Сама кажуваш дека си РАСИСТ. Знаеш што е расист? Не сакаш, мразиш, те нервираат, не можеш да ги поднесеш луѓе од други раси. Тоа ако не е омраза, што е? Јавно и индиректно ги понижуваш луѓето од други раси.
Комуникативни, лични, со заразна насмевка, кул, шармантни, се само неколку од карактеристиките што ги поседуваат црнците, и тие што ги имам видено а и онака од телевизија. Ете, да не бев среќно омажена пре би имала нешто со таков човек кој ќе ти го разубави животот а не со некој типичен претставник на Македонијава. Ние нив не ги стигаме, во ништо, а не па да гледаме вака ниско на нив. Ќе ја сакам комшиката која ме оговара, која ми суди и ми се меша ама зошто е бела. Ммм, јес.
Не мислиш ли веќе дека стана досадна темава и далеку од прашањето..ајде те молам олабави ме....премногу е банално да ви се одговара.
Кои други? Забрането е објавување на приватни фотографии на форумот. Ти ако немаш осет за нечија приватност, постојат луѓе кои имаат.
Во Мк и општо на Балканот колку црнци има за примери да даде некој? Имаме повеќето лични примери, приватни слики не ставаме нормално, ама еве од Ноне со дечкото една и баш среќни изгледаат.
Немам коментар на се што прочитав . Се ви смета. И други раси, и други нации, и други религии... Само македонците се најјаки и од Бога пратени. Нема мешање на тие свети гени. Излезете малку од дупкава и видете какви се различни луѓе може да запознаете и колку може да научите од нив, па после пишувајте.
А бе јас реков, кажете што е тоа што ви смета во луѓето со друга боја на кожа, за да стане се појасно.
Да де, Ноне на брод, тоа што го кажав погоре. Нека се венчаат де. Тогаш ќе речам ок е. Се надевам нема сама со дете да се врати како мнозинство.
Јас веќе споменав, не се виновни луѓето за ова тука, виновна е најмногу државава и никој друг. Нашава катастрофална држава.
И јас мислам дека стана досадна темава, зашто некои не знаат да дискутираат. Ти прва ме цитираш и ми викаш ако сакам да се разведам пет пат и да се мажам со мажи од други раси и сега викаш да те олабавам. Пази како се однесуваш, па така и други ќе се однесуваат со тебе.
Ова. Totally! Инаку јас како преголем оптимист и личност со бујна фантазија, би рекла дека се надевам еден сончев ден фамозново ултрадесничарско групиче ќе ни каже дека ништо од ова не го мислат и цело време уствари нѐ тролале како дел од социјален експеримент. Нема, а? Не ми се верува со какви сѐ го делам воздухов и државава.
Да де. Пошто ако се врати со дете, значи дека е мераклика. Сопствениот аргумент против тебе. Не ги знаеш другите, а се осмелуваш да кажуваш. Ама кога се работи за тебе, не се важи. Оти не те познаваме. Судиме само по твоите писанија.
Имаше слика со прстен, така што може и верени се. Што е разликата ако е на брод? Гледам слики и со негово семејство и со нејзино, значи не е мераклика, а тој не ја "користи" за дете да и направи и да ја остави. А што ако беше со белец не може истото да се случи? И ете може и сакаат да имаат дете, а да не се венчани, замисли и такви луѓе има. Не ми се верува што објаснувам.
Го побарав линкот и го едитирав во моето мислење за секој случај. Ако сака членката нека прочита. :3 Искрено сум slightly annoyed кога по 10 страни треба да се навраќаш на нешто зошто некој решил да го игнорира. Како и д е, човекот е среќен со своето семејство и секој треба да си ја избери среќата како него.
Јас никаде не реков дека сум расист. Реков дека гледам наши жени по улица со црни бебчиња, ги немало некој период како нашава Ноне и ете се вратиле со бебе самохрани мајки. А ти што рече дали ја им светам дали биле силувани или слично, реков да е еден случај ок,ама не е еден.
Ноне живее со дечкото, а ништо чудно и веќе да се во брак. Не и е авантура пролазна. Лани во зграда имав комшии - мажот црнец, жената наша. Имаа и дете. И не се единствени барем во Скопје. Во другите градови се можеби поретки или дури ги нема ваквите појави, но тоа не значи дека воопшто не постојат ако некој не ги видел со свои очи. Што стана со фразите дека љубовта не познава граници?! Испари ко вода од асфалт во лето.