Ako imate podetalni poznavanja od istoriskite tekovi ili od antropologija, kje znaete deka na Balkanov, vo drzhavata vo koja zhiveete, rasata ne e bash chista (i pokraj toa shto ne se raboti za prisustvo na negroidna rasa). I ima mnogu shto da se pishuva po toa prashanje, no nema da navleguvam, zatoa shto ne soodvetstvuva so kategorijata vo koja e smestena temava. Inaku jas ne bi izbrala crnec, ne mi se fizichki privlechni lugjeto od taa rasa, a na drug ne mozham da mu odreduvam, koj kako saka. Dodeka za temata imam chuvstvo deka e otvorena od dosada i vishok slobodno vreme , no i vo toa odluchiv da ne navleguvam.
Каде што живеам јас, иако преовладуваат белците, има доста други луѓе од други раси. Помнам, кога бев помала од некоја причина симпатични ми беа единствено црнците. И во една прилика и кажав на мама дека ќе има зет црнец. „Супер бе сине, само среќни и вљубени да сте па и јас да поживеам да дочекам зет’’ Затоа ти посакувам многу среќа и љубов со него. Можеби на твоите им е само чудно, но кога ќе те видат среќна ќе се навикнат. Јас не можам да најдам ниедна причина зошто ова би било погрешно. Ако станува збор за гените, веќе погоре е објаснето, што поизмешано тоа подобро.
Подржувам секаква врска и од различни вери , различни нации , истополовни врски ,од различни класи сиромашни -богати се додека постои голема љубов! Јас кажувам ДА на љубовта ! Колку повеке љубов толку помало место за омраза!
Во право си, и јас истото му го велев на мојте родители. Не знам колку поубаво да му ја објаснам ситуацијата, не знам кога и дали воопшто некогаш ќе ме разберат мојте.
Девојче, најбитно е дека е добар човек. А тоа што твоите родители им е срам зетот да им биде црн по кожа, е нивен проблем. Би требало да им е грижа дали те почитува и сака. Се повеќе е себичност. А што се однесува комшо шо ќе кажел, слободно нека си пукне . И поздрав до ,, античките Македонци ,, на форумов кои очигледно немаат поим од генетика и ,, немешање ,, на раси и нации ,миграции на народи и љубов.
Да бидам искрена, навистина се двоумев дали да ја отворам темава или не, се двоумев заради тоа што бев уплашена дека многу луѓе нема да ме поддржат. Не ја отворив темата од досада и од вишок време, навистина ми е тешко и со причина ја отворив темата. Ми требаше поддршка и мислење од другите, а не од вишок време да си прам приказни. Но ти благодарам на мислењето.
@Bezpomosna А како ќе им беше на твоите родители, кога отидовте во Америка, тебе сите да те гледаа попреку затоа што си Македонка? Да не можеше дечко да си фатиш или да имаш другарки затоа што си Македонка ? Убаво ќе им беше нивното чедо некој да го омаловажува заради надворешни карактеристики ? Јас сфаќам културен шок и така натака ама со некого да си една година и да размислуваш да раскинеш само поради бојата на кожата е крајно навредливо.На крај краева Америка е тоа, никој нема да ти се чуди и верувам не живееш за роднините што ќе кажат од Македонија.Од Македонија 90% имаат што да кажат и што те знаат и што не, самата си живеела овде знаеш како е , ама си отишла на поубаво и нема потреба да се оптеретуваш со големата ни Македонштина. Eве јас сум од мешан брак, татко ми е Влав, мајка ми е Македонка и што сум јас според вас што сте против мешање, џукела?Помалку вредам? На времето баба ми многу скокала и била против пошто мајка ми е Македонка, дури и цел живот на мајка ми се обидувала да и отежне, никогаш не ја засакала, сега дојде ред мајка ми да ја чува полу шлогирана, секој ден по 3 пати да и носи јадење, апчиња, да ја бања, облака, помага и баба ми и се извинува сега, ќути, и се заблагодарува, ама касно е сега да се исправат сите грешки. Братучедка ми е мажена за четвртина или шестина турчин така некако беше, нејзините беа против избега од дома на 17 години чекаше да наполни 18 да го земе и уште се во брак еве веќе 22 години, имаат две дечиња и нејзините се многу блиски со него,посебно брат и, секој ден се гледаат, се дружат. Јас сум против ограничени луѓе,башка што се ограничени па и други сакаат да ограничуваат.Може нема да ти е мерак детето да ти е со црнец, кинез, ама неговата среќа треба да ти е најважна, а не сопствената саможивост и себичност.Љубовта не познава ни граница, ни вера, ни пол,ни раса и тоа многубројни примери ни го докажуваат, сфаќам дека е тешко да се прифати, можеби и мене нешто би ми било тешко да прифатам, ама ако не е мој живот и среќа во прашање, немам право да се мешам и да уништувам нешто убаво.
Јас вака да ти кажам кај мене во населба живее едно семејство, од кое момчето е црнец. Секој ден во мал парк го носи синчето да си игра. Некогаш ги гледам и заедно со жена му, навистина се среќни, тука никој не ги гледа, ниту ги фаќа општо се прифатени, синчето си игра со другите дечиња, никој не занемерил за бојата на кожата. Па сега ти види си, ништо не е поважно од тоа да бидеш ти исполнета и среќна, мислењето на другите не треба да ти биде важно.
@Bezpomosna, imam dva sluchai vo familija na meshan brak so pripadnici na drugi rasi, ama vo interes na privatnosta, kje ti kazham samo za edniot bidejkji e poslichen so tvojava prikazna. Moja bratuchetka e rodena vo SAD, za brak izbra Latinoamerikanec, potomok na domorodci. Tatko i mnogu se protiveshe, ali vide ne vide, dobi vnuchinja i gi prifati. I nikoj ne se zamara vekje so toa. Crnci iako nemam vo semejstvo, samo jas znam za 3-4 meshani brakovi belkinja-crnec vo nashava drzhava. I niv ne gledam nekoj da gi zamara. Toa e realnosta na novoto vreme, site kje mora da se prilagodat porano ili podocna, taka i tvoite roditeli. The end.
најдобриот секс што сум го имал беше со девојче од романија на одмор у грција...мислам дека секој треба да си проба она што го сака но нејкам да ги разводенам гените со странкиња ако сите се испомешаме со странци државата ке се распадне(како сите од село шо се преселиа у град зошо владата не вложува у селата и сеа селата се распаднати) ако не најдам нормално девојче у државава некое што нема прво да коментира за мобилниот /патиките (плиткост лол) и нема да глуми депресија како манипулативна алатка...па можно е и ја да барам некоја од странство не црнкиња дека сите нигери шо сум ги сретнал до сега имаа кожа како шмиргла не го сакам тоа кога сме кај црнците интересно за гуглање е албино нигер, и интересно прашање е зошто непостои држава што има 100% белци,зш од 1960 се намали статистиката за iq тестови у уса,зш постои хејт статистика шо нетреба да искочи у јавност...
Мене дома уште од мала ми викале да не сум со црнец, со азијец, со албанец, со муслиман, со католик, со селанец(да и оваа глупост ми ја имаат речено), со човек од одреден дел од градов итн. Но, што е до мене каков сака нека е важно да се сакаме и да се почитуваме. Мене не ми пречи да е црнец или азијец или од која било раса или држава, мене ми е сеедно. Не ги делам луѓето по тие работи. Едно што би ми направило поголеми проблеми е религијата т.е. ако човекот е од друга религија од моето семејство, бидејќи моите се религиозни. Конкретно за врска со црнец сум, зошто да не? Сите сме луѓе.
Аман бе со предрасудите! Човек по боја се гледа дали е човек или "човек"?? Од најблизок пример можам да кажам дека расата не е никаква пречка. Некој спомена мешање гени ... Па не значи ако измешаш ген со иста раса дека ќе добиеш здраво поколение. Која е врската на бојата на кожа со генот?! Најубавите поколенија се добиваат баш од мешани раси.