А имаше кај нас во школо една таква врска пред 8 години кога јас учев, и кога се дозна дозна цело школо и на крај и двајцата беа избркани
Баш интересира кое образложение и го дале на помладата страна? На каков начин тие го оштетиле училиштето за да ги избркаат? Како нивното бркање од школо го решило проблемот? И колкава разлика биле?
Абе знаат некогаш и професорите да ги заборават правилата во училиштето. Надвор од училиштето може секој што сака да прави ама во училиштето има свои правила, а за прекршок на тие правила следуваат казни. Јас во 1ва и 2ра година стварно си праев некои фантазии во мојата глава, а и премногу бев блиска со професорот, кафе-мафе, јас кај него на гости он кај мене, но не дозволив ништо да се случи фино лепо му реков дека тоа не е во ред и да размисли повеќе за тоа и за последиците. Тогаш се заврши и до ден денес ми еден добар другар кој е тука за мене.
Аманте мари ! Ќе пишам и оф топик и по цена да ме бришите. Едвај се чека некој да згреши за да се истакнат светиците, проповедници на добрата воља и воспитание. Јас сум имала симпатија професор оти сум невоспитана од страна на моите немарни родители кои лажат, крадат имаат вошки и спијат на таван. Сосема нормално прашање кое шири дискусија и сосема нормален одговор ќе дадам на темата. Конкретно за случајот на девојчето, ќе кажам дека фантазира.Што е нормално за нејзина возраст и некако сум сигурна дека не би заминала подалеку од тоа. Општо кажано, само ќе спомнам дека врската со професор ми е еднаква на врска со претпоставен или пак со колега на работно место, со шеф можеби.Комплицирано и возможно.По светот има многу осамени луѓе, се почести се повозрасните студенти и неоженети професори. Поддржувам таква врска зависно од околностите.
Некако симпатично ми звучи.. Не сум никакоо против, освен ако немат граници професорот и ученичката. Велат кога влегуват во училиште, проблемите пред врата надвор ги остават. Па ако веќе приватноста им е надвор од училишните врати, а се сакат, епа зашо да не е можна љубов помеѓу професор и ученичка? Се разбира да не бидат главна тема по училините ходници и канцеларии, да биде тајна врска така да вработените од училиштето да не им судат. Хм, интересно, јас би сакала да пробам.. али кога би требало да пробам, би размислила шест пати =))
Ако се зборува за ученичка (а не студентка) значи девојката е малолетна. А тој за да биде професор мора да има најмалку 23 години. Што се однесува до разликата во години, истата разлика бев и јас со сегашниот дечко кога првпат се запознавме. Значи никаков проблем немам со тоа. Ама би очекувала од негова страна, како повозрасен, да има малку повеќе памет во главата да не си прави проблеми на работно место. Па ако толку се сакаат, нека почека да заврши со школото, па после прајте што сакате. Јас на факултет имав асистенти кои беа 2-3 години постари од нас, и пак ми е толку безвезно тоа да се заплеткаш со надреден, а не на 16 години да идеш со професорот. Тинејџерките можам да ги разберам да им се допаѓа некој помлад професор, ама искрено кривица би барал во него што дозволил да дојде до нешто повеќе. Па тоа е младо девојче полно хормони, една вечер да се скарате утредента ќе те избркаат од работа. Па ако немаш ич памет, стај се со сила во таква глупа ситуација...
Нека прават што сакаат само барем тој професорот со многу памет во глава нека почека да заврши девојчето средно да не си направи проблеми и за него и за нејзе па што сакаат нека прават. Иако тоа е нивна приватност,знаете како е во нашава држава. Лично јас никогаш не би започнала врска со професор,асистент или сл. Мене ми е толку ниско да се плеткам и спијам со надреден а утрото ден да му се обраќам со вие. Но има и такви кои сакаат,нивен проблем,нивен живот.
Строго сум против. Затоа што сигурно е дека тој ќе те види да не речам ама ќе речам наивно дете и ќе те искористи и после ќе те шутне. А во меѓувреме 90% ќе се дознае тоа и ќе си напраивш проблеми и ти и тој. И не друго туку ќе му извадат име што се вика на човекот + може да го избркаат од работа + нема да најде работа на никое друго место. Затоа деца не си играјте вакви работи. Барајте си дечко на ваша возраст.
Да се смеам или да плачам на девојчево.... 5 пати ти го препрочитав напишаново и си викам на што личи ова? Колку ли има поминато девојчево па стигна на ред да фантазира и за професорот во УЧИЛИШТЕ алооооо!!!!! Во училиште си! Дај бе деца свестете се , до кога со овие сексуални ваши глупости на кои и возрасни ви се смеат!?!?!? ДИсастерс П.с За , сите сме за... Ќе ти ги начука барем сите 5ки Јухуууу голем успех Само напред
А не се вииновни и само ученичките има професори кои знаат да се заборават, и да си ја заборават должноста каде се и зошто се. Колку и да е млад, колку и да е убав во ред е да ти се допаѓа нели може да се случи секому во тие години да ти се допадне и професор и некој постар од тебе и се ама сетоа тоа е во ред се додека е само на допаѓање, оти допаѓањето е пролазно а ако ти извадат име дека си била со професорот тоа заскеогаш ќе си остане.
хаха и јас кога учев имаше доста згодни професори но сепак не ми паднало на памет за нешто, боже сачувај, мора да се има граница која не се преминува
Доколку станува за врска меѓу ученичка и професор во основно училиште сум против! Ама врска во средна школа и таа да има 16-17-18 и млад професор не сум против. Многу имаат врски со постари од нив и по повеќе год,а разлика во 5-6 год за мене не е некоја голема разлика.Па иако е претпоставен,тој е сепак само човек кој има нормален живот надвор од училиштето.Сепак треба да се знае како треба да се однесува во школо,а како надвор од него.Дури и чудна ми е ситуацијата да ми предава лично на мене,ама и возбудлива.А пак врска меѓу студент и професор не ми иде,со оглед на тоа што професорите се многу,многу постари,ама со згоден асистент,и секако ако е врска од љубов,а не од корист,не е лошо. Претпоставен може да ти биде и колега од работа,и шеф,ама ако постои љубов зошто да не.
Уф колку само бев затрескана во еден асистент на факс. Често ме викаше кај него во канцеларија и сме останувале со саати да збориме за музика и филмови, а еднаш на екскурзија од факс се опи бааги и не се одлепи од мене и јас летав.... ама бев прилично страмежлива и мислам дека никогаш не дозна колку го свиѓам... и ден денес ми е криво, али тоа е... за ваков случај како мојот сум “за“, инаку за во осново и средно сум „против“.
Јас сум категорично НЕ! Малку е глупа идејата... Не само ради школските правила, туку и поради моралот. Служба си е служба, дружба си е дружба. Нарочито не у средно школо....
Во цивилизирани држави, таквите професори летаат од работа. А овде знам за мал милион случаи, некои дури и до брак тераат со ученички/студентки, и се уште се на истото работно место, никому ништо.