Врска со помлад маж

Дискусија во 'Врски' започната од Dreamer, 30 март 2010.

  1. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    38
    Девојки,што мислите за тоа дечкото да е помал од девојката во една врска?Ми се свиѓа едно момче кое е помало од мене 2 години,а симпатии има од двете страни ;) Совет? :)
     
  2. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.961
    :lol: :lol: :lol: :lol: ич да не ти е гајле што е помал штом има симпатии од двете страни уживај и терај си ќеф ;)
     
  3. enigmagirl

    enigmagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    najmal prpblem e toa, ako veke se smeta za problem.
    ic da ne se mislis za toa...ehee kakvi problemi se nadminuvaat i sto se se pravi za ljubov pa godinite. godinite ne znacat nisto. ;)
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Абе проблем некој и нема. Ако ти е убаво - терај. Ама гледам имаш 17 години. Дечкото значи има 15. Да не испадне дека дадилка изиграваш, пошо ем е помал, ем машките побавно созреваат од нас. Испитај си убаво терен.... Ти треба да му бидеш женска, не биг систер ;)
     
  5. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Абе работава ми е некако ко за заебанција некако,не за нешо сериозно.Ако мислиш дека сакаш некоја авантура со него слободно,ама за озбилна врска тешко-тој има 15 год.Уште не е созреан ;)
     
  6. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    од лично искуство, слушај постари кога ти зборат :D
     
  7. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.961
    да заборавив да пишам мојот совет е од лично искуство :oops: :lol:
     
  8. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Абе нема врска ако е помал, денес тоа е на мода :D се шалам ама познавам многу такви парови каде девојката е постара. Ако ти се свиѓа и ако го сакаш за дечко, зошто да не ? :)
     
  9. Fairybell

    Fairybell Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    25
    Јас би те советувала да си се измуваш барем,да ти помине ќефот.А ако го сакаш за дечко,како што ти кажа Hipica,испитај си прво терен,да не е ептен малишан во паметот па после да ти е мака.Значи само брановата должина треба да му ја испиташ,а тоа е лесно,сега е топло времево па излезете рашетајте се,правете си муабет.Е па ќе кажеш што било,ама без мување не го пуштај штом ти се свиѓа :lol:
     
  10. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    16
    Dreamer, ги подржувам советите од Hipica и Fairybell.
    Hipica иако си релативно млада имаш премногу зрели размислувања, браво, многу можат и да ти позавидат :up:
     
  11. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    38

    Паа,го знам доволно долго и дефинитефно е позрел за негови години за разлика од повеќето негови врсници па дури и мои врсници :) Ама дали е подготвен за посериозна врска :roll: ...
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.088
    Пол:
    Женски
    Девојче, ич да не се секираш што е помал од тебе, годините не се мерка за зрелоста. Ако вам ви е убаво, ако има симпатија од двете страни, зошто да не уживате во љубовта? Млади сте, има време и двајцата да се развивате, може да биде само авантура, а може и озбилна врска, ама не се замарај со тоа. Искористи ја шансата и уживај, па ќе видиш како ти е ;)
     
  13. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Епа чим мислиш дека е созреан во напад ;) Познавам јас пар исто машкото е две год помал од неа,ама е дете на место,со зрели размислувања и сл.Ајде смувај го таму и кажи што си одлучила за понатаму :D
     
  14. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.961
    абе што ви е на вас за сериозна врска не бил подготвен :lol: :lol: :lol:
    па кој размислува на 15 год. за сериозна врска :?: :roll:
    ајде штом си се допаѓаат еден на друг нека си се смуваат и нека си тераат работа понатака....сега можеби се гледа разликата во години, ама после 20-ка не се ни приметува разлика од 2 год. ;)
     
  15. ivana6666

    ivana6666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали може да успее ваква врска?
    Дали е преголема разлика ако жената е постара 4 години од мажот?
    Може ли помладиот маж да се справи со сите потреби на жената?
    Која разлика е најдобра?
    итн...
     
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Си можела да го поставиш проблемот во РАЗЛИКА ВО ГОДИНИ..
    Не знам да ти одговорам од лично искуство, затоа што не сум имала врска со помлад од мене, а не би ни сакала затоа што би се осеќала како да одам со дете :) Плус нели женските побрзо созреваат од машките. Повеќе сакам до мене да имам дечко што има поминато повеќе работи во животот и што ќе направи да се осеќам сигурно, а не некој помал од мене. Ама тоа е само мое мислење. Сепак нели има некои машки што и покрај тоа што се помлади од девојката, знаат да се однесуваат зрело и како повозрасни. Ти самата си знаеш како се осеќаш во врската, ако ти е се во ред, тогаш нема зошто да се секираш за разликата во години. Денес не е битно кој е повозрасен. Дури и на мода е да се иде со помлад дечко ;) На моја другарка мајка и е повозрасна цели 10 год. од татко и ама бракот им функционира супер.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.382
    Инаку темава е исто - веќе видено, ама ајде ќе си кажам мое мислење - мажите и онака подоцна созреваат (со по некој исклучок), тие постарите ми се некогаш смешни во муабетите, па уште и помлад. ;) Никогаш не вели никогаш, ама јас лично не би сакала помлад маж. Нема да си играме детска градинка :D
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Во однос на темава мислам дека ваква врска би можела да успее ама тоа ретко се случува. Секако дека се е до карактерот, ама не би сакала да си играм дадилки искрено. 4 години Е голема разлика. И самиот маж може да се почувствува загрозен, а жената пак недоволно заштитена.
    Во однос на потребите: се е до техниката на однесување, не до годините.
    Доколку е помал - до една година. Не повеќе.
     
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    А во врска со темата уште во првиот мој пост кажав дека лично јас не сум имала врска со помлад а и не би сакала да имам, ама убаво потенцирав дека во никој случај не ги осудувам тие што имаат таква врска, затоа што секој си знае како му е најдобро, а и денес не е ништо чудно девојката да биде повозрасна затоа што веќе таквите врски се многу чести. Дури и наведов пример дека познавам пар каде што жената е точно 10 год. постара од мажот и имаат две деца и супер им функционира бракот. Значи ИВАНА666 мој совет до тебе е дека ако ти се осеќаш добро во твојата врска и ако тебе не ти смета таа разлика, тогаш нема зошто да се грижиш што ќе кажат другите, ти сама си одлучуваш.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.268
    Допаѓања:
    36.379
    :clap: :clap:
    Па зависи сега за кои години се работи. Ако девојката има 22 нормално дека дечкото ќе биде дете(најбанално земено) И ваквие теми се веќе доста обработени.