Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со некој од друга раса

Дискусија во 'Врски' започната од Bezpomosna, 20 декември 2015.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Убаво си праша и они убаво се изјаснија..за љубов на своето дете, за неговата слободна воља, ќе се согласат со што и да е, каков и да е.
    Мислам дека е бадијала да се дискутираат такви работи, нарочито со некој што сака да контрира а не да говори со разум и срце.
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.668
    Допаѓања:
    167.974
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet цитирај целосно. :) Прилично сигурна сум дека имам искористено „тој кој сака“, „безразлика кој е“, зборувајќи за човек. :)
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.641
    Пол:
    Женски
    По вашата дефиниција за созревање - не. Никогаш. :nod:

    Патем, хомосексуалци и транс луѓе стававте во иста реченица со педофили и убијци, сега ти вадиш од контекст и луѓе од различна раса ставаш во иста реченица со наркомани и алкохоличари. Абе, прекрасно. Секој ден сè повеќе напредувате и „созревате“. :clap:
     
    На Gosh, honest girl, Bender Rodriguez и 13 други им се допаѓа ова.
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    @baba Rada, реков да не те цитирам зошто секоја тема тебе ти е заебанција, ама ајде, зошто да не.
    Те молам, колку години и навистина да имаш, не ги потценувај размислувањата различни од твоите со „ќе видите допрва, ќе созреете“, не знам ти што. За некои работи можеш да имаш 20 или 120, и тие работи ќе бидат непроменети зошто возраста не е репер за ставови, а сега ќе ти образложам и со пример зошто.

    Си коментирала дека имаш дури и внуци. Епа добро, дури и да е тоа навистина така, еве го примерот.
    Со мојата ми баба, жена на 70 години (кажувам точна бројка бидејќи очигледно тебе возраста во години ти е клучна по ова прашање), правевме муабет пред некое време баш на оваа тема.
    Сигурно во моментов почнуваш да си мислиш дека ме советувала да останам невина до брак, да најдам угледно момче од добро семејство, по можност богато, сите тие клишеа... епа не.

    Истата таа 70 годишна жена имаше да ми ги каже следниве зборови, цитирам: во животот ќе сфатиш дека сѐ си има свое време; никогаш не треба да брзаш да исполниш нешто, туку само треба да гледаш да бидеш добра во тоа што го правиш, и да бидеш со добар човек; во едно семејство, за еден живот, потребно е да имате заедничка љубов и разбирање; ако те почитува, искрен е со тебе, те поддржува и ти помага, а ти го правиш истото за него, не е важно дали е постар, ниту е важно дали е наш или е друга раса, важна е љубовта која ќе ви го одржува семејството; зошто премногу бракови имам видено меѓу луѓе од иста раса и возраст полни со насилство и без разбирање.

    Епа, баба Радо, да ми е жива и здрава баба ми моја до 101. и назад, и дај Боже и јас како неа да си дочекам и свои деца, и внуци, па којзнае, можеби и правнуци, за да можам истите зборови да им ги пренесам.
    Ако не сте биле расисти до оформувањето семејство, сигурно нема да станете расисти откако на свет ќе ви дојде потомството; само ќе сакате тоа потомство да го видите среќно, покрај добар човек.
    [​IMG]
     
    На Capricorn96, Gosh, honest girl и 21 други им се допаѓа ова.
  5. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Па да ти кажам искрено сме тргнале кон таа идеологија. После песните што ги видов за прво одделение од некојси Ванчо за тоа како „црнец дебел буткал мебел“ нема да ме чуди утре ако видам на грбот на државата кукаст крст.
     
    На Gosh, CameliaMiller, Lianna Anna и 8 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.087
    Допаѓања:
    66.938
    Пол:
    Женски
    Како според тебе треба да се созрее? Да се сфати дека црнците поради бојата на кожата се инфериорни, не се луѓе, не се вредни, тогаш ли значи дека некој созреал?
     
    На Gosh, honest girl, Bender Rodriguez и 17 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.668
    Допаѓања:
    167.974
    Пол:
    Женски
    Не мора да видам до учебник за прво одделение, гледам тука, гледам на други социјални мрежи... Ама индиректно, никој не вели дека е расист. 8-|
    А ова во некој скор учебник? Одамна немам ептен мали деца околу мене да разгледам, а не дека немаше бисери дур растеше брат ми, само не толку „долу“ де...

    Леле, мислењето на @RainBow ме натера да мислам нешто ... :D Бриши ако офтопик ептен. Ако мерило за зрелост на бел човек е да сфати дека црниот е инфериорен, дали црнците некогаш созреваат? :rofl:
     
    На Gosh, CameliaMiller, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    79.559
    Пол:
    Женски
    Колку дефиниции за зрелост има? Јас мислам една. И нешто многу имаш побркано во коментарот погоре ама нека.
     
    На baba Rada и elimkd им се допаѓа ова.
  9. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067

    Повели, според Кембриџ ова:

    [​IMG]
     
    На Gosh, Bender Rodriguez, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Расизам everywhere.Полека,но сигурно тонеме кон дното.Човекот е човек поради начинот на кој размислува.А,не поради боја на кожа,националност и слично.Ама ајде,големи сте си,знаете си.Ако идете во Кореа и кога ќе ве осудуваат поради тоа што сте белци нема да ви е сеедно.Кога ќе видете црнец на улица,бегате?Пошто нели ние тука во Мкд знаеме се и знаеме дека е нивен белег:полни се со болести.А зошто ќе бидете разочарани ако вашето дете се заљуби во црнец?Ќе ви боди очи чоколадната боја?Црнец и алкохоличар и наркоман НЕ Е ИСТО.
     
    На CameliaMiller, Lianna Anna, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.668
    Допаѓања:
    167.974
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Gosh, Bender Rodriguez, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    79.559
    Пол:
    Женски
    Никој и не пиша дека е исто.
     
    На elimkd и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Оф, не се разбирате меѓу себе некако. Значи тука некаде се вртите сите. Баба Рада кажува дека нема да попречи ако и се случи такво нешто со нејзино чедо, ама нема да и биде сеедно. Нема да се откаже од своето дете сигурно.

    Другите кажувате дека не би имале проблем со тоа. Од каде знаете ако се уште немате деца? Еве јас имам две деца, и машко и женско, ама уште се мали и не знам дали и колку ќе ми пречи тоа. И нормално, зависи за која категорија спаѓа оти иако е темава само за црнечка раса, сепак се свртеа и други варијанти.

    Само едно знам: веќе не викам јас нема ова или она, или јас вака и вака ќе постапам. Се согласувам во целост дека мајчинството го менува животот, а и човекот за 180°.
     
    На elimkd и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Знаеш, кога бев во Австрија имаше вакви фраерчиња-нацисти кои се правеа многу паметни и ги навредуваа туристиве кои поминуваа со расистички навреди. Кога дојдоа две комбиња, кога ги пакетираа, ни трага ни глас. Сигурно сега се во затвор и изработуваат клавири и столици. За вакви работи во Германија и во Австрија можеш дебело да наебеш.

    Само во Македонија не, нели и во Русија каде има огромен број на нео-нацисти.
     
    На Lianna Anna, Lella, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Едно прашање до либераливе со слободен ум и широки погледи зошто вашите партнери не се црнци?
     
    На carangigia, Bitter-Sweet и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Значи зрелост е да ги дискриминираш луѓето по боја на кожа зошто онака мислиш дека детето ќе ти страда од тој човек само зошто е црн...или не:?:
     
    На Gosh, honest girl, DamnGirl98 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.641
    Пол:
    Женски
    Ете, самата и за нешто вака поопшто покажуваш колку ти се широки видиците. Ама нека ;)
    Не е една, многу ги има... правилни и извитоперени. Дискриминациите и неприфаќањето на луѓе поради боја на кожа и сите други основи - се знае во кои се. :hai:

    И @Bitter-Sweet нема деца и не ѝ пречи изрекава, па за многу работи „знае сè“ исто како нас, само во спротивен правец. :wasntme:
    Мајчинството и родителството го менува човекот во врска со одговорноста, грижата, родителскиот инстинкт, а не во вакви ставови и идеали.
    Мене такви бубачки да ме фатат кога ќе пораснам, па уште и како родител, и да станам расист (или хомофоб, националист итн.) - еве, им давам задача на помладите што се дружам тука, ако уште се дружиме - да ме исплукаат и изругаат за сите пари, и да ме освестат. :D Ама знам дека тоа нема да се случи, не при здрав разум. ;)

    @MagsDestiny, умнице! :bow::bow::bow:
     
    На Gosh, Baby-bubu, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.008
    Допаѓања:
    51.856
    Пол:
    Женски
    Затоа што живеам во Македонија и тука е преретко воопшто да сретнеш црнец.
     
    На Gosh, honest girl, Bender Rodriguez и 19 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.658
    Допаѓања:
    79.559
    Пол:
    Женски
    Не.

    Тоа што не сфаќате, доволно кажува. Ние пишуваме едно, вие сфаќате друго. (facepalm) Не сме на исто рамниште.
     
    Последна измена: 11 јануари 2018
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.668
    Допаѓања:
    167.974
    Пол:
    Женски
    Првично, зошто нема некој околу мене. Привлечни ми се мешаните, ама нема ни такви. А и да имаше, кој би знаел дали би биле компатибилни. Знајш, многу фактори се важни во избирање на партнер.
    Еве едно прашање од мене, само зошто за нешто имаме разбирање, го прифаќаме и не го дискиминираме, мора да го правиме за да се прифати дека го прифаќаме, не можи на празно? :)
     
    На Gosh, CameliaMiller, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.