Затоа што најлошо е некој близок да ставиш пред свршен чин и да го тераш да бира измеѓу две работи, независно дали меѓу двајца луѓе, или човек и навика.Мене мноогу луѓе пробувале да ме условат буквално и одма сум ги тргала од животот додека не ме сфатат и не си го сменат односот.Некои ,,го поминаа тестот” и се поправија.Некои не. Никој нема право мене/тебе/Станка/Петко да нѐ става пред свршен чин. Родител можеби да, бидејќи родителот ќе ти биде родител цел живот, а дечкото/девојката/другарите итн нема секогаш да се тука. Секој треба да има своја воља и слобода на размислување. Подобро да разговара со него да открие зашто пуши толку често, можеби тоа му е поради стрес, или монотонија, не е океј да го напаѓа. Ако ѝ смета, а неќе да праи муабет боље нека го остаи.Не да му прави циркузи. Ако го тера да бира, ќе почне скришно да дува и да ја лаже.Тоа ли сакате? Буквално знам како ќе биде понатаму.Знам доста вакви ситуации.
@Feminka22 едно е да бираш меѓу родителот и дечкото или меѓу другарките и дечко а друго е меѓу нешто што ти го уништува животот во случајов е тревата. Јас ако некого искрено сакам и сакам да е до мене и да тргнам на прав пат би го направила тоа би бирала и би избрала да бидам со личност што ќе ми помогни што е и многу нормално .Можеби ти имаш такви ставови затоа така си постапувала
ПРОТИВ врска со зависник од било која дрога и алкохол и коцка и било која друга зависност. И не само зависници, него и луѓе што не спаѓаат во таа категорија, а сепак претеруваат со алкохол/дрога. Баш зашто сум била со особа што не пиеше често (значи не е зависник) ама кога пиеше, беше ужас. Ни тогаш кога бевме заедно, а богами ни сега откако уште повеќе созреав, немам намера да си го губам здравјето и живците и да прибирам луѓе онесвестени по клупи у 5 саат сабајле. Ако сам не знаеш кога е доста, заради себе и заради најблиските околу тебе, тогаш никој не може да те натера да прекинеш. Башка и од себични побуди - не можам да си го потрошам животот на такви луѓе, да имам стресови заради таков партнер, доволно ми се тие стресови што си ги носи секојдневниот живот. А на тема дрога, не би била во врска со зависник заради се што набројав погоре и плус зашто сум правник - не ми оди да бидам со некој што го прекршува законот, макар и за лесни дроги, па да го собирам од притвор или да собираме пари за да плати казна. И да, го поставив тој ултиматум што погоре го дискутирате во сегашната врска, зашто знаев дека имам работа со разумен човек, кој и сам знае дека тревата не му треба (иако не ни пушеше често) и дека долгорочната континуирана употреба остава последици. Ми беше прифатено и колку што знам, не се случува тоа веќе воопшто откако сме заедно.
Таа желба досега кај никој којшто го познавам не се јавила јас не знам од каде ви се размислувања. Плус бенифициите коишто ги носи самото растение, не можат да се најдат ни кај цигарите ни кај кокаин,хероин. Досега нема човек којшто починал од предозирање пошто е невозможно да се предозираш. Човек од фамилија ми се има излечено од рак само со користење на масло и сум за целосно легализирање.
Ти може ќе избереш ама дали таа личност ќе сака да ѝ помогнеш?Или да ја условуваш? Едно е да помогнеш друго е да условуваш пак ќе ти кажам. Ти место да му објасниш дека ти смета и дека не е добро толку често да дува, ти ќе отидеш и ќе му кажеш ,,Или ја или ќе дуваш” .Ама ништо нема да му стане јасно. Оттука, или ќе ги каже ,,ти” и ќе продужите ама он скришно ќе дува.Или ќе ти даде ,,аут” и ќе продужи да дува на раат. Значи сум имала искуства (среќа не лични ама знам) и јасно ми е тоа. Не е начин човек што сметал дека тргнал по лош пат, одеднаш да го стаиш на раскрсница.И уште толку ќе се збуни. @S.W.A.G абе зависност ствара знаеш Ќе кажат дека ствара ,,зависност” и дека е дрога.И дека е штетна, се што прочитале сите на исто место. Лоша слика имаат за жал Иначе се јавува желба за повеќе од тревс да се проба.Да знаеш СВЕГ.Пошто после одредено време поготово ако често пушиш, ќе ти здосади да си цело време надуван и да си устониран.И после ќе си кажеш ај нешто друго да пробам.И како што имаат пример амфетаминот и екстазите скроз обратно дејство од тревата, после тој ,,mood” што би го рекла јас, ќе им се допаѓа итнитн Само граници и контрола со се да се има. Искрено, било кај на светов.Кај сите што во средношколските години што почнале да дуваат, веќе после година-две им здосадува.Оние кои дувале секој ден бар.Ова е мое мислење, и од што знам вака.
маслото од канабис има мал процент. Желбата за нешто појако постои пример е мој трет братучед. Се почна со трева и заврши со екстази исушен без заби жената го остави ,родителите ги упропасти.
Не 'те тера' пафкањето да посегнеш по појако.. тој сакал да проба, па му се бендисало. Еве, јас пафкам повремено и не ми дошла желба да пробам нешто појако. Зависи од човек до човек. Се' што е претерано не чини. И да испиеш 5 литра вода наеднаш, може да умреш. А ќе речиш.. вода е... ни треба за да преживееме.
Искрено , алкохол ми смета повеќе . А маж ми и онака не пие , лошо му влијае на желудникот пред се , а после и на психа . Не знам каков бил кога бил " надуван " бидејќи не дозволил да го видам во таква состојба никогаш додека користеше . Знам како звучеше . Толку влечење на зборови нема ни кај оние што д'ткаат ( ова ти велам за повеќе од еден " џоинт " кога зел ) . И многу го тераше да спие , кога ќе почне да поминува дејството на марихуаната . И беше многу слаб ( а висок е , спрема висината беше многу слаб ) . @Lady Maria Создава зависност, можеби до одредена мера , но многу зависи од карактерот на личноста . Твојот братучед е човек без карактер ( претпоставувам , не мора да значи дека сум во право ) и затоа се навлекол на појаки дроги . За разлика од маж ми , он на послаби отиде . Почна да пуши цигари .
@CrazyGirl15 последниве 5 год немаме контакт изгубен случај е. Можеби е до карактерот можеби е затоа што немаше кој да му посвети внимание и да го посоветува кога тргна по тој пат. Тој најдобро си знае.
Ти дадов пример за тоа колку е лековито. Инаку правеше дома чисто. Се согласувам со @WildMk. Јас сите што ги познавам и со кои се дружам немаат никаква завист ниту пак желба за нешто појако. Пример сега кога сите се дома никој не рекол како ќе издржам без џоинт туку како ќе издржам без цигари.
Имав дечко нарко дилер. Знајте луѓе не се впуштајте со такви луѓе. Иако ве сакаат самиот фактор дека тие уништуваат некој млад живот за проколнати пари е тоа е лошо....
Мојот не беше нарко дилер. Тргаше марихуана, си тргнале џоинтче, осумки како ги викаат поим неам. Иако мн ќе речат тоа не е ништо. Е. После сам си кажа дека почнал со бело малку. И така. Психички ме одра човекот. Јас си знам само како.
Не сакам да пие, да пуши, ни трева ни цигари, а за друга дрога па да не збориме. Немам ништо против да се напие пиво, ќе се напијам и јас, една чаша во денот вино, не е проблем воопшто, напротив црвеното вино по една чаша дневно може и да е препорачливо. Цигари повеќе би ми сметале, прво затоа што не сакам човекот со кој сум свесно да си го уништува здравјето. Сум видела од цигарите како добиваат рак на 45-50 години или срцев удар и оставаат деца и фамилии зад себе. Не сакам тоа да го снајде на моето дете. Смртта никој не може да ја предвиди, ама твое е да се пазиш, а не од здрав да се осакатуваш сам свесно. И второ, не сакам детето да ми расте со таков пример на родител дека пушењето е ОК. Неодговорно ми е. Тревата не е толку страшна како што прикажуваат по филмови, на сите ни е јасно веќе тоа. Но, секојдневна употреба не прифаќам, во групине по фејсбук се пресмешни кога тврдат дека тревата им помогнала за се и сешто, од рак до епилепсија, до дијабетес, значи не е спорно дека има лековити својства , ама дека за сите болести помага, тоа е смешно, па ни едно растение не помага за сите болести, така да летање во облаци не сакам. Можеби затоа што познавам еден тип што пуши 15 години, па човекот не се замара со ништо, супер дечко е сталожен за муабет, многу смирен, ама за некои работи неодговорен. Не велам дека тоа е од тревата, ама мислам дека има влијание. Пијанење ми е нешто толку гадно, нејќам ни да почнам да зборам. Секаква друга дрога е 100% неприфатливa. Човек треба да биде среќен од душата внатре, а не да зема некои работи кои носат моментална "среќа". Со дилер не би била, сакам човекот со кој сум да има одговорна, легална работа. Ниту сакам да сум со некој кој помага на луѓето да си го уништат здравјето.
Ако се тесно поврзани со " големите риби " можеби и нема да одат во затвор . Се зависи од тоа кој е наркодилерот и колку моќ има во градот / општината . Познавам дилер што соработува со полицијата ( во мојот град , јас го знам од онака што сум го сретнувала низ градов , не дека имам муабет или нешто со него ) , едно време беше надвор од Мк , се врати по 2-3 години , и оттогаш соработува со полицијата . Ако некој не му ја плати " робата " , го мести . Он ги потплаќа полицајците и си го вади задникот од кашата . Го јаде тој што ја купува дрогата од него . А во најмала рака , половина станица или е на " Мара " или на нешто појако . Па на крајот за да не се уапсени дилерите , полицијата добива еден дел бесплатно за нив . П . С . За убиствата се сложувам . Таму нема поткуп . Или ќе правиш вака или отиде главата .
Јас искрено не би била. Животог со ваквите личности е многуу тежок. Имам неколку примери во околината од кои ми се гади искрено. Дури имам пример и на жена која се венча со човек кој користи дрога и почна и таа со него и таа се предозира и умре. Никогаш нема да имаш пари. Ќе биде насилен и тн. Еднодтавно од мене едно не!