Нека ме поправи @Joi ако грешам, но убедена сум дека тоа беше сарказам баш во склоп на тој муабет кој повлече дискусија.
Али обично ваквите луѓе имаат како пораки на нивниот профил дека Господ сака едноставно да ги сакаме сите луѓе, ама некако стереотипиве се kinda посилни од тоа што го кажал Бог. Упс.
@Lella жено што се изнапиша (смајли што се крсти) А бе кај виде ти дека јас на мое дете би му забранила да биде во брак со црнец? Кај виде дека мразам црнци жити се? Реков дека сексуално не ми се привлечни. Дај бе смирете се луге, да му е страв на човек да коментира. Нели либерали сте, ако сте толку либерални почитувајте и туго мислење. Ама не сте, ограничени сте. КОнзервативни до даске!!! само што за вас МОРА секој еден да сака да се ебе со било која раса и МОРА истата да му биде привлечна. Боже свашта еј, не ми се верува, ме направија расист дека не би се е*ела со црнец. Е па не се палам на такви црни и големи и што мо можете? Или противзаконско е да не се палам? Шо знам, да ве прашам... @+++ истиот одговор и за тебе ако се однесуваше на мојот статус. Да, ги сакам сите луге, голем верник сум ама не ме привлекуваат црнци.
Во Судан жена ти треба да ти дозволи да земеш втора жена. АМА ако не ти дозволи идеш таму на изгрејсонце на некој извор миеш лице и со чисти раце бараш од Алах да ти дозволи. На ова прашав- а ако и алах не ти дозволи? ? Аа не Алах се дозволува кога ќе побараш на тој извор Верувам ме сфати што сакам да кажам..
Нас не ни смета како ги нарекуваме луѓето со друга боја на кожа, националност, раса ватевр... нив може им смета "Не сум расист, ама..." да, расист си. За сите мераклики
Па не знам дали прочита нешто друго освен насловот во темава, ама се прави муабет за оние што не им дозволуваат на децата да стапат во брак со црнец. Ако не си од тие, чил. Никој не ти рече да имаш секс со црнец. Секако нема да почитувам нечие мислење ако е расистичко.
@Lela не те нападна, баш искоментира дека твоето е личен избор, а не расизам. Одма скокате, не ни дочитувате... Или пак не разбирате, не знам Оваа омразата кон луѓето од различна раса ми е толку бизарна, што се некои мрачни идеи ми излегуваа пред очи. Како можеш да мразиш некој за нешто со кое што е роден? Значи тој е "осуден" на омраза од тебе со самото негово постоење. Како би ти удоволил овој човек? Што може да направи? Да влезе во када со варакина за да се избели? Да мразиш некој само затоа што постои е бизарно, нема тука никаква логика. Кикирика, не се однесува на тебе ова, да си кажам, да не помислиш пак дека е за тебе
Кога некој меша пигмент и религија се гледа до каде ќе стигнеме.. Не покажувам со прст ама реално така си е.
@Lela не сум јас крива што избрзувате и во секој еден гледате расист. Нигде ништо не спомнав против ниедна раса. Со тоа покажувате колку сте ограничени уствари. Уште се крстам од вашиве коментари со тоа плусовите, што ме направивте расист зошто не се влажнам на црнци. Ете срцето и умот не ми се расистички ама Весна моја (така си ја викам) можеби е расистка.
@DAngel ова не е напаѓање? А што кажав јас? Не ме привлекуваат црнци, ни малезијци ни, луге со портокалова коса. Не реков дека ги мразам, не реков дека нејкам да ми бидат другари, не реков дека нема да сакам зет/снаа такви. Темата насловот е ВРСКА СО ЦРНЕЦ си влегов си искоментирав дека не ме привлекуваат и одма тројца рипнавте. Јаки либерали, неам зборови.
Јас не знам зошто мене цело време ме тагнуваш и ме спомнуваш али ако мислиш дека тоа се однесува на тебе тоа е твое. Јас се надоврзав само на коментарот на членката. Сега веројатно треба да искоментирам и јас „човек да не може да си каже сопствено мислење, по автоматизам ќе сметате дека јас сум ограничен“ ама нема. Ако не негуваш чувства кон нацизмот се радувам искрено.
Немам коментар :facepalm: Ти е хипотетички, ти. Кога ти би се мешала на детето, ти би била расист. Ама, има една изрека: "Кој си ја има мувата на капата..."
@+++ те тагнав затоа што имаше коментар за мојот статус, не вели дека не е за мојот друг таков на Фемина а на темава па ич неам сретнато. Не требало воопшто да мешате религии во темава . Но кога веке сте почнале ни еден вистински верник не е расист.
На крајот, видовме дека тие што се опишуваат себеси како open minded не почитуваат туѓи ставови, за разлика од ,,закоравените верници'' кои вистински покажаа толеранција кон оние кои имат различни мислења од нивното. Супер.
@DAngel не е хипотетички ако ме цитирала мене и болдирала, туку се однесува дирек на мене. И баш заради тоа што не сум таква и сум против таквите луге мене тоа ме навредува. И ај нека ја расчистат темава од оффтопици, не ми се коментира моето си го кажав. Тоа што некој избрза да ме обвинува дека на децата вака или така ке им праам без никаква основа доволно кажува. ПОздрав ‘'Либарали''
Не бе драга. Во ред е да имаш свој став макар и различен. ТВОЈ си е. Ама дека има врска Исус со нечива референтна вредност на пигмент -нема врска..
Види, мене воопшто не ми пречи ако не те привлекуваат црнци. Ако ти не планираш на твоето дете да му правиш проблеми ако засака црнец, моето мислење не се однесува на тебе. Не зборуваме моментално за луѓето кои (не) стапуваат во брак со црнци, туку оние кои би им се противеле на децата ако тие стапат во брак. Секој има право самиот да избере партнер според свои критериуми, така? Еден од тие критериуми секако е физички изглед. Ако тебе не те привлекуваат црнци и не сакаш да бидеш со нив, тоа е сосема во ред, твои се стандардите. Тоа не те прави расист. Но ако се мешаш во туѓи врски (како на пример врската на твоето дете со црнец), каде што твоите стандарди не треба воопшто да играат улога, тогаш тоа не е во ред и се работи за расизам. Битер, расизам, сексизам, национализам, хомофобија, не се ставови. Тие се чиста омраза, а никој не треба да почитува омраза, без разлика на која религија или политичка определба припаѓа.
Па да ти кажам искрено подобро би бил конзерва или сељак отколку да тврдам дека Бог забранувал мешање на раси. И тоа дури е подобро од ова.
Со оглед дека човек толку многу може да испреврти нешто што ќе чуе. . Да се запрашаме тие што запишувале дали правилно сфатиле..