Најважно е да си среќна, не е битно од која раса или вера е. Секако на оние кои ти се најблиски нема да му е сеедно, но со тек на време ќе се навикнат ако те видат среќна.
@Bezpomosna Искрено, подобро да го оставиш. Каква е таа љубов, што на форум, веќе 6 страници, бараш мислење и научни докази, и цело време се врти околу тоа што ќе речат другите. Штом прашуваш и не си сигурна, јасно е дека приоритет ти е сликата во очите на другите, отколку самиот партнер.
Мислам дека си многу малечка и оваа врска сигурно нема да ти биде последна. Може грешам ама често е така. Сакајте си се сега и не мислете му ја многу. Времето најубаво ќе покаже дали вашава врска вреди да се борите за неа или не. Да се прекине врската само затоа што дечкото е црнец мене ми е малку претерано. Сепак во ова време мислам дека на таквите предрасуди им се ближи крајот. Твоите ќе прифатат кога тогаш. Верувај ми, родител се ќе истрпи од своето дете, само отпор ќе има на почеток.
Ете и јас да фрлам едно мислење, помалку ја читав темава куц- туц. Јас не би имала против да бидам со некој од различна вера/ националност со мене. Ете да речиме во македонија, сигурно моите би ме мажиле по итна постапка или ќе ме бие глас па нема да ми дозволуваат да излегувам од дома ради тоа. Во Америка на друга рака, мислам дека е полиберално и дека со тек на време ќе се привикнат на тоа, ама сепак нели е индивидуално. Искрено, мислам уште барем некој период да се гледаш со него, бар и тајно и полека- полека да пробаш да ги навикниш твоите на фактот дека тоа е нормално и нема ништо грешно. Дали порано си им спомнувала дека пример црнец ти е привлечен? Имаш ли зборувано со нив за мешани бракови? Ако не сум била, ете лично јас во ситуација (зборувам за мешање на раса) во нашава државичка за тоа, вака или така имам со моите зборнато за тоа и моето мислење. Мислам дека од тогаш немаат доверба во мене, must check again. Ете да не мислат дека сум многу хумана, сум била со дете од разлина националност и беше баш чоколадно. пс Сега ми текна на еден случај. Пријатели или барем „пријатели“ на мајка ми и татко ми имаат дете кое сега е надвор од мкд и си најде девојка Азијка, не се сеќавам точно од каде. Абе прелична. Ми вика мама дојди малку да видиш жената на детево. Ај одам да видам, коси очиња, потемна коса, онака слатка на фаца преуба. Тој плав, поблед на кожа, таа потемна со црна коса. Искрено се гледа дека се среќни знедно ама ете мајка моја смета дека изгледало глупо и смешно. Ја отвара сликата од свадбата (неговите родители неа беа таму неможеа тогаш да одат, па ојде само сестра му и таму беше потесната фамилија нејзина) и мајка вика: Еј види бандини. И јас си стоев на фактот дека невестата е многу лична. Навистина многу лична.
Одговор за @Bezpomosna .Нормално е дека на твоите ќе им биде чудно.Па не се склопуваат во МК секојдневно бракови меѓу црнци и белци.Треба да бидеш спремна на борба ако си сигурна дека е тој вистинскиот.Нека е и со аристократска боја и крв ако е ѓубре и расипан во душа,бојата на кожата нема да ви ја обели љубовта. Е сега лично кога ќерка ми или син ми би одбрале партнер од друга раса,нормално е дека ќе ми биде чудно,помалку и криво,па нема да се помирам едно време,дури не легнат работите на свое место...но секој од нив си бира свој пат.Која сум јас да им се мешам во животот.А и нема да ми дозволат значи ќе ме стават пред свршен чин.Затоа само ако си сигурна дека е тоа тоа,бори се ,ако не си сигурна не ги потресувај непотребно твоите.
@Bezpomosna иако гледано од твоја гледна точка може сега нема да сватиш, но верувај дека многу вакви љубови ќе ти поминат низ глава и низ очи и за многу вакви љубови ќе се караш и ќе ја тупиш со твоите се дур не го пронајдеш вистинскиот, а и кога ќе го пронајдеш сигурна сум дека нема никаде и на никого да бараш и да даваш отчет, едноставно ќе знаеш дека тој е тој. Се во свое време!
Ја сум строго против! Не дека сум расист, гајле ми е. Нек си тераат луѓето таму, има понекад и арни од нив.
e ima pravo za ova .. ako tolku mnogu te intersira sto kje recat drugite prvo ne si sposobna sama da si go sredes zivotot vtoro ne si dovolno zaljubena .. sum imala vrska so covek koj ne e moja vera i znam deka ne e slicna situacijata no mozam da ti kazam deka nikogas ne pobarav mislenje od drugite duri ne pobarav mislenje nitu od drugarkite . znaci ako go sakas nema da te intersira sto kje kazat drugite . dobro razmisli i zivej za sebe !
Живееме за себе а не за другите. Јас би била, доколку ми се допаѓа човекот не ми е важно мислењето на околината. Така да терај си тебе како што ти одговара и како што тебе ти е убаво, другите секако секогаш наоѓаат замерки.
Еј колку е табу темава кај нас. Еднаш на заебанција и кажавме на баба ми дека сестра ми има дечко црнец и ќе припаднеше Шала на страна, имам тетка што беше мажена за црнец. Не живее во Македонија, и на нас роднините ни се криеше тоа долго време, пошто било срамота нели, што ќе рече народот Од бракот излезе девојче кое што е бело, и мислам дека на делов од фамилија што се малку расистички настроени им олесна. Јас немам ништо против овие релации искрено. Љубов си е љубов, не прашува за раса, боја, пол, возраст. Ако се случи, се случи
Леле насоката на променава, леле бе... Тажно, многу тажно. Добронамерно се надевам еден ден ќе се вратиш на првово (на место размислување) и дека реакцијата на сегашните твои мислења ќе ти биде ваква. Ама најнајсериозно ова
Камо среќа да им дојде паметот на сите кои погрешно размислуваат и да ги променат мислењата како што ти си ги променила .
Во населба кај мене има пар машко црнец и женско бела имаат детенце, кафеавко. Ништо страшно, си води безгрижно детство, си игра во паркот.
Ако некоја е во врска со црнец значи дека не ја почитува својата раса?? Е браво бе, уште ова не мислев дека ќе го прочитам хахахах Јас би била во врска со црнец, или со некој од било која друга раса.. Уште со тие размислувања дека е срамота да бидеш со некој од друга раса? Ајде луѓе 21 век сме Ако има љубов и почитување, мислите дека е битна расата? Што ако некоја биде со белец, а да ја малтретира, врската или бракот да им биде катастрофа, а со црнец да и биде мед и млеко? Престанете со таквите стереотипни размислувања