Не верувам дека би издржала. Зошто? Па, колку и да не се зафатени личностите од нашата естрада, сепак имаат повеќе обврски од човек со нормално работно место каде што се знае дека е таму и таму од толку до толку... Друго е тој да работи во фирма, продавница, кладилница, кафич и сл. а друго е работното место да му е дискотека или ноќен клуб. А најмногу познати личности се пејачи... Фестивалите до некаде и не се проблем бидејки се една или две вечери, ама проблем се останатите настапи. Патувања од еден во друг град скоро секој ден, интервју со овој со оној, сликања со фанови (кои се премногу застапени), концерти, прес конференции...сето тоа би не разделувало. Тој не секаде би ме носел со себе, бидејки и не би можел, а девојка како девојка сака внимание, минување заедно подолго време. Затоа мислам дека не би успеала. А и еве едно искуство: братучедка моја се гледаше со еден пејач, кој и не е толку популарен (не ја полни жолтата штампа што се вели) и одма се раѓаше љубомора. Кај си, со кого си, зошто не се јавуваш, зошто не дојде...беа прашања кои ја доведоа во прашање нивната иднина. Раскинаа на време бидејки уште на почеток се виде дека подобро е побрзо да се стави крај!
Зависи од карактерот на девојакта или дечкото. Да речеме јас сум љубоморна . И неможам да седам дома да знам дека он е во дискотека а милион девојки доле свршуваат кога ќе му го слушнат гласот . Едноставно таква сум , си го сакам за себе . Не дека вака неможе да направи нешто , но ете ... А не бива како додатен товар да ме носи со себе на патувања . Сака слобода не ? Кога е добар ќе сакам и ја да успее а нема да успее со мене до него како полицаец. Така што јас не можам со позната личност да имам било што . Не верувам . Да речеме , бев на една забава и еден од тие кои беа на забата и пееја , почна да ми се смешка да ми намигнува . Флертувавме што флертувавме , и после ме најде на фб , го прифатив и после две недели почна муабет за врска . Значи дека ако ја тргнев со него , он после месец дена кога ќе му здосадев , на некоја забава ќе и се насмевне на некоја , па фб и оп ете ти. Тоа е така затоа што они се познати нели и они мислат дека се Спојлер ку*ац ипол , и сега можат која сакаат да ја имаат и да прават што сакаат. Ова е барем од оние познати кои ги знам , без разлика дали е глумец , пеач , шоумен ... Незнам ова е моја логика
Можда не сум во врска со Бред Пит или ајде еве на пример со Дарко Илиевски или незнам кој, ама сум во врска со спортист, кој не е секако Горан Пандев или Кире Лазаров, ама сепак е доволно познат за тие кои го следат спортот со кој се бави! Па затоа се замислив дали да пишам тука во темава, ама ете за споредба зошто да не! Ме нервираа неговите 4000 пријатели на Фејсбук, од кои 3000 женски! Ме нервираа плената девојки кои го чекаа после некоја битна утакмица за да се сликале со него, или па сите тие секако женски, кои викаа, се радуваа, скокаа, запаѓаа во транс ако дечко ми дадеше гол! А, јас па таква седам и ја следам утакмицата и ако некој од неговите познаници не ми дофрлеше нешто, сигурно тука никој нема да забележи дека јас сум му дотичната женска на пример, рефлекси на мртов коњ имав на секој утакмица иначе ќе станев ќе заколев некоја! А тие, тинејџерките ауу па која женска што им е гајле викаат ли викаат, па уште слушам над мене “ Леле, една ноќ со него до сабајле!“ Божеее!! (смајлиштосекрсти)...Ми сметаше, се дури не се навикнав, а сега ми е смешно и помалце ми годи! Сепак дечко ми, како што кажав не е многу познат, ама ете мене ми сметаше! Не па да сум во врска со некој ептен познат, што сите го знааат и познаваат..е тогаш на трибините ќе има трета светска војна! Значи и нај НЕ љубоморна личност да си, сепак смета! Јас не сум љубоморна, колку што сум себична! Она што е мое, си е само мое! Што има тие да го скандираат неговото име бе?! Само јас го имам тоа право! (ахмм!)
Ауу јас вака не би можела Љубоморно човече сум и уште фалит по улица ко ќе ојт да му се фрлет женишта то јас не го трпам. Зато наши со наши(ние обичниве смртници) и познати со познати
Мојот сопруг е јавна личност и ние со таа негова популарност (во македонски услови)функционираме веќе 14 години.Кога го запознав јас знаев кој е ,што работи и што се тоа си носи со себе ,па пред да ја започнеме нашата врска јас се преиспитав како и дали ќе можам да се носам со сето тоа (мислам на папараци,насловни,пуштања на девојки,разноразни приказни....). По природа јас воопшто не сум љубоморна и на партнерот секогаш му ја оставам слободата со напомена дека доколку се случи неверство нашата приказна е завршена. Можеби во нашиов случај и истиот став околу неверството придонесе да немаме проблем во врската.Јас свесно сум негова позадина затоа што не сум некоја која сака да се експонира и малкумина ме познаваат како негова жена,а на овој начин го заштитуваме и нашето дете.До сега во Свет го имало само два пати(во негативен контекст) со слика од девојка и тоа ни помалку ни повќе со негова прва братучедка за која тврдеа дека му е девојка затоа што таа два пати по ред се појавила кај него на настап и имала почесно место.Кога е на турнеи(а тоа е многу често) јас искрено воопшто не се грижам дали некоја ќе му се пушта туку се секирам за тоа безбедно да пристигне и да се врати дома каде што го чекаме јас и нашиот син.
Јас немам врска со позната личност, но имам 3-ца другари познати во медиумите и еден, така да кажам, познаник исто така многу познат (ама не ми е мене другар, туку имаме заеднички другар, па некогаш шетаме заедно) и можам само да кажам дека е мнооогууу напорно. Тие веќе не реагираат, после толку време не реагирам ни јас, ама прво- загледувањето, ќе го измеркаат човекот... после веднаш да видат која е со него , па да те измеркаат , како изгледаш, како си облечена и тоа само затоа што си во друштво со него. Па шушкањето позади грб, па има некои и си дофрлуваат... И искрено, овие јас што ги знам и се дружиме се многу нормални личности, ама воопшто не се вообразени и забегани, ама јака им душа. Мене не ми е гајле за муабетите, ние сме си другари со години, ама замислете да сте нечија девојка и да сте во таква ситуација . да сте тема и мета на коментари само заради дечкото, да ве меркаат постојано (за да ви најдат недостатоци, не за да ве пофалат), па да си слушате „Леле кај ја најде оваа... “ (и ова без разлика како изгледате, BTW). Не е лесно... освен ако не сте со тој некој токму за тоа, за да ве загледуваат и да ве забележат и вас (ова посебно важи за оние искомплексираните кои нема нешто што не би направиле за да бидат забележани и видени, луѓе без сопствен квалитет кои мора да се шлепаат на некој мислејќи дека така квалитетот станува и дел од нив... ).
мојот вереник има другари т.н познати личности ,и уште кога бевме деќко и девојка и кога искачавме со некој од нив,гледав како се понашаат со девоките и како не ги ебаваат 2 посто само заради некое задоволство се со нив ,и секако бараат нон стоп некоја нова,и ако имаат по сериозна женска нон стоп ја изневеруваат,
Имав долга врска со пејач што беше успешна,ама пуста љубомора ме уништи па почнав да бидам хистерична за да раскинам и раскинав малку жалам за тоа,ама така требало да биде сепак мислам дека не ме сакаше доволно толку колку што ми треба љубов на мене
Не верувам дека ќе успее. Пред се ако има обожавалтеки а женско како женско не поднесува и љубомори. Па обврските посебно ако мора постојано да патува некаде на страна мислам луѓе ваквите врски уште од почеток се осудени кон пропаст. Секако секаде има исклучоци и ретко кои успеваат и завршуваат со брак. Но колку траат тие бракови? Многу малку. Мислам читаме по интернет, весници, слушаме вести ... и знаеме што се случува.
Ми се допаѓаше една позната личност од МК, но кога убаво размислив за дополнителните ситуации кои би биле секојдневни, сфатив дека тешко би издржала... Најпрво би требало да вложам многу напор да го придобијам, а потоа уште повеќе напор за да го задржам... дечково е згоден али... ми треба мир во животот, и го оставив да си брка други сојки
Јас сум во една таква врска. Дечко ми не е некоја ептен позната фаца, работи со нашите пејачи па најчесто се појавува и тој на страниве. Го знаат прилично многу луѓе, а има еден куп такви што трчаат по него ради тоа што се појавило неговото име и презиме. Премногу е зафатен. Цело време е по настапи, снимки, монтажи, камери, фотографи, промоции.. Кога го запознав, ниту знаев кој е, што е, толку скромно ми пристапи. Доста се бори за својата кариера, што го разбирам и многу добро почнав да се справувам со тоа. На почеток ми беше многу тешко, мислам љубомора од носот и ушите ми излегуваше. Скратена сум од многу внимание, од многу прошетки, од мн мн работи. Но многу е мил и секогаш наоѓа барем 5 мин. Многу ноќи сум седела со него додека тој работи, сум била и каде можело и придружба да носи, ме запознал со скоро сите познати и непознати со кој работи само да се осекам сигурно.. Искрено да знаев дека ќе е вака, немаше да дозволам толку да се заљубам. Касно е веќе, а и се навикнуваш.
Сите викаат нема шанси со позната личност, тешко е, не ти посветува внимание, постојано е опкужен/а со други дечки/девојки...а што мислите на нас познатите лесно ни е? И ние сакаме да се посветиме на една личност ама тешко е. Такви се условите. Трпение спасение.
Врска со позната особа е сон на секоја втора девојка бидејки во природата на човекот е да се чувствува битен и почитуван во општеството. Доколку една особа не е битна секако дека би сакала да има успешна особа покрај себе. Според мене секоја жена која ќе каже дека не сака да биде во врска со познара личност лаже. Не постои човек на светов кој не сака пари и моќ а да бидеш познат во едно општество значи да бидеш моќен т.е имаш привилегии. Јас лично не сум била во врака со познат тип, ако не се рачунаат некои онака локално познати фраерчиња. Не дека јас сум гадлива на познати или дека не би сакала туку едноставно не сум имала можност. Некоја од вас спонна љубомора и седење дома. Според мене ти ако си љубоморна и да си со најгрозниот и најнебитниот тип ти пак ќе бидеш љубоморна. Инаку незнам зошто некој мисли ако тој е на пример пејач дека додека тој е на настапи таа ќе треба да седи дома. Јас мислам дека реализираните особи и оние кои виделе свет не би им пречело вие да излегувате и да се забавувате за разлика од некој голтар кој не излегол подалеку од свое маало нема да ви даде да мрднете во ВЦ без него. Да не спомнувам со тоа што ќе имате повеќе пари ќе имате многу повеќе прилика за шетање и уживање за разлика ако сте со некој голтар кој нема пари да ви купи ниту сендвич. Има ли девојка која не сака да шета и излегува на фенси места,да има доволно финансии да си приушти многу нешта....?
Другарка излегуваше со народњак. Прво беше воодушевена демек никогаш не мислела дека ќе биде со него, кога го гледала на тв. На почеток велеше дека е културен дечко, ама на крај испадна дека е лажго, дека паралелно излегува со повеќе девојки. Не и даваше да му се јавува таа на телефон, ја избришал од фб иако беа во врска. А типот грд беше само што има пари, па се облекува со стил, шета итн.
Немам такво искуство, но имам другарка со такво искуство. Ја гледам како плаче и се нервира заради него, нема доверба но не сака ни да го остави од причина што и бил прв и одела со него 5 години.
Во врска сум со дечко доста време, кој е во бенд со еден наш доста познат 'singer'. Искрено, секогаш сум била против врска со познати и сл, но ете некако се случи. Се запознавме сосема случајно. Пишување, слушање по телефон, прошетки, излегувања и ете. На почеток немав некои посебни емоции спрема него, освен тоа едно нешто што ме мачеше - како да се знаеме цел живот. Посветено ми беше огромно внимание, љубов и разбирање. Не, не се замарав ама ич. Не ми беше тешко се до моментот кога не го засакав. Е тогаш почна славата да ми смета. Што прави сега, во друг град е, лелее а што ако е со друга!? Прашања кои не ме оставаа да спијам, прашања од кои душата ме болеше. Будала бев. Тој ме молеше, ме убедуваше дека мене ме сака, дури и слики ми пракаше и спиеше со мене на телефон кога е во друг град (без јас да го терам) само за да ми ги тргне тие црни мисли. Со текот на времето сватив дека мене ме сака и дека за другите не му е гајле ама ич. Пред сите гордо ме држи и гушка (кај и да сме), на сите гордо ме покажува и се фали. Омилената реченица (покрај ТЕ САКАМ) ми е 'Ајде излегувај со мене да покажам на сите дека ја имам најубавата девојка'. Ми требаше време да сватам дека не се сите 'познати' со идиотски карактер, некои едноставно сакаат да имаат нормален љубовен живот и да го работат она што го сакаат. До сега ни оди супер и се надевам дека ке продолжи така.