Не е само возраста во прашање, туку и моќта. Имање врска со некој над кого си авторитет/претпоставен, може слободно да се сврсти во сексуално вознемирување.
Знам за еден млад професор, важи за угледен човек, кој подведува негови ученички тинејџерки, уште неоформени карактери. И се исповеда на една моја другарка пијан, и покажувал и разговори и слики.. Се згрозив, ама не е на мене одлуката за негово откривање.. Само чекам кога ќе излезе работата од контрола, прашање на време е, доста девојчиња се вмешани, ќе и се испушти на некоја, огромен скандал има да падне.
Немаш појма каква морална дилема имав и имам сеуште, ама не е на мене одлуката.. Немам докази, ќе испадне дека е рекла казала, а не е. Да беше другарка ми со мене, ќе се придружев, ама нејзе и е страв, пошто типот е прилично влијателен во градов, знам дека ќе си направиме проблеми, не верувам дека некое девојче би пропеало во полициска станица, исперени им се мозоците, им направил филмови и веруваат. Не знам стварно, првпат не знам што да правам.
И да пријавиш, ако немаш доказ, ништо нема да напрај полицијата... Тие и да има доказ не значи дека ќе покренат истрага.. не пак на: Така слушнав.
Јас немам, другарка ми има. Скриншотс од разговори и слики кои типот и ги пушташе во пијано стање, за да се испофали каков фраер е и како лудуваат девојчиња по него. Плус лично сведочила на една ситуација.. Гадурија. И да приложиме докази, пак не знам што би направиле, ќе ја заташкаат работата, ипак е вукојебина ова.
@lovestoneddd @WildMk доказ е телефонот, јас би пријавила анонимно, па нека прочепкаат какви слики и разговори има. И девојките без разлика дали му веруваат, ако се малолетни кривично дело е. Е сега колку ќе функционира тоа ако е влијателен и со врски, не знам за жал.
Можеби мене да ми беа пратени разговорите, ќе пријавев, па што сака нека биде. Вака не можам, сама, а директно ќе ја заглавам и неа, пошто он знае кому има пуштано разговори. Ви викам, се работи за неколку девојчиња, едната е ептен импулсивна во врска со него,знам и дека малце проблеми му прави, се надевам ќе пукне и ќе се дознае се.
Јас имав професор кој беше во врска со ученичка, кога беше таа трета средно мислам. Во школо беа официјални, надвор од школо беа нормални, сега се во брак. Мене не ми беше баш ок, можеа да чекаат да заврши средно па да почнат врска, ама сепак нивно си е. Исто и татко му е професор и мајка му му била ученичка во средно. Очигледно крушата под круша паѓа.
Легалноста е резултат на моралноста. Законите ги носат и спроведуваат луѓето. Колку поненормални луѓе толку подегутантна култура.
Доколку нема голема разлика во години и се сакаат и двајцата,тогаш зошто да не.Нели љубовта нема граници?Само да нема мешање на приватниот со професионалниот живот,па да има лапање по ходници,попуштање за оцени и сл.Дефинитивно сум за ако се сакаат навистина. Но доколку се работи за заведување и уценување на ученици,тоа треба да е казниво
Зависи од многу околности . И јас кога бев средно ми предаваше еден згоден професор и со сигурност знам дека сите девојки од мојот клас го соблекуваа додека ни предаваше ама никогаш не сум помислила да имам нешто повеќе од врска професор - ученик .
Го читав пак кривичниот законик. Знам дека општење со деца под 14 години, по дифолт се рачуна за криминално дејство, ме интересираше што вели за оние помеѓу 14 и 18. И најдов тоа што ми го матеше умот цело време темава. Кривично дело е наставник да има било каков сексуален контакт со ученик. Значи, дете од 14 до 18, се третира како возрасен, освен кога полнолетниот е во надредена положба. По дефиниција, ученици кои извршуваат полови дејствија со наставници, спаѓаат во жртви. Законот прдвидува казни од 5, до 10 години, и забрана за извршување на професијата на престапникот Дефинитивно од друг аспект треба да ги гледате работите, и скоро сите постови на темава испаѓаат дека би го прекршиле законот. -------------- Обљуба со злоупотреба на положбата Член 189 (1) Тој што со злоупотреба на својата положба ќе наведе на обљуба или друго полово дејствие лице кое спрема него се наоѓа во однос на подреденост или зависност или со иста намера го малтретира, застрашува или спрема него постапува на начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор најмалку пет години. (2) Наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, лекар или друго лице кое со злоупотреба на својата положба ќе извриш обљуба или друго полово дејствиесо малолетно лице постаро од 14 години кое му е доверено заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни со затвор најмалку десет години. (3) На сторителот на делото од ставот (2) судот ќе му изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите од членот 38-б на овој законик.
Само еднаш симпатизирав професор, ама бев последна година од факултет, а тој до кај 32 години Секогаш облечен онака полуспортски и елегантно, беше многу културен со манири како што личат на еден професор, малку посериозен, ама крајно шармантен и професионален Ама тоа било симпатија повеќе во форма на восхит, не љубов Таков однос при кој и двајцата се возрасни, пак не би го сметала за нешто правилен, но само поради можност за субјективност при оценување, ништо друго. Секој друг тип, особено на однос кога станува збор за средно и основно, нема простор за оправдување, бидејќи тоа се буквално деца. А што е најжално знам таков пар, одеа кога таа беше основно, тој нејзин професор- постар од неа едно 15-17 години, денес се во брак, ама сепак, толку ли немало жени, па морал дете да заведува
Против. За основно и средно не ни правам муабет, ама и за факултет според мене е погрешно иако студентите се полнолетни. На професорите се знае што им е работа и треба да се однесуваат професионално, а не да се плеткаат со ученици. Не може секој да биде професор, ама ако веќе си решил да одиш по тој пат тогаш треба да знаеш до каде ти е границата и како да се однесуваш.
Да ви кажам што да направите: од лажен профил постирајте ги сите скриншотови, разговори, и се што имате, на сите можни ФБ страници со голема следливост, пуштете на сите можни портали за приказна...ко пламен има да вивне веста, тоа е повеќе од доволно да му се уништи угледот. Само, прво спремајте што повеќе докази. Од такви ликови преку глава ми е дојдено, не заслужуваат ништо помалку!