@Ane_na_Bisera16 нели почна со школо тролче? Прво другарка ти ја сакаше, имаше 23 години пред месец дена. Сега сретнала некој и пораснала, 25 станала.
Ова дека дедо боже забранува парење со други раси и не е толку за чудење, постои кај некои мормони, саботјани и слични.
Не. Погрешка си разбрала. Всушност, Бог кажува дека постои само една раса, човечката раса. Така што, можеме слободно да бидеме со некој од друга раса. Кога малку подобро ќе размислам, Кинезите малце повеќе ме привлекуваат одколку белците. Би била со некој од друга раса, но да не е различна вера од мојата бидејќи и јас ќе треба после вера да менувам. Само што многу се грижам да не им ги покачам апчињата на моите ако им донесам црнец /жолт дома и им речам: ова е дечко ми.
Па добро, колку вакви теми има на форумот? Аман од истиот ваш фетиш. Бидете си со кого сакате, не ве праша некој.
Ау, касниш ти и тоа со векови и милениуми. Не постои чиста нација, а најмалку е таква македонската заедно со останатите од Балканот и јужна Европа.
Во странство сум бил со девојки од друга националност, дефинитивно навиките и обичаите драматично влијаат врз начинот на размислување и живеење. Има случаеви што се успешни и со среќа нека им е, ама повеќето за жал завршуваат неубаво. Странците малку се поладни и брзо се завршува брак/врска без емоции, кај нас сеуште малку е поинаку. Од средно 3 девојчиња знам што се надвор а се имаат разведено, додека тие што од тука имаат отидено надвор како пар од иста националност ретко кој туку така се има разведено. Ама на крај краева ако некој ве сака и почитува и се прави за вас, се прогледува низ прсти. нема врска од каде е и каков е.