Ако се сакате тогаш не е проблем. како што кажаа и погоре нашите родители живееле во бремето на Југославија и ова им е по малку чудно. најважно е вие да се сакате, затоа што на крајот на краиштата ти ќе спиеш со него нема твоите... не го мислам ова како навреда, туку само да ти кажам дека твоето мислење е најважно. како чувствуваш така направиси. ако многу се сакате продолжете со врската, камо среќа да испадне и повеќе. имав и јас случка со куќни пријатели. они се од различна вероисповест и се земале сега имаат 50-60 години. и двете ќерки им отидоа во америка и кога се вратија во Македонија после не знам колку години имаше дечко црнец. нејзините колку што знам не и правеа некој проблем. од мене имаш подршка, па со среќа.
Јас искрено не само што немам против, туку и најсериозно не можам да најдам логична причина зошто некој би имал нешто против ваква врска. Или било каква врска која што не е неговата.
^ единствено што би ти кажала е да размислиш дали оваа врска е вистинската за тебе, дали навистина го сакаш? ако одговорот е потврден ќе знаеш што треба да правиш. добро размисли за тоа дали е оваа врска е она што го сакаш. мислам дека при одговарањето на овие прашања ќе знаеш што да правиш.
Ако му е поголем од на сите македонци со кои си била, не го пуштај. Шала на страна ако мислиш дека е вистинскиот остани со него, во спротивно не вреди да си ги расипиш односите со родителите без разлика колку се далеку од тебе.
Sto ima vrska bojata na kozata. Ne ima sekakvi, ama najvazno e da sme pogodeni eden za drug. Na moja praitelka kerkata ima decko kinez. Ne sum videla kombinacija Mk so Ch. Bas se slatki, baska toa kinezite se mnogu poslusni, super ako i ovoj e poslusen. Kolku znam vreden e pameten, uci mnogu, ke go bide. Ete mozelo i kinez so makedonka kombinacija.
Реално да те прашам нешто, дали на тебе ти прече тоа шо он е црнец? Дали ти е страв на тебе од “шо ќе речат комшиите“? Дали твоите реално се против вашата врска и кој се причините? Дали твоите го сметаат за помалку човек шо он е од друга раса? Ако причината е оваа последното, не знам шо да ти кажам, ќе те жалам. Кај нас еден нашин донесе една кинескиња, и шо? Сега треба да ја хејтаме и настрана да ја гледаме сите? Глупости. Децата им да не ги прифаќаме затоа шо имаат закосени очи? “Ohh ti Macedonyo demokratish zemjo.“ Оќеј... Тета има за маж муслиман, и шо? Со камења ли да маваме по нив? Да се живи и здрави брачедите за женење се. И ај малце порелаксирано, многу сериозно си ги сфаќате темите на фемина.
Јас не знам што толку ја ставате на размислување за сериозни теми , кога и онака има мака.Од кај да знае уште од сега дали оваа врска е она вистинското, она што го сака.Па девојчето има 18 години, влегла во врска убаво и е нека остави спонтано да течат работите, не може да знае уште од сега дали за маж ќе го зима некогаш.Ете сега и е фино, ништо и нема згрешено се разбираат, нема потреба од тестирања ова ли е тоа или не е , кога врската како врска не и е доведена во прашање поради караници, измешани чувства меѓу нив двајцата, туку поради екстерни фактори. * @Bezpomosna ако сакаш да цитираш некого оди на одговори и почни директно да пишуваш, не да го бришеш цитатот на тој на кој му реплицираш после изгледа дека тој го напишал тоа.Ако сакаш можеш и само да ја тагираш членката на која и реплицираш со @ и почнуваш да го пишуваш името , ќе ти се појави листа и си избираш. @ku4ence како што сфатив, девојката живее заедно со нејзините во Америка, пред 4 години добиле виза, веројатно преку лотарија, не навлегувам во тоа.
Уствари ти оваа го имаше напишано, не јас. Ама ајде со оглед шо си нова тука... Иначе терај си ти по свое, твоите ќе попуштат кога и да е. Стварно спред мене е работа шо е буквално глупава. Најмногу од страна на твоите, шо се расисти. А и од твоја страна шо се замараш шо ќе речеле. Ако ти него го сакаш и почитуваш и он ти враќа со иста мера тоа не претставува никаков проблем. Па ти си со него, не твоите. А и со оглед на годините, малце чудно ми е како 4 години живееш таму, па сега си 18 и си сама и уште не знаеш шо сакаш (нормално како и секој тинејџер) па твоите се бунат за врската со дете од друга раса,...
Jas sum za ,sekako deka ne treba da imame predrasudi ,site sme luge ,crni beli zolti.prasanje e samo koj kakov tip saka,jas sum po smegi,plavi no crncite se simpaticni.Luge kako site nas.Zivejte go zivotot bez predrasudi ,bidete srekni ,lugeto sekako neso ke zboruvaat
Доколку има почит , верба ,љубов , зашто да не , ти си го познаваш знаеш каков човек е ,знаеш како се понаша со тебе ,, акое тој што си го чекала ,, тогаш не е битно другите што мислат ..
Смешно ми е и се чудам што уште постојат вакви предрасуди. Немам ништо против вашата врска и се надевам дека ќе ги пребродите сите проблеми заедно.
А бе шти ви кажувам, најубави се луѓето со мешан ген. Спојлер: .... Пример моето внуче е мелез, не дека е наш ама е совршенство!
Чекај, рано ти е, допрва ќе менуваш дечковци Може и азијец ќе си фатиш после, може индијец, индијанец.... има таму за експериментирање Шала на страна... 18 години имаш, терај си, дружете си се, не се замарај со сериозни теми како брак и деца сеуште. Не знаеш иднината што ти носи. Може на крајот пак со македонче ќе завршиш
Еве вака сеа.Јас сум си мнооогу ама стварно многу бела и ми е грдо што имам таков тен ама тоа е тоа.Преку лето сите црни,јас никако не можам да поцрнам.Се ставам на местото на дечково,и си викав колку би ми било грдо некој мене да ми рече: Па ти си страшно бела,ја сакам девојки со нормален тен, чоколаден тен и шо ти знам таму. Ќе ми се намали самодовербата пред се, а и ќе се разочарам затоа што не е во моја моќ за да го променам тоа. Не треба да се суди според бојата на кожата во никој случај.Се гледа карактер.
@Bezpomosna некаде малку подалеку од оваа наша држава и воедно од нашиот менталитет што го имаат закоравено сите длабоко во крвта сето ова е повеќе од нормално но за мнозинството а посебно за повозрасниот народ не е, ете тоа треба да го имаш во предвит. Ќе ти кажам само дека ако ти чуствуваш дека треба да останеш со тој "црнец" и си среќна, не треба да ти биде гајле за народот, ти секако на овој или друг начин пак ќе бидеш оговарана и етикетирана во нивните очи, ти си таа што можеби утре ќе делиш се со тој човек, ти си таа што ќе спиеш со него и ќе имаш фамилија а не некој друг или уште помалку родителите, да така врти ја работава секогаш на твоја страна за да утре бидеш среќна и исполнета бидејки "утре" народот за нивниот наметнат избор врз тебе не ќе ти рече фала никогаш.