Пред да стане родител и откако ќе стане, човек треба да созрее, да се надоградува и да се развива со вистински вредности, а не да закржлави и да го затвори умот. Патем, болдираната реченица како аргумент би ја забранила со закон, жими сѐ.
Не мора да значи дека родителот е расист, дел од родителите сакаат да го заштитат детето од околината, па веруваат дека тоа е најдобриот начин. Затоа што реално, да, ќе ти се искомплицира животот ако си со некој од друга раса, па особено и религија, и не секој родител мисли дека детето може и треба да помине низ тоа. Не се согласувам јас, бидејќи детето е посебна личност со свои ставови и треба да донесува сопствени одлуки, ама до некаде можам да ја разберам причината.
Што е проблемот со таа реченица? Не означувам и не цитирам никој затоа што прашувам општо, кој сака да одговори, нека повели. Се согласувам дека додека не станеме родители, некои работи не можеме да ги сфатиме. Не сум почувствувала на своја кожа, но можам да кажам дека сум убедена дека мајчинството и тоа како ја менува жената и очекувањата што ги имала пред да стане мајка не се совпаѓаат со она што навистина се случува кога ќе стане мајка. Затоа сите ние се согласуваме со реченицата За да станеш мајка, треба да си спремна за таа одговорност и тие промени. Не сум мајка, но имам размислувано како би ми било да имам ќерка и колку би ми било важно во какво друштво е, со какви луѓе е опкружена и со кого е во врска. Секако, истото важи и за син. Да, некои работи можат да се сфатат само кога ќе се соочиме со нив. Не зборам за расизмот, туку за фамозната реченица.
А ти, дали си родител..оти многу храбро истапи со советот!? Јас имам и внуци, ако тоа нешто ти значи.
Поддржувам врска со црнец. За утре коа ќе се омажиш со белец, децата да ти имаат поздрав тен. Јер телегонија.
Не сум, и ништо не ми значи. Реченицата ми е една од најиритантните клишеа што постојат, една друга членка убаво објасни во сдк баш пред некој ден и ја цитирав, општ е муабетов и тука би бил офтопик. Родителството нема врска со основна идеологија и личен морал. Не би си дозволила никогаш да ми се променат овие ставови. Напротив, кога би имала дете што ќе се заљуби вистински во некого со различна боја на кожа, би го поддржала и уште посилно би се борела за тие идеали, против таа апсурдна дискриминација и поделба.
Кога ќе имаш дете и кога тоа ќе сака да биде во врска со некој од друга раса или вера, ќе ти текне на една баба Рада од форумот фемина и ќе признаеш дека навистина имала право. Живи били па видели..немам намера да се убедуваме понатака.
Говорам за свое дете дека нема да ми биде сеедно, а за други парови не се замарам, нека прават како си милуваат, почитувам туѓа воља.
Тоа што одредени луѓе не сакаат такви врски со луѓе од различна раса тоа е нивна работа. Нема што да се мешате. Кога јас се искажав дека не подржувам геј бракови и општо таа мода во никој случај вие ми велевте нема што јас да се мешам во нивниот кревет, па така и овде, ако јас не сакам мешање со друга раса нема што да ми докажува некој дека тоа не е во ред, тоа е мој личен избор.
Во многу случаи е точна изјавата дека мајчинството те менува, мајчинството само по себе е искуство и доколку не го искусиш можеш да имаш мислење, но не и да зборуваш од искуство. Сепак, мајчинството не е перење на мозок (не целосно де, половично ), па личноста да се трансформира, мајчинството сигурно нема да го направи човек расист ако веќе не бил. Ако не сум била никогаш расист нема зашто да ми смета ќерка ми да има таква врска. Доколку човекот ја сака и почитува, кожата на бојата не е проблем. И како мајка го кажувам ова, затоа генерално зборење во името на сите родители не е препорачливо.
ОК, но дали би сакала деtето да ти е среќно? Што ако ти рече: “мамо, јас само него го сакам и без него нема живот!“ Па ти бирај сега како родител дали сакаш тебе да ти биде убаво или нему
Јас сакам моето дете да е чисто Ариевско, ќе ги исперам главите на децата мои, никако со црнци, со евреи па ... пу, пу, подалеку. Родителството нема да ме смени во расист, веќе сум. ^Ова малку низ редој шо прочитав, да ви поможам. Шознам јас, среќата на моето дете би ми била на прво место, би го советувала, ама не би сакала да ми биди роб и да ја остави својата среќа само зошто мене, или пак уште полошо - на околината, не им е по ќеф. И не, нема мислењето да ми се смени кога ќе го земам детето во раце зошто сигурна сум дека и кога ќе го земам нема наеднаш да неќам да е среќно и да сакам да му ја одземам среќата, наместо да го поддржам во живот каков што сака. Така да за кој не го сфати првиот дел од моето мислење: сакам моето дете да биди со тој кој го сака, безразлика кој е. Неќам да стојам на патото на неговата среќа, и доколку сметам дека треба - ќе го советувам, ама не секогаш ќе очекувам, ни пак ќе сакам да ги зема моите совети и да ми биди роб.
Убаво се изјаснив, нема да ми биде сеедно, ќе бидам разочарана, незадоволна..не реков никаде дека ќе правам притисок или тортури...само ќе му дадам на знаење дека не ми се допаѓа неговиот избор. Многу бе вие овде со либерални ставови!? Ајде, ќе ве оставам да менувате мислење како созревате..
Зошто да бидеш разочарана и да не ти се допаѓа неговиот избор, побогу?! Сериозно, онаа според боја на кожа ми е најбесмислена поделба, ако може и воопшто да се стават на скала вакви ствари. Што има лошо во тоа, што во потомството понатаму ќе се измешаат гени од различни раси? Проблемите во вакви врски ги прават само луѓето околу нив со вакви ставови, посебно најблиските. Само сонувај(те) си... Never ever and not even then
Е ете јас како мислам дека темата е „врска со црнец“ Во соодветна тема имам одговорено и за ова, чинам беше “што ако дознајте ако детето зема дрога“ или така нешто. Прочитај, ако сакаш.