошто го прават тоа или дали тие карактерно се вакви или такви. Нормално не можеш да генерализираш, секој различно. Сепак како што е и насловот на темата никогаш не би била во врска со некој таков и готово.

    Мислам, што работи дечкото, абе дила дрога знаеш сега тешко време е некој денар да се заработи и после куби коси оти вака ми напрај оти така.

    На овие таканаречени бед бојс се палат само тинејџерки и жени кои сеуште тоа се. Затоа не ви се согласуваат мислењата и не можат да ви се согласат.

    Јас си преферирам некој така малку постабилен. А не играчки да си играме. :)
     
    На GirlLove, Daydream и oblace1 им се допаѓа ова.
  9. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Па ако сакаш да ти џвакам за полесно да разбереш еве.. Разликата е во тоа што хероинот УНИШТУВА животи, и притоа дилерот на хероин е свесен за тоа и упорно продолжува да го прави, додека пак оној што дила трева не нанесува никаква штета. Попросто од ова неможам да ти објаснам, па сеа ти види. ;)


    Јас воопшто не се чувствувам нападнато, мене дури и ми е задоволство опуштено да си дебатирам на оваа тема додека некој коси корне за да докаже нешто.

    Само зошто упорно ми реплицирате коа си го искажавте мислењето, а исто и јас. И сега? :?:
    Ниту јас ке ви докажам нешто ниту вие мене. Луѓе со различни гледишта и ставови сме. |(
     
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    Дилер на дрога си е дилер на дрога. Бил, е и ќе остане.
    Зошто? Епа затоа што мисли дека така ќе стане богато човече.
    Што е битно што продава? Битно продава.
    Битно ли е дали некој продава сечени пијалоци или текила? Битно продава ( и не, не го споредувам алкохолот со хероин или слично, чисто давам пример)

    Обично како што се почнува наркоманијата со трева, се почнува и дилањето. Знам личност која беше потрчко, продаваше такви "ситни" дроги, па на крај заврши изрешетан. Жив е он и понатаму се бави со тоа, и понатаму е потрчко. Ама пеколот кој го поминаа неговите и пеколот кој го поминува жена му (млад пар, не се стари) само нејзина душа знае.
    Потоа знам друг случај- човек со 3 деца, возрасни- му ја нападнаа ќерќа му, со пиштол вперен во неа.
    Имаат пари ама мир немаат!!!

    И не, не е тоа индивидуално. Ниедна особа што продава дрога (без разлика лесна или тека) на млади деца и луѓе- тоа не е човек!
    Тоа е животно кое мисли на пари, а не мисли дека го уништува животот на тие деца.
    Да тие деца го бираат тоа, ама тој им го продава со цел памет.
    Да тие ќе побараат дрога од друг...ама битно е еден да се опамети и да има чиста совест.

    Не е ова чиста и поштена работа, се се плаќа во животот па и тоа!!!
    А тоа дека некој продава лесна дрога ама ич не го оправдува. Дрога си е дрога!

    Ниедна девојка не треба да заврши со вакви идиоти!!
     
  11. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би била со ваков човек, никогаш
     
  12. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    оф :wasntme: само што го видов насловов очите ми се насолзија.. ;(
    ајде јас да си го кажам моето искуство..
    не сум била во врска со дилер,но сум била со наркоман :(
    помина долго време но секогаш кога ќе видам нешто на таа тема почнувам да плачам,срцево ми се кине.беше се совршено и ќе беше сеуште да не беше таа пуста дрога,таа која што ми зема се.ајде вака сеа се од почеток ќе напишам.. една вечер паметам петок беше немавме што да правиме со другарка и решивме да искочиме,долго време типот ми беше другар често се слушавме и така не викна на кафе мене и другарка ми кај него дома, прво несакав да идам непријатно ми беше,но некако инсистираше он и ајде отидовме. си седевме си зборевме,но имаше такви погледи од негова страна спрема мене поинакви,не ме гледаше другарски како што ја гледаше другарка ми,мене ме фаќаше за рака,ме гушкаше неа ништо,така помина времето решивме да си идеме, пред идење ме баци во образ и ми рече: ќе се видиме пак :) после 3 дена пак се видовме,сами бевме искочени и зборевме ли зборевме и кога одеднаш ми рече: многу си ми мила,и сега неможам а да не те бацам и така ме залапа он.. и сее почна од тој момент,имав дечковци и пред него но никогаш ги немав почуствувано тие пеперутки во стомакот како кога се мував со него,буквално летав :) така се гледавме,многу се сложувавме и баш памтам третото искачање ми призна се. и така спонтано зборевме,памтам баш спомнавме полиција ова она и ми вика он:да ти кажам нешто.. на никој не сум го кажувал ова ама ете ти си ми посебна и сакам се да знаеш,подобро од мене туку од некој друг. го погледнав длабоко во очи и му реков: што тоа? и ми рече: имам проблеми со полиција и ми вика: не сум убил некој,не сум крадел туку... и се закјути и му реков: што? ми рече: дрога .. го погледнав и го прашав: мариухана или нешто поише? ми рече: нешто поише. што поише: го прашав ми рече: хероин. почна се да ми кажува, зошто,што,како,колку. ми кажа дека е зависен веќе 6 години. после ми кажуваше дека неговите се знаеле, дека никој муабет не им правел на улица кога кје ги видел, дека никој на гости не им идел и тоа СЕ заради него. Зборевме таа ноќ долго време, се ми беше чудно и како на филм,многу се плашев од наркомани кога кје видев,а замислете до мене седеше наркоман и ме имаше гушнато..колку е чуден овој живот. после се ова ми кажа:можеби никогаш повеќе нема да те видам,заради ова што ти го кажав можеби кје се тргнеш од мене.. во тој момент му реков: со тебе ќе сум. (не размислив,избрзав!!!) врската убава ни беше,дојде време кога и го запознав со моите,ииии... моите го приметија уште по самото влегување.. нон стоп се карав со нив заради него,пред него глумев дека моите го сакаат а уствари и он сам знаеше дека моите не би сакале јас да имам дечко таков. како што викаше он ОЦРНЕТ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ. пред мои очи се дрогираше,гледав колку можев да го отргнам но не успеав,него тоа му беше на прво место,после се на друго,ете имав срекја што не ме тераше никогаш да пробам,имав срекја што не ме вовлекуваше и мене во тоа (како што прават повеќето), имав срекја што иако беше наркоман беше добар човек. секогаш ми викаше:да не сум помислила да пробам,по никоја цена да не се излажам и да не посегнам по тоа,дека нема назад,ако не секој пат секој втор ова ме советуваше од дрога, од коцкање,цигари,пиење што подалеку. и да прекратам.. моите приметија и ме прашуваа чат пат да не се дрогира ова она, секогаш негирав,одрекував .. и после некој извесен период мама се распрашала по некој луѓе и дознала се. (мало е скопјево) .. ме отргнаа од него,глумев на почеток дека дома ми е се совршено,но еден ден ми пукна се,и му кажав дека моите дознале се. ми кажа само:знаев, ама немој да ти е тешко.. добра си ти,се што кје посакаш можеш да имаш,јас го одбрав овој живот,јас сум оцрнет не ти треба ваков на тебе. после ова он се отргна од мене, му дзвонев не ми креваше,пишував не ми враќаше после некој извесен период ми пиша само: дека се ова што го прави го прави заради мое добро,сето тоа игнорирање го прави за да сее научам да живеам без него.тешко е многу кога некогаш си седите и он ве гушне и ви рече: сите другари или ми ги убија или ми се по затвори..кога свесни сте дека можеби еден ден и него истото го чека,тие не успеваат ништо во животов,тие само тонат, се подлабоко и подлабоко..несакав кога кје се земев со него пример кажувам да ми доаѓаат чудни луѓе на врата,да бидам под стрес цел живот и да незнам кога некој кје ми се јави и кје ми каже нешто лошо. (ова сега го размислувам,тогаш незнам зошто не го помислив..) трпев,плачев тешко ми беше многу еве сега имам дечко во срекјна врска сум но нема ни еден ден а да не помислам на него, но му се заблагодарувам на Господ што ме научи на такви лекција, и што не сум повекје со него,затоа што реално гледано со такви луѓе нема иднина.Но кога сите ми збореа јас не се откажував,силно го гушкав и му викав: дека кје бидам покрај него во се. Тоа е тоа девојкии.. кој не осетил нема да ми го знае чуството, но немојте никогаш да си ги погазите своите родители и да направите вакво нешто,кај мене дознаа сите роднини,буквално од тогаш јас нигде не идам на гости,не комуницирам со никој, не е ништо како порано ама сама сум си крива. имајте убава вечер :) :* :* :*
     
  13. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Смешно ми е она дека нема врска каква дрога битно оној кој ја продава не е човек затоа што уништувал туѓи животи.
    Ах. Ај да ги бесиме тие што прифаќаат услуги од курви и проститутки ако не? Што? И тие знаат дека имаат секс со жена која се преправа.
    Ај да ги колеме тие што произведуваат страшно јаки алкохолни пијалоци? Алкохолот може многу лесно да ви го сјебе животот.
    Знаете ли што се' постои во храната што може многу побргу да донесе страшни болести од марихуаната? Т.е марихуаната не носи болести но ајде нека ви биде по мерак.


    Не можеш да разговараш и да споредуваш мислење од гледање филмови и животно искуство
    .
    И како што реков на почетокот - Има разлика од дилер до дилер.
     
  14. Sanja16

    Sanja16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    80
    Devojki zdravo.
    Mi treba sovet od nekoja sto go imala slicniot problem.
    Vo vrska sme vekje nekolku meseci i se e okej osven toa sto toj konzumira marihuana. Sekoj den po ednas dva pati dnevno. Razgovaravme za toa i mu kazav deka mi preci rece ok nema veke, jas koga sakam mozam da prestanam, ama toa ne se sluci i sega sme na pauza. Znaci site drugi raboti ni funkcioniraat super, nemam zamerka za nisto. Samo za taa rabota se karame. On prodolzuva so toa i me ubeduva deka ne e zavisen, deka sakal da pozivee dodeka ne stvori familija. Sakam da go ubedam deka ima i drugi nacini i hobi, a ne toa. ednostavno ne mozamda go podnesam toa a ne sakam ni da mu raskinam samo poradi toa.
    Drugi vidovi na drogi ne konzumira fala bogu. ama od trevata ne se deli.
    Pozdravi fala vi
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Госпо да не исчува се луѓето |(
    Болест е зависноста од опијати.
    Ова е на рамниште на: 'Не зборуваат со моите и не доаѓаат на гости, затоа што татко ми има висок притисок'

    Ептен има за учење народов.
    Предрасуди за се' да се имало.
     
  16. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    Пишано е во 2014, завршена приказна е ова. Не сакам да се навраќам, ни па ме интересира ;)
     
  17. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би била во врска со наркоман или дилер , зошто да си го комплициран животот без потреба ,сестра на моја блиска личност беше во врска до наркоман и имаше многу многу проблеми освен што и крадеше пари неколку пати физички ја нападна ама искрено не ми беше воопшто жал затоа што она го дозволила тоа и она се впуштила свесно во тоа она знаеше пред да се фатат дека е наркоман . Не можам да ги разберам тие кои свесно се впуштаат во такво нешто па после кукаат.
     
    На ЕденЧлен и Herrera им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.708
    Допаѓања:
    42.929
    Пол:
    Женски
    Тешка е врската со наркоман (уживател на дрога де)
    Мора силно да ве сака прво за да опстои врската.Самите луѓе се ноншалатни и не се замараат многу-многу.
    На нив им е сѐ рамно, не сакаат некој да им попува (поготово партнерот/партнерката) и не сакаат да бидат осудувани.
    Доколку партнерот/партнерката не конзумира нешто, или конзумира помалку од првиов и дава коментари, се луто, забранува итн тогаш веќе доаѓа до криење, до лажење па караници итн.
    Самите т.е наркомани не се лоши луѓе и немаат лоша душа.
    Освен ако ептен не им е спржен мозокот и душата па да не им е гајле за никој/а околу нив.

    доколку некој/а се соочува со ваков проблем, било да е конзуматорот или тој другиот што му пречи, слободно нека ми пише лп ќе направиме муабет.
    Имам искуство со таква личност, ја научив лекцијата и можам да кажам дека многу добро ги сфаќам овие работи.Притоа сум објективна
    @Sanja16 ако уште треба помош/совет/муабет пиши ми :)
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Општо е проблем диксриминацијата и стигмата, не само за овој случај.
     
    На Yeeah и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  20. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.441
    Пол:
    Женски
    Мое мислење на кое стојам дека не е проблем што конзумира "мара", јер реално од тоа нема нус појави освен да е релаксиран. Прочитај нешто повеќе за тоа.
    Јас лично знам тип кој над 15г е со "мара" па по кул човек од него немам сретнато.
     
    На S.W.A.G му/ѝ се допаѓа ова.