На секој, без разлика дали е во врска или брак му годи внимание, разликата е до која граница личноста е спремна да оди На дечкото очигледно му била досадна врската, кога те читав искрено мислев дека бил многу подолго со девојката, тој сака забава, а најлошо ќе поминеш ти-ќе се вљубиш, на крај и да сте заедно, нели ќе имаш грижа на совест дека истото и тебе ќе ти го прави По коментариве и сама сфати дека твојата ситуација не е новост
@elimkd ne mozes da si povekje vo pravo . . . . @pupi.girl Taka planiram go cekam u zaseda koga ke pise
Тој со тебе курот си игра, ти за него тема си отворила. Што убаво така Можеби нема да се согласиш со мене ама јас мислам дека ако ти си доволно самоуверена и свесна не би дозволила постојано да исчекуваш некој кој повеќе од очигледно е дека те искористува без посебна причина. Заборави го, постојат многу машки кои многу убаво ќе те третираат и ќе те прават среќна ако ти убаво им се поставиш. А ако ти стануваат интересни само откако ќе слушнеш дека имаат девојка, тогаш преиспитај се самата себеси.
Sosema se soglasuvam so se so kaza . . . A so se odnesuva do preispituvanjeto . . . Jas Otkoga ke se "zaletam " po nekoj doznavam deka ima devojka . . . Ne e deka jas Baram naokolku ajde koj ima devojka super koj ne nisto. . . Kako da krijat . . . Zboram za nekoj so sum go zapoznala . . Ete na odmor ili random bilo kade ne nekoj so znam deka ima
Тоа не е дефиниција за мачо тип, туку за типичен провинциски сељак кој има мерцедес на бугарски таблици. И за таквите провинциски сељаци има муштерии. Мачо заводници имаат манири во животот.
@alwayshungrygirl Мене само не ми е јасно што мајка бараш со тип кој е во врска? Убав, не убав, прекрасен, ваков или таков.. каков и да е! Во врска си е.. каква и да е , во врска е. Барај си некој слободен и тргни го од животот тој, што ќе ти е? Ти и да бидеш со него никогаш нема да му бидеш единствена.,
Како прво сум го пишала ова милион пати на вакви теми и пак ќе го пишам.Ако сака да е со тебе ќе е со тебе нема да е година и више со девојкаму он зошто не ја сака.Монотоно му е во врската или имаат кризен период и ти си му како разонода.Зошто не сфаќате дека ако и го прави тоа на неа ќе ти го прави и тебе? Значи не се мува со неа,не е на лабаво туку е во врска. Како би ти било тебе ти да си во врска година дена и да дознаеш дека дечкото со некоја седи,искача,лајкнува слики ама ништо не прави? Тебе ти е пре интересно да,зошто се што е забрането е нели поубаво ама се додека не си од другата страна. И не не се машките криви,криви сме ние жените зошто мислиш дека си му битна во животот.А верувај дека не си му тоа го прави само зошто му се може и зошто таквите девојки како тебе што незнааат дека кога некој е во врска треба да си седат на страна, му го креваат егото.
Ако сакал да биди со тебе одамна ќе ја прекинел врската. Друго како не можам да сфатам му се упикувате на машки во врска, еј да барам некој а знам дека не е слободен. А него му одговара да има две околу него, нормално не се кара со женската зошто сигурно сака да биде со неа, а со тебе кога можи да си игра оти да не,
Ај сеа сурова вистина: Не сака да биде со тебе. Не го мисли, не отворај теми за него, ако некогаш ти пише, не враќај. Толку е едноставно.
Во неверство секогаш ја барам вината во еден од партнерите - тој кој изневерил. Во мои очи де. Ама ако некоја пиши дека внимание од момци со девојки им годи - тие девојки се одвратни во мои очи. Не велам дека се вниновни за тоа што се мешаат, туку дека се одвратни како личности, во мои очи, да не се сфатиме грешно.
Имам само едно нешто да кажам во врска со темава, кога некој е способен додека е во врска да излегува со друга, дури и да раскине со таа и се фати со тебе, зошто мислиш дека и тебе нема утре да ти го направи истото?
@PrettyDramaQueen ni pod razno ne mislam da sum vo vrska so nego. Rekov interesen e se super, ide muabetot...ama si postavil drugi celi on vo zivotov, i takov mene za decko ne mi treba.
Затоа што немора да значи. Од каде го извлекувате правилото дека ако ја изневерувал со тебе, потоа тебе ќе те изневерува со друга? Може се заљубил човекот во неа, само проблемот овде е што он не става крај на предходната врска. А на секој може да му се случи во врска да се заљуби во некој друг. е сега, кој е колкава кукавица и дали ќе стави крај на предходната е индивидуално. Јас и еден мој бивши се заљубивме еден во друг додека тој имаше девојка. Ама он не не измотаваше двете со месеци, туку стави крај со неа. Тоа не значи дека со мене раскина потоа заради друга. Во врска сешто може да се случи, тука не постојат толкави обврски еден кон друг, како во брак на пример.
Зошто тогаш напињаш 3 страници и отвораш тема ако таков дечко не ти треба? Или не ги доби одговорите што ги посакуваш, па сега менуваш тактика?