Лела, јас не пишав дека ги мразам луѓето со друга боја на кожа. Не ми предизвикуваат одбивност, немам лошо мислење за нив. Ги сакам подеднакво како и сите, затоа што и се луѓе како и сите. Сум се нашла во друштво на црнци и баш фино сум се почувствувала. Јас пишав поназад дека со задоволство би се дружела со црнци, кинези итн но повеќе од другарство не. А расизам значи да не сакам ни со прст да ги чепнам.
Јас почитувам верници, иако не сум верник самиот, ама расистички изјави не можам да трпам. Обично не се вмешувам во расправии и ред други работи, многу ретко го правам тоа, претерано ретко, но овојпат бев шокиран. Жално е на тие години да има такво размислување, колку сакаш обраќај ѝ се со убаво за да не звучиш безобразно (иако го правиш тоа со најдобри намери), јас не можам да ја сфатам искрено, во било која црква да отиде кај било кое свештено лице ќе ѝ потврди дека православната црква не го поддржува тоа што таа го тврди зошто такво нешто нема ниту во Библијата.
Од тебе уште чекаме докази од Библијата дека Бог забранува брак помеѓу разни раси...Нели замина да бараш и да не просветлиш.
Што само пишувате оф топици не ми е јасно. Инаку секој си изнесува свој став, што пробувате со сила да смените нечие мислење. Ако некој не сака или не поддржува врска со црнец нема ништо лошо тука. И јас не би прифатила таква врска ниту би ја поддржала (ова и претходно го пишав ама ми го избришаа мислењето) а оф топици се разбира мора да стојат. Инаку тие либералните што ги бранат црнците, да немаат имаат некои фантазии со нив?
На Зимбабве Мое право е јас што ќе пишувам ако не ти одговара твој проблем, имаш две опции или не читај ме или ќе се цитираме
Баш ни е гајле како не дефинирате. Не може секој да глуми либералиста. Немој да бидете либералисти само позади тастатурите ајде на дело да ве видиме
Мене живо ме интересира, од кои причини не сакате вашето дете да е со црнец?! Освен бојата на кожата, имате друга причина?! Зошто да му ја браните на детето среќата и да се мешате во неговото право на избор?! Не разбирам, навистина.
А зошто да не се цитираме? Јас еве цел ден чекам да ми објасните зошто, пошто не пишувате на личен блог, ами на форум, нормално ќе бидете прашани. Исто моментот со зошто дечковците и мажите не ни се црни. Ај размисли зошто.
Не, расизам значи да ги третираш различно поради бојата на кожа. Не е важно дали расизмот произлегува од исперен мозок како мал, неонацизам или пак некое толкување на Библијата - сепак е расизам.
@Bitter-Sweet ти го почитувам твојот став да не се мешаш со црнец, само те молам пиши јавно дека по грешка си пишала дека Бог забранува мешање на раси, затоа што луѓево ќе помислат дека стварно така пишува во Библијата и ќ ја хејтаат непотребно.