Верувала или не, живеев со црнци, јадев со црнци, работев со црнци, се дружев со црнци... и до ден денес исто комуницирам и најдобриот другар во животот што сум го имала е црнец. Само на Балканов некој може да има до толку магла пред очи и да не сфаќа дека нема ништо необично и ненормално во дружба, врска, брак со различни раси, нации, религии. Ништо не ти е извитоперено. Од тоа дали би пристапиле на црнец да зборуваме со него (да, а зошто не би?) до ултимејт глупото прашање зошто немаме црнци за дечковци... како на пример зашто се толку малку што ни во статистика не влагаат? Ако си видела ти некој турист низ Охрид да се шета е една работа, колку различни РАСИ живеат во Македонија? Би искористила и навредливи зборови за да кажам што уствари мислам, зошто на културен начин ми е ептен тешко да се изразам на вакви теми.
Бабе, внучето не се сака ради бојата на кожата и неговиот физички изглед? Тоа е дете на твоето дете. Може да биде и на белец, а пак да има пуцвал коса. Еве, ќерка ми има. Баба и ја сака повеќе од се на светот. Тука, би го вметнала и примерот на Лела, со плавите очи. Исто е. Не сум баба, ама гледам бабите на моите деца на што се се подготвени за нив. Не си се нашла во таа ситуација, затоа не верувам дека не би го сакала своето внуче ради бојата на кожата. Едноставно не можам да верувам во тоа. Ако си баба, знаеш што значи и колку значи таа љубов. Како баба, ќе го прифатиш со сите негови маани и недостатоци. Исто, како и една мајка што го прифаќа своето дете.
Аа, не вака Нели знаеш ти дека западот е крив за ова? Небитно што баш Америка (о тој злобен Запад што умови либерални пере) врие од расни тензии, особено последнава година по изборот на гасеницана Трамп, сепак западот е крив. Плус, што правиме после ако некоја се врати со црно дете, ете, комшии ќе речат не е од љубов, мераклика е. (се зезам за ова, да не ме сфатиш погрешно, инаку скроз се согласувам со тебе)
Тебе те читам и по другиве теми. Секогаш зборуваш за мераклики и слично. Ти па од кај знаеш што им се случило? Едно од работите може да биде силување. Дали ти беше таму со нив за така да обвинуваш? Утре и ти деца ќе имаш. Не плукај по тоа што може да ти се случи.
Па да сфатеше немаше да бидеш. Топ си срц. Кога ќе сретнам некои од вас по други теми за љубов, почит, разбирање, како најпросветлени сте, ми се гади по малце. Јадете, некогаш можеби ќе постигнете до тоа, сега далеку сте.
Не е муабетот дали си ме забележала или не. Тоа ич не ми е гајле. На тие 5 им светеше? Осудуваш без да знаеш.
Јас не знам. Не бев таму. Затоа не тврдам за мераклики. Како во случајов ти. Самите си го деградирате женскиот род.
Познат пар од youtube. Бебето си го сакаат двете баби/дедовци подеднакво. Таткото бел со плави очи, мајката црнка манекенка. Семејствата од двете страни се во супер односи, а младите сега чекаат втора принова, уште една ќеркичка. Вакво нешто кај нас НИКОГАШ нема да биде можно, зашто сме заостанати да не претерам ама околу 500 години во минатото. Еве уште еден пар, исто имаат канал на youtube... тој со коси очи, а таа белка... Лелееле кој грев го направиле...Па дури и дечиња имаат Страшно, Бог ќе ги казни.