срцка истото ми се дешава во моментот,другар на бившиот ме моли да напрајме неш, ама и јас од истото стравувам,да не речат види ја шо прај како прај, првин со едниот сега со другиот, но во последно време сфаќам дека нема фајде од то,шо и да на напрајш луѓето пак ќе зборат,така да не му ја мислам многу,,ак отреба да бидни нешто ќе бидни ...ако ти е убо продолжи си со него..не му ја мисли
Ај и јас да си се отворам малку : ) Долго време веќе никој не ми се допаѓал онака многу... Во последно време ми се свиѓа еден дечко од нашето друштво ако може да се каже. Но ситуацијата е малку комплицирана. До пред година ипол се моткав со негов другар, не ми е сеедно за него, една година бевме заедно и ств ми значеше.. но тоа помина, тој веќе има долга врска а и многу се оддалечи од ова друштво, мн ретко излегува со нас. Но тој е најблизок со овој сега што ми се свиѓа... А пак останатите од друштвото не зафркаваат со еден другар (во последно време ги убедив некако да не зборуваат мн мн), ништо немаше меѓу нас, се гледаше дека тој сака нешто ама никогаш не ме викна на страна и не ме праша.. сега стварно не ми е јасно дали тој има некои симпатии кон мене. Женските и знаат мене кој ми се свиѓа но никако што се вика не можам да дојдам до израз.. ме зафркаваат за еден а ми викаат да ми го местат овој.. Не знам што се случува во машката глава но страв ми е да се опуштам и да покажам некои знаци дека ми се допаѓа, не сум некоја што сака да биде оговарана, посебно не од луѓе што и значат.. а и мн ми значат мислењата од останатите во друштво, не сакам да го сменат мислењето за мене. А мислам дека и до сега така ради другари..другарки сум изгубила некои работи кои можеби би биле совршени, но секогаш гледам другите што ќе речат одколку мене како ми е ..:/
и јас сум во ваква ситуација...значи со детето се бендисваме и јас него и тој мене...можи и до сега ке бевме пар но не сме оти пред брзо време дознав дека мојот бивши со кој имам добри контакти со него и мн добар другар веке 3 пати се имаеме смирено и скарано ,но исто така е многу добар другар со мојот симпатија дури од основно... и мн ми е глупава и смешна ситуацијата кога ке излезиме комбинацијата бишиот јас неколку другарки и другари и сегашниот сипатија
Ако станува збор за обичен познаник на бившиот со кој се на попатно „здраво„ нема никаков проблем ни дилема околу стартување врска, истото се однесува и на чат-пат другарување. Мене лично никако не ми се допаѓаат комбинации иста девојка со двајца браќа, братучеди или најдобри другари. Колку и да се обидувам да ја боцкам либералнава ми мозочна активност не би јас никако утре да се најдам на маса каде маженцето и деверчето ме (зло)употребиле по моја слободна волја секако и на сите тука читај цело семејство до секое присутно колено, низ глава исто мисличе да им се мота на заедничка маса - и тоа бабино и тоа бабино, не, не - ту мач !!! Неблагодарна работа е да изигрува човек морален судија,не би јас тоа,ама убедена сум со висок процент дека машките немаат високо мислење за девојки кои ќе влезат во некоја од горенаведените комбинации-не зборувам тука само за оние надворешните типови во чие уше ќе влезе приказнава,туку најпрво за самите браќа или братучеди или другари.После некое време пр.браќава би разговарале на кои се места во станов ја легнале девојкава,мислам дека не е сеедно да е некоја предмет на вакви дискусии,во секој случај од толку многу типчиња,не мора баш оној кој е најнепосредно до бившиот да се избере,најдобро е да се заобиколи што е можно повеќе и тоа најдобро за сите-и за сегашно време и за во иднина!
Ако сум заљубена во момчето, ќе отидам со него, без разлика со кој се друже. Ако е од чиста досада... не! Али и ова познаник не е соодветно.. не живееме ние во светските метреполи, овде секој со секој се знае, па ај сега ти барај под камен некој што не се познава со бившио твој.
Женскици и мене ми е потребен совет од вас во врска со оваа тема...Пред неколку години се измував со еден дечко со кој бевме во исто друштво постојано се дружевме со нив и неговите другари тоа панима што помина... после тоа имав долга врска за на крај и таа да заврши неславно...и кога повторно почнав почесто да се дружам со тие другарите од претходно сватив дека има еден од нив што ми се доапѓа и тоа многу...тој што моментално ми се свиѓа живее со тој бившиот мувач од мал и затоа ми е многу неугодно...но овој (мувачот) има женска и многу реткоо излегува со неговото друштво....Што се однесува на другаров што моментално ми се свиѓа излегуваме често во друштво и незнам дали мене ми се приицнува или чувствува и тој нешто за мене...Што ќе ме посоуувввате вие мене Безнадежен случај сум
Абе не ќе му ја секираш за нешто што било пред милион години (и тоа тоа НЕШТО било само мување). Немој да се устручаваш, туку go for it
Ќе направам се што е во моја моќ...бидејќи сум таков тип што секогаш им вели на другите да се борат за тоа што го сакаат )))))
Сеааа, зависи што дефинифаме како „познаник“... Во маливе ни македонски градови каде што секој со секого се познава малку тешко да најдеш некој што не се знае со некој од твоите бивши...така да јас воопшто не гледам проблем у тоа, се знаат,се знаат - чудо големо... но ако се добри другари, тогаш дефинитивно треба да се избегнуваат такви врски... Не за друго, ама дечко ти сигурно не би се осеќал убаво да знае дека се што правиш со него, претходно си го правела со другар му... посебно ако бил доста упатен во нештата што се случувале во твојата претходна врска... А со двајца браќа - никако. НИКАКО! НИКАКО! Мислам дека нема потреба да објаснувам зошто.
Моја ситуација.... најдобрата другарка оди со мој бивши.... со него јас бев 2 месеци заедно... од почеток можи беше малце непријатно ама сега со детето сум зближена како брат... тие се заедно веке 7 месеци... и не би ми пречела врска со познаник на бившиот па макар и да му бил најдобар другар, не знаеш "со кој ти било судено".....
Ако ви раскажувам како се одвива се во нашево друштво, ќе се зачудите... Јас се мував со другар на дечко ми, дечко ми идеше со моја колешка. Со типот што се мував(другарот на дечко ми) идеше и девојката на еден наш другар. Друг пар, прво едниов другар идеше со девојчево кратко, сега со другиов другар се во долга врска...Ехееее...Заплеткано заплеткано.... Се надевам убаво објаснив.
Да зошто да не дечко ми и бившиот се до иста населба се знаат што се вика израснати се заедно на една иста улица и дечко ми знае дека тој ми е бивши ама ни на него ни на мене тоа не ми претставува проблем бидејки тоа се затвршени работи свртен ни е нов лист и не се замараме со тоа си тераме наша раб си се сакаме и здравје боже
Истото би го рекла, од искуство Од одмазда, се заплеткав со еден негов, ајде да речам другар, иако не беа сепак многу блиски Реакцијата негова беше
Јас се имам смувано со познаник на бившиот, и не сакам тоа повторно да го направам. Така сама кога си ги разгледав работите сватив... подобро НЕ
значи вака.. другарка со бившиот идеше 5 месеци и ептен им беше фино али раскинаа почеток на летово зашто типот неможел да издржи со една у лето -.- и сеа она се смува со другар на бившиот и испадна дека он ја завиѓал уше првиот пат коа се запознале и сеа си се на мување онака лабаво. прашањето беше дали да кажат нешто на бившиот или да продужат да си се кријат?
Мислам дека би ми било непријатно. Што ако додека шетаме заедно го сретнам бившиот? Сега зависи како се мисли познаник, ако не се толку блиски и си имаат само едно здраво би размислила.
Јас не би се замарала. Бившиот е минато, ако некоја познаник ми се допаѓа а и јас нему тогаш зошто да не бидеме заедно? Не гледам пречка.
Со оглед на тоа што мислењево е старо година и нешто, баш ме интересира епилогот од сета таа приказна и развојот на настаните хаха
Vaka od prva zvuchi malku glupavo, ama ne mora da znachi. Pretpostavuvam zavisi od situacija do situacija.