Знаеш што? Знам дека си дете. Оди учи. Само така ќе успееш да сфатиш смисла на тоа што ти се кажува. Затоа што твојот одговор нема благе везе со тоа што го напишав. Почитувам туѓо мислење - кога соговорникот знае да го аргументира. Ти не знаеш. Ама потруди се, еве, читна ли за апартхејд? Знаеш ли што е тоа?
Да можам да го вратам времето не би учел школо кога гледам какви психопати произведува нашето образование. Дали ќе учам е моја работа. Ја сфаќам јас твојата смисла туку ти треба да сфатиш дека не сакам да бидам како вас и имам поразлично мислење. Сигурно очекуваш да речам да во право си. Да знам што е апартхејд и што сакаш да ми кажеш со тоа?
??? Да произведуваше нашево образование психопати досега Македонија ќе беше именувана во Република Сериски Убиец. Не е најсовршено образованието во Македонија, но далеку е од ова.
А мислиш дека во остатокот од Европа подобро е? За нијанса само во некои работи. Еве види ги твоите политичари македонци, види што произвело образованието тука. Да не одиме надвор од темата.
Каква расправа, леле. Мислите вашето дете ако сака да биде со црнец, вас ќе ве праша? Хм, ја мислам не. Ај не идете со глава во ѕид, ако не сакате црнец -добро, бирајте по своја волја, ама ако вашето дете сака тогаш ќе молчите. Ако сте го одгледале не сте му ставиле синџири, а ако еден ден вашето мило, воспитано, послушно дете не биде со личноста што ја сака само затоа што мамичка така кажала, тогаш засрамете се од вашите воспитни методи. Црнец бил, па што, ај сега робовладетелски опсштества да враќаме ако не. Човек ко човек. Кој би верувал дека ваква дискусија се води во еден високоразвиен, модерен свет. Oh well.
И тоа дете сепак иако е твое, не е твоја сопственост. Колку и да се правдате демек сте родители или да почитуваме личен избор а го наметнувате и врз децата, расисти сте...
Имам снашка црнкиња замислите исто како нас е има две раце, две нозе, нос, уста... Не можев да поверував дека е иста како мене Само по боја на кожа се разликуваме. Немам предрасуди на кој како му одговара така нека прави. Тоа што не го сакате може да ви се одбие од глава.
Пиши што сакаш што се стегаш не знам нели демократија сме? Ако сакаш да знаеш не се работи за залутан турист туку на факултетот Апостоли Павле запишани се во громен број Не би била никогаш со црнец и што сега толку фама и убедување?
Ја би со црнец, децата бонбони ќе ми испаднат, моите деца слободно можат со кој сакаат да се земаат, един услов е само да не се ретардирани заебани дегени. Ајт.
Јас НИКАКО брак со црнец. Не дека сум расист некој, но ете не ми се допаѓаат, не ме привлекуваат воопшто. Ни црнците , ни кинези, ни малезијци , ни па портокалови холанѓани и бледи бледи швеѓани. А убавки ми се децата од такви мешани раси . И циганчиња со плави очи кај нас кога ке видам многу ми се слатки.
И „циганчињата“ ти се убави. Ако, само тие се нарекуваат Роми. Искрено, некои работи луѓево треба да сфатат дека немаат врска со либерализмот или пак со некои политички определби туку со здрав разум. После „еј, ме нарекувате расист“. Кога ќе прочиташ од поединци зборови како на пример „гламја“, „ќутук“, „ќумбе“, или пак реченици од типот на „Бог забранил да се мешаат расите“ или пак на пример „и, што ако сме расисти“ не ти останува ништо друго освен да имаш добри причини да веруваш дека тие луѓе се расисти. Сами си го направија ова и сега Цацко им е крив.
Дали се циганчиња или Роми , мене ми се убави такви ! И тоа оти навредливо е употреба на зборот циганчиња излезе од скоро од кога почнаа такви да прават од се и сешто навреда и неправда само за да имаат што да лупетаат. Кога ја читавме Белото Циганче на никој не му сметаше нели ? И не претерувајте Ве молам, темава направена е урнебес, секој еден за збор сте го фаќале. Нејкат сите луге врски со црнци и што им можете? Па дури и да е од религиски причини или од било какви, негово право е .
Ама зашто ваков муабет втор пат у темава!? Каква врска има тоа со родителство објасни ми еве јас сум родител. .
Така е, негово право е. Ти можеш да не сакаш да бидеш со црнец, но твоето дете можеби ќе сака. Кога веќе ти ќе му се мешаш на детето бидејќи ти не сакаш црнци, веќе ја преминуваш линијата на слободен избор која толку ја спомнувате. Патем, секој кој не сака неговото дете да стапи во брак со црнец е расист. Зошто? Бидејќи расизмот е третирање луѓе од друга раса поразлично само врз основа на бојата на кожата. Дали вие ќе бевте океј со тоа вашето дете да стапи во брак со истиот човек ако имаше бела кожа? Секако. Не сакате да стапи во брак само бидејќи има црна кожа? Расисти сте.
Не постои расизам според религија. Ниедна религија (освен некои затуцани секти) не го поддржува расизмот. Расизмот е личен избор на искомплексирани луѓе што живеат со векови наназад (без разлика дали се белци, црни, жолти). Ако си верник треба да знаеш да ги сакаш сите луѓе, да даруваш љубов и да шириш другарства со сите нации, вери, раси, а не јавно да осудуваш. И НЕ значи дека со сите што се дружиш МОРА да ги земеш за сопружници. А не од една страна да кажуваш дека си верник по сите можни теми, а во друга прилика апла се кажуваш дека си расист т.е. ги мразиш луѓето од друга раса (или воопшто не ги сметаш за луѓе, туку за црни суштества).