Се слагам со @dzeliii, само што сакав и јас да пишам. Како е можно било кој да дозволи да биде втора виолина, златна резерва или едноставно втор избор. Не можам да замислам како е да чекам да најде малку скришно слободноо време да се види со мене (кога цурата му не може)... Да пазам кога ќе му ѕвонам, како сум потпишана, да се надевам дека ќе расчисти со првата... Зарем сакате да бидете како „Дуле - аутомеханичар“ потпишани? Или нон-стоп да бидете другарката од средно? Оууу, не!! Достоинство, молам!