Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Врска со помлад маж

Дискусија во 'Врски' започната од Dreamer, 30 март 2010.

  1. k-sweety

    k-sweety Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Еве ме имаш мене жива вистина јас сум со мојот дечко веке 2 год до 15 и е 2 год помал и баш ми е супер го сакам ме сака и за др баш ми е гајле затоа слушај до :l: не др што ти кажува ;) :*
     
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Две години и не се баш некоја голема разлика. Ако се сакате зошто да не. Не се битни годините, особено не кога се работи за мал број.
     
  3. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Еве и јас сум во врска со помлад дечко 3 години од мене ама убаво ми е тоа е
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Година или неколку месеци ок ако се сакаат. Ама гледам дека се повеќе женски во моја близина имаат врски со помлади машки за 5 или 8 години. Тоа според мене е многу. Не ми е јасно зошто се потценуваат овие женски кога и самите слушаат дека истиот тој дечко во јавност ја негира на пример врската или не сака слика на фб да објави со неа за дна еси избрка потенцијални кандидатки за врска кои нормално се помлади од него.

    Девојка од 35 со дечко од 27 години, па што е многу, многу е. Или таа 34, а тој 28. Па не му биле проблем годините, како да не. Не се проблем додека да си најде некоја помлада што ќе му одговара во секој поглед. Мислам дека овие девојки се многу очајни и бидејќи не можат да си најдат повозрасен, се нафаќаат да се гледаат со дечишта.
     
  5. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    ^^ немој да навредуваш, многу си мала за да го правиш тоа...незнаеш што ке ти се случува на 35год. Во ред е да имаш таков став но не и да навредуваш. Незнаш ништо за тој или таа за да донесуваш заклучоци дали е очаен или не.
    Јас до сега не сум имала врска со помлад дечко.Незнам зошто но по некое непишано правило секогаш сум била со постари. Морам да признаам како стареам гледам дека ми се пуштаат се помлади дечковци. И искрено ми е забавно кога ги слушам како се преправаат дека се возрасни, но сепак сега за сега таа врска не е за мене.
    Мислам дека секој во животот треба да знае што бара од една врска. Ако таа врска го исполнува, го прави срекен, тогаш не е мое да судам. Животот е еден и треба да биде по твои правила и критериуми какви и да се.
     
    На Nightwish11, tessie, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Многу си контрадикторна, чим според тебе помлад маж треба да има помлада девојка, тогаш значи дека жената која успеала да „улови“ помладо момче не се потценува туку успеала.
    Жените после 30тата година знаат што сакаат и тогаш е жената едноставно најсекси во целина, не збориме само за изглед туку и за харизма, умствена способност итн.
    За мене е победно девојка од 20 години да има дечко од 40, него дечко од 28 да има девоја од 35.
    Мислам колку глупа логика имаш, ако имаш над 20 години размислувањево ти е како да не си излегла од дома и како да гледаш многу турски серии.
    На 35 години точно дека не може многу да се бира, ама на ниедна девојка/жена не и е проблем да фати постар маж ако сака. Климактерични 45годишњаци имаш колку сакаш, они не трчаат само по 20годишни цуци, трчаат по се што е помладо и заводливо. А јас искрено мислам дека дури и на 60 жената може да биде заводлива на свој начин, а не па на 30 и нешто или 40.
    Ако јас на 30-35 немам сопруг и сакам да имам дечко, секако дека ќе бркам помлад дечко него некое чиче на кое не му се ни дига, да ми извиниш на израз.
    И јас мислам дека младите треба да се со млади, ама и маж на 28 е млад и жена на 34 е млада.
    55 годишна со 24 годишен се веќе размери кои може да се каже дека се одвратни, а другото апсолутно не.
     
    На Nightwish11, N.2106 и tanja manja им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Девојката се потценила затоа што се фали дека има каков таков дечко, вика “имам како да немам, 8 год е помал“. А од друга страна дечкото ја одрекува таа врска. Се срами затоа што е постара. Разликата е очигледна и физички. Друга другарка имаше случај каде дечкото се срамеше слика со неа на фб да стави. Добра му е да се мува со неа, да се дружи кога нема со кого, ама неке ни на фб да ја стави и ја вика “дадичке“. Па нели е смешно? Друг не сакаше денски нигде со неа да излегува, во друштво никако со неа.

    Не мислам дека нема мажи и за тие жени, има еден куп мажи со по 36,37 и 38 години и не мислам дека се импотентни. Темата е да се дискутира, не да ми кажувате дали сум излегла од дома. Сигурно сум излегла штом знам еден куп примери, ама мене не ми иде тетка со брчки и подочњаци со бејби фејс дечко. Колку и да е убава, години се забележуваат. Уште и ако и префрла постојано како е стара, за што и е? Очајна е, затоа го трпи. Јас лично не би со помал 4,5, 8 години. Може година или неколку месеци ако ми се допаѓа, ама да му бидма тетка на некој тинејџер не.
     
  8. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно, годините не се битно ако вистинската љубов е во прашање. Сосема се небитни годините ако некој искрено се сака.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Кога веќе викаш “чиче“, што ќе му е таа тетка од 35 год на млад дечко од 27 кога таа за некоја година ќе ја фати климактериум. Младите да си бидат со млади, да, ама секој да си се погледне во огледало и да види дали навистина е млад затоа што има нијанси. Според мене таква девојка која има 34, 35, треба да бара стабилен партнер, кој ќе и одговара и со возраста, а не да трча по деца кои ќе ја шутнат и само ќе се разочара.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  10. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Ти сигурно немаш 20 години, ти мислиш озбилно дека некоја жена на 35 години очекува вечна љубов со некој од 26?? И попрво он ќе се заљуби во неа, него она во него... ахххх девојче можеш да лажеш по форуми за годините ама паметот те издава :D
     
    На Nightwish11, LoneWolfGuy, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Немам помалку од 20 и не лажам. Па очекува љубов, а посакува и брак само поубаво да го запознае.
     
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со Ивановска.
    А и 27 години и не е баш млад дечко. Годините не се правило за тоа дали некој е стабилен или нестабилен. Тоа е до карактерот. Ако момчето е 20 годишно ај да очекуваме да се смени, ама на 27 веќе и не е баш мал некој.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Што не направивте нас над 30 години, баби, тетки. Какви жени има на оваа возраст умот да ти се сврти. Покрај тоа што се грижат за изгледот, додај зрелост, самоувереност, сексипил кој ретко која 20 годишна може да го има. И ако сака помал партнер може да го добие со едно трепкање на очите. Вие одма за брак размислувате и што ќе биде со тој пар после 10 или 20 години. Што сака нека биде, дали ќе дојдат до брак нивно си е, можеби и двајцата едноставно уживаат во моментот, ама 35 годишна со 27 годишен во врска да кажеш дека е грозно, воопшто не е.
     
    На Nightwish11, tanja manja, BoaVista и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Како беше она ,млада да те мучи а стара да те учи :P :D
     
    На Tanjamm и Bridget им се допаѓа ова.
  15. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Добро сега, честопати на луѓето од 20 и кусур до 30 и кусур години не им ги пишува годините на чело, се случуваат и такви врски каде девојката е постара едно 5 години, а физички разликата е незабележителна и така останува барем неколку години. Ама реално малку, од оние примери на кои сум била сведок, на крај 99% од тие врски и бракови завршуваат со раскин. Секогаш заради некоја помлада.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Не дека жените над 30 се грди и дека не можат да фатат дечко покрај толку слободни мажи. Напротив, има убави жени, средени, ама разлика од 8 год е евидентна. Ајде ако се сакаат ок, некако да разбереш, ама кога се срами да излезе со неа денски или да каже дека се гледа со неа, што да кажам.
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Кој тоа се срами, збориме за пример кој само ти го знаеш а ние не? Или сите се срамат? Ете Васил не се срамеше, дури и за жена си ја зема Калиопи.
     
    На Nightwish11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    Се срами сегашниот дечко на една другарка, и 2 бивши на друга другарка исто помали.
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    ^Што знам кој се срами, ете мојот сопруг е 3,5 години помал од мене, не се срами, ме изнесува надвор и преку ден, :rofl: а сеуште не почнал да бара помлада која ќе му одговара во секој поглед, тоа дека јас му одговарам само во некој поглед. |(
     
    На Nightwish11 и Bridget им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    12.630
    3,5 и 8,5 не е исто