Точно, но така тој ќе знае кој стои позади лажниот профил бидејќи тој знае на кој им ги праќал скриншатевите. Може само некоја девојка доброволно да го наведе да и пишува и подоцна да имаат доказ.
Не е тоа проблемот, лошо е што ни криво ни должно ќе настрада некое девојче, затоа анонимност тука е преседан. Е ако се најде некоја доволно паметна + моќна да му го дотера умот, алал вера.
Така можат да го тужат тој што ги објавил (да откријат од чив компјутер или адреса е објавено тоа). Знам за еден речиси ист случај кај што пораките во телефон,на социјални мрежи и тн и тн. не беше прифатено како веродостоен доказ (и покрај тоа што имаше сведоци, дури и родителите).
Против сум додека едната страна е сеуште ученик/студент и кога има голема разлика во години (на пр. 15+ години разлика). Тоа е кривично дело. Но не гледам ништо лошо ако ученикот/студентот веќе има завршено (што значи да има 18 или повеќе години), и ако разликата во години не е страшна. Тогаш тоа би било нормална врска. Многу интересен филм за ова прашање е Molly Maxwell.
Oд мојата генерација на факултет имаше една што започна врска со професор кој е 20+ години постар од неа. Потоа се омажија и добија дете. Не знам што виде во него. Сега видов дека се 35 год разлика. Што е многу е многу