Мене па не ми е ова толку нешто за спорење кој колку години имал се зависи ,секој човек е различен, зашто па да мора да има правило за годините тоа е норма од општеството,така да кој не сака немора кој сака негов живот, мене лично мажите од 30 до 35 ми се најпривлечни, а кога ќе бидам на таа возраст може и помлади ќе ми се свиѓаат ќе видиме,којзнае
Тоа е веќе до самиот карактер на дечкото. Има некои што се срамат од девојката зашто немала nike патики. Ете ти, има секакви. А можеби па и не е до дечкото, можеби она самата придонела за тоа. Можеби се имаат договорено дека нивното е само гледање по потреба, можеби не планираат да градат сериозна врска. Знам некои што се срамат исто од девојката, а се таман со возраст, односно дечкото е година, две постар од неа. Многу е дискутабилна темава и нема некоја строга дефиниција. Иако јас до некаде се сложувам дека разлика од 7, 8, 9 па и нагоре години е многу. И во двете варијанти. И дечкото кога е постар и кога девојката е постара. Не дека нема такви случаеви, има, има и што завршуваат во брак, ама убаво кажаа погоре, обично дечкото ја остава постарата девојка за некоја помлада. Од 10 такви случаеви, во 8 се случило тоа. И не дека на 36 години е некоја стара, далеку од тоа, ама факт е дека Е ПОстара од некој на 27 години. Е тоа "постара" може многу да значи. Зборам од страна на зрелост, искуства итн., а не од страна на изглед. Значи тука се збори за големи разлики, не збориме за 2 години или 3 години разлика. Јас лично знам двајца кои се разлика 12 години. И тоа жената е постара од него. Одма да ви кажам дека физички воопшто не се познава, дури маж и' изгледа можеби 2, 3 години постар од неа. А имаат веќе големи деца, сите во брак и внуци. Значи се работи за постари луѓе. Ама исто така знам уште еден ваков сличен пример каде мажот многу шетал во младоста и одел по други помлади жени. Ама па не значи ако биле на исти години дека немало да шета, може и тогаш ќе одел по други жени. Не е мерило тоа. Јас за мене знам дека никогаш не сум сакала да имам помал дечко, ниту пак многу постар. Ни едното, ни другото нечини. Сум за една средина. Зашто колку и да викаме дека нема врска, според мене има, не за тоа што ќе речат другите или како би изгледале, или дали тој ќе шетал по други, туку како ќе се најдат на иста бранова должина. Сметам дека и една година од животот е многу битна и може да не' направи многу позрели и да отскокнеме дури и од нашата генерација, а не па од оние кои се 8 години помали од нас. Ама пак мислењето ми се сведува на она дека не може да се генерализира, нема правила и има секакви примери.
Јас лично помал дечко никогаш не сум имала...,маж ми е постар две години од мене . Бидејќи жените побрзо созреваат ( нели така викаат ) сметам дека разлика од година ајде и две ( мажот да е помлад) нема да прави проблем ама повеќе години разлика да. И пак тука не може да се генерализира ама конкретно за ова имам пример од братучедка ми. Она е постара од дечкото 4 години , иако физички не се приметува, и има 31 година и сака да се мажи да има дете а дечко и постојано и вика дека е млад(27) и дека не планира брак во баредните 4-5 години. Тогаш таа би имала 35-36 и да речеме ќе чека, и после бебиња не се зачнуваат лесно не дај боже, може ќе треба време а каде и второ итн. Секако во меѓувреме се може да се случи. Зборот ми е дека за вакви работи може да има проблем, настрана одење по жени што е индивидуална карактеристика кај секој, не е правило дека сите со постари жени изневеруваат. На крај, жената е како виното, колку постара поубава е
Хмм..па јас познавам девојка која има 21 години и иде со 18 годишен,што знам мене ми е тоа малку невкусно,особено кај нив двајца каде што се забележува голема разлика во физичкиот изглед,а пак ментално уште поголма најверојатно,патем мислам дека таквите врски не траат долго,сепак таа се расправа со дете.
Врска со помлад маж??? Може, само ако разликата е година, две... Повеќе од тоа не е „препорачливо“ , заради безброј причини кои во моментот не Ви изгледаат битни ... Сите жени што ги познавам, а се омажиле за помлад од нив 5-8 години, сега се или разведени или „ја трпат“ разликата во години. Тоа се жени околу 45-тата... Сопругот шета сам по кафани, друштвото му е на прво место, а доста од нив имаат и „тајна“ врска со некоја помлада од нив т.е 15-тина години помлада од сопругата ...
Пред да почнам врска со дечко ми, размислував за еден дечко помал од мене две години, беше стварно паметен и симпатичен, во добри односи бевме и се прашував што би било и како би било кога би биле заедно. Но ете не бидна ништо, го запознав дечко ми и...
Јас ќе ја интерпретирам темата инверзно гледано од моја перспектива “Врска со постара жена“ и би рекол зошто да не? Животот е еден вреди се да се проба за да кога смртта ќе затропа на врата да можеме да кажеме: “ех вредеше за ова да живеам“. Како пример ќе ги наведам Мадона, Џенифер Лопез и Деми Мур кои имаа драстично помлади дечковци/мажи пошто се славни личности лесно можам да ги искоритам како пример. Ништо не им фалеше, претпоставувам освен супер секс имале и добра романтика и љубов иако мислам тие врски повеќе беа засновани на страст и секс пошто порано или подоцна колабираа! Во тој контекст кажано воопшто не би ми пречело да имам врска со постара жена од 32-33 па до 43-44 години. Не дискриминирам, но до 44-45 години преферирам. Сепак... за воља на вистината, таа врска би била заснована на страст и секс, а малку потешко на љубов пошто разликата во годините ќе си го прави своето, но не е невозможно да има љубов ако жената е постара 5+ години од мажот на пр. пошто нели љубовта не знае за граници и години, но затоа полицијата знае!
Кога некој средновечен ќе си фати дваесет годиншна сите одма браво ( за чичкото ) , па и ако е некој парајлија може и за цуцата а синоќа сретнав една тетка која ја знам од низ градов, има син 35-6годишен, самата има над 55 гарант, а се шета гушната со 'дечкото' кој не е постар од 30! Навистина не е лично ни првото ји второто. А танјам примерите кои ги потенцираше ми се познати и од мојата околина, мои врснички 30годишни со желба да се скрасат се плеткаат со 23 годишни и што очекуваат??!? Жениве веќе време им е за раѓање, а мажите се сега пуштени во погон. Ти го разбирам ставот и го делам мислењето со тебе. Секако, сепак ќе нагласам, вистинската љубов се мери со поинакви мерки од годините, и факт е дека има успешни врски и бракови со разлика во годините. Јас со помлад не би《
Kazhav shto imam, ama ednostavno morav ova da go prokomentiram. Kojznae koja e granicata na prvite dve so vtoroto i dali voopshto postoi.
Си пишувам со 3 години помал од мене, да супер комуникација, но многу се мислам за тоа-помал од мене. Тој сеуште не е иживеан или како би се одвивала таа врска, дали ќе бидат пречка годините понатаму..хмм
помладите се повеќе кондиционо спремни и повеќе цврсти, доколку ми се пружи прилика зошто да би немала. поарно со младо него некое старче што го фаќам на кондиција
Здраво девојки.Не знам дали сеуште е активен некој но се надевам дека ќе имс некој зс совет.Запознав дечко кој е 4 години помал од мене , јас имам 24 тој 20.Во контакт сме една недела , излегуваме се ми е океј со него за сега , први впечатоци , сега се запознаваме.Ми кажа дека му е убаво со мене , дека сака да продолжи да биде со мене да биде сериозно со мене , без брзање да биде се со тек на време . Немал до сега сериозна врска.. не му сметало што сум повозрасна. Иако е помал сметам дека размислува зрело во врска со мн теми , прерано е да носам заклучоци но сакам да пробам со него ... Единствено што ме измачува е сепак ете годините , чувствувам до некаде страв ,нели баш на овие години треба да се мисли на иднина , работа итн незнам како фа постапам и дали да се впуштам во вакво нешто .. ако може некој совет , мислење , сакам да слушнам од друг , Фала однапред ..
Годините не мора да се пресудни за нечие размислување. Некои размислуваат доста зрело на 20 некои тек на 30 а некои никогаш. Не можеш да размислуваш за иднина со некој што сега го имаш запознаено. Уствари можеш ама ништо не оди по план. Ако ти сметаш дека сега ти се годините за да почнеш сериозна врска и излезе дека овој подоцна не ти одговара, разочарувањето би било само поголемо. 4 години помал и не е некоја разлика, ако карактерно си одговарате. Ако само разликата во години „те мачи“, нема причина да не му дадеш шанса.
Fakt e deka sekoj saka pomlado koga e vo ponaprednali godini,bilo masko ili zensko.Samo retko koja go priznava toa.Sto bi I preclo na 40-45 godisna so pomlad 30 35 godisen kako mene ?Napritv bi bila.srekna ljubena I bi uzivala.