И што сега со прашањево? Ако сум ете толкав либералист како што велиш ти, не значи дека баш партнерот би ми бил црн, туку дека би се заљубила и во таков човек ако има карактер кој ми одгогара.
Дојди бе девојче кај нас во Охрид ги има еден куп, а гледам и низ Скопје доста ги има, така да не е тоа причина
Офф леле, абе читате ли вие или си играте дрндупки!? Зрелост е кога ќе знаеш дека не се јаде се што лета..аман... Превртевте се наопачки..и ете, уште еднаш..ДА, НЕ БИ САКАЛА МОЕТО ДЕТЕ ДА ИМА ПАРТНЕР ШТО ЌЕ БИДЕ ЌУТУК ЦРН, КОСООК, СЕЧЕН...
Во секоја тема секогаш ги има тие неколку членови кои се контра сите и одма почнуваат да напаѓаат.Ако некој нема исти мислења како вашите не мора одма да рипате со реплики:„зошто не сте со црнец“.Затоа што не живееме во место каде што има црнци.Останете си во средниот век уште ајде.
Не сум баш сигурна дека те разбрав во целост, ама нема врска. Јас се согласувам и со едните и со другите ставови. Само не одам до таа крајност да тврдам како ќе се чувствувам или постапам доколку се најдам во таква ситуација.
Wow какво шах-мат прашање еј Затоа што во Македонија живеам и познавам само едно семејство со сопруг црнец, стрејт сум а од децата само едно е машко, и и сега е на возраст што би била педофил ако сум со него Ние либералите не се залагаме, скраја да е, за тоа дека само мешани врски и бракови се во ред. Исто како што се плашат некои дека само хомосексуалноста во иднина ќе стане нормална, а „нормалните“ бракови репресирани. Не ми се верува што читам, колку само ви се испомешани лончињата Велиме дека нема ништо лошо некој да се заљуби и стапи во врска и брак со партнер од друга раса, а љубовта не иде по порачка, посебно ако живееш во мултиетничка земја.
Ама, те молам, па мене како фино ми го скокна мислењето од зрела, 70 годишна личност. Изгледа не го видела ете баш тој таг, ама битно ние сме зелени либерали Црнец немам сретнато, ама што око му имав на еден кинез, најозбилно ова, ама женска имаше... ете, штом имало црнци утре сите либерали одиме во поход, зошто нас ни е битно да е црн, не е битен карактер. @Someonespecial, твојот наклон не кон мене, туку една многу спешл особа за мене
Што се запаливте а у шах мат, прашав де, отворив тука мислејќи ќе наидам на мислење-врска со црнец, кога тоа либералите по не знам кој пат бистрат мозок. Јас не пишав мислење ни дека одобрувам, ниту дека сум против, јас лично не би била во таква врска и што толку фама ако некој друг не го одобрува тоа ни за своите деца? Не рече никој тука смрт за црнци, туку одма се сврте муабет демек тука нема црнци па затоа не сме во врска .... има црнци само не знам зошто толку страв да им пријдете
Патем, има такви бракови во Македонија. Колку што знам Џими, од Горска рекламата со К-15 е Нигеријец и е во брак со штипјанка.
Кај мене во соседството имам Арап кој исто така е во брак со Македонка. И познавам другар од основно чиј татко е Арап. Ако човекот е добар и те почитува, бојата на кожата не игра никаква улога.
Леле рекламата На крај мислам викаше као „да не си ти расист“ или така нешто Ептен би било прикладно за некои членови, да им го пуштаме прашањево одвреме навреме
Тоа што некој не е против ваква врска не значи дека ќе фаќа автобус за да брка таков човек. Значи дека ако дојде до средба нема да има ништо против и нема да ги запре чувствата само поради боја на кожа. Мене што ме рипна? Види ти како кажуваш што е зрелост. Мислењата се дека одобруваме таква врска, ти пишуваш, ќе смените мислење, ќе созреете. Значи мислењето треба да се смени во неодобрувам таква врска за да се созрее, а за нешто да не одобруваш значи не го сметаш за доволно добро. Тие луѓе едноставно не се доволно добри поради бојата на кожата. И сега созревањето било не се јадело се што летало, да, да...