Врска со позната личност

Дискусија во 'Врски' започната од Rubiii, 21 август 2011.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Можеби има ваква тема,јас како што прочепкав,видов дека нема,но ако има или е тапа,избришете ја :)
    Што мислете за врска со позната личност? Колку рок на траење имаат врските од ваков спој? Дали сте биле во ваква ситуација??
     
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Уау ! А смеам да прашам зошто прашањево да не си во таква ситуација или? Не сум била никогаш во ваква ситуација така да не можам да кажам дали е добра идеа или не.Од една страна е привилегија а од друга сепак самиот факт што е позната личност значи дека милион девојки трчаат по него и тоа ти е малце незгодно :) особено ако си љубоморен тип на девојка.
    Но јас би била во врска со Енрике Иглезијас без оглед на се ;) ахх пусти сонови :D
     
  3. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Скептик сум за вакви работи, особено откако другарка ми се фати со еден пејач од нашава естрада. Никогаш немаше време за неа, постојано беше по настапи, снимања, интервјуа, хуманитарни концерти, постојано беше опкружен со девојки и тоа неа ја нервираше. Ретко ја носеше со него, каде и да одеше - одеше сам. Во јавност се декларираше како „сингл“, немал време за љубов, што и навистина беше точно. Никогаш немаше време да и посвети внимание, дури и роденденот и го заборави! Беше многу повредена, но за среќа го заборави, а тој си продолжи по старо...
    Така што, јас лично никогаш не би започнала врска со позната личност. Таквите работи кои би се случувале се неизбежни и дел од таквите професии.
     
    На kLem23, crazylady, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Тешко дека би успеала... освен ако има доволно голема доверба девојката кога тој оди на настапи или обратно. Ќе има многу љубомора и кавги :^)
     
    На kLem23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Panicarka

    Panicarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    претешко.... и јас мислам дека нема да фукнкционира.....
     
  6. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Не би успеала ваква врска а ни самата не би се пуштила во вакво нешто бидеќи тој како што кажа OrdinaryGirl нема да има време за мене а тоа јас не би го издржала исто како да сум сама па подобро сама ќе бидам отколку со дечко ама всушнос без дечко и на крај да останам повредена
     
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Па да,не сум во врска,и како што тргнало нема ни да бидам...По природа сум мн пребирлива и сум карактер што е за озбилно,а не тргни остави,а од ваква личност поради професијата неочекувам некоја верност,долга врска,љубов и нешто посебно...Не ми е проблем да делам нечиво брзо темпо на живот со мн обврски,малку слободен простор и време,но да знам дека ке вреди и дека ке има верност и доверба,затоа и ја отворив темва,да чујам мислења ,или па искуства,и гледам се поклопуваат суштините со моето мислење....Да биде најтрагично,не е ни од нашава држава,го запознав минатиот месец на одмор,6 дена пред да си одам,и се некако мн брзо се одвиваше во комуникацијата,а такви брзи работи ич несакам.Сега ми пишува постојано пораки,ми се јавува,скупе,одржуваме комуникација премногу(што искрено мислев одма ке ме батали кога ке си одам),и ми се најави за октомври дека ке ја посетел мк.Незнам ни дали да го одржувам темпово на комуникација или да оладам на време,хаос сум во главава 25 дена :D Долго време сум сама без дечко,чекајки си некој принц :D ,а ме снајде ова,што реално би било мн далеку од нормална врска каква што посакувам...И за крај,да не заборавам да го спомнам најбитното,дека навистина ми остави впечаток,мн е внимателен,приземен,харизматичен,мн ме смее,ама ова професијава :worried: Ај далечината ке се разбие некако,таму-ваму(иако незнам ни моите како би го примиле ова и тие патувања,другарките веке рекоа да се тргнам)незнам феминки,неочекував дека ЈАС несреката на две нозе,ке се најдам во ваква ситуација ...
     
    На Panicarka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Пред се, кај нас познатите ниту се толку познати, ниту толку зафатени.Имаат настап два пати во неделата, па ни толку, интервју два пати во месецот или ич.Исклучок беше Тоше, што нонстоп беше наваму натаму, по настапи, патишта, емисии, интервјуа.

    Ако ми е личноста битна, би прифатила...тоа ќе го сфатам како негова професија.Кога би била со некој бизнисмен, успешен човек, секако нема да го оставам зашто мора да работи по 12 саати на ден со згодна секретарка :D Па така и некој познат.

    Само проблем е, што кога ќе размислам, кај нас познатите се рамни на простаци, како по дефиниција оди дека колку си попрост, толку си попопуларен, па не знам со кој познат наш би се замислила.

    Е за тие од туѓина е друга работа, ама за нив џабе е и да се размислува :)
     
  9. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Мислам дека не би функционирала..Имав една другарка т.е бивша другарка идеше со пејач не толку познат ама ете..демек се сакале бла бла бла..а тој ја изневеруваше со која ке стигнеше..а таа знаеше и сепак молчеше..сепак нивна работа ја никад не би со ваков тип на машки не велам дека и ‘‘обичниве‘‘ машки неможат да изневерат..али сепак ке напоменам има обожавателки,и нормално како женско не би сакала околу дечко ми да се вртат секакви ку*вици..
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Па ако навистина ти се допаѓа и имаш чувство дека и ти на него му се допаѓаш тогаш пробај зошто да не.Не мора да значи дека таа врска е осудена на пропаст.Ако е навистина таков каков што го опиша тогаш би можел да биде принцот кој го чекаш :) .Мој совет ти е да пробаш,да видиш како ќе ви оди и можеби неговата професија нема да биде толкава пречка во вашиот однос.А ако не е од тука тогаш од каде е ? И дали е многу популарен или? Се разбира ако не е тајна.
     
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Покрај тоа што ме мачат неговата популарност(ако можам така да се изразам,иако гадничко ми звучи) и далечината,ме мачи и подршката која не ја добивам од друштвото и за што дополнително се нервирам.Уште на одморов ми замеруваа дека не сум им посветила доволно внимание,ко да забораваат дека за овие мои 21 година сум имала само една врска,и ништо повеке,и цело време им било посветено,додека повекето од нив се во сериозни врски од по 3-4 години :x
    Што се однесува до земјата,он е од Шпанија и искрено јас не ни знаев дека е некоја си фацка,и вечерта кога се запознавме воопшто и не ми ни кажа ниту он,ниту некој од неговото друштво.Приметив дека чудно буљаат некои од лугето,но ни на крај памет дека е ради него.Наредниот ден,кога го застанаа девојчиња за слика беше кулминацијата,и тогаш ми кажа,но јас веке се имав поставено спрема него без да знам,што му се допадна посебно.А најчудно е што додека бевме на одморов,само 2 пати проба да ме залапа,ништо повеке,воопшто не инсистираше,ме гушкаше,креваше,ама др ништо,што пак ме изненади колку беше воздржан....Незнам стварно,кај со факултетов сум во хаос,уште на ова да ми лета паметот ми фалеше :D
     
  12. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Искрено ако го сакам и ако чувствувам дека тоа ми е возвратено нема да ми биде гајле дали е познат или не! Ќе му ја прифатам професијата и ќе го разберам,ако стварно гледам дека тука има љубов,разбирање и подршка од двете страни..во ваквите врски мора да има многу толеранција и разбирање..мислам дека сум спремна на вакво нешто,иако го немам доживеано на своја кожа..ама сигурно нема да го откачам дека е познат а го сакам! ;)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    НЕМОЈ !!!
    Барем што се однесува до моите искуства :@
    Две искуства, еден од тука, еден од соседството...
    Двете - НЕГАТИВНИ
     
    На kLem23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Не би можела да пробам,чисто колку да се рече пробав,бидејки воопшто не сум таков тип,преферирам изанализирано искуство,а не оп троп-проба,и на тоа и се должи фактот што сум имала само една врска зад себе се на се :D Не се плашам од далечината,бидејки за тоа постои довербата,и не се плашам ни од неговата професија,бидејки јасно ми е како одат тие работи и обврски и знам дека нема да е ни малце лесно,се плашам од успехот на сето ова,а и најмногу од се ,што немам подршка,иако ја имам најважната,од сестрами.Како и да е,фала ви феминки на советите,времето ке покаже,може и контактов ке го изгубиме,никогаш ништо однапред не се знае :)
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Еи сите не би можеле, а баш ме занима што ако ви се пружи шанса? ;) Сигурно нема да ја одбиете.
     
    На kLem23, joy1, GeorGinnA и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Велат треба да го прифатиш човек каков што е. Ама како да прифатам некој кој постојано не е дома. Да ок е ...работа. Ама бре нели ни треба маж. Тие турнеи, настапи, тезги. Не е тоа еден ден....Нема да издржам.
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Јас досега сум немала вакво искуство, па неможам да судам според тоа. Но мислам дека и една ваква врска би можела да успее, и познатите личности се луѓе нели? Па според тоа, ако постои љубов, разбирање и сите други фактори кои градат една успешна врска, би требало се да биде во ред.
    Да, познатите личности се многу зафатени, секој ден со обврски, ама ако се сака за се може да се најде време. ;)
     
  18. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Не сум имала до сеа ни едно вакво искуство,но имам една пријателка која успеа да просперира во модните води и откако почна со снимања и патувања ја прекина и врската која барем мене ми изгледаше дека е сосема солидна.

    Мој совет ти е да пробаш бидејќи по твоите постови претпоставувам дека и ти ја посакуваш таа врска. Впрочем... на која и да и се пружела шанса да биде со некоја позната личност не верувам дека би ја пропуштила :) Среќно.
     
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.533
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема таква личност позната а сингл со која може да бидам а да не се чувствувам како да сум со некој деген. Леле види ги фациве наши а бе очајни се луге, не се ни водители ни пеачи ни спортисти за да се гордееш со него. И тие малку што ги има посалам зафатени се.

    Една моја пријатељица пати од таков комплекс да се дружи и да излегува со ’’фаци’’. Лошото е што она е спонзоруша а од фациве наши ретко кој заработува убава паричка, сите се ситни риби. Успеа девојката конечно познат да си најде, типот не беше лош по карактер, и на ТВ и во живо скромен дечко, свири за ситна пара и тоа што го заработува оди по спотови и песни правење. Кучкава го напушти ама не губи надеж она веке е во лов на нова ’’фаца’’
     
  20. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Со тоа што не се пофалил одма дека е познат и бил со тебе само покажува дека не сакам да те "ќари" со неговата популарност. Врска на далечина е тешко да се одржи а за врска со некој познат незнам бидејки не сум имала такво искуство.. Но на крај краева се е до тоа каков човек е и дали те сака. Најубаво ти ке си го оцениш тоа бидејки ти го познаваш и ти ке одлучиш дали сакаш да бидеш со него. Најбитно е тебе да ти е убаво, ако си среќна вистинските пријатели ке ти пружат поддршка а ако и тогаш не те поддржуваат можеби тоа е само завист од нивна страни :?: ... Има девојки кои биле во врска со некој познат и ако не им се погодил ги варал и ги запоставувал, ама пак од кај знаеш може нема да биде твојот случај таков-не се сите исти... Ти сама ке си одлучиш најубаво :wasntme:
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.