Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со некој од друга раса

Дискусија во 'Врски' започната од Bezpomosna, 20 декември 2015.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Bitter-Sweet, те поздрави дечкото од лево.
    360_black_pope_1215.jpg
    Или дека католик па не се признава?

    И да, мислењата ти трујат на расизам. Штом мислењето за некого ќе го базираш чисто на бојата на неговата кожа, расист си, сака да си го призаеш ти тоа или не.

    Не, не, ич не ти е расистичко мислењево. Хитлер би би бил особено горд што скоро 70 години подоцна некој уште се залага за неговите идеали.
     
    На Gosh, honest girl, Bender Rodriguez и 26 други им се допаѓа ова.
  2. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    А баш се чекаше кога и во оваа тема ќе се вмеша религија.
    Да му е криво на човек вакви моменти што преспал :rofl:

    Поп ќе венча било кои двајца, сè дури двајцата се покрстени по православен начин, без разлика на нивна националност, боја на кожа и слични тривијалности, ете баш и личен пример некоја членка погоре ви кажала.
    Не дека треба да ве боли многу што поп мисли за сето тоа јер од нив нема поголеми безбожници.
    Луѓе, свестете се. Сакајте си го Бога (ако сте верници), а сакајте се меѓусебно. Престанете сегде отров да плукате и омраза да ширите, а кога веќе тоа го правите, не правете го тоа лажно во името на оној горе бидејќи тој фанатизам и омраза не сака - тој е љубов.

    Напишано од православна христијанка која си го сака Бога, и нема ништо против ниедна "врста" на човек. Ако сака некој да ми се инаети, come at me, имам бар аргументи без слепа омраза :)
     
    На Capricorn96, Gosh, Rama и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.023
    Пол:
    Женски
    Против расизам во секаков поглед. Имам две ќерки, а на темава не сум размислувала, од едноставна причина што моите ставови за ова, беа изградени уште пред да родам. Не сум се сменила во поглед на тоа. Да, се сменив, но за сосема други работи, кои не засегнуваат предрасуди, дискриминација, расизам.

    Среќата на моите деца е пред се. И никогаш, никогаш нема да си дозволам да застанам на патот на нивната среќа поради боја на кожата. Ќе бидам против, само ако човекот не е човек. А тоа нема врска со бојата на кожата.
     
    На Gosh, Bender Rodriguez, Asistentkа и 21 други им се допаѓа ова.
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Напуштете ги овие хард-кор ставови кои наликуваат на ставови на една секта (без навреда ама на тоа ми личи мене ова).
    Треба да знаете дека дружбата а и мешањето со луѓе кои имаат друга боја на кожа може само да ви ја збогати душата и ништо повеќе.

    Оставете вие црн хумор на страна, ова е сериозно, немојте вакви ставови на овие години. Светот се состои од претерано злобни луѓе и тоа не го негирам и ама има исто така и што да понуди.
     
    На Gosh, Asistentkа, Indiegurl и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    29.027
    Пол:
    Женски
    Знаете што не ми е јасно? Никој од луѓето што се против мешани бракови не објасни зошто е против (освен Битер, за која се покажа дека не е во право).

    @baba Rada @elimkd
    Првата целото свое бидување на форумов го темели на мудрост што се стекнува со стареење, па и во темава, а гледам дека тешко успева да даде образложение зошто смета дека црнецот лошо ќе влијае на нејзините деца.
    Втората едноставно е расист, не гледам друго објаснување.

    Патем, дали сте расисти или не, не одлучувате вие самите, туку тоа се заклучува по она што го кажувате и како се однесувате.
    На пример, ако некој на улица види мешан брак и направи израз на гадење, ќе заклучиме дека е расист.
    Ако некој на форум пишува дека ќе се мршти ако неговото дете донесе црнец, пак ќе заклучиме дека е расист.

    Друга интересна работа е што во другите теми сите почитуваме основни човечки вредности кај луѓето, ги цениме според ,,душата", а не бојата на кожата, физичкиот изглед или други работи кои не ги избрале самите, а во ваквите теми сосема спротивното го покажуваме.

    Да ви кажам како изгледа тоа недозволување црнец за зет?
    Јас не сакам моето дете да создаде семејство со некој кој има сини очи. Зошто? Едноставно не сакам моите гени да се мешаат со гените на некој кој има сини очи. Сакам да земе некој од моето јато. :D ...што подразбира луѓе со стриктно кафеави очи.
    Некој може да ми пријде и да ми каже, чекај, ова нема никаква смисла, што има врска бојата на очите, ептен е небитна...

    И ќе биде во право. Е сега, вие што не прифаќате брак со црнец, ако случајно вашето дете има сини очи и сака да се ожени со моето, нема да дозволам и вашето дете ќе мора да страда поради моите бесмислени каприци. Штета.
     
    На Gosh, Bender Rodriguez, Asistentkа и 19 други им се допаѓа ова.
  6. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    19.670
    Пол:
    Женски
    Добро, а толку ли не сфативте дека во нашата чудесна Македонија е сè уште 19 век? Јас навистина не можам да разберам како тоа бојата на кожа, или пак, религиската припадност некому спречува да биде среќен? Поточно да, јас заборавив дека ние, белите, православни христијани сме супериорни.
    Леле, со црнец иде, а сестра и со муслиман! Oh, what a shame...
    До кога бе вака?
     
    На Gosh, Luminary, Indiegurl и 13 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Лела душо, НИКАДЕ не напишав дека црнецот лошо ќе влијаел на моите деца, тоа ти е тешка измишљотина.....осудувај колку сакаш, но почитувај ја мојата желба која ја имам и која би сакала нели нормално децата да ми ја испочитуваат(без присила, и тоа веќе го реков еднаш)...верувај дека неможам да замислам да држам внуче црно со пуцвал коса или пак да гледам снаа да ме служи исто таква ..АКО ти е поубаво викај ме расист, мојата желба да немам такво нешто у фамилија не ќе да ја смениш.
     
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.023
    Пол:
    Женски
    Леле бабе. Па зарем помалце ќе го сакаш?
     
    На DamnGirl98, Gosh, Bender Rodriguez и 18 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.662
    Допаѓања:
    167.911
    Пол:
    Женски
    Верници да не сакаат да се мешаат со друга вера - сфаќам. Навистина, сфаќам зошто, безразлика дали се согласувам. Ама ова со расата е ново. :^) и после мене луѓето расист ме мислат ради хуморот.
    На претходната страна или две поставив едно прашање и ќе го поставам пак:
    Дали ако некој поддржува и не дискриминира нешто, мора и да го прави за да се признае?
    Прашањето ми беше за она зошто не сме со црнец.
    Интересни ми се луѓе кои бараат да бидат слушнати и да не им се вади мислење од контекст кога го прават баш тоа. Или кога зборуваат за љубов и среќа, а во прва прилика ја негираат.
     
    На Gosh, Bender Rodriguez, Lianna Anna и 13 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Уф, ми текна на сцената од филмот "Лудиот професор" со Еди Марфи..хахаххахаа..па кога ќе ми дојдат на руч:rofl:ек сватовите...:rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:кај ми ојде умот:rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:


    Несакам, нема да го сакам и готово:tmi:
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    29.027
    Пол:
    Женски
    @baba Rada Жал ми е, ама расист си.
     
    На DamnGirl98, +++, Gosh и 18 други им се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Нека биде така ако ти така мислиш..мене не ми игра улога твоето мислење за мојот вкус:*
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.641
    Пол:
    Женски
    Државава ни е таква каква што е, жална и заостаната, сè уште на тоа ниво на развој - но реално, за жал, не е ни само во неразвиени земји. Светот оди напред, ама насекаде има такви луѓе што гордо, со чувство дека се посебни и морални - со сета сила се трудат да го вратат назад. Да не мешам многу политика, ама ја читам темата и ми текнува на бруката Трамп, на протестите за white supremacy во 21 век во една Америка, која пак баш иронично ни ја „плескаат“ во лице дека ни го пере мозокот во либерален правец. F**k logic...

    За првпат се согласувам во нешто со Ортофил, ама како што рече дека религијата не треба да се поистоветува со десничарската идеологија - така уште повеќе ниту десничарите не треба да ја користат истата во одбрана на своите контроверзни ставови. Срамно е и дегутантно.

    Веќе споменав дека единствен проблем во ваква врска може да прават токму луѓето и околината - ете токму комшии како овие тука што се лупаат во гради со своите дискриминации а.к.а морал во нивниот речник се таа пречка, па личности со послаб карактер потпаѓаат под влијанието на тоа што ќе речат комшиите и така продолжува тој магичен круг.

    Баба Рада... аман (facepalm)
    Прво, чисто тривијален факт од основна биологија и генетика - гламја ( :headbang: ) црно внуче секако не може да држиш, туку мелез. Ако за сопствено внуче ти би гледала на вкус и би ти влијаело изглед и боја на кожа на тоа како ќе го третираш... немам зборови веќе како да те искоментирам.
     
    На Gosh, Indiegurl, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Ние во Македонија се запрепастуваме на помислата детето да ни оди со црнец додека Кралица Елизабета се спрема пролетва да пречека црна снаа во семејството... И после не сме биле затуцани, не сме биле назадни со сваќањата. Не бе, ич не сме |(
     
    На Bender Rodriguez, Indiegurl, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  15. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    19.670
    Пол:
    Женски
    Јас го делев истото мислење со “супериорниве”, сè додека не запознав некој што припаѓа на друга религија и да, подобар другар е од сите Православни Христијани што ги знам (со голема, зашто “супериорни”). Сега дури сфатив колку сум била конзервативна, мислејќи дека секој што е поразличен од нас не е добар, ама сум била во заблуда. Ниту бојата на кожа, ниту религијата, ниту националната припадност не можат да направат некого помалку или повеќе вреден.
    We may have different religions, different languages, different colored skin, but we all belong to one human race.
     
    На Luminary, CameliaMiller, sjdgo и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Јас па имам сретнато многу бели (наши) што се враќаат со црнчиња бебчиња. Ова не би го нарекла љубов, туку пусти мераклики.
    Која од брод на работа, која така ете од прошетка.
    Инаку мој одговор секако да не бегам од тема, против. Не мора образложение.
     
    На carangigia и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Е такава сум, шо да праа:$8-|
     
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    КОја ќе и биде снаа на Елизабетка???
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ама тоа не е личен став или мислење, едноставно... расисти сте.
    Какви глупости на темава...
     
    На Gosh, Bender Rodriguez, Asistentkа и 15 други им се допаѓа ова.
  20. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Јас пред три години бев како стипендист еден месец во една држава, која не е важно. Инаку мојата струка не е поврзана ниту со наука ниту со теологија, со нешто друго е поврзана. И за тој месец седев на иста клупа со Кинези, Индијци, Полјаци а имаше исто така и еден човек од Бејнин. Бејнин инаку е држава во Африка. Детето беше црнец и беше католик ама беше многу надарено дете. Зборуваше два европски јазици иако условите за образование му биле катастрофални во неговата земја а сега гледам и некои слики од него како работи таму во неговата земја во примитивни услови и подучува деца.
    И морам да ви кажам дека тоа беше најубавиот период во мојот живот кој засекогаш ќе ми остане врежан во меморијата зошто беше интересно и убаво тоа запознавање со различни култури и народи. И поради тоа јас секогаш ќе бидам строг противник на вакви ставови кои се вкосуваат на еден начин со расизам.

    И искрено ако имате можност аплицирајте вие што студирате за стипендија, одете видете луѓето како размислуваат на Западот, стекнете нови пријатели зошто ќе станете верувајте побогати. А истово важи и ако станува збор за брак со лице кое има друга боја.
    Макар било тоа и на еден месец, верувајте нема никогаш да зажалите.

    Јас сум горд на тоа мое минато.

    А и луѓето со вакви закоравени размислувања не ги обвинувам. Искрено најмногу е виновна состојбата во државава и пред сè политичарите кои според мене се најголеми виновници за тоа што сме стигнати до ова дереџе. Затоа и ја мразам оваа држава и не се чувствувам посебно патриотски приврзан кон неа.
    Оваа држава искрено се стреми кон тоа сè повеќе и повеќе да го затвори ова општество, на некои луѓе кои се на врвот им одговара оваа состојба зошто тие можат да крадат а за тоа некој што ќе стане сиромашен и на материјален и на духовен план не им е гајлe, нели зошто тие имаат сè а обичниот смртник тука мизерува на секој можен план.

    Еве зошто ја мразам оваа држава и ми е извинете вака на мојот француски ама крајно мизерна држава на секој план. Еве го сменив ова. :)

    Така да, не се плашете, можете само да се збогатите на секој план и да ви се отворат погледите кон светот пошироко. :)


    Се мислев дали да го пишам ова, али ајде, ете мое искуство.
     
    Последна измена: 12 јануари 2018
    На Gosh, Asistentkа, Indiegurl и 11 други им се допаѓа ова.