Би кажала само едно.Не можам да сум среќна ако моите родители од таа среќа излезат повредни и разочарани.не можам тоа да им го направам. Црнците не ми се привлечни иначе, така да тешко дека некогаш ќе бидам во таква дилема. Ти потруди се да ја донесеш правилната одлука онака како што тебе ти кажува срцето.Не не слушај нас, срцето слушај си го само.А и не се залетувај толку, двајцата имате по 18,рано е да мислите на нешто сериозно.
@Bezpomosna јас прво си помислив дека најверојатно живееш сама во САД, а твоите родители се во Македонија, па според тоа некако можев да ги разберам нивните размислувања. Сепак, ако никогаш не стапнале на тоа копно, ако не знаат каков е тамошниот живот и менталитет, што е „нормално“ кај нив, а што не - многу работи ќе им бидат чудни, не само ова. Тие тука, ти таму, ќе се грижат за тебе и за она што ти се случува во животот, вклучително и тоа со кого излегуваш. Ама после четири години живот таму, јас би очекувала да се барем малку навикнати на мешани бракови и да не гледаат на тоа со толку големи предрасуди. Баш кога во опкружувањето имаш такви луѓе, полесно е да ги прифатиш. Кога не познаваш луѓе од различна вера/националност/раса кои се во брак, некако имаш поинаква слика за тоа. Ама кога ќе запознаеш такви луѓе, ти се менува мислењето. Можеби ако твоите родители го запознаат дечкото, ќе им биде полесно да го прифатат. Во секој случај мораш да разговараш со нив, зашто можам само да замислам под каков притисок си. Имав школска на која родителите ѝ забрануваа да се гледа со дечко од друга националност, така што знам дека воопшто не е лесно да бидеш во врска која твоите родители не ја одобруваат.
Чекај ти стварно постоиш? Што не ќе прочитам на форумов значи. Зошто бе дете, зошто расизам? Немаш ли нешто попаметно да истражуваш на интернет?
Ама нели пишуваше дека си сакал да имаш секс со црнец, бојата ги правела посебно маженствени. Што се случи @ccca да не ти го скрши срцето некој да сега не ги сакаш веќе? Или тие албино црнци не ги сакаш, губат на маженственост може така
@AnaKarenina И јас истото го очекував, бидејки како што велиш тие би требало до сега да се навикнати и да не ги судат луѓето по бојата на кожата, но ете кај мојте не е така, мене дури и ми изгледа како сега се повеќе и повеќе да не ги оправдуваат мешаните бракови.
Не 4, 40 години да живеат таму ако решиле да си се затворат и да си тераат живот како во Мк, само со македонци и во населби каде најмногу ги има, ништо нема да се смени. 4 години се премалку менталитет закоравен да смениш и да се ослободиш од разни предрасуди. Од друга страна, секој си знае за себе, и тие како родители имаат право да си кажат мислење иако твое е како ќе одлучиш. Колку приказни сме слушале што тука на форумот што во живо како родителите забрануваат врски заради економска ситуација, углед на семејството, образование и сл. а се работело за сосем мали разлики, па сега ќе очекуваме истите тие родители зелено светло за црнец да дадат, ахам. Совет од мене е да си се гледаш со дечкото а на родителите не мора многу отчет да им даваш кај одиш, со кого и зошто. Врска како врска, дури не дојде до брак нема потреба тие ништо посебно да знаат ако веќе се децидни во својот став. Нема потреба да го носиш дома и сл. без разлика кој е и што е. Мали сте, излегувајте, шетајте, и не се замарајте многу со забранети љубови и драмите што следат со нив. Опуштено.
@Bridget Ехх, баш посакувам да можевме да излегваме со него и да шетаме без мојте да знаат, ама невозможно е. Невозможно е бидејќи цело време мојте ме проверуваат кај одам и со кој одам. Се криев со него и колку што можевме излегвавме, ама сега одкако му кажав на моите, излегвањето со криење е дупло потешко.
@Bridget Ехх, баш посакувам да можевме да излегваме со него и да шетаме без мојте да знаат, ама невозможно е. Невозможно е бидејќи цело време мојте ме проверуваат кај одам и со кој одам. Се криев со него и колку што можевме излегвавме, ама сега одкако му кажав на моите, излегвањето со криење е дупло потешко.
И така на луѓето никако не им се погодува. Или ќе е црн, или пијаница, коцкар, женкар, насилник, селанец, сиромашен, глуп.... И пошто нема погодувачка, прави си го тоа што те прави среќна.Ништо помалку, ништо повеќе...
И јас си мислам ова од почеток ама ај... Замисли проверуваш IP адреса и членкава пишува од некое гратче во државичкава ни наша. Но за жал ја немаме таа моќ да дознаеме така да ќе и веруваме. Туку, да кажам збор два за темава да не биде оф топик мислењево. Имам другарка од Хрватска која минатата година се омажи со човек од жолта раса, денес имаат преубаво бебенце со црна косичка и коси очиња. Не само што нејзините не се противеа на нивната врска, туку и откако стапија во брак тој се пресели кај неа во Хрватска и сега си живеат таму. Јас на пример не би се омажила за црнец или јапонец, не дека ми смета бојата на кожата туку едноставно не ми се привлечни (како што не ми се привлечни ни плави машки од нашава раса). Но тоа е веќе прашање на вкус. А дека сме уназадени со сфаќањава, тоа е факт. Кај нас се мрчи и ако омажат женско од центар во некоја поодалечена населба или село а не пак за друга националност или раса. Да можат у комшии ќе ги испомажат ќерките.
Па добро, не мора да постои друг начин да дознаеме дали трола или не. Доволно е да се погледнат мислењата од почетокот и потоа како се развива приказната, како што работите стануваат чудни или нелогични и ќе можеме да сфатиме. Тука имаше некои коментари, па дури некој праша и за возраст: Кога се востанови дека живее во Америка од 14 години, а од контекстот на муабетот некој со право заклучи дека живее сама (бидејќи кога се почнува со некој проблем, мислам дека треба да се опфатат сите релевантни фактори, а тоа не беше случај тука), следуваа следниве два одговори: Мене ми наликува на трол, ама ајде, ќе го земам тоа со резерва. Патем, темава во голема мера се претвори во дебата за тоа дали на некој физички му се допаѓаат или не му се допаѓаат црнци, што не знам зошто е толку битно. Башка, мислам дека светов оди напред и дека треба да се биде полиберален, а овде во доста мислења имаше изливи на расизам. Сите сме луѓе, од крв и од месо, па сега некој бил со бела кожа, некој со црна, некој со жолта, некој бил Христијанин, а некој Муслиман... Тоа е, светот е разнолик и затоа е убав. Девојко, во случај да не тролаш, не знам што да те советувам, искрено. Америка си е Америка, таму се нормални такви врски, зашто такво е општеството. Таму можеш да сретнеш луѓе од секоја раса, верска припадност, етничка припадност, како што и нашево општество е мултиетничко. Не знам како одат таму работите, најискрено, а да те советувам да се одделиш од твоите и да се осамостоиш - не би. Рано ти е, пошто очигледно уште не сте ја прифатиле средината како поинаква. Обиди се да им објасниш дека сега ти е убаво со него, дека си млада и дека е нормално да имаш дечко, а уште повеќе тој да биде ТВОЈ, а не НИВНИ избор. Ако одиш со него, не значи и дека ќе се земете. Мислам дека ова ти е доволно за почеток.
Јас би со црнкиња. Немам прерасуди за бојата. Само да не е онаа кафеавата што е многу честа кај нас во Македонија.
Битно ги видовме ебачиштата. „Неќам мешање со црнци“, велат ликови чија кожа се распаѓа секое лето по плажи и базени за да поцрнат и да си ги сликаат голите, сончани виршлички за на интернет. Не можам да најдам логика, освен тоа дека кочницата ви е во мозокот. Што, би одбиле маж ко Шемар Мур, Идрис Елба или Брендон Ли пошто не е (чист) белец? Која илузија е да веруваш дека, после милениуми еволуција и преселби, една раса и националност се чисти и треба да се сочуваат ко такви!? Перење мозок. Ај да сме уште 19ти век, кога здраво за готово (па и присилно, додуша) било земано она што го пласирале властите и весниците, ама при можности да патуваш било каде во светот и да ги запознаеш луѓето кои ги грдиш, или бар да имаш комуникација на интернет со нив... или па да го користиш интернетот да се информираш наместо да лепиш 20 слики од себе дневно... човек да избира да се држи до стереотипи и некоја идеологија за „чистота“ ко слеп за стап, не е нормално и здраворазумно. Кога веќе фативме, не е само црнецот, како кај девојчево. Не бил повисок, не бил постар, не бил богат, живеел во лоша улица, имал криво око, келнер бил, неговите биле обични работници (после детето само им окукало)... сето ова сум го чула, и тоа од туѓи родители, кои си мислеле дека е океј да седнат туѓо дете уз своето, и да му солат памет. И се осмелуваат да се завртат кон тебе „Нели е така, Калиопе?“ Што да ви кажам... јас имам македонско, хрватско и егејско потекло само од прабаба и прадедо... а да одиме векови наназад, којзнае од кај влечам корени. Ај да се убијам. Напротив, егзотичноста е најдоброто нешто што може да се случи на човештвово. Се случувало да проработат гени и да се роди поцрно дете, а родителиве, (пра)бабите и дедовците да се бели. И одма прост народ прави калкулации и влече сценарија и покрај евентуални ДНК резултати (што и воопшто не треба да ги занимаат). Дно. На бивш мајка така ме испрашуваше што се моите и од кај сум. Ај едно незгодно што се осетив ко на интервју, па уште, со мене во соба, таа му се обраќа на дечково: - Аа, ама она Влаинка да не е? Поглупо - амин. „Не сум, сама си плаќам, а и неговото некогаш“ - глупо ми беше ради него, ама за јазик ме влечеше. Не знам, сме наебале штом се гледа припадноста, а се занемарува глупавоста и однесувањето. Али па ако, кога веќе не може да се искорени затуцаноста, подобро е вака ограничениве меѓусебно да си се плодат отколку да се мешаат со остатокот од светов. Евентуално се наоѓа по некој либерален и меѓу нивните потомци.
Имаше некој коментар дека никој не би сакал детето да му најде партнер од друга раса, вера или националност. Ај што вие имате затворени умови, ама не правете да звучи дека тоа е нормално.
@Lady Phoenix Мене не ми е јасно зошто има неколку што мислат дека оваа е измислена приказна и дека ве тролам. Јас никаде не реков дека сама тука живеам, нормално дека чудно ќе беше ако живеев сама тука, но кажав и погоре дека тука сум со целата моја фамилија. Најголема причина поради која ја отворив темата е бидејќи ми треба поддршка и ваше мислење, ако во тој случај не ви е дојдено да си го искажите вашето мислење, тогаш слободно можите да ја игнорирате темата. Немам сила за сега да се борам дали некој ќе ми верува или не, мое беше да си ја кажам маката, па дали сега вие ќе ми верувате или не, тоа е ваша одлука.
@Bezpomosna, ти изгледа го читаш само тоа што те интересира. Вака испаѓа дека постапуваш според старата добра „Кој си ја има мувата на капата...“ Приказната уште од почеток ти беше малку неконзистентна и непотполна, па затоа и се појавија членови, меѓу кои и јас, кои помислуваат дека се работи за трол. Плус, нема да е прв пат. Остатокот од мојот пост ако го прочиташе и ако се задржеше малку повеќе на него, ќе ја добиеше поддршката што ја бараш.
@Lady Phoenix Го прочитав и останатото и сакам да ти се заблагодарам за поддршката. Сакав само да објаснам дека темата не е измислена приказна.