1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со некој што има друга

Дискусија во 'Врски' започната од volsebna, 6 јули 2012.

  1. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Еве вака, знам дека тоа често се случува, но тешко дека некоја ке го признае... Дали сте биле со некој кој има друга? И дали таа друга тоа го дозна? Ајде да споделиме мислења за тоа...
     
  2. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    Јас бев, и тоа на почетокот не бев свесна, не знаев дека има друга... потоа дознав, но некако бев заслепена од дечкото, едноставно го засакав... Одев кај него, живееше сам, а во мегувреме и ИЗлегував, барав друг, знаев дека тој има сериозна врска и ке мора да прекинеме..Речиси никој незнаеше дека сме заедно, само една моја другарка.Дозна и неговата девојка,која беше од друг град, ми звонеше на тел, јас тоа нормално го негирав...Дури и ме советуваше како да си најдам дечко, ми даваше совети... Кога си најдов дечко, таа врска ја прекинав, тој ме молеше пак да се гледаме, но го одбив, едноставно му реков дека сега си имам дечко и повеќе нема да се гледаме... Едвај го прифати тоа, ми досадуваше, ми звонеше од скриени броеви... И помина време, тој се ожени со девојката, јас со дечкото... Сега сме пријетели, комуницираме, некогаш и се присетуваме како беше... Но не жалиме, ни јас ни тој :D Во секој случај интересно беше, добро што добро се заврши
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Ајде некој нека ми објасни каква е таа врска и како воопшто може такво нешто да се нарече врска ?
     
  4. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    па добро, не е баш класична врска...но ја има, некои девојки одат со мажи кои се во врска со друга, некои дури и со оженети... Ајде, нека е секс со некој што има друга, но не е се во сексот, некои се и залубуваат, без разлика што знаат дека се втори... за тоа е темата
     
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Ова доаѓа како дечкото во исто време да е со две девојки :^) ма немој јак фраер демек ааа ? Во последно време ми се има нешто вакво случено. Детето ми рече дека ме сака и дека нејзе ја сака. Многу ми е бебешко сето тоа однесување, ама таа негова врска нема долго да трае. Мене ме знае повеќе и одамна, неа само три месеци. Многу бурно изреагирав кога ми кажа, ама не смеам да се бунам зошто тоа е веќе друга приказна. Во секој случај мразам кога сум дел од еден ваков триаголник. Многу ми се бебешки и незрели овие игри. Ако си маж биди со една, а не мене бесрамно да ме повикуваш да ти ги осетам неодолливите усни :doh:
     
  6. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Боже мој до каде ке оди светов аман веке... искрено она не сакам да живеам на оваа планета ЦЕЛОСНО важи и за мене :( каква врска, какви бакрачи бре, ако сака да биде со тебе нека и раскине на таа девојка и крај на муабетот, или ке се праиме заебани у здрав памет |( или можеби и не е здрав :^) а и насловот е лудило... ма ти немаш врска, тој има, ти немаш ништо, ни самопочит, ни почит према останатиот свет. Не сакам да звучам грубо и лошо, не е ни лично воопшто за онаа девојка што ја почнала темава, ама од вакви муабети и ставови ми се гади од светов воопшто. :puke:
     
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Оставете ги зафатените, има многу слободни и фини дечки, не се приджувајте до правилото забранетото е послатко, оти подоцна повеке ке ве боли. Ако има девојка, и не ја остава, сигурно чуствува нешто за неа, а таа втората е на местото за рекреација и потполнување на слободно време. А за женетите ич да не коментирам, речиси никој не растура семејство и не си ја остава жената за некоја друга, спротивното е многу ретко, а таквите луѓе според мене воопшто не се паметни. берите умот во главата
     
    На alwayshungrygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    Kаква врска е таа што врска е? Тие си имаат врска ти си аутсајдер. :(
     
  9. yonce

    yonce Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    13
    Не може да се наречи ова врска. Тој си има девојка, а ти си златната резерва кога таа не е тука.
    Ти ќе се затрескаш во него, а тој ќе си има две што му се по ќефот. End of the story |(
     
    На Lile_05 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Ова не е врска туку е безврска. И како ќе му веруваш? Како ќе го сакаш? Ова како да не може да се најде друг и ајде мора со женет или во врска што е. И најчесто од корист, или секс ако не му дава, или за пари или да искористи нешто, доволно е да му помине слободното време што незнае да го искористи правилно па ајде ќе правиме глупости. Вака една комшика се зае*ба, идеше со тип во врска,дури и дома му идеше и на крај не се омажи затоа што типот се и викаше ќе раскинам на другата и си ја зема за жена на крај. Подебилно нема.
     
  11. Princess.A

    Princess.A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    за да се нафатиш на таква врска треба да не се почитуваш доволно себе си. зошто да бидете 2та, да ве кријат, кога таа другата е со него за празници, за во јавност за сегде, вие сте изиграната тука, а тој некој искомплексиран се осеќа како многу јак фраер :tmi: . а крајот се знае, секогаш првата си останува прва, нема да и раскине ради втората.
     
  12. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Па добро бе луѓе, ШТО е тој што би се нафатиле да бидете втори??? Мислам, толку мислите дека вреди??? :^) Сами го издигнувате до положба да си мисли дека е се и сја и дека може да команда со вас двете како сака, да се фали пред кого стаса, да има која сака.. Вие мислите дека „има чувства за вас“, дека е емотивен, заљубен! А тој се фали како „плеска“ две наеднаш... Гадно :puke:
    НИЕДЕН НОРМАЛЕН, СТАБИЛЕН И ЕМОЦИОНАЛНО ЗРЕЛ МАЖ НЕ БИ СИ ДОЗВОЛИЛ АФЕРА СО ДРУГА ЖЕНА, колку и да ви продава му*а за бубрези дека него „бракот му се распаѓа“!!! :fubar:
     
    На joy1 и marija1907 им се допаѓа ова.
  13. chicaboom3

    chicaboom3 Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    оки, но штом си дознала дека има друга требало веднаш да расчистиш со тоа, како си се чуствувала знајки дека тој сака друга(штом ја зел за жена) бакнува и милува друга, а после и тебе те бакнува и милува? а да убаво за него а за двете не не не е баш
    ама знаеш како велат "паметниот има резерва" секогаш :)
     
  14. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Стварно? :o Значи речиси 2/3 од модерното општество и 98% од фауната се ненормални, нестабилни и емоционално незрезели машки примероци. Wеll, we cant argue with that...

    Не се работи за ненормални и незрели мажи, сите мажи се деца со различна година на раѓање и сите имаат желба за секс со друга жена освен онаа која ја ожениле или се во врска со неа. Единствено, има разлика меѓу мажи со посилно чувство за морални вредности и мажи кои газат мачиња со кола на улица.
    Животните од друга страна, речиси сите видови се полигамни, па мажјакот оплодува во својот живот еден куп различни женки. Истите женки пак, имаат желба и тенденција да бидат оплодени од водачот на племето, ако низ годините секогаш е Муфаса, тогаш мајка му на Симба само со него ќе сака да се плеска, ама ако се смени и биде Скар, тогаш само со Скар ќе сака. (момент само, да си отсечам прст за споредбава што ја направив... ... ... there) :Down:

    Многу луѓе во денешно време, и мажи и жени посакуваат да имаат барем една вечер со некој друг. Огромен дел од нив, си го дозволуваат тоа.
    Она што мене ме запрепастува е што деца на 16-25 години, во време на интернет, букаке, 2 girls 1 cup, bondage, threesomes, слободен пристап до најразлично и најразноврсно порно, на граници на конзервативност симнати до прво ниво на ластик во маало... не се доволни за да се опуштат и тие деца да не се секираат многу за глумење возрасни, туку да фатат да се изебат во сите можни пози, на сите можни места кои им се фантазија и да ги заведат сите можни личности кои им се допаѓаат. Да ги облечат сите најсекси долни облеки, најсекси сакоа, фракови, фустани, миничи и глупости, зашто за страв, срам и стереотипи има време во животот во подоцнежните години.

    Мислите дека кога ќе пораснете дека ќе немате желба за секс? Дека после бракот наеднаш мозокот се репрограмира и ужива само во перење, пеглање и готвење? Јок, пак ќе сака секс, многу секс, уште повеќе секс уствари, само што веќе годините во кои може да си дозволи минич или маичка без ракави се минато, годините во кои ќе заведе личност во врска се минато зашто веќе тоа не е детска игра, туку сериозен проблем меѓу возрасни. Имал друга на 20 години? Супер, покажи му дека си подобра од девојка му, заведи го како таа никогаш што не успеала. Имал друга на 30 години? Имал и две деца? Малце е покомплицирано сето тоа, нели?

    Bottom line, тотално оправдувам врска со некој што има друга. Подобро сега, отколку подоцна. :emo:
     
    На melissa, alwayshungrygirl, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    ^Промискуитетџијо :* :D , ама склоноста за драмење е обратнопропорционална со годините, така да узалуд советуваш тинејџерка склона кон романтизирање, дека нешто на страна и не е толку трагично понекогаш, или пак на некој скоро спасен од бубуљици дека квалитетот е побитен , кога он мора да се пофали на другарите со квантитет.
    Јас искрено се чудам некад какви муабети ми прават другарки од моја генерација во брак, значи дешавки како резултат на неизживеаност, да се чудиш колку наивност има и во 30тите. А кај некои мажи во години веќе во трагикомедија преминува опсесијата да се плесне нешто по секоја цена.
    Во право си, ама и во брак е све ствар на договор, не престанува сосем забавата ни тогаш :)
     
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^ Па, my point exactly за све што напиша. :) Забавата не престанува во брак, ама полиандрија не е во категорија забава во тој дел од животот, за разлика од дваефче или како тинејџерка, кога да имаш двајца момци во исто време максимум може да резултира со тоа они да се степаат у маало и после тоа да станат најдобри другари, а девојката после икс години да се омажи со некои осми после нив. Што реално и ќе се случи. :)

    И, јас не се чудам какви муабети ти прават другарки во четврта декада, па и повозрасни и во брак и тоа е резултат токму на тоа што кога требало, не го изживеале тоа. Исто е и со момците. Не ни знам што прават во средовечна криза кога од 30 нагоре се однесуваат како да се средношколци со муабети на ФБ ала „блескаш“ и припуштавања на тинеџерки додека на профил фотографија им стои најмалото бебе. Ама тоа е резултат што како деца биле без муда, не приоѓале, не биле креативни, не бркале девојки, ама раскажувале на сите како се откинале од вртење девојчиња. Кога тогаш, лагата ќе дојде да си го наплати долгот и после развод, алиментација, тепачки, убиства, самоубиства... :fubar:
     
    На De-lovely, 1209 и Cka им се допаѓа ова.
  17. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    ^ И сега да ти каже девојка ти, или сам да разбереш, дека се плескала со друг затоа што таков и бил нагонот (нели, како од мајка му на Симба) и затоа што водачот на групата не си ТИ туку другар ти, тебе нема да ти смета??? Или тоа смее само мажот да има 10 кои се слободни? Не ти паѓа на памет дека ти можеш да бидеш вишокот во ситуацијата, м???
    И да, животните имаат такви нагони. Нив не му е гајле со кого се е*ат, битно му е да се најадат, наспијат и да си го задоволат нагонот за размножување. Ако ти си дозволуваш да се споредиш со животно.. тогаш не знам што да ти речам! :o Животните немаат емоции, ниту знаат да си ги скротат нагоните. Немаат супер его бе. Тие немаат потреба од тоа. Ама затоа имаат луѓето.. И затоа се е многу поинаку во нивниот свет отколку во нашиот.
    И кој рече дека нема секс после брак? Не ти е партнерот за тоа тука? Или по твое треба да одиш по комшии за да си го задоволиш нагонот, а? Глупаво е..
    Прашај колку од тие 2/3 од општеството се каат затоа што партнерот ги открил. Колку разводи се случиле од таа причина, колку деца се делеле.. „ова е мое а ова е твое, оти второво не знам дали е мое уствари.. :?:
    До пред скоро мислев дека никој не сака да биде изневерен, ама... Имало и исклучоци :lol:
    Нема везе, секој со својата филозофија ;)
     
    На Vik'Toriah му/ѝ се допаѓа ова.
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    Го опиша братучед ми. Тој е веке 34 год маж и сеупште по девојчиња а има прекрасна жена и две деца. Но, на времето пред жена му имал само една девојка и од кога знам за него тој е со женава. Се ожени, доби две деца и почна да поулавува. Дури два пати му се случи да ми рече и мене да му “местам“ некоја другарка смајлиштосекрсти
    Затоа се живее во младоста, за да кога ке оформиш семејство, да му се посветиш и да се бориш.
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Okcenzi не се лути ама ако братучед ти на 34 години се однесува вака и без срам ти вика да му местиш некој другарка тогаш тој истиот ќе си остане и на 40 па и 50 години. И смешно е таму во темата врска со оженет да осудуваме други жени кога ако мене ме прашувате главната вина ја имаат мажите. (не зборам за братучед ти туку општо) Шо бара маж со прекрасна жена и деца наоколу со други, како тинејџер да се крие ваму таму? Мојот комшија кој има околу 40 години, 3 деца, најстара ќерка ја омажи пред 2/3 месеци, другата ќерка со мене уче и син има помал од мене 1 година. Несакам да навредувам ама човек е прв клошар тука у населба. 2 дена оди на работа другите 5 во неделата седи дома и евентуално ја малтретира жена му ама само ако син му не е дома. Инаку жена му е жена на место од 5 до 5 е на работа таа плаќа се а овој цел ден се мава лево десно. Пред неколку години брат ми се беше разболел и ме оставија кај жена му со неговите деца да поседам малку а мајка ми и татко ми го однесоа брат ми на доктор инаку тој не беше дома. А се збореше дека имал швалерка. Кај докторот го виделе него со швалерката инаку и неговата швалерка имала дете и му викала да оделе на кебапи детето било гладно. И без срам си правел муабет со ходникот со татко ми. Бессрамник. И дојда мајка ми и татко ми да ме земат јадевме ние маргарин мислам и дома мајка ми баш рече вика колку ми е криво жената маргарин мачка на нејзините деца да јадат а тој на кабапи води туѓи деца. Мислам за срамота. А сега скоро беше на школо одевме професорката пракса ме рпати да исфотокопирам скици и си одам по тротоарот на телефон зборам и се вртам случајно го гледам него седнал со една се смее ли се смее. А најинтересно беше тоа што и тој ме виде па бидејќи на телефон зборев му се исмеав во лице и си поминав нагоре. Мислам работата е ниту да се смееш ниту да плачеш. Не кажав на ќерка му а се мислев ама ајде несакам да си имаат проблеми и поради тоа и онака имаат доволно проблеми. Сеедно да не се одалечувам од темата. Oва врска со некој кој има друга мене ми личи на тоа тој веќе си има женска па јас да му бидам нешто како занимација со која тој ќе си го пополнува слободното време. Значи тој женската ќе си ја води на кафе, кино, во парк ќе излегуваат, дома ќе си ја носи со неговите оти врската им е "сериозна". А кога ќе му е досадно и ќе нема што да прави ќе ми се јави мене башка ќе треба да се кријам со него ваму таму како кривично дело да сум извршила само за да не ме види некој. Епа во ваква врска ниту сум била ниту ќе бидам. Тој не ја почитува женската а не ме сака мене. Може да ме лаже со недели и месеци ама еден ден ќе се скине таму каде што е најтенко кога некој ќе не види и кога ќе му дојде јајцето под газот да не дознае женска му ќе ме шутне и ќе си се врати со нејзе. А и да ја остави пример од каде да знам дека мене нема утре истото да ми го прави? Таквите никогаш не се менуваат. Ако во врска е таков во брак ќе биде бетер. Си го кажав примерот во една тема ќе повторам пак. Излегов со еден таков ама не беше ништо планирано и незнаев дека дотичниот господин е зафатен. По 2 дена дознав од сосема друга личност, секако на лагата и се кратки нозете. Го пречекав на тротоарот кај пешачкиот премин додека чекав улица да поминам и отворено го прашав а дечкото ми превртуваше очи и на секое мое прашање неговиот одговор беше кој ти кажа. Не мина долго после тоа слушав дека раскинал, како и зошто незнам. Значи вчера го видов ми кажа здраво а јас му кимнав со главата од причина што брзав, да го поздравам не ми е проблем ама нешто повеќе не би имала. Ми остави впечаток на нестабилен и недоверлив човек. Да немаше девојка тогаш може би имала нешто повеќе со него незнам и не е важно. Ама сега и да нема искрено не би. Сеуште ми е мил и симпатичен како човек ама нешто повеќе со него никогаш, затоа што од каде да знам дека нема и мене да ми го направи истото што на таа и го направи.
     
    На okcenzi и Tatjana95 им се допаѓа ова.
  20. Nina23a

    Nina23a Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Врските јас колку што знам се составени од двајца, а не тројца. Кога има трет вмешан, тоа за мене не претставува врска. Тоа е исто како изневерување во зависност од случајот. Да бидам со некој за кого знам дека има друга и уште да останувам со него? Па на што личи тоа? Колку и да го сакам или да не го сакам за мене не е љубов ако тој оди со мене и со некоја друга. Тој што те сака не чуствува потреба да те изневерува или да биде со друга. И онака ти никогаш нема да бидеш приоритет цело време и нема да ја добиваш љубовта која ја заслужуваш. Чист пример за ова е еден случај на една моја другарка. Нејзината љубовна ситуација беше малку комплицирана и долга, но ке се обидам да скратам. Имаше дечко меѓутоа заради некои проблеми кои ги имаа раскинаа. После некое време таа се фати со еден за кого знаеше дека има девојка. И така се гледаа некое време, овој и ветуваше дека ке раскине со девојка му, дека не ја сакал, била грда,глупава што ли уште не. И така си изминуваше времето а овој не раскинуваше со девојка му. Потоа кога другаркава му раскина, овој уште продолжи да си оди со девојка му уште неколку месеци и мислам дека уште одат. А што е најтрагично другаркава беше убедена дека дечково ке ја остави девојката само за да биде со нејзе |( .