Бабе, јас сум родител. Мислењето ми е-која и да е каква и да е само среќен да е. Не е до тоа дали си станал родител или не. Да, тоа е така за одредени работи. Пример еве ќе кажам-кога ќе прочитам мислење од некој што нема деца во тема за вакцини ми иде да се смеам. Чекај, роди, па ќе размислиш тогаш. Ама на оваа тема не. Зошто баш на оваа тема зависи како си растен и воспитуван. Јас пример врска со муслиман не би можела. Тоа што јас имам таков став не значи дека ќе му го НАМЕТНАМ на моето дете. Тоа е МОЕ дете и едино како мајка што му посакувам е да е среќен. Еве го, има 15 месеци и од сега се гледа на каде ќе оди. Талент за музика невиден. А како да не е кога од страна на мм се 99% музичари?!? Јас како мајка пре би да е некој си адвокат или доктор. Ама дете покажува талент за музика што значи јас ќе гледам тој потенцијал негов да го ојачам кога ќе дојде време за утре да го прави тоа што го сака. А не тоа ЈАС што сакам. Ко за крај,надвор од цитираната бабе. ГЛејте бре да сте среќни, да ви чури право оџакот. Та за боја и за вера покажувате со прст. Како стареам сфаќам колку повеќе прст покажуваш толку повеќе ТИ сам си огорчен. Неубаво. Греота. Не за нив, туку за тие што зборат и велат-ете ја, со црнец, со кинез со незнамштоне...
И? Различна раса не значи различна религија. Црнец не значи неверник, може христијанин е. Ги помеша поимите.
Твоето мислење го почитувам, имаш право за твоите деца да посакуваш ти како сакаш..но, ете, јас не би сакала моите деца да земат партнер од друга вера, ниту пак сакам разведен со деца, ниту сакам да изгледа било како ама демек битно било да е арен во душа...несакам и тоа е...МИслам дека е доволно кажано за оваа тема, јас го кажав своето мислење и незнам зошто некој почнува да не окарактеризува со разни зборови..па и расисти..боже, боже....глупоштини...
Бабе, ти си блага форма на расист. Гласно го кажуваш тоа. И ок е. Не знам зошто те навредува. Чим ти јавно кажуваш дека ти пречи таков партнер а не ти пречат како народ-донекаде си расист. Пак ќе кажам твој избор си е. Нит ти судам нит те покажувам со прст. Јас реков ова дека за родителство се спомна па да си го кажам мислењето де...
Не можам да ги барам цитатите, ама ги има доста каде Бог се разгневил при мешање на различни племиња. Значи океј е, ако не се согласувате со мене, почитувам. И не ве тормозам со цитирање до бескрај. Почитувајте и вие.
Да не бидам одма надвор од темата. Дали би бил во врска и би се оженил со црна, жолта, црвена или мелез жена, хипотетичкиот одговор е да. Нашиот Господ и Спасител Иисус Христос и Црквата не се расистички настроени. Расистички настроени се оние кои ги злоупотребуваат во своите дневнополитички цели. Бог е Отец, а Црквата Мајка за сите оние на кои им требаат овие Родители. Во Црквата има место за сите без разлика на боја на кожа, потекло, имотна состојба, племе, народ, па дури и за оние кои прават големи гревови. Сите не` сака Христос и сите ние сме Христови. Според моето скромно мислење најголемиот грев на човештвото е што Христијанството го поистоветува со десничарската идеологија, а уште поголем што левичарите забораваат дека нивниот корен е Христијанството и ништо друго.
@Orthophill сакаш да кажеш дека е океј мешање на гени меѓу припадник на црна и бела раса? Не ми изгледа баш убедливо дека е така.
Веќе одговори @DAngel , ама ќе се надополнам. Во Стариот Завет, било забрането мешањето на народите поради тоа што другите народи имале свои лажни богови, а жените не се откажувале лесно од почитувањето на истите. Такви грешки направиле: царот Соломон кој женејќи се со другоплеменки дозволил да се изградат жртвеници на другите лажни богови, причина поради која Бог одзеде од неговото царство десет племиња и царството се дели на две држави Израил и Јудеја. Претходно го имаме примерот со Рахила, која бегајќи од домот на татка си заедно со мажа си Јакова, со себе ги зема и идолите. Бог ја казнува така што умира раѓајќи го својот втор син Венијамин. И Ахав женејќи се со другоплемената Језавеља се откажа од служењето на Бога и изгради жртвеници на Ваал... Поради тие причини новозаветната Црква дозволува брак помеѓу било кои двајца припадници на различен пол, но на иста вера. @Bitter-Sweet во ред е мешање на било кои гени. Нема тука ништо лошо, пак ќе ти повторам: Сите сме Христови, без разлика какви гени и какви клетки имаме. Редактирано: Сите имаме исти гени, од дедо Адам и баба Ева, или понови од дедо Ное...
Немам коментар искрено за ова овдека што го читам. Млади луѓе со вакви ставови. Ќе ви посакам пак сè најдобро и тоа од срце го мислам.
@Bitter-Sweetја познавам Библијата до толку дека расистички догми нема. Те демантираа одма, како што и очекував. Љубовта била најголема сила што победува сѐ, така кјут ствари пишуваш во сдк. Ама љубовта само меѓу маж и жена белци, христијани, море и православни најбоље... Оти „племиња“ не е океј да се мешаат, во 2018 еј!
Каква врска има религијата со темава? Што е тоа мешање религии и политики ? За себе незнам да кажам, возрасна сум, одмна поминало време за врски па за црнци да не зборам Ако децата ми донесат дома со друга боја на кожа, нема да имам ништо против. Што си одбрале-тоа, од мене ќе имаат потполна поддршка. Има примери каде убаво функционираат мешани бракови (се мисли на боја на кожа), а има и поинакви примери. Крај краева - ако си човек, каква и да ти е бојата на кожата - СИ човек.
@Orthophill кажа негов став, не ме демантира. Пишувам за убави нешта и за љубов, да, затоа што секојдневието ми е исполнето со љубов и уживам во тоа.
Па некои луѓе го засноваат своето верување за тоа дека не треба човек да се меша со човек кој има различна боја на некои наводни тврдења на Господ, што не е вистина. Во контекст е со темата.
Те демантира, исто како и Ејнџел. Те демантираа во тоа што ти се обиде твојот став да го оправдаш со религијата, а во тоа нема точна основа. Еднаш барем признај дека не си во право и во врска со религија!
Ете ти кажав личен пример, присуствував на венчавката во Канео. Сигурно попот што ги венча ја познава Библијата. И не е само тој пример, нели ја виде сликата со црнец свештеник погоре? За какви извори зборуваш, ти можеш секако да ја толкуваш Библијата, и да ги оправдуваш расистичките гледишта.
Не си во право Библијата може да ти забрани да бидеш со некого заради негов избор (на пример религијата, пороците и што и да е), ама не може да ти забрани да бидеш во брак со некој кој немал избор. Па и него го создал Бог и тебе. Како ќе биде, го создал таков за да не можеш да бидеш со него? Нема смисла никаква. Расист си, џабе си бараш оправдувања.