Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со корисник или дилер на дрога

Дискусија во 'Врски' започната од Monce89, 9 јули 2010.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Маж ми пушеше трева кога се запознавме на почетокот . Не секој ден , ама еднаш до двапати неделно да . Зборував , се лутев , урлав , дури и се заканив дека и јас ќе земам ако не прекине , ако не од него од друг ќе земам . Секако беше против тоа и јас да земам , но тој не ме слушаше и пак земаше . Потоа јас замолчив . Не се лутев , не урлав .. го прифатив фактот дека тој нема да прекине ако јас му кажам . Неколку месеци подоцна , зел трева од комшија , но тоа што мојов не го знаел е дека тревата била мешана со кокаин ( во процесот на одгледување , не знам точно како оди тоа ) , тогаш му било толку лошо , што го натерало да се запраша зошто воопшто пуши трева . Оттогаш има поминато 7 години , сега сме во брак , имаме две деца а наскоро три , тој има стабилна и сигурна работа и најважно е што е чист 7 години веќе .

    Додека јас зборував и урлав немаше резултат , но отскочната даска што му ја приреди животот го освести и го врати на прав пат . Секако и кај мојов го имаше тоа " јас не сум зависник , кога сакам ќе прекинам , и така не земам често " . А јас, ни не мислев дека некогаш ќе се омажам за него , тогаш бевме средношколци и воопшто не се замислував дека ќе завршам со него . Можеби затоа и го прифатив фактот дека пуши трева . На крајот , сепак се испадна добро .

    Сакам да ти кажам дека можеби му треба отскочна даска што би го натерала да прекине со пушење трева .
     
    На cresa-jagoda, Feminka22 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Како може марихуаната да е помешана со кокаин? Кои процеси на одгледување? Две различни растенија кои не се разминуваат во процесот на одгледување или процесирање никаде. Освен тој сам да си земал да проба да помеша.
     
    На GirlLove, H.VAGA, RainbowButterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Slow down tiger |( . Како ми се нафрли . Не знам , ми кажуваше тогаш , прскана била марихуаната со кокаин во процесот на одгледување . А може и комшијата излажал ( можеби ја прскал со бог знае што друго ) . Тоа го знае само тој што му го дал " џоинтот " . Мм ми пренесе како што му е кажано и нему . Битно он ја доби отскочната даска што му требаше за да се врати во нормала . А да продолжеше да пуши и понатаму , не знам дали би останала со него . Веројатно не .
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам некој некому лаже. Нема врска, нема да коментирам понатаму за бракови засновани на лага. Ти уште си верувај.

    Имено, зависности (тука спаѓа и на алкохол, цигари, кафе, итн.) Се зависности и точно е дека има разлика- но пред се укажуваат на цврстина на карактер на личноста.
    Марихуаната (која е релативно ефтина нема никаква допирна точка ниту се прска со нешто скапо како кокаинот) може да створи зависност, но помалку дури и од кафето и цигарите. Има нус ефекти кај редовните уважаватели кои со години консумираат во големи количини пред се врз нивните когнитивни способности, но не е како На пример кај хероинот и Др опијат (следен пат кога на своја рака ќе земете Лексилиум или диазепам размислете) кои на големо се користат во Македонија и уништуваат животи, ствараат сериозни оштетување физички и ментални кон личноста.
     
    На H.VAGA, cresa-jagoda, S.W.A.G и 2 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    ^ А многу е лошо кога ќе земете марихуана и кокаин во исто време.
     
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Нејсе , сфатив дека сакаш да ми наметнеш дека маж ми ме излажал . Ако тој е наркоман или зависник од дрога ( лесна , тешка ) зарем јас 6 години нема да приметам што се случува ?! Па јебига не сум во саксија растена |( . Не сакам да се препуцавам и докажувам , ама самото тоа што му е доверено оружје на работа е доволен доказ дека е стабилен човек и има доверба од државата . Зошто од мене не би имал ? Поради некој џоинт кој всушност ги треснал убаво и го осветил што прави од себе и го вратил на правиот пат ? Не бе душо , од тогаш има 7 години , и тој докажал и повеќе од што треба дека е искрен човек , барем кон мене е секогаш искрен . И не , бракот не ни е заснован на лаги , жал ми е ако твојот е . Ќе ти посакам да имаш брак полн со искреност и доверба ( без разлика дали си мажена сега или не ) , и некој вака да ти вели дека маж ти те лаже за нешто што се случило пред 7 години . Да осетиш како е на своја кожа некој да ти вели дека ти лажеш или маж ти те лаже ;) .
    За Лексилиум и останатите лекови нема да коментирам , не сум медицинско лице , така да ќе се држам на страна . Знам дека ствараат зависност , ама не знам детали ( и онака не користам лекови од таков тип , јас користам лекови од типот на парацетамол , Б6 , витамин ц , и Аналгин за болка и тоа толку ретко што повеќето ги купувам и ги давам на фамилија кога им е итно ) . А јас , се трудам да бидам што поискрена , особено кога барам совет . Исто и кога општо пишувам во темите, дали за искуство или онака мислење за одредени работи . Ама секогаш ќе се најде некој да те нарече лажга ;) .
     
  7. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Што подалеку од такви...
     
    На cresa-jagoda и Sejfullai им се допаѓа ова.
  8. Brokeneyes

    Brokeneyes Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    Незнае човек на каков ќе налета незнам што би кажала на ова
     
  9. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Мислам дека премногу негативно ја сфати членката. Таа ти ја кажа нејзината страна на вистината а сега вие ако не сте спремни да ја прифатите нема да пишете на форум со толку различни карактери каде што секој може да си каже мислење директно. А во врска со мажот ти чим сега се е во ред нема за што да се нервираш. Се е зад вас.
     
    На GirlLove, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Зошто мешате земање кокаин и пушење марихуана.
     
    На *Amethyst* и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Не ја сфатив јас негативно , бидејќи сум позитивна по природа и секогаш гледам од позитивната страна . Членката пиша , цитирам : " Како може марихуаната да е помешана со кокаин? Кои процеси на одгледување? Две различни растенија кои не се разминуваат во процесот на одгледување или процесирање никаде. Освен тој сам да си земал да проба да помеша. " Јас културно одговорив . Потоа следеше , цитирам : " Сакам да кажам некој некому лаже. Нема врска, нема да коментирам понатаму за бракови засновани на лага. Ти уште си верувај. " . Јас убаво сфатив се . Воопшто не се нервирам бидејќи не ме засегнува мислење на некој анонимус , ама јас со години сум членка на форумот и не сакам кога некој ќе каже ( директно или индиректно ) дека јас лажам , или да констатира дека бракот ми е заснован на лага . Можеби и маж ми бил излажам , нели е веројатно дека и тоа се случило ?
    Нејсе , не сакам веќе да коментирам на темава , се обидов да помогнам на членка и ѝ ја раскажав мојата приказна . Не секогаш е само црно , постојат и други бои :) . Поздрав до тебе , и верувај немам ништо лично ниту против тебе ниту против другите членови ( ако делувам нападно во постов се извинувам ) .
     
  12. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Конечно некој убаво ги објасни работите :clap:
     
  13. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    654
    Пол:
    Женски
    Побарајте помош од стручно лице. Нека бира меѓу тебе и тревата. Вопроцесот на одвикнување му треба поддршка а не уште поголеми разочарувања. Ако се решиш да бидиш со него значи и помогни му. Сепак ти најдобро си знаеш,само немој да дозволиш да го трпиш тоа што ти пречи а секако дека може да се смени
     
  14. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Членката убаво го напишала своето знаење или нејзината страна на вистината, и убаво што објаснила, но многу лошо звучи на некој да му кажеш дека бракот му е заснован на лага на основа на тоа што тој или комшијата и го кажал за тревата:) Тоа и не можеш позитивно да го сфатиш.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па ако ти смета неговото понашање раскини неможеш да сменеш човек шо сака нека си прае ама ако не ти смета понашање ако тоа лошо не влијае на тебе што има проблем?
     
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Кокаинот стимуланс а марихуаната релаксант комбинација булшит за нервнио систем :D:D
     
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Најлошиот совет EVER.
    ,,Нека бирс меѓу тебе и тревата”
    Знаеш што ќе ѝ каже ни два ни три? ,,која си ти мене да ми поставуваш услови”
    НАЈЛОШО ама НАЈЛОШО нешто е да терате некој да бира меѓу вас и уште нешто.Дали друг човек или цигари/алкохол/трева/дрога.Мене така ме изгубија блиски личности.
    Иначе @buba4e89 не е лошо трева и кокс да се меша уопште.Добра комбинација е, можеш и да спиеш можеш и да јадеш, само што кокаинот кога почнува да олабавува во нашето тело ствара нервоза, депресија, параноја па не би им годело на сите тогаш да дуваат.Све е до психата иначе не е лошо како комбинација.
    @hellocity не си во право.
    Амфетамин и трева да кажеш, да.Едното ти го убрзува мозокот другото не.
    Не знам дали е до мене ама мене никогаш од кокаин не ми се разработил така мозокот.Плус знам преемногу луѓе што мешаат трева и кокаин.Како и да е хемијата е посилна од тревата.Па ако испушиш само еден фиш нема да осетиш некоја голема промена.
    @FVP ова треба и врапците да го знаат..
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас немам искуство за да споделам,имав познаник кој пушеше марихуана и смркаше кокаин. Не знаеше каде се наоѓа,само се смееше Изгледаше како да ги мавнал некој со мокра чорапа.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    А ви смета ли партнерите да си цврцнуваат алкохол секој ден, или неколку пати во неделата?
    Мислам... кога проблем ви е марихуаната... мора да ви е проблем и алкохолот.
     
    На S.W.A.G, Stephen Amell, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Поише ми е проблем искрено алкохол него трева.Лично поише дувам него што пијам алкохол.Ама општо, посигурно ми е да сум во близина на устонирано лице него на запиено/начукано.Сум видела за жал доста машки што не се контролираат кога се пијани.Пред 2 години ,,изедов” нога во глава од еден тип и од тогаш ми пречат пијани луѓе.Едноставно траума ми е и уште ја памтам.
    А напашкан човек е најсмирен човек .
    Иначе не верувам да им смета, па алкохолот легален е нели.Ова другово дрога е знаеш..
     
    На S.W.A.G, *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.