Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со некој од друга раса

Дискусија во 'Врски' започната од Bezpomosna, 20 декември 2015.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Велите да почитуваме ваш личен избор ама викате дека не ги сакате ни во фамилија. Немојте да кажете дека дека е ваш личен избор и ако утре му забраните на детето да донесесе црна снаа или зет во фамилија. И не, тоа не ве прави подобри родители.
    А всушност и мојот пост кој ја активира темава беше во врска со родители кои наводно се однесувале заштитнички кон своите деца, без да сфатат дека само им ја попречуваат среќата.
    @ane.bella мило ми е за тебе, нека ти е живо и здраво бебчето, и воопшто не треба да те засегаат туѓите дофрлувања кон тебе или па и твоето дете што ќе било „гламја"|( како што рече некој претходно.
     
    На piglet1, kravce, Bender Rodriguez и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    За еден црнец се испокаравте а дали црнец сте виделе во животот.
     
    На piglet1, kravce, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ново оправдување за расизмот или? Ете јас сум видела црнец, и познавам пар каде што наш е оженет со жена од Тајланд.
     
    На Feminka22, Someonespecial и +++ им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    267.606
    И уште чекам објаснување зошто не црнец.
    Научно ли, религиозно ли, сеедно какво.
     
    На piglet1, kravce, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Шо ќе им е наука, религија...Родители се нели, за сѐ подобро знаат, дури и подобри расисти се, ние другите само изигруваме либерали.
     
    На piglet1, Gosh, Joi и 10 други им се допаѓа ова.
  6. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067
    Веќе ти дадов објаснување. Општество кое живее убедено во закоравените сфаќања и стереотипи, во држава каде најголемото достигнување е „браат, свирам на сајзер“ како и „ја на твои години кога бев во ЈНА го делев Јадранско Море на пола со мајагери“ не можеш ништо повеќе да очекуваш.

    Ако се отворат границите верувам дека ова ќе се смени.

    Секоја чест на исклучоците, нормално.
     
    На piglet1, Gosh, sorbet и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Ако си либерал не треба да се трудиш да наметнуваш свои мислења туку треба да почитуваш.
    Моја причина што не сакам да се мешам со други раси е тоа што сакам моето потомство да биде иста раса како што сум јас. А моја сестра, брат, сосед со кој сакаат нека ствараат потомство. Ќе се трудам моите деца да го делат истото мислење со мене. Научете еднаш што значи расист, не ставам ничиј живот во опасност тука, туку само одлучувам за себе што ми е најдобро.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Пола од тие што викаат дека не сакаат црнци во фамилија, виделе црнец само во Грција на плажа.

    Бојата на кожата не покажува каков човек е тој. Баш вие што викате дека не сакате црнци во фамилијата, по некоја случајност сте можеле да бидете црнци. Подобро црнец отколку некој пијаница, дилер или насилник. Се додека некој моето дете го чува и почитува, толку ќе биде почитуван и од мене.

    Сум живеела во странство, сум учела со црнци, кинези и муслимани, никој со никој не се деле. Тоа е 21 век, ова овде не.
     
    На sparklie, piglet1, kikikikirika и 14 други им се допаѓа ова.
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.423
    Допаѓања:
    38.405
    Пол:
    Женски
    Прво објаснување зошто гените, нашите супериорни гени, ќе се мешале со гени од други раси. Ова ми е тажно.
    (Btw ние чекаме внуче од снаата Кинезинка, ако е ко мајка му најубаво на свет ќе е. :inlove:)
    Друго, зошто црнците не ги гледале жените заљубено ко белците :^), ги затруднувале, па децата црни гламна, пуцвали и што уште не, а мајките самохрани. Ова уште потажно.
    Заклучок од претходните мислења, друго објаснување не прочитав.
     
    На piglet1, kravce, Gosh и 12 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    267.606
    Ти можеш да знаеш и да одлучуваш која жена е најдобра за тебе.
    Но не можеш да знаеш и да одлучуваш кој е најдобар за твоето дете.

    Има опасност, со самото тоа што другите раси ги доживуваш како инфериорни на твојата. Читни малце за апартхејд, уката не боли, ветувам.

    Хехехе.
    А знаеш зошто не би била?

    Моја блиска другарка, Србинка, е мажена со црнец. Кој пак го крстија во СПЦ и во Србија се венчаа во црква. Имаат најубави деца што очиве мои ги виделе.

    Изгледа МПЦ и СПЦ се сосема океј со православни црнци, не знам Битер и другарките во која црква одат.
     
    Последна измена: 12 јануари 2018
    На piglet1, Gosh, Asistentkа и 12 други им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сте се научиле за се што не ви одговара во животот, а немате релевантно оправдание за тоа да кажете: „Па не е во склоп со мојата вера.“
    Малку сте ги промашиле сите вредности кои христијанството ги промовира. Каде е тоа, само господ може да суди? Дека секој човек, без разлика дали е маж или жена е слика на господ и е еднаков пред него?

    До кога ќе ја користете верата за да дискриминирате некого? Да ставите прст на глава и да се запрашате дали вие сте навистина верници или само така се залажувате за да се утешите.

    Освен баба Рада што кажа дека не сакала црнец дека внучето немало да и биде убаво, јас друг не прочитав да каже причина вистинска зошто му сметаат.

    Нема да бидам со некој само ако верувањата/карактерите не ни се поклопуваат, се друго е ирелевантно.
    Да имам човек кој ќе биде покрај мене, ќе ме сака и почитува, ќе ми одговара карактерно верувајте нема ни да имам време да размислам дали сакам да бидам со него бидејќи е црнец. А тоа е така бидејќи гледам на други вредности а не меланинот во кожата.
    А белци колку имало во животов што ме повредиле на еден или друг начин, без разлика дали на љубовен или пријателски план не се бројат на прсти. Ако сопствена крв е способна да ме отфрли од семејството бидејќи сакам некој кој е поинаков од нив, јас сама ќе си отидам. Такви луѓе не ми требаат во животот. А искрена и чиста љубов (мајчинска/татковска/whatever) не гледа на тоа.

    И запамтете дека во животов ништо не е предвидливо, и не знаете што ќе ве снајде за еден саат, а не па за месец или година. Обично работите за кои викаме дека никогаш нема да ги направиме, не само што ги правиме туку и оправдуваме.
     
    На sparklie, piglet1, kravce и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.641
    Пол:
    Женски
    *Не очекувам да ме разбереш, те цитирам во врска со сите вакви мислења да имате у предвид...
    Право на избор секој има само и исклучиво за себеси.
    Секој има право физички да не му е по вкус и привлечна како за партнер од тој аспект некоја раса. И во овој случај пак не е нормално да користиш зборови како гламји, ќумур и слично - тоа Е тежок расизам и навреда... Јас реков дека знам мешано семејство, девојчето-мелез што ми е врсничка и ми беше соученичка најмизерните bullies (на 12-13 години) ја нарекуваа со вакви зборови. Е толку сте зрели, чисто да знаете. (facepalm)
    Апсолутно на никој друг немате право да се мешате, да осудувате и да се трескате од земја за нечиј избор, па макар и да ви е родено дете. И изразување расистички ставови не спаѓа во слобода на говор и во право на мислење, не за џабе во правила на сите форуми и социјални мрежи се забранети. Крај на приказната.
     
    На Gosh, Asistentkа, Lianna Anna и 8 други им се допаѓа ова.
  13. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Не цитирам, половина викаат дека црнец во фамилија јок.
    Утре ако ќерка ви ви донесе црнец, а син ви црнќиња што ќе направете?
    - Не синко, враќај ја не може. Мајка ќе ти најде бела тебе, има да ја сакаш!! Со стројници со све. (facepalm)

    До утре можете да зборувате колку сакате, сигурно нема да си го избркате детето од дома. И за крај, подобро ќе ви е црнец кој вистински ќе го сака вашето дете, или белец пијаница некој што ќе го малтретира на пример?? Ама нели белец деее:wasntme::lol:
     
    На Lianna Anna, CameliaMiller и Feminka22 им се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.064
    Допаѓања:
    55.592
    Пол:
    Женски
    Не за џабе се рекло: "Господ не' поделил на мажи и жени, сите други поделби ги правиме ние" Читате верници? Бидејќи и јас сум верник, и не само должност што ми е, совеста не ми дава да потценувам луѓе од други раси, религии и сл.
    А, исто така јас ги делам луѓето на добри и лоши. Нема други поделби, освен ако не си направиш. :)
     
    На Asistentkа, Lianna Anna, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Епа дали прочита јас што пишав? Јас пишав за себе, реков брат, сестра, сосед или кој друг било со кој сака нека ствара семејство, не е мој проблем. А вие почнавте да мешате моја политичка определба, што не е ваша работа. Го пикате носот секаде а после зборувате за правила и дискриминација. (facepalm) Нема дискусија вие да не спомнете нешто што нема врска со темата само интересни да бидете.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    Многу побожни ние Македонците. Нема тема на форумот, а да не е спомната религијата. А прашање е колку се верници овие што спомнуваат вера.
     
    На Gosh и jovana03 им се допаѓа ова.
  17. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.067

    Гарант ако видат поп кој е црнец ќе испратат дивизија „Тодор Александров“ да ја кренат во воздух црквата, јер обично тие луѓе доаѓаат од овие средини, не сите, нормално.

    Таа сликата што ја поставив којзнае колку ја мразат.
     
    На Lianna Anna, Someonespecial и forumce им се допаѓа ова.
  18. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Ај за религијата, туку нема тема која што не е испревртена од контекст на насловот.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    267.606
    А исто така кажа и дека ќе се обидеш да му ги наметнеш своите ставови на своето дете.

    Ако јас кажам: јас и мажот сме атеисти, и сакам да ми остане фамилијата атеистичка, нејќам рисјан да имам во фамилија и ќе се трудам моето дете да мисли исто како мене, ако сака христијанка за жена ќе бидам ептен повредена, кај ќе ја гледам снаата со крст на врат, па уште деца ќе крштева и уши ќе им дупи, може ќе го тера синот и пост да држи...

    Ова е РЕТАРДИРАНО да се напише и да се мисли. Ако не сфаќаш, до тебе е.
     
    На Gosh, Lianna Anna, Joi и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Па токму така. Мое дете е тоест ќе биде. Нема другите да ми го хранат и облекуваат па да не го подучувам јас како треба и што треба. За тебе и твоите деца, соседи, роднини ти одлучувај не ме интересира, мојот живот не е ваша работа. И за мене многу работи што се во мода денес се ретардирани па си молчам.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.