Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со корисник или дилер на дрога

Дискусија во 'Врски' започната од Monce89, 9 јули 2010.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Скроз е 'нормално' на некоја фамилијарна прослава, каде што се со деца, да се испијанат пола од луѓето...
    Ама не дај Боже да спомниш трева |(
     
    На S.W.A.G, Feminka22, Stephen Amell и 4 други им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.216
    Допаѓања:
    111.980
    Пол:
    Женски
    Се прска со кокаин.

    Он топик. Понастрана од такви луѓе. Не си ја барајте бељата со 'боринче'.
     
    На poppie, CrazyGirl15, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Не би бил,ни со корисник на било каква дрога,ни со дилер.За мене тотално неприфатливо е вакво нешто.
     
    На mssuniquee, Mantub, poppie и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    654
    Пол:
    Женски
    Зошто најлош совет? Ако таа него му значи и сака да има фамилија како што тој нејзе и велел зошто па да не бира? Зошто да ја лажи дека ќе се откажи а повторно да зема ? Нека си одлучи што му е помило .
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Јас не би се плеткала со зависници од било кој вид. Немам намера да се изгубам себе си сакајќи да му помогнам бидејќи тоа не е возможно.
     
    На thelittle17, poppie, Star_dust и 6 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Побрзо би била со рекреативен пафкач на трева, отколку рекретивен 'алкохоличар' (условно речен, односно, некој кој од време-на време се пијани)
     
    На S.W.A.G, Lady Maria, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам и не ми сметааат луѓе што пушат трева воопшто, зборувам за некои што користат потешки дроги или премногу алкохол на кои мозокот им е веќе оштетен и не размислуваат чисто. А иначе лично знам луѓе што пушат трева а се сосема океј. :)
     
    На S.W.A.G и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    141
    2Ја видов темава и ми разбуди некои сеќавања.Мојата прва љубов,во втора година средно уште конзумираше се и сешто.Некако се губеше на моменти,како да не беше способен самиот да размислува.Сега,3 години подоцна,упропастен е целиот,нема другари и мислам дека ќе биде тешко одново да изгради иднина (со оглед на тоа што уште конзумира скоро секаков вид тешка дрога).Секој има право на втора шанса но јас си ја научив лекцијата со него:)
     
    Последна измена: 10 мај 2020
    На poppie, Lady Maria и RainbowButterfly им се допаѓа ова.
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Зависи за каква дрога станува збор, дали е лесна или тешка. Ако се работи за трава не гледам проблем, ако е навлечена на тешки дроги искрено не би ставал здрава рака у оган због љубави. Со дилерка што да не, баш би сакал да видам како би изгледало тоа.

    П.с Џоинт прскан со кокс? Скап џоинт тоа у пм:worried:
     
    На S.W.A.G, *Amethyst*, Scott Weiland и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    По логикава на џоинтов со кока прскан,треба да е 80 евра еден,што нема логика,прв пат слушам дека со кока трева прскаат,знам за со хероин дека ја прскаат тревата.Не сум многу упатен ова ми се муабети од маалските џанкерчиња (без навреда) :)
     
    Последна измена: 10 мај 2020
    На Alisa22, *Amethyst* и John Snow им се допаѓа ова.
  11. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    И мене ми падна чудно за трева прскана со кока, ама си викам ај да не коментирам може работиве се смениле :rofl:
    Реално, таа трева би коштала више од 50евра :D

    Јас немам проблем да сум со тип што пафка јер сум пафкала и јас плус и другарка имам што си е редовна у пафкање.
    Имам братучетка што е многу подлабоко навлезена во опијати имав понуда за нешто подруго да пробам ама ја одбив зашто реално не знаев како мојот организам би прифатил, и драго ми е што повеќе од трева немам пробано.
     
    На S.W.A.G, RainbowButterfly, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Сум имала искуство со двајца што не можеа ден да пројдат без да се издуваат. На едниот кога му пререков ми рече "немој да си пробала да ми збориш против, џабе ти е мене ми е убаво" и од тогаш му немав зуцнато на таа тема али знаев дека за кратко ќе прекинеме па и не се замарав многу. Небо и земја разлика беше тој у карактер пред и после трева. Ужас.

    Вториов беше постар од мене и веќе 10тина години редовно си конзумирал па немав ни корист од тоа да му кажам дека ми смета иако кога му имав спомнато јас лично дека сум против, почна да намалува. Е сеа па вториов трезен беше швркнат а надуван беше таман :D
     
    На Izaabella, *Amethyst*, flawless_ и 3 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    :rofl:Ме изнасмеа
    Да си здрава и жива :D
     
    На thelittle17, *Amethyst*, Star_dust и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не би била ни со пушач, не па да пафка или скраја да е, потешки дроги да користи. Никаква зависност не сакам кај партнер.
     
    На cresa-jagoda, pdb123, Star_dust и 5 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Мене не ми пречи ако повремено пафка... како што реков.
    Не ми смета и да пие алкохол, повремено и да не се опива.
     
    На *Amethyst* и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Порано многу ми се свиѓаа машки што пушат цигари, марихуана...:rofl: се додека не запознав поубаво вистински зависници и сфатив дека не сакам да имам ништо со нив.Еве само цигари не ми сметаат иако јас не сум пушач, ама врска со некој што има посериозна зависност не е ништо наивно.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.517
    Допаѓања:
    166.139
    Пол:
    Женски
    Недекатојшодејтавпушешемара ама поќе ми сметаат цигари. „И алкохол“ - рече алкохоличарот. So yeah. Во секој случај неќам да ме лажи, пушам - не пушам. Сакам да знам на шо сум, да не е „ма4е за тебе оставам еве“ и по две недели да дознам од трети дека уште зема, зад мој грб. Врска зад грб не се гради. Ако не е рекреативно и преминва во зависност, би била таму како поддршка за да се подобри. Рекреативно и јас посегам, никому ништо. Само сите карти да се на маса. Исто така условување „или јас или - било шо тука, не само марихуана -“ е контраефективно. Неќите таква врска. Ако осетите дека мора да го условите партнерот, пиши пропало. Некогаш е подобро да раскиниш, ако не можиш да стигниш до компромис. Можи е вистински чоек, во грешно време само. И то е океј.
     
    На WildMk, *Amethyst* и FVP им се допаѓа ова.
  18. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Инаку мене ми сметаат повеќе тие шо пушат цигари него марихуана. Реално ствара повеќе зависност и е поштетно. Марихуаната некои ја консумираат и од медицински потреби (ПТСД, масла како за анорексија, ХИВ, хемотерапии, итн.) И сум за нејзина легализација и за рекреативни цели. Истото важи и за печурките каде микродозирањето се покажало дека дури има позитивни ефекти врз луѓето посебно одредени категории. Кокаинот многу лесно ствара зависност, но ако го земаш пример еднаш во три месеци на забава, нема ништо тука. Под зависници со кои никогаш не би била во врска спаѓаат луѓе кои не можат да се контролираат и ги искористуваат тие психотропни супстанции, кои не мора да бидат нелегални, пр. Бенадрил за алергии некои го користат да бидат хај.
     
    На WildMk, S.W.A.G, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Не би била ниту со алкохоличар ниту со некој кој пуши марихуана или внесува било какви дроги ниту со некој што пуши цигари ,не би сакала да бидам со било каков зависник , за мене исто ми е и алкохоличар и наркоман.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Никогаш не би била во врска со зависник или дилер.
    Имам пример во потесна фамилија, каде што зависникот е сега во затвор, за кои треба да лежи една година, а на сопругата остави две деца, малото има само два месеци. Кога се роди првото дете, вети дека ќе се откаже, ќе се смени како личност.|( Веќе никој во ништо не му верува. Нема ни еден ден работено, пари за дрога (не знам каков тип користи, ама сигурно е кокаин) имаше така што крадеше од дома. После почна и од други места, и така заврши во затвор. Иначе, беше две години на одвикнување во Негорци.:) Мене ми е за децата жал, не за него.
     
    На Mencia, cresa-jagoda и GirlLove им се допаѓа ова.